![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7778798081 157> |
Автор | ||
Klara-D ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Од какво дрво сте паднале?
Малку понеобичен „хороскоп“ Пронајдете го вашиот роденден, а со тоа и соодветниот тип на дрво и откријте нешто повеќе за себе и вашиот карактер...
Пронајдете го типот на дрвото според датумот на раѓање и прочитајте го описот подолу.
Јаболка (Љубов) - витки, харизматични, допадливи и атрактивни, често флертуваат, авантуристи, секогаш заљубени, љубат и сакаат да бидат љубени, верни, нежни, широкогради, талентирани за наука, живеат за денес, безгрижни филозофи со способност за презентирање. Јасен (Амбиција) - необично атрактивни, го ценат животот, импулсивни, посакувани, ценат критика, амбициозни, интелигентни, талентирани, сакаат да ја предизвикуваат судбината, често егоисти, верни љубовници, понекогаш паметот им го надвладува срцето но врските секогаш ги сфаќаат озбилно. Бука (Креативност) - имаат изразено добар вкус, секогаш се грижат за својот изглед, материјалисти, имаат организиран живот и кариера, економични, со добра волја, не превземаат непотребни ризици, одлични животни партнери, водат грижа за да останат во форма (диети, спортови и сл). Бреза (Инспирација) - го ценат животот, атрактивни, елегантни, љубезни, задоволни, не сакаат ништо што е претерано, не поднесуваат вулгарност, сакаат живот во природа и тишина, не се претерано страствени, прилично вообразени, недоволно амбициозни, умеат да создадат мирна атмосфера. Смрека (Сигурност) - обично се симпатични луѓе, сакаат луксуз, добро здравје, апсолутно не се срамежливи, често мислат дека се на повисоко ниво од останатите, самоуверени, одлучни, нестрпливи, сакаат да влијаат на околината, многу талентирани, оптимисти, чекаат вистинска љубов, способни за донесување брзи одлуки. Костен (Искреност) - не сакаат притисок, праведни, го ценат животот и уживаат во него, родени дипломати, во друштво често осетливи, несигурни во себе, понекогаш вообразени, често мислат дека се неразбрани од околината, тешко се заљубуваат и често имаат проблем во пронаоѓање на партнер. Дива Леска (Племенитност) - пријатни личности, облечени секогаш со вкус, отворени и секогаш кажуваат што мислат, не простуваат туѓи грешки, весели, сакаат да водат но не и да припаѓаат некому, верни и искрени партнери, сакаат да донесуваат одлуки за другите, племенити, широкогради, практични и со смисла за хумор. Смоква (Чувствителност) - многу силни личности, своеволни, независни, не дозволуваат противставување или караници, сакаат деца и животни, друштвени, забавни, талентирани за практични работи, интелигентни. Елка (Мистериозност) - добар вкус, поштени, образовани, сакаат се што е убаво, чувствителни, тврдоглави, егоисти но сепак се грижат за најблиските, полни себе, имаат многу пријатели но и непријатели, горди. Лешник (Исклучителност) - шармантни, скроми, полни со разбирање, знаат како да остават впечаток, активни борци за социјална праведност, омилени помеѓу луѓето, чувствителни, комплицирани љубовници, искрени, толерантни партнери, праведни. Грмушка (Добар вкус) - ладна убавина, се грижат за сопствениот изглед и кондиција, добар вкус, не се егоисти, се трудат да си го направат животот што е можно по пријатен, водат дисциплиниран живот, од партнерот бараат разбирање и пријателство, сонуваат за необични љубовници, ретко се задоволни со сопствените чувства и емоции, не веруваат речиси никому, секогаш се несигурни за своите одлуки, многу совесни. Лимон (Сомнеж) - она што го носи животот тие го прифаќаат со мака, мразат караници, стрес и работа, не сакаат досада и удобност, благи се и попустливи, се жртвуваат за пријателите, поседуваат многу таленти но не се доволно амбициозни да ги искористат, критични, многу љубоморни но верни. Јавор (Независност) - необични личности, изразена моќ за изразување и оригиналност, плашливи и резервирани, сакаат слава, горделиви, сигурни во себе, секогаш спремни за нови искуства, понекогаш нервозни, добра меморија, лесно и брзо учат, обично имаат комплициран љубовен живот, сакаат да влијаат врз другите. Даб (Храброст) - диви по природа, јаки, независни, непопустливи, чувствителни, не сакаат никакви промени, секогаш со нозете на земја, цврсто се држат за факти, не размислуваат- делуваат. Маслинка (Мудрост) - сакаат сонце, разумни, полни со разбирање, избегнуваат агресивност и насилство, толерантни, весели, мирни, праведни, чувствителни, вообразени, не се љубоморни, сакаат да читаат и да се во друштво на образовани луѓе. Бор (Исклучителност) - сакаат пријатно друштво, издржливи, знаат како да си го направат животот пријатен, активни, природни, брзо се заљубуваат но исто така брзо губат интерес, брзо се откажуваат, менуваат многу партнери додека не најдат идеален кому му веруваат, практични. Топола (Несигурност) - делуваат многу декоративно, несигурни во себе, разумни само кога е неопходно, потребна им е поддршка и пријатно окружување за да се отворат и опуштат, многу пребирливи, често сами, несигурни, врските ги сфаќаат озбилно, не сакаат филозофирање. Мушмула (Чувствителност) - шармантни, весели, давват се од себе и при тоа не се егоисти, сакаат да бидат забележани, сакаат подвижност, немир па дури и кризи, истовремено се зависни и независни, добар вкус, уметници, страствени, изразени чувства, не се предаваат. Орев (Страст) - независни, чудни, контрадикторни, често егоистични, агресивни, великодушни, образовани, реагираат неочекувано, спонтани, ја сакаат славата, амбициозни, не се флексибилни, тешки и чудни партнери, другите ретко ги сакаат и често им се чудат, добри стратези, многу љубоморни и страствени, не прават компромис. Жална врба (Меланхоличност) - прекрасни личности но меланхолични, атрактивни, духовни, сакаат се што е убаво и вкусно, сакаат да патуваат, сонувачи, неуморни, комплицирани, искрени, може да се влијае на нив но е тешко да се живее со нив, посакувани, добра интуиција, често патат заради љубовта, потребен им е партнер кој ке им пружи потпора.
|
||
![]() |
||
*moon* ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
vo posledno vreme se samo kosmari...:(
![]() |
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
![]() |
||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Близнаци
Ох Боже или можеби Божица...каде си...која си...како се викаш? Кој ти е телефонскиот број? Каде и кому да се помолам? ![]() |
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
||
![]() |
||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Изменето од Santijago - 26.Септември.2011 во 09:13 |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
![]() |
||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
![]() |
||
Klara-D ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Лав / ица
Господе, татко мој, ќе бидеш горд на мене, ќе им покажам на сите дека сум подобар/а од сите браќа и сестри...... ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вага
Разбирам, Боже, се’ ми е јасно, знам како одлуките и изборот мора да бидат мои. Во ред, Ок е, ако ти така велиш. Ете ја вагата со нејзината баланс техника. ![]() ![]() ![]() |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
![]() |
||
Klara-D ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Молитвен хороскоп
![]() Секој хороскопски знак има посебни карактеристики. Овој пат разгледуваме кој хороскопски знак како се моли и какво е неговото трпение, дали ќе се препознаете...
![]()
Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риба |
||
![]() |
||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
.........точно...скорс ....
![]() нема промашено ни еден збор............. Близнаци Близнаците ќе ве забавуваат како ниту еден друг знак. Кај спротивниот пол најважен им е надворешниот изглед. Своите емоции ги држат под контрола, но сепак на нивниот шарм и духовитост е тешко да се одолее. |
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
||
![]() |
||
Klara-D ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Шарм - според хороскопскиот знак
![]() Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
||
![]() |
||
Klara-D ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во астрологијата, хороскопските знаци се поделени на 4 групи (земјени, огнени, воздушни и водени) според нивната сродност. Оние хороскопски знаци кои се од иста група се совпаѓаат сите меѓусебно, а не се совпаѓаат т.е. не си одговараат со хороскопските знаци од некоја друга група. Исто така, постојат и групи на знаци кои меѓусебно си одговараат. Во продолжение ви се истакнати сите комбинации од хороскопските знаци. ЗЕМЈЕНИ ЗНАЦИ
Земјени знаци се бик, девица и јарец. Лицата родени во овие знаци си одговараат еден со друг, а им одговараат и лицата родени во следниве хороскопски знаци: За Бик – Рак и Риби За Бик – Лав, Шкорпија и Водолија За Девица – Близнаци, Стрелец и Риби За Јарец – Овен, Рак и Вага Земјени знаци се овен, лав и стрелец. Лицата родени во овие знаци си одговараат еден со друг, а им одговараат и лицата родени во следниве хороскопски знаци: За Овен – Близнаци и Водолија Знаци кои не одговараат еден на друг: Воздушни знаци се близнаци, вага и водолија. Лицата родени во овие знаци си одговараат еден со друг, а им одговараат и лицата родени во следниве хороскопски знаци: За Близнаци – Овен и Лав Знаци кои не им одговараат се: ВОДЕНИ ЗНАЦИ Водени знаци се: рак, скорпија и риби. Лицата родени во овие знаци си одговараат еден со друг, а им одговараат и лицата родени во следниве хороскопски знаци: За Рак – Бик и Девица Знаци кои не им одговараат се:
|
||
![]() |
||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Хороскопските знаци и нивните таленти
Јарците се одлични консултанти, Овните се талентирани во спортот, додека Девиците се одлични организатори! За секој успех е неопходна работа, но некои квалитети ги стекнуваме со раѓањето во одреден хороскопски знак. Дознајте кои таленти ги поседувате од астрологијата. Овен - спонтаност, одлучност, љубопитност, борбеност, решителност, спорт. Бик - снаоѓање со пари, здрав разум, трпение, мислител. Близнаци - елоквентност, адаптибилност, мултитаскинг. Рак - социјална посветеност, сочуство, готвење. Лав - креативност, уметнички вештини, харизма. Девица - перфекционист, организатор, точност. Вага -дипломатија, хармонија, естетика. Шкорпија - упорност, фокусиран спрема било каква цел, адаптибилност. Стрелец - оптимизам, друштвеност, толерантност, чувство за правда. Јарец - реализам, стабилност, одлични советници. Водолија - релаксираност, креативност, снаодливост, елоквентност. Риби - креативност, снаодливост, чуствителност, одлични пријатели. |
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Професија според хороскопскиот знак
Сигурно барем еднаш сте се запрашале што одредиле ѕвездите за вас на професионален план. Продолжете да читате и дознајте која професија ви одговара најмногу според хороскопскиот знак.
Овен![]() Вие сте динамични, полни со енергија и поседувате натпреварувачки дух. Ве привлекуваат професии кои се поврзани со ризици и предизвици, преку кои можете да ја покажете вашата индивидуалност. На вашата креативна, амбициозна и отворена личност најмногу ѝ одговара кариера во медиумите, маркетингот или архитектурата. Ако сте претставник на овој знак, вие сте роден херој и лидер, па затоа ви одговараат и професии како војник, полицаец, спасувач или управител на фирма. Бик![]() Како претставник на овој знак вие сте практична, решителна, трпелива и чесна личност, која може одлично да се вклопи во тим. На прво место, вие сакате стабилност и склони сте да работите прекувремено, ако тоа ви носи подобра плата. Вие би биле среќни ако работите како банкер, брокер, агент за недвижности или научен истражувач. Вашата музикалност може да ви помогне да се истакнете како пејачи или музичари. Близнаци![]() Близнаците сакаат професија која ќе ги стимулира на интелектуален план. Нивната комуникативност ги насочува кон рекламата, образованието и трговијата. Иако за претставниците на знакот близнаци е познато дека не сакаат да работат прекувремено, вие имате многу енергија и можете да постигнете многу повеќе во текот на еден работен ден, отколку што тоа го прават другите околу вас. Вас ви одговара секоја професија која е директно поврзана со комуникациите, а и одлично работите под притисок. Најсреќни би биле ако работите како писател, преведувач, оратор, новинар, учител, трговец, дипломат, политичар или рекламен агент. Рак![]() Вие сте многу чувствителни и се однесувате многу заштитнички кон оние што ги сакате. Сите професии поврзани со негата и грижата за луѓето ви одговараат вам. Ги сакате луѓето и сакате да им помагате, па затоа медицината е сферата кон која најчесто се насочувате. Освен како добри психолози, педијатри и социолози, „раковите“ можат да се покажат и како вистински специјалисти во областа на финансиите. Поради фактот што сте чесни и лојални, одлично можете да се истакнете и во сферата на човечките ресурси. Лав![]() Креативноста и динамичноста се ваши препознатливи карактеристики. Најдобро работите кога сте на висока позиција. Авторитетни сте и уверени во себе. Лесно ги инспирирате и мотивирате луѓето околу вас, па затоа можете да бидете одлични менаџери и управители. Сакате вашата професија да ви нуди висок статус и престиж. Можете да бидете и одличен адвокат или доктор. Вие сте родени да бидете лидери и силно ве привлекува моќта и власта. Перфектни сте за позицијата на дипломат. Девица![]() Прецизни, внимателни, трудољубиви, перфекционисти. Тоа се особините кои најдобро ве опишуваат вас. Вашето логичко мислење и големата способност за концентрација, ве прави одлични математичари и сметководители. Ќе бидете исполнети ако се насочите кон фармацевтската индустрија или кон науката и техниката. Имате исклучително богат речник, па затоа лесно можете да станете добар писател или критичар. Вага![]() Како „вага“ секогаш се стремите да постигнете баланс, хармонија и справедливост во секоја ситуација. Вие сте многу комуникативни личности, кои што постојано бараат контакт со другите луѓе. Вашиот стремеж кон задоволување на правдата ве прави одлични адвокати, а лесно можете да ги извршувате и функциите на дипломат и преговарач. Имате природна дарба да бидете добри дизајнери и уметници, затоа што сте креативни, перфекционисти и знаете што очекуваат луѓето околу вас. Секогаш им излегувате во пресрет на луѓето околу вас кога тие имаат потреба од ваша помош, па затоа можете успешно да изградите кариера во областа на услугите. Шкорпија![]() Вие сте трудољубиви личности со аналитичко мислење и многу добра интуиција. Љубопитни сте и секогаш ве привлекуваат мистериите. Тие ваши особини ве прават одлични детективи, адвокати, физичари и истражувачи. Свесни сте за потенцијалот кој го поседувате и работите многу напорно за да се покажете во најдобро светло. Вашата амбициозност ве мотивира секогаш да се насочувате кон високи позиции. Многу лесно можете да се концентрирате и да се фокусирате. Затоа можете да изградите успешна кариера како хирург. Стрелец![]() Родените под овој знак се полни со енергија, комуникативни личности со слободен дух. Ако вие сте претставник на хороскопскиот знак стрелец, тоа значи дека сте неуморна личност која обожава предизвици. Вие сте забавни и комуникативни, па затоа лесно се вклопувате во секоја средина. Омилени сте сред колегите, поради тоа што знаете со хумор да ги разведрите кога е напната атмосферата. Вам ви одговараат професии поврзани со екологија, животни или религија, затоа што сте спиритуална личност. Вашата желба да патувате ве прави одлични кандидати за професии како пилот, стјуардеса и туроператор. Јарец![]() Како претставник на знакот јарец вие сте стабилна, одговорна и организирана личност, која секогаш се стреми да си ја постигне целта. Многу сте трпеливи и секогаш сакате да го завршите она што сте го започнале. Ја обожавате моќта и секогаш се стремите да се на висока позиција. Вие би биле одличен менаџер или администратор. Многу често колегите ве сметаат за работохолици. Ги сакате компјутерите, софтверот и сè што е поврзано со наука и математика. Можете да изградите успешна кариера во ИТ секторот или како банкер или сметководител. Водолија![]() Пред сè вие водолиите сте големи хуманитарци и идеалисти. Невладините организации се одлично место за вас, затоа што секогаш сте подготвени да дадете сè од себе кога се работи за добри цели. Имате прогресивни и оригинални идеи, кои често ги претворате во практични иновации. Вас не ве привлекуваат обични професии, а барате професија која ќе ве стимулира со предизвици. Сепак, каква и професија да изберете, најважно за вас е да си ја зачувате независноста. Најдобро можете да се реализирате како истражувачи, научници, астрономи, фотографи, писатели или инженери. Риби![]() Претставителите на овој знак се пријателски, артистични и спиритуални личности. Ако вие сте родени под знакот риби, тоа значи дека имате силно развиена интуиција и склони сте секогаш да им помагате на луѓето. Најдобри професии за вас се оние професии, преку кои можете да ја изразите вашата креативност. Вие сте големи љубители на музиката, поезијата, филмовите и танцувањето. Имате огромен потенцијал да бидете одлични актери, писатели, танчари и дизајнери. |
||
![]() |
||
zverka_ ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Близнаци Близнаците се воодушевени кога некој близок напредува. Најверојатно од успехот на пријателот ќе пробаат да извлечат корист, бидејќи Близнаците сакаат да ги искористат сите ситуации кои се создаваат пред нив. prefrigani stvorenija |
||
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7778798081 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |