|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 7677787980 200> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
laki_bu, никој не те држи за ништо... напротив, државата ти ги дала нејзините мандала ти да и ги држиш за 20 години. 1. Како прво, помошта не е раздавање на неповратни пари. Државата не купува стан за тебе, туку ти помага 5 години со исплаќањето на каматите каде што најмногу даваш пари во ветер. 2. Како второ, парите не ти ги бара да ги вратиш веднаш, туку ти вели "врати си го првин кредитот, а потоа врати ми ги моиоте пари кои ти ги позјамив за да можеш да го купиш станот со помали давачки. И овие пари не ти ги барам назад топтан и со 20 годишна камата, туку без никаков интерес и на пет годишни рати." Не треба човек да биде никаков економист за да види дека државата ти дава безкаматен кредит на 20 години. За да видиш што значи практично тоа за тебе, претпостави дека ги ставаш овие пари во банка за истата камата која ја плаќаш на кредитот и тоа во рок од 20 години... пресметај колку пари добиваш. Тие пари остануваат во твојот џеб ! Настрана што инфлацијата во рок од тие 20 години ќе го изеде најголемиот дел од овие пари, па кога ќе ги враќаш ќе бидат само дел од оние кои си ги добил. Оди и поразговарај со некој економист или финансијски планер ако не ти е јасно што говорам. Изменето од Messenger - 11.Февруари.2012 во 04:31 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо специјално паметно нема во тој текст. С'е е според економските закони и начини на работа насекаде во светот. Ништо необично, иако со таков јазик е претставено во написот. Секаде кредитот се дава на кредитоспособен апликант, доколку во потполност не ги задоволува сите барања тогаш се бара хипотека или жирант. Парите од кредитот се враќа со камата и затоа на крајот исплатените пари се секогаш многу повеќе од номиналната вредност на кредиот. Ништо ново и необично. Па така беше и до сега, само без помошта од државата. Според "паметниов" текст излага дека подобро е да не се зема државна помош. Па кој ги сопира граѓаните кои не се сложуваат со акцијава да продолжат да купуваат станови и куќи како сто правеа и до денес. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aјде еве да направиме проста математика, значи како прво што бизнис може да отвориш со 9000 евра? Значи тој бизнис би бил некој мал локален бизнис во никој случај не би бил извозно орјентиран, да отвараш бизнис во НАЈСИРОМАШНАТА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА и да очекуваш дека бизнисот ќе ти звета од куповната моќ на население кое е на самиот раб на егзистенција и кое има примања со послабите Афрички земји е утопија. Значи може да отвориш фотокопирница, берберница, салон за убавина, погребална или некои слични услужини дејности. Евe ќе дадеш за столарија 2000 евра, за машини уште 2000 евра и за простор 2000 тоа се 6000 евра и нели 2000 како секој паметен малосопственик ќе ги чуваш за репроматеријали. Почнуваш, отвараш сите викаат ете Груевски му помогна човек се стори, еее тоа е држава што мисли на своите граѓани итн итн.
Доаѓа први. Бизнисот оди онака како што оди секој бизнис на почеток, па имаш 500 евра само давачки за 5 вработени да дадеш па недај боже да им дадеш просечна Афричка плата да им биде 6000 ден месечно, треба уште плус 500 евра, крија 500 евра, останати давачки оп отиде кредитот земен по основ на еден вработен, почнува друг месец, уште полошо, се до 5 месец кога веќе Груевски ти ги земал сите пари кои ти ги дал..... .........владата ги користи парите како ’дисциплинска мерка’ и ќе ги дели само на лојалните партиски членови!!!!!
Изменето од laki_bu - 10.Февруари.2012 во 23:39 |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За отварање на поголеми бизниси невработените ќе добиваат по 5000 евра а за секое новоотворено работно место ќе добиваат по 3000 евра а максималниот број на вработени кои ќе се финансираат ќе биде пет лица. “Рокот на враќање на кредитот е три години за кредити до 9.000 евра, односно пет години за кредити над 9.000 евра“, рече Ристовски, додавајќи дека каматната стапка е еден отсто, како и тоа дека грејс периодот е една година. |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(1) Кредитот што физичкото лице го зема од деловна банка за купување на стан или
изградба на куќа се субвенционира со средства од Буџетот на Република Македонија, на начин што од буџетот на Министерството за финансии се плаќа: - половина од месечниот ануитет во еднаков износ во првите пет години од неговата отплата или - половина од учеството за станот или куќата, кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 6.250 евра во денарска противвредност. (7) Средствата за субвенционирање на станбен кредит од ставот (1) алинеја 2 на овој член, корисниците се должни да ги вратат на Министерството за финансии по истекот на 20 години од денот на одобрувањето на кредитот, без камата на пет еднакви годишни рати. ......i sega koj e koj........ ....vladata plaka do 6250 evra.....i te drzi za muda 20 godini....pa ti ako mozesh tolku izdrzi...
Изменето од laki_bu - 10.Февруари.2012 во 22:32 |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу убаво објаснето на линкот. Секоја чест
Сепак сум бил во право за многу работи.
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве овака објаснето се расчистуваат некои дилеми кои многумина тука ги имаа. Иако јас малку не разбрав ова со хипотеката За пр. Ако син ми земе кредит зошто мојата куќа да ја става под хипотека кога може да си го стви неговиот нов стан (овој кој го купува со акцијата, или заради помала вредност мора дополнителна хипотека. Сакале/нејкеле имаме дилеми да не е некоја сопка, токму заради нестабилноста, партизацијата на секоја сфера, непочитувањето на законите донесени од влада (на власт) од следната која едноставно МОЖЕ и НЕГИРА се што донеле претходниците. Впрочем, прочитајте, повеќе глави попаметно анализираат. Внимание: Проектот Купи - куќа, купи стан има замки - може да останете без куќа?Изменето од mamamd - 10.Февруари.2012 во 20:47 |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
работи..работи и само работи!а кој работи,тој по правило и ..греши!.се случува нели..? кога сме кај купи куќа купи стан,се ми изгледа матно.. 1,се прашувате зошто ја нема Комерцијална Банка?одг.не е дозреана..зелена е уште. 2,мислам,не е поентата да се купи евтин стан,затоа што овие градежнициве пошто имаат и ќе имаат работа нема да ја спуштат цената,или за сметка на трошоците ќе вградат материјал од рушевини и без саглам изолација.се прашувам зошто не падна цената по м2,кога владата се откажа од одреден приход..не се сеќавам или не знам(исто е)за која ставка стануваше збор,ама требаше за сметка на намалениот данок да се намали и цената.Тој дел од стедствата си го присвоија изведувачите. Сега ќе ги гонеле да ги вратат..како да не!. 3,да земеш 20000 евра и да вратиш 40000 не е баш добра математика. ..има замка некоја..ќарот како и да е ,ќе го соберат банките.после 5 години со 15-20% камата ќе ги видам како ќе ги подмират ратите. ЕТЕ ТОГАШ СЕ КУПУВА СТАН!. и ова... замислете си..на 10 см снег се фрлија само во Скопје гарант 1000 тона сол.и тоа само на главните сообраќајници и на една лента од автопатот(булеварите).Пропорционално,ако во пр.Сараево има 100см снег треба да се џитнат 10 000 тона.Имете поим колку е тоа..така? ...а знаете ли зошто падна проектот со течност да се растопува снегот? |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што прави владата? Сега ништо,а пред изборите ќе молат за глас како обичниот народ сега...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо не те чини да се распрашаш низ сите банки пред да земеш било каков кредит... Што можеш да загубиш со тоа? Патем, нештата со време се менуваат... ако некогаш нешто не било пристапно, можеби денес или утре ќе биде, особено ако банките се натпреваруваат да добијат што повеќе муштерии. Доволно е да ги соочиш една со друга во однос на привелегиите кои ти ги даваат и да им поставиш прашање зошто би одел со една наместо со друга ако не добиваш нешто повеќе ? Чукај и ќе ти се отвори... ... барај и ќе ти се даде. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како што ги гледам вестите на Сител...
оваа влада ги вработи сите невработени... а бе секој ден они склучуваат договори со странски компании... така веќе 6 години... еве сега ќе делат кредити за започнување бизнис... Осмели се... ама ми се чини дека оваа акцција нема да биде успешна... од едноставна причина - невработени уште малку ќе нема ни за лек... |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можеби насловот на темата треба да се преименува...
Што НИ прави оваа влада... иако веќе почнувам да се прашувам... знаат ли они што воопшто прават...? Изменето од којсумјас - 09.Февруари.2012 во 19:44 |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Девојка ми работеше во банка, не мора да шетам да прашувам Далеку е Македонија и банките во неа од еднаков пристап на клиентите ...
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сантијаго, не се препукуваат два администратори на тема за прописите, правилата и редот на форумов.
Тоа не би личило на ништо. И ние не се препукуваме, туку дискутираме за реалноста во Македонија. Тоа не треба да го земаме лично. И во Македонија постојат наменски фондови, како што се оние за социјална заштита на работниците, градење на спомениците, здравствено осигурување, образование, пензијско осигурување... Провери уште еднаш и ќе го пронајдеш тоа. Парите во државата не влегуваат само во еден заеденички фонд како во некоја вреќа, па од таму да се вадат и делат пари како што некој ќе посака или мисли дека треба да се направи. Туку, назад на темата... акцијава за помош со каматите на граѓаните при купување на станови и куќи е наменета за оние кои се кредитоспособни и кои имаат потреба од некаква асистенција на државата. Таа не е наменета за да намали цената на оние кои имаат пари или на оние кои "на некој начин ќе стекнат пари" за да си ги купат тие станови во готово. И на првите и на вторите не им треба помош од државата. Ако некој од нив веќе ја земал таа помош, тогаш во моментот на откупувањето на станот, како што ќе плати пенали на банките кои му дале кредити, ќе треба да ги врати и парите што ги добил како помош од државата за да има шанса да купи стан и да се здоми во него. Ако некој смета дека тоа не е фер, тогаш не мора да се запиши за користење на бенифициите од акцијата. Никој не го сопира да си купи стан како што беше и до сега. П.С. Инаку, иако не си слушнал дека има двонеделно исплаќање на кредитите наместо само месечно, заинтерејсирај се во сите банки пред да земеш кредит. Таквото исплаќање нема да ти предложи ниту една банка на светов доколку самиот не бараш... бидејќи така тие губат пари. Значи не дека не постои, туку треба самиот да се информираш и да ја бркаш таа работа оти ниту една банка или брокер нема да ти помогне за твое добро. Тие си го гледаат своето. Помини ги сите банки и разговарај со сите менаџери инсистирајќи дека сакаш месечното исплаќање да го правиш два пати во неделата. http://homebuying.about.com/cs/mortgagearticles/a/biweekly_plan.htm http://financialplan.about.com/od/realestatemortgages/qt/Bi-Weekly-Mortgage.htm Еве калкулатор самиот да си пресметаш колку би заштедил со двонеделно плаќање наместо месечно: http://www.debt10.com/calculator10.html Изменето од Messenger - 09.Февруари.2012 во 18:28 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 7677787980 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |