![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7677787980 157> |
Автор | |
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве накратко Шкорпија/ Шкорпионка во 2012 година Во првите два- три- четири-пет месеци на 2012 г. а можеби и подолго Уран сè уште ќе престојува во риби и други морски животни, значи вашиот сектор на романса, страста и други сексуални благодети. Постојано ќе ви се случува нешто на љубовен план( читај сексуален). Ама баш нон-стоп, 24/7. Во еден момент ќе бидете најсреќната, најзаљубената и најзадовол(е)ната личност на цел свет и пошироко, а во друг ќе копнеете за нешто повеќе, нешто поинакво, потврдо, поголемо. Откако на 31 март Уран ќе влезе во овен и други тревопасни животни, ќе сакате поголема стабилност и сигурност (од крадци) во вашиот живот. Ќе ви биде доста од луди авантури и луди секојдневни ситуации. Сега ќе сакате некој којшто цврст(о) ќе стои до вас и во добро и во зло и во арно и во лошо се додека парите не ве разделат. Тоа е еден од знаците дека постојано растете како личност и се развивате и ширите во сите можни насоки и делови. Вашата желба за зближување односно здушување со партнерот/рите ќе биде уште посилна откако
на 4 јуни евентуално 4 јули на Уран ќе му се придружи и Јупитер и
уште неколку помали планети, комети и маглинки. Ако сте со статус сингл
тогаш уплаќајте само сингл на кладилница. Во овој период можно е да
започнете врска со личност од друга држава, нација и вера. Пр: Црнец,
Кинез, Мексиканец, Црна Арапина и слично. Од крајот на август- септември па сè до 25 декември или католички божиќ по нашки, Јупитер
ќе се движи
ретроградно или гзечки по нашки во бик или крава доколку сте припадничка
на поневештиот пол, вашиот сектор на сериозните врски и јазичиња. Во
овој период
најверојатно, море скоро сигурно какво најверојатно, повторно ќе ви се
појават чувства кон некој од вашето
блиско и/или подалечно минато, а заради подобра иднина и меѓусебна
соработка и разбирање. Да не кажам просперитет што би рекол премиерот. Ако не сте во врска( се мисли на официјална, меѓународно призната врска а не само секс и други телесни задоволства), бидете особено внимателни со кого ги спојувате усните во периодот од 1 јануари до 5 Фебруари а посебно на отворен простор. Прво од проста метеоролошка причина да не ви се залепат усните од ладното време а исто и тогаш Нептун, планетата на фантазиите, тајните и други мистични заврзлами, ќе престојува во риби и другите гореспомнати морски животни, вашиот сектор на страста и романсата. Нема да можете јасно да ги гледате намерите на луѓето и можно е , море скоро сигурно, да направите погрешен избор по кој знае кој пат исто како во Изборот на Лара или Љубов и Казна и слични серии од Шпанско-Турско-Индиска продукција. Пари нема наредната година, така да не се замарајте џабе.!
Важна напомена: Хороскопот престанува со важење заклучно со последниот ден на регуларниот дел на годината, односно првиот ден од крајот на светот, истиот најавуван за следната година некаде за Ноември кога голем метеор навлегува во земјата. Буквално. Реклама: Доколку сакате хороскоп за Вашиот знак за идната година или минатата, по ваша желба, обратете се со пост во оваа секција. Нашата редакција на чело со дежурниот астронумероагроуфогинеко и кој знае каков друг лог Гонзо® ќе се обиде да ви одмогне. |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
![]() |
|
saguaro ![]() Сениор ![]() Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Де кажете нешто повеќе за Јупитер и шкорпионките!
|
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Што порачува годишниот хороскоп за 2012?
Астролошката 2012 година почнува со сè уште силното влијание на Јупитер во Бик, чие ретроградно движење кон крајот на декември ќе предизвика мали проблеми во финансиите, но веќе во првите денови од годината Јупитер се враќа во нормалната патека и влијанието повторно станува исклучително позитивно. Јупитер ќе ја обележи целата година, особено кога во почетокот на јуни ќе влезе во знакот на Близнаци, донесувајќи финансиски просперитет на сите полиња, а особено добро влијание ќе почувствуваат медиумите, комуникацијата и технологијата. Но, нема сè веднаш да зазалени затоа што со влегувањето на Сатурн во Скорпија во октомври, државните институции ќе продолжат со комплицирање и одолговлекување, така што државните финансии и понатаму ќе трпат лошо влијание, а тоа ќе се одрази на услугите во јавниот сектор и стандардот на граѓаните од целиот свет. Лошите вибрации ќе се почувствуваат најмногу во текот на февруари, кон крајот на јуни и почетокот на јули, така да се препорачува во тие месеци повнимателно да се ракува со парите. Ваквата констелација особено ќе ги погоди земјените знаци, Девица, Бик и Јарец, така што на тие знаци им се препорачува целата година да внимаваат на финансиите. Уран ќе се погрижи се да не биде толку тмурно. Оваа планета на инвентивност и забава, од своето скривалиште во Овен, ќе ги осветли медиумите и комуникацијата, така да можеме да очекуваме нова експлозија на разни гаџети со уште поголеми можности и помали цени, што ќе ги развесели сите љубители на технологијата. Нептун во Риби и понатаму ќе предизвикува верски контроверзии, ќе поттикнува немири и револуционерни збиднувања во целиот свет, подгревајќи ја така атмосферата кон крајот на годината и фамозниот 21 декември, ден околу кој се кршат копја со години. Сепак, првиот значаен датум е 6-ти јуни, кога Венера ќе направи редок транзит преку Сонцето и ќе исфрли женски водач, политички или спиритуален, кој ќе донесе големи промени на светско ниво. Да се вратиме на 21 декември, кога на небото ќе се случи ретка констелација позната како Прст Божји, триаголник на Плутон, Сатурн и Јупитер кој би требало да донесе некој вид на промена. Бидејќи Сатурн и Јупитер владеат со случувањата кои ги предизвикува човекот, може да се очекува некој потег на суперсила (или на оние кои така се чувствуваат) која ќе делува на целиот свет. Спасоносна улога би требало да одигра Венера, која ќе ги ублажи последиците, а донекаде и Плутон, чија што енергија би требало да го смени размислувањето на светот и да осигури такво нешто никогаш повеќе да не се повтори. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
krokodil...
|
|
Incredible Blue
|
|
![]() |
|
*moon* ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
lav
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Жална врба (Меланхоличност) - прекрасни личности но меланхолични, атрактивни, духовни, сакаат се што е убаво и вкусно, сакаат да патуваат, сонувачи, неуморни, комплицирани, искрени, може да се влијае на нив но е тешко да се живее со нив, посакувани, добра интуиција, често патат заради љубовта, потребен им е партнер кој ке им пружи потпора.............. |
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хороскопски водич да останете во форма Барате начин за да симнете килограми? Секој знак е насочен кон различни физички активности, па одредени видови вежби различно влијаат нa различни хороскопски знаци. Ова се некои основни совет за секој хороскопски знак. Овен – Пијте многу вода. Како огнен знак потребни ви се повеќе течности отколку на просечна личност. Еден од начините се вежбање јога. Исто така ќе уживате во планинарење, велосипедизам, скијање и трчање маратон. Вас ве прават среќни спортови на отворено. Бик – имате бавен метаболизам и уживате во рутинските работи. Вежбајте паметно. Пилатес, фитнес, аеробик и домашни справи. Ако имате чувство за ритам, испробајте се и во танцување. Близнаци – Секогаш претерано ги напрегате нервите, па за да спречите дебелеење морате редовно да се релаксирате. Ваша слаба точка се белите дробови па вежбајте дишење. Секоја вежба мора да ви биде забавна инаку нема да се придржувате до планот. Ролајте. Рак – Најмногу ви одговараат вежби кои можете да ги правите во домот. Парите вложени во домашни справи и двд-а нема да бидат залудни. Пливањето е исто така одличен спорт за вас. Лав – било кој спорт каде може да го покажете телото е добар за вас. Пливање – со точно изработена програма, фитнес, аеробик и трчање. Во исхраната избегнувајте ги маснотиите. Девица – Секојдневни прошетки се одлична вежба за вас. Имате доста енергија па навечер можете да се одлучите за танцување. Пијте доволно вода, затоа што тоа го спречува уморот. Вага – Наутро правете лесни вежби за телото, за истегнување на мускулите на грбот. Обидете се со степ аеробик и пливање. Медитирањето е добро за да ви го смири умот и нервите. Скорпија – За вас се идеални маратонските спортови. Внимавајте само да не претерате. Ако имате проблеми со емоциите – не ги прикривајте со фитнес. По природа дишете плитко па вежбите со дишење се нужни како подготовка за сите спортски активности. Стрелец – трчање, одење, скијање и планинарење. Сакате да се движите низ просторот, па вежбањето во теретана не е избор за вас. Ако не вежбате доволно можни се проблеми со `рбетот. Јарец – Ваша најслаба точка се колената, па не треба да ги преоптеретувате. Наместо да трчате обидете се со одење или пливање. По природа сакате да планинарите, а може да се обидете и со качување по карпи. Водолија – Вие обожавате спортови. Едрење, скијање, пливање... но, мора и да вжбате пред екстремни спортови. Теретана е одличен избор за вас. Риби – Воден знак сака водени спортови. Можете да уживате и во трчање на плажа или воден аеробик. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
jasen
![]() Јасен (Амбиција) - необично атрактивни, го ценат животот, импулсивни, посакувани, ценат критика, амбициозни, интелигентни, талентирани, сакаат да ја предизвикуваат судбината, често егоисти, верни љубовници, понекогаш паметот им го надвладува срцето но врските секогаш ги сфаќаат озбилно. ![]() |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
|
![]() |
|
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
jas sum izrod izgleda...
![]() |
|
Incredible Blue
|
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Боже колку е само точно ова за вагите....
![]() |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
Klara-D ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хороскоп - од што се плашите ???
Овен - Страв од ропство Од време на време Овните стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ. На психолошки план, Овните се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен. Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент. За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото “нападот е најдобра одбрана“. Бик - Страв од сиромаштија Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето. Во својот “имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодиакот, што значи немаат самодоверба. Близнаци - Играта ги штити од страв Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите. Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши. На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите. Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли. Рак - Фантазиите ги хранат стравовите Самата помисла на развод на бракот, брачна невера, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите. Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија. Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените. Лав - Страв од предавништво Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината. Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира. Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја. Девица - Страв од неред Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците. Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата. Вага - Страв од караници На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска. Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами. По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања. Скорпија - Страв од немоќ Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување. Кај Скорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување. Стрелец - Страв од притисок (искористување) Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата. На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода. Јарец - страв од туѓо мислење На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него. Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име. Водолија - Грижа за целиот свет Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер. Риби - Страв од се живо Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации |
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Аииии,јас сум била мушмулче.
![]() |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
јун 25 - јул 04 - Јаболка
Јаболка (Љубов) - витки, харизматични, допадливи и атрактивни, често флертуваат, авантуристи, секогаш заљубени, љубат и сакаат да бидат љубени, верни, нежни, широкогради, талентирани за наука, живеат за денес, безгрижни филозофи со способност за презентирање. Изменето од laki_bu - 30.Септември.2011 во 09:25 |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
![]() |
|
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лимон (Сомнеж) -se somnevav deka sum kisel skeptik
![]() ![]() ![]() |
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7677787980 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |