![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7475767778 157> |
Автор | ||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ne znam ,
![]() ...''samo'' ........sokol....koj mi leta nad glava!
![]() |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Стварно Брза? ![]() Ама пази што пишува погоре-најдобро се согласувате со гавран и видра. ![]() |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
!
![]() ![]() |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Индијански Хороскоп
Во многу сегменти индијанскиот хороскоп е сличен на обичниот, но неговите знаци се поврзани исклучиво со животни и со нивната улога во природата. Исто така тој е поврзан и со тотемите кои играат важна улога во индијанската култура и вера, но и со природните појави кои влијаат на животот на животните. Во индијанскиот хороскоп карактеристиките на животните се пренесуваат на луѓето. Дознајте кој знак сте според овој хороскоп и кои се главните карактеристики на тој знак. Видра (20.01 – 18.02) Главна карактеристика: креативност Животно мото: „Секогаш подготвени за нови идеи и предизвици!“ Најдобро се согласува со: гавран, сокол и елен Боја: сребрена Луѓето кои се родени во знакот видра се многу снаодливи, темпераменти, динамични и непредвидливи. Тие се и многу комуникативни личности и добри говорници, што од своја страна им помага за одржување на нивниот слободен дух и подигање на креативноста. Видрите се против какви било наметнати друштвени норми на однесување, многу се слободоумни, па и непослушни. Имаат високоразвиена интуиција и најчесто се емоционално неоптоварени. Доколку се случи вистинска љубовна искра помеѓу маж или жена родена во знакот видра и некој од спротивниот пол, таа најчесто се претвора во прекрасна врска, бидејќи видрите се сметаат за магични љубовници. Флертувањето им е интересно и може да трае со часови, но потоа видрата ќе се повлече и ќе се прави дека ништо не се случило. Волк (19.02 – 20.03) Главна карактеристика: лојалност Животно мото: „За сé постои решение.“ Најдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и змија Боја: тиркизна Личностите родени во овој знак се снажни и интуитивни. Од една страна тие се многу моќни, а од друга, плашливи луѓе. Поседуваат уметничка и креативна душа, а ако почувствуваат дека ги почитувате, за возврат ќе ви покажат големо разбирање и толеранција. Главна животна цел им претставува пронаоѓањето на љубовта на нивниот живот. Женските претставнички на овој знак се многу женствени и сакаат нежности. Машките пак, имаат високо развиено чувство за еротика. Кога волците се заљубени, бидете сигурни дека таа љубов е длабока и прекрасна како расцветена роза. Сокол (21.03 – 19.04) Главна карактеристика: динамичност Животно мото: „После мене доаѓа потоп.“ Најдобро се согласува со: лосос и був Боја: жолто-зелена Личностите родени во знакот сокол се секогаш во лов на нови идеи, иницијативи, искуства и љубов. Тие се динамични, секогаш спремни за авантура и се родени лидери, но понекогаш нивната импулсивна страна може премногу да им доаѓа до израз. Жените родени во овој знак, се во потрага по маж кој ќе биде некаков вид супер херој или поточно кажано да се однесува баш така, за да му се восхитуваат другите луѓе. Машките претставници пак, се во потрага по принцеза, која мора да им дозволи тие да бидат „главните“ во врската. Посесивни и љубоморни, соколите се и жешки љубовници, на кои не им е дојдено до прегратки, предигри и нежности, туку до демонстрирање страсти. Дабар (20.04 – 20.05) Главна карактеристика: доследност Животно мото: „Ја сакам слободата.“ Најдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и гуска Боја: жолта Дабрите се вистински креативци, вредни работници и трпеливи луѓе, за кои ниеден проблем не е нерешлив. Упорни се, стабилни и многу издржливи. Тие се материјалисти, кои сакаат да стекнат големо богатство, кое ќе им служи за да се докажат пред луѓето дека успеале во животот. Женските дабри се многу нежни и не му дозволуваат на кој било маж да им се доближи. Машките дабри пак, се големи шармери и се многу романтични. И едните и другите се верни љубовни партнери. Елен (21.05 – 20.06) Главна карактеристика: сила Животно мото: рамнотежа помеѓу разумот и чувствата Најдобро се согласува со: гавран и видра Боја: портокалова Личностите родени во знакот елен имаат високоразвиено чувство за интуиција, неуморни се и оддаваат впечаток на смиреност и интелигенција. Можат да бидат многу забавни и интересни, но исто така се склони кон сарказам и навредување. Бидејќи се многу снаодливи, честопати имаат по неколку професии. Елените се немирни и неуморни и секогаш се надеваат дека ќе ги променат нештата со сопственото делување. Тие се креативни и интуитивни личности кои имаат јака волја, а се и прилично великодушни. Женските елени се привлечни и провокативни, па можат да го имаат секој маж што ќе го посакаат. Мажите од овој знак се често пати неверни и сакаат флерт. И двата пола се креативни во кревет. Клукајдрвец (21.06 – 21.07) Главна карактеристика: чувствителност Животно мото: „Да ја направам среќна личноста што ја сакам.“ Најдобро се согласува со: змија, волк и дабар Боја: розова Личностите родени во знакот клукајдрвец се многу чувствителни, па дури пречувствителни и со многу благ карактер. Жените имаат особено изразен мајчински инстинкт и сакаат дом и семејство во кој бараат сигурност и заштита. Тие сакаат долго да се галат и да разменуваат нежности. Кај мажите од овој знак ситуацијата е нешто поинаква. Честопати својата желба за секс не ја изразуваат до крај, но емоционалното задоволување на потребите им значи повеќе од физичкото. И едните и другите се особено добри животни партнери. Лосос (22.07 – 21.08) Главна карактеристика: самодоверба Животно мото: „Да се живее интензивно…“ Најдобро се согласува со: був и сокол Боја: црвена Родените во овој знак „пукаат“ од сила, гордост и енергија. Тие ја бараат целта во животот, спонтани се, храбри и амбициозни. Сакаат да бидат во сé најдобри и доминантни, па поради тоа понекогаш се вообразени и арогантни, но во душа се многу добри. Тие сакаат да измислуваат разни приказни и потоа да ги прераскажуваат. Жените лососи сакаат да бидат главни во кревет, а љубат интензивно и страсно. Тие се заводливи и мажите ги вртат околу малиот прст. Исто така сакаат да драматизираат и да прават сцени. Мажите лососи се страсни и чувствителни љубовници. Љубовната игра може толку да ги понесе, па би можеле да ја водат цела ноќ. Кафеава мечка (22.08 – 21.09) Главна карактеристика: практичност Животно мото: „Да се открие и постигне смислата на животот…“ Најдобро се согласува со: гуска и дабар Боја: костенлива и виолетова Мечтаењето е една од нивните најзначајни карактеристики и можат потполно да му се препуштат. Имаат многу низок степен на толеранција. Сакаат да се впуштаат во расправии со надеж дека ќе го прифатите нивното мислење. Можат да бидат многу добри пријатели, но исто така и подмолни. И мажите и жените од овој знак од партнерите бараат да им посветат многу време, а кога ќе се заљубат се искрени, посветени и верни партнери. Кога ќе ја пронајдат вистинската љубов сакаат да се венчаат и да имаат семејство. Гавран (22.09 – 22.10) Главна карактеристика: дипломатија Животно мото: хармонична соработка Најдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и змија Боја: тиркизна Личностите родени во знакот гавран лесно се прилагодуваат на осаменички живот, но и на живот во друштво. Дружељубиви се и лесно прифатени во секое друштво. Понекогаш се несигурни и недоследни, но во себе имаат енергија да се справат со многу нешта. Многу бргу го менуваат расположението, што може да доведе до конфликтни ситуации. Кога ќе се заљубат ја даваат сета своја љубов, а во кревет се нежни, но незаситни. Жените од овој знак се просто неодоливи за мажите. Змија (23.10 – 22.11) Главна карактеристика: опстанок Животно мото: „Да се почне од почеток…“ Најдобро се согласува со: клукајдрвец и волк Боја: виолетова Личностите од овој знак се паметни, непредвидливи, реалистични и имаат јака интуиција и способност за расудување. Најдобро функционираат во некакви крајности бидејќи за нив не постои нешто помеѓу тоа. Главната мисла што ги движи е желбата за промена. Во еден момент тие можат да бидат на дното, а во следниот на самиот врв. Жената змија е многу арогантна, а во сексот дива и страсна, повеќе од кој било друг знак. Во љубовта се верни и сакаат да го усреќат својот партнер. Був (23.11 – 21.12) Главна карактеристика: мудрост Животно мото: пронаоѓањето на животната цел Најдобро се согласува со: сокол и лосос Боја: златна Поради нивната моќ за перцепција, ретко кое случување околу нив ќе го остават незабележано. Тие се љубопитни и дарежливи, горди и луцидни луѓе. Отворено ќе ви го кажат нивното мислење, но своеволно одлучуваат дали нешто сакаат да прават или не. Бувовите се спонтани, идеалистички настроени ентузијасти, желни за авантура и ја обожаваат природата. И женските и машките претставници на овој знак во кревет се жешки, страсни љубовници, кои обожаваат да експериментираат. Не сакаат премногу да се приврзуваат, бидејќи преферираат да останат во нивниот вечен освојувачки поход. Доколку сакате со некој був да бидете нешто повеќе од љубовници, потребно е долго да ги „бркате“, сé додека не ги уловите во вашата љубовна мрежа. Гуска (22.12 – 19.01) Главна карактеристика: упорност Животно мото: задржување на постигнатото Најдобро се согласува со: кафеава мечка и гавран Боја: бела Личностите родени во знакот гуска се одлучни и амбициозни. Тие се многу внимателни и лесно се прилагодуваат на новонастанатите ситуации, но нивната потреба од совршенство може да ги одведе на сосема погрешен пат. Заштитнички се однесуваат спрема луѓето што ги сакаат, но се склони кон горделивост. Женските гуски се многу имагинативни и нежни во сексот, а машките претставници се неуморни љубовници. И машките и женските гуски тешко се заљубуваат, а кога тоа ќе се случи, тие блескаат. |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
![]() |
||
*moon* ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Риби
Дефинитивно најплашливиот знак - збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта. Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации... а за ова немам коментар..... ![]() ![]() NE SAKAAT DA DOMINIRAAT SEKOGAS DA BIDE PO NIVNO DA ODAT SO GLAVA VO DZID BEZ DA RAZMISLAT DA ZBORUVAAT SE I SESTO I SEKOGAS SE TIE VO PRAVO I NE SE ODGOVORNI ZA NISTO |
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
![]() |
||
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Риби
- Претопли места.... ![]() - Губење на очила....кршење поточно ![]() - Загадена вода....зар има некој што сака загадена вода ![]() - Луѓе кои се прегласни....за ова се слагам ![]() - Луѓе кои не обнуваат внимание на аргументи...за ова секако ![]() - Алкохоличари.... ![]() - Кога не им дозволуваат редовно да ги гледаат вниците ![]() ![]() - Кога мораат да носта очила за вид..сеуште не морам баш ![]() - Автомобили кои трошат многу гориво... ![]() - Спори возачи...
![]() Риби
Дефинитивно најплашливиот знак - збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта. Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации... а за ова немам коментар..... ![]() ![]() |
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
![]() |
||
FosterThePeople ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас реално сум изненаден од тоа што го пишува по сите места на интернет за мојот хороскопски знак(водолија).Бре се е точно,како јас да сум пишувал за мене!
Тоа не е случајност бидејќи се' што е создадено е поврзано со нас и се околу нас,се има некаква смисла.(очигледно некој мислел на тоа одамна) За тие што велат дека ништо не е точно во нивните хороскопски податоци се лажат,тие не можат да се пронајдат во него бидејќи врз природата на едно лице имаат влијание секојдневната енергија на другите лица и нивниот однос,така може секој човек целосно да измрда од својата природа. Јас лично никогаш не применувам туѓи навики и не имитирам никој,сакам да си бидам свој ЈАС.Така ми пишува и во хороскоп. ![]() |
||
I just wanna feel real love.
|
||
![]() |
||
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Стрелец
- Доцнење на возови, авиони и автобуси - Ако не летаат со прва класа - не летам со прва класа ![]() - Сопатници на кои им е лошо на патувањата - мене ми е лошо на патувањата ![]() - Луѓе кои премногу се жалат - јас премногу се жалам ![]() - Луѓе кои се плашат да ризикуваат - јас се плашам да ризикувам ![]() - Кога ги обвинуваат дека не знаат со пари - јас не знам со пари ![]() - Кога луѓето од нив очекуваат да дојдат на време - јас очекувам луѓето да дојдат на време ![]() - Насилство над животните - Читања за кршењето на човековите права Значи јас сум стрелец, а изгледа ги нервирам стрелците..
![]() ![]() Мене само ова со црвеново ме нервира од листава...
А инаку страшно ме нервира кога некој ќе ми упадне во збор, а зборувам сериозни работи...
![]() ![]() |
||
![]() |
||
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Подарувајте според ѕвездите
Подарувањето е вистинската работа, а ако вистински ја израдувате личноста на која што и подарувате – нема поголемо задоволство.
Припадниците од овој огнен знак е многу тешко да ги задоволите, особено кога се во прашање подароците. Овните ќе ги воодушеви сè што се вклопува во нивниот динамичен пристап кон животот. Жените овни ќе „паднат“ на брош, комплет ножеви, или црвено цвеќе. Машките припадници на овој знак ќе се задоволат со квалитетни патики, пикадо, слика, или влезница за некоја спортска манифестација.
Биковите по правило поседуваат развиен уметнички вкус и сакаат да бидат опкружени со убави и скапи работи. Жените родени во овој знак ќе се одушеват со злато, а ќе ги израдува и свилена ноќница, парфем, или бонбониера. Од друга страна, мажите родени во овој знак потајно очекуваат топол волнен шал, квалитетен паричник, чевли или папучи.
Близнаците се во постојана потрага по нови информации. Со нивната љубопитност тешко може да се спореди било кој друг хороскопски знак. Жените ќе ги освоите со претплата за списание, некое парче од квалитетна марка, или практична патна торба. Машките Близнаци ќе бидат одушевени ако им подарите најмодерен мобилен телефон, пар откачени чорапи или топли зимски ракавици.
Раковите се многу емотивни, па нема да згрешите ако им подарите романтична вечера за двајца, букет цвеќе, или нешто што сте направиле специјално за нив. Исто така ќе се израдуваат ако им купите некоја ситница за нивното хоби. Машките ќе се воодушеват со шише омилено вино, а жените со цвеќе што ќе може дома да го одгледуваат.
Лавовите себе си се сметаат за владетели. Купете им нешто со што ќе можат да ја искажат својата важност. Жените се опседнати со косата, па шампоните, регенераторите, чешелите од сите видови, се идеален подарок, а нема да погрешите ни со влезници за кино или театар. Машките ќе се израдуваат со бесплатна масажа, пенливо вино, капа или шешир.
Девиците се најпрактичен хороскопски знак, па очекуваат подароци кои што ќе можат да ги применат во секојдневниот живот. Жените ќе се израдуваат на нов комплет за маникир, или квалитетен препарат за подобрување на имунитетот од билната аптека. Мажите ќе ги воодушевите доколку им подарите прибор за нивното хоби или книга.
Вагите се хороскопски знак кој што има најмногу вкус и стил. Жените сонуваат за идеален партнер, па затоа купете им некој љубовен роман, ЦД со балади, или рамка за слика. Машките Ваги очекуваат нешто сјајно и елегантно, како што е игла за вратоврска, но нема да згрешите ни со парфем, или каиш.
Скорпиите имаат многу специфичена смисла за хумор кој другите често пати не го разбираат. Жените Скорпии ќе бидат задоволни со еротска долна облека или книга. Мажите мечтаат за егзотично домашно галениче, а ќе ги развесели и книга или некоја добра комедија.
Стрелците се најголеми патници, па ако им подарите патување, не можете да погрешите. Женските Стрелци ќе се воодушеват со масажа, медитација, патеписна книга, или одење во егзотичен ресторан. Мажите сакаат природа и спорт, па подароците од оваа тематика секогаш се добредојдени. Исто така и часовник е добар избор.
Припадниците од овој знак се исклучително амбициозни. За да одберете подарок добро би било да знаете за какви амбиции станува збор. Жените родени во знак на Јарец не се многу оптоварени со трендови, па затоа подарете им нешто класично, кошула, чевли, календар, или планер. Машките родени во знак на Јарец очекуваат етикета и нешто сигурно, а приборот за бричење е идеален подарок. Во предвид доаѓаат и актовка и часовник.
Водолиите во секоја ситуација ќе ја истакната индивидуалноста, а нивното чувство за уметност најчесто се манифестира низ различен стил на облекување кој по сите правила е чекор пред постоечката модна колекција. Жените ќе ги одушеви масажер или МП3 плеер, како и комплет на масла за ароматерапија, а мажите ќе бидат задоволни со сè што е необично и неочекувано.
Рибите се многу емотивни, па затоа подарете им нешто инспиративно и убаво. Жените ќе ги израдувате со капа, масла и сол за капење. Мажите ќе ги израдувате со нешто поврзано со вода, како костум за капење или маска за нуркање. |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
![]() |
||
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Бик
- Луѓе кои претерано се фалат - Неред и неорганизираност - Облека која има дупки - Лоши готвачи - Кога некој ги игнорира во јавност - Јавни говори - Луѓе кои не користат дезодоранс - Кога се предмет на шала - Кога нема да испаднат доволно паметни - Брза храна Така некако, но има и други работи кои не ги поднесуваме, мала е листава ![]() |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
![]() |
||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кој е вашиот најголем страв?Родените во знакот на Овен се луѓе кои не е лесно да ги заплашите затоа што секое заплашување делува како предизвик за нивната вродена храброст. Од време на време тие стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ. На психолошки план, се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен. Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент. За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото „нападот е најдобра одбрана“. Добро испланираниот живот кој го водат Биковите не остава многу место за стравови. Но, стравот од сиромаштијата, од губење на имот и лични работи е оној кој не ги заобиколува. Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето. Во својот „имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодијакот, што значи немаат самодоверба. Земајќи во предвид дека сѐ сфаќаат како игра, Близнаците не се особено плашливи. И ако се иплашат од нешто успешно го прикриваат тоа. Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите. Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши. На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите. Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли. Полесно е да се каже од што НЕ се плашат. Со оглед на тоа дека се многу приврзани за фамилијата и домот, на врвот на листата на стравови на типичните ракови е стравот од распаѓање на семејството. Самата помисла на развод, брачно неверство, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите. Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија. Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените. Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех. Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината. Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира. Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја. Свесни за недостатокот на храброст, Девиците избегнуваат ситуации во кои треба да се однесуваат храбро. Темелно и долгорочно ги планираат сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога ќе се појави проблем спремно излегуваат со решение. Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците. Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата. Во потрага по животната хармонија Вагата повремено се соочува со луѓе кои не ги делат нејзините животни вредности. Страв од караници, тепачки, навреди и грубости, самотија и изолираност се примарни стравови кај Вагите. На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска. Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами. По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања. На прв поглед изгледаат храбро, но позади ладнокрвната маска се крие суштество кое не е баш имуно на стравови, иако сакаат да остават таков впечаток. Нивен одбранбен механизам е мазохизмот, па затоа и не се плашат од насилство и опасности. Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување. Кај Скорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување. Во својот безгрижен и алтруистички свет, Стрелците пронаоѓаат малку работи кои им влеваат страв. Сепак кога се наоѓаат во ситуации кога им вршат притисок или им ја ограничуваат слободата, и тогаш овие ведри оптимисти чувствуваат страв. Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата. На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода. Ладната организираност и ефикасност кај Јарците го прикрива долгиот список на стравови. Секој Јарец, помалку или повеќе пати од имагинарни стравови, кои се резултат на нивната песимистичка природа. Психолошки гледано Јарците се плашат од сплетки, разочарувања и предавства. На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него. Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име. Тие можат да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро. Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како - насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив. Ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подредени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер. Дефинитивно најплашливиот знак - збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта. Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации. |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
![]() |
||
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() - Луѓе кои се неуредни и неорганизирани - Луѓе кои не возвраќаат на повици - Луѓе кои не носат часовници - Луѓе кои не плаќаат данок - Луѓе кои не одговараат на деловни мејлови - Лубење ( овде сигурно се мисли на Губење ) време на Facebook - Луѓе кои прават граматички грешки - Луѓе кои премногу пцујат - Емотивни кавги или сцени - „Стенд ап“ комичари |
||
![]() |
||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
РАБОТИ КОИ ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК НЕ ГИ ПОДНЕСУВА
Овен
|
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
![]() |
||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Значи според хороскопов еве ме мене Ај да си гледам ја ракомет не ме бива за ова |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7475767778 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |