Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
FosterThePeople
Сениор
Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Април.2012 во 23:54 |
Видра сум.На секој хороскоп ми пишува дека сум интелигентен бла бла бла.... Фалби
|
I just wanna feel real love.
|
 |
Calipso
Модератор
Primarius
Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Април.2012 во 23:49 |
ИНДИЈАНСКИ ХОРОСКОПИндијанската астрологија се базира на денот на раѓање, кој определува кое животно (тотем) е ваш претставник. Тотемот може да каже многу за вашиот карактер, за вашето однесување, за вашите способности итн.
Гуска 22.12–19.01 Доколку сте родени во овој знак, вие поседувате внатрешна мудрост и амбициозно чекорите кон постигнувањето на вашите цели. Родените во знакот Гуска најчесто успеваат во животот, меѓутоа според нив, секој успех доаѓа само со напорна работа. Најголема нивна слабост е тоа што се преголеми идеалисти и тоа често им го комплицира животот.
Како што гуските сакаат да бидат слободни, така и вие многу ја сакате слободата, па затоа сами се трудите да ги остварите вашите цели, не дозволувајќи им на другите да ве попречуваат во тоа.
Вашата надворешност покажува еден ладен карактер, како кварцот, па често сте воздржани и ладни во вашите односи со блиските. Ги сакате луѓето околу вас, но се плашите да се отворите пред нив затоа што сте премногу чувствителни и лесно можат да ве повредат. Често сте непоправливи злопамтила и ако некој ве навреди, никогаш не заборавате.
Индијанците ја користеле кората на брезата за врз неа да запишуваат пораки, кои потоа се предавале од колено на колено. Од таму доаѓа и вашата длабока поврзаност со традициите и семејните обичаи. Вашиот традиционален карактер многу тешко ги прифаќа промените и често се спротивставувате на сè што е ново.
Многу е тешко да се заљубите на прв поглед, пред сè поради вашиот страв да не бидете повредени. Обично влегувате во љубовна врска со луѓе со кои се познавате долго време, но откако ќе стекнете доверба во некоја личност, вие знаете да сакате со целото свое срце и сте верни партнери. Откако ќе оформите семејство имате големи очекувања и барања од вашите деца и најчесто тие се многу дисциплинирани.
Машките претставници на овој знак се неуморни љубовници, додека женските се многу нежни и емоционални.
Боја: бела
Минерал: кварц
Растение: бреза
Најмногу си одговараат со: Дабар, Клукајдрвец, Кафеава мечка и Змија.
Видра 20.01–18.02 Видрата е животно кое времето го минува во јадење, спиење, сончање и игра. Аналогно на тоа, родените во овој знак се весели и непредвидливи личности, кои сакаат да си играат со идеите и зборовите.
Ако вашиот знак е Видра, тогаш вие сте исклучително интелигентни, остроумни и дури имате развиено толку силна интуиција, што знаете да ги „читате“ луѓето. Вашиот карактер не ви дозволува да сте злопамтила и многу лесно ги заборавате лошите работи кои ви ги направиле. Сакате сè да пробате сами, но не затоа што ви е многу важно знаењето кое ќе го стекнете, туку затоа што сакате тоа знаење да е стекнато преку сопственото искуство. Меѓутоа, треба да сфатите дека вашето знаење е залудно доколку не го споделите со другите, а тоа е една од работите кои вие не сакате да ги правите.
Вашето растение е трепетлика, а таа му придава на вашиот карактер еластичност и чувствителност. Вие ги мразите озборувањата и предрасудите и често сте поборници за еднаквост меѓу луѓето.
Исто како и среброто, вие сте скапоцени за оние кои ве познаваат, бидејќи сте прекрасни пријатели и со огромно задоволство им помагате на вашите блиски. Понекогаш ви е многу тешко да ги покажете вашите емоции, затоа што го преферирате интелектуалното пред сентименталното.
Кога станува збор за љубов, вие го претпочитате принципот топло-ладно. Можете со часови да зборувате и флертувате со претставници на спротивниот пол, а потоа одеднаш да се однесувате како ништо да не се случило. Тоа е поради вашата љубов кон игрите. Но, откако ќе стапите во љубовна врска, вие се претворате во прекрасни партнери. Вам ви е многу важно да знаете дека вашиот партнер ве сака такви какви што сте.
Откако ќе создадете семејство, целата ваша љубов им ја давате на вашите деца, со кои сте длабоко и емоционално поврзани.
Боја: сребрена
Минерал: сребро
Растение: трепетлика
Најмногу си одговараат со: Елен, Сокол, Гавран
Волк19.02–20.03Исто како и волкот, вие сакате да имате сопствена територија и дозволувате во неа да влегуваат само луѓе на кои им верувате. Вие сте затворени и мистични личности. Многу тешко се отворате пред луѓето и најчесто вашите чувства остануваат неискажани. Луѓето родени во овој знак се уметници со таинствен акцент кои ја сакаат убавината, без разлика дали се работи за убавина во природата, музиката или сликарството.
Доколку сте родени во знакот Волк, и покрај вашата надворешна воздржаност, внатрешно сте многу чувствителни и лесно ранливи. Ако некој ви докаже дека ве почитува, вие станувате добродушни соработници, полни со толеранција. Имате способност да им ја враќате на луѓето енергијата кога се исцрпени, па тие често доаѓаат кај вас. Карактеристична професија со која може да се занимаваат претставниците на овој знак е психологијата.
Вашето растение е тегавецот, чии корени навлегуваат длабоко во земјата и покажуваат дека ви е неопходна цврста основа за да се издигнете високо во општеството.
Вие повеќе од било кој друг знак имате потреба од луѓе кои ќе ве разбираат, ќе ја проценат вашата вредност и ќе ви укажат на тоа. Во љубовна врска сте многу романтични и секогаш безрезервно го давате вашето срце. Не ги сакате привремените авантури и секогаш сте во потрага по идеалниот партнер. Откако ќе го пронајдете, целосно му се предавате.
Женските претставници на овој знак се женствени и лесно се прилагодуваат. Ги сакаат нежните бакнежи и слатките зборови на своите партнери. Машките пак се полни со нежност и почит кон своите партнерки. Претставниците на знакот Волк се среќни само кога и нивните партнери се среќни.
Боја: Сино-зелена
Минерал: тиркиз
Растение: тегавец
Најмногу си одговараат со: Гуска, Дабар, Клукајдрвец, Змија и Кафеава мечка
Сокол 21.03–19.04 Родените во овој знак поседуваат огромна физичка, умствена и емоционална енергија. Исто како и соколот кој е роден ловец, така и вие континуирано сте во потрага по нови области за проучување. Не се плашите од новото и постојано ловите нови идеи и искуства. Поради тоа, започнатите стари работи често ги оставате недовршени.
Предодредено ви е да преживувате дури и во најтешките услови, но долгиот јазик често ви создава непријатности. Вие сте родени лидери и сакате да го наметнувате вашето мислење, но ако нешто не се одвива како што сте си замислиле, реагирате како мали деца. Навлегувате длабоко во работите и сакате да учите преку сопственото искуство. Тоа за вас е многу мачно, бидејќи никогаш проблемите не ги гледате површно.
Исто како соколот, вие не сакате да се врзувате за ништо. Едноставно ја сакате вашата слобода. Вашето тежнеење кон независност може да се забележи уште од најрани години.
Елементот кој ја карактеризира вашата личност е оган и вие често ја трошите вашата енергија сè додека од огнот не останат само неколку жарчиња. А за повторно да ги наполните „батериите“ и да го разгорите огнот, ви помага вашиот минерал – опалот. Опалот е камен кој се поврзува со топлината, но вие ризикувате и им ја давате таа топлина на луѓето околу вас. Тоа е така затоа што сте личности кои немаат предрасуди и отворено ги прифаќате другите луѓе.
Вие имате прекрасен карактер, но тоа се менува кога ќе влезете во љубовна врска. Тогаш станувате љубоморни и посесивни личности, кои секогаш мора да го имаат главниот збор. Како што соколите ловат брзо, таков е и вашиот сексуален живот – не сакате долга предигра и многу нежности, туку веднаш преминувате на „главното“.
Кога ќе создадете семејство, станувате големи ентузијасти, но ваша маана е што ви недостига трпение.
Боја: жолта, зелена
Минерал: опал
Растение: глуварче
Најмногу си одговараат со: Елен, Лосос, Гавран, Був и Видра.
Дабар 20.04–20.05 Како и дабарите, така и вие ги сакате мирот и сигурноста и успешно се реализирате во вашата работа. Многу сте претпазливи и не сакате да ги преоптоварувате другите со вашите проблеми. Напротив, вие постојано се трудите да ги подобрите условите во средината во којашто живеете, но не од себичност, туку поради вашата желба да им помагате на другите.
Поседувате голема интелигенција и подвижност. Поради таа ваша дарба, лесно се справувате со сите задачи. Исто како дабарот кој постојано работи, така и вие сте неуморни во вашата работа и вашите соработници можат секогаш да сметаат на вас. Многу сте креативни, а со вашата трпеливост ги решавате дури и оние проблеми од кои сите други веќе кренале раце.
Ги сакате материјалните работи, а посебно оние кои прават да се чувствувате посигурни. Сакате да имате многу пари, но тоа е пред сè за да докажете колку вредите. Дури кога ќе си докажете самите себе дека овие две работи немаат никаква врска, ќе научите да уживате во животот и ќе станете пофлексибилни.
Машките претставници на знакот Дабар се личности во чиешто друштво би сакала да биде секоја жена. Тие се големи шармери со неверојатна смисла за хумор. Жената родена во знакот Дабар е женствена и дозволува во нејзино друштво да биде само вистинскиот маж, кој според неа треба да биде едноставен и авантурист. Родените во овој знак се стремат кон доминантност во љубовната врска и понекогаш дури и стануваат напорни.
Ваша силна карактеристика е патријархалниот дух. Бракот го сметате за нешто свето и очекувате од вашиот партнер засекогаш да биде со вас и само со вас. Тоа доаѓа и од вашата потреба за сигурност.
Вие сте многу добри родители. Кога жените родени во овој знак ќе станат родители, најчесто целата љубов им ја посветуваат на децата и се оддалечуваат од своите партнери.
Боја: сина
Минерал: хематит
Растение: детелина
Најмногу си одговараат со: Гуска, Кафеава мечка, Змија, Волк и Клукајдрвец.
Елен 21.05–20.06 Доколку сте родени во овој знак, тогаш вашата основна карактеристика е елеганцијата и имате потреба да бидете заобиколени со убавина. Како и еленот, така и вие се одликувате со неверојатна интуиција и брза реакција. Способни сте веднаш да ги процените луѓето околу вас и да проникнете длабоко во нивната душа.
Вие знаете да бидете добри пријатели, но под еден услов – да не ви досадуваат премногу. Поради тоа што сте многу зборлести и влегувате во контакт со секакви луѓе, вие најчесто имате многу познаници. Имате смисла за хумор, но таа понекогаш преминува во саркастично, непријатно и нетолерантно однесување.
Надарени сте со многу способности и најверојатно имате неколку занимања. Често се трудите сите ваши способности да ги усогласите една со друга, но секогаш ви се чини дека тоа е невозможна задача. Најчесто завршувате преоптоварувајќи се истовремено со многу задачи и самите се исцрпувате.
Ги сакате промените и во вас постојано гори желба за промена. Се обидувате да промените сè што ќе ви дојде при рака, но добрата страна е што сфаќате дека сите промени треба да започнат со вас, т.е. прво треба да се промените самите за потоа да ги промените другите.
Вродена карактеристика на машките Елени е дружељубивоста, која многу често преминува во флертување и во неверство. Не може многу да им се верува, бидејќи никогаш не се задоволуваат само со една сентиментална врска. Исто така, тие зборуваат толку заводнички што жените им веруваат во сè што ќе кажат. Женските Елени можат да го заведат секој маж што ќе посакаат со нивната привлечност и смисла за хумор. И двата пола ги сакаат долгите предигри и се многу креативни в кревет.
Претставниците на овој знак имаат една слабост – децата. Нивната љубов кон нив е огромна.
Боја: зелена, бела
Минерал: ахат
Растение: ајдучка трева
Најмногу си одговараат со: Видра, Сокол, Гавран, Лосос и Був.
Клукајдрвец 21.06–21.07 Ако сте родени во знакот на Клукајдрвецот, вие постојано сте во потрага по нови пријатели. Сакате да си создадете пријатно „гнездо“, но ќе му се радувате само ако го споделите со луѓето кои ги сакате. За вас гостите се секогаш добредојдени.
Вие сте познати како личности кои се заштитнички настроени, со силен мајчински инстинкт. Понекогаш дури и претерувате со грижата и љубезноста кога станува збор за луѓето кои ви значат. Вашиот живот е комплетно посветен на семејството, а посебно сте задоволни кога сте ангажирани во разни социјални и хуманитарни акции.
Ги сакате парите, но сите ги вложувате во домот и семејството. Верни сте и за вас бракот е нешто свето. Не ве интересираат туѓите животи затоа што целосно им се посветувате на блиските. Како клукајдрвецот, така и вие знаете да бидете добри родители, но понекогаш ви е тешко да им дозволите на вашите деца да го напуштат „гнездото“.
Поради вашата постојана грижа за блиските и поради вашите обиди постојано да ги заштитувате, вие често ги заборавате другите ваши обврски. Треба да разберете дека не можете да ја контролирате судбината на другите. Мора да им дозволите на работите да се одвиваат по нормален тек и мора да престанете да преземате одговорност за сè.
Ваш минерал е карнеолот, кој најчесто се поврзува со крвта, па поради тоа за родените во овој знак е важно сè што доаѓа од срцето.
Родените во знакот Клукајдрвец се таинствени личности кои можат да молчат со часови. Исто така, тие се нежни, па дури и на мажите повеќе им значи емоционалното отколку телесното задоволство. Доколку сте заљубени во личност од овој знак, морате да бидете многу трпеливи, затоа што е многу тешко да ја победите повлеченоста и молчеливоста на клукајдрвците.
Боја: розова
Минерал: розов кварц
Растение: шипка
Најмногу си одговараат со: Кафеава мечка, Дабар, Гуска, Волк и Змија.
Лосос 22.07–21.08 Ако вашиот знак е Лосос, вие сте остроумни, храбри и силни и никогаш не заборавате ништо. Имате огромна енергија и со вашата самодоверба и ентузијазам лесно ги мотивирате луѓето околу вас. Поседувате лидерски способности и имате огромно влијание врз другите.
Обожавате да измислувате приказни и поради тоа другите ве доживуваат како забавна личност. Сакате да бидете „главни“ и секогаш да биде по ваше. Ако нешто не се одвива како што сте наумиле, во вас се појавува страв дека нема да реагирате доволно зрело во ситуацијата.
Мора да научите да се контролирате, бидејќи понекогаш делувате арогантно и покрај вашата добра душа. Во тоа ќе ви помогне вашиот минерал, црвен карнеол, кој секогаш мора да го носите со себе. Со негова помош ќе развиете способност за самоконтрола.
Великодушни сте и срдечни. Со вашата голема чувствителност и со советите кои ги давате многу лесно ги освојувате срцата на луѓето. Меѓутоа, тешко се отворате пред другите и тешко ги искажувате вашите чувства. Треба да познавате некој многу долго време пред да се отворите пред него. Исто така, многу им е тешко на луѓето околу вас да ви влезат под кожа, па поради тоа ретко страдате.
Вие сте од оние луѓе кои ги мразат границите кои им ги поставуваат родителите.
Љубовта и сексот многу влијаат на вашето расположение. Го сакате сексот и можете да уживате во него и цела вечер, без да почувствувате умор. И во односите со партнерот се трудите да имате доминантна улога. Мажите лососи никогаш нема да изберат партнерка која има подобра кариера или која повеќе заработува од нив. Жените лососи пак поседуваат докажана заводливост и можат да го освојат кој и да било маж. Но, за преосетливите мажи тие не се вистински избор.
Боја: црвена
Минерал: црвен карнеол
Растение: малина
Најмногу си одговараат со: Елен, Сокол, Був и Гавран.
Кафеава мечка 22.08–21.09 Доколку сте родени во овој знак, вие сте храбри, издржливи, знаете да се контролирате и поради тоа многу лесно ги постигнувате вашите цели. Бавно ги прифаќате новите работи, но затоа секогаш ги завршувате старите обврски пред да прифатите некоја нова задача.
Секогаш сте приземјени и самостојни. Имате способност да ги решите дури и најтешките проблеми. Иако сте големи мечтатели, вие знаете да преземете одговорност и секогаш навреме ги исполнувате своите обврски. Вашите амбиции ви даваат верба во вашите способности, кои вешто ги користите при исполнувањето на обврските.
Сакате да ги расклопувате работите, а потоа се обидувате пак да ги склопите и да ги доведете во идеална состојба. Пред вас ниту еден предмет не е безбеден, бидејќи сакате преку сопственото искуство да научите како функционираат работите и како можат најдобро да се искористат.
Кога ќе наидете на нешто непознато, најчесто од страв се повлекувате. За да исчезнат овие чувства може да ви помогне топазот, кој има голема моќ и ја намалува напнатоста и стравот.
Во љубовните односи не сте баш идеален партнер, затоа што сте ладна и повлечена личност. Треба да поминете многу долго време со партнерот пред да започнете да му верувате. Но, откако ќе се заљубите, вие се претворате во искрен, лојален и предан партнер.
Во спалната сте премногу воздржани, но секогаш сте нежни и внимавате на чувствата на вашиот партнер. Кога сакате, сакате со целото ваше срце. Верни сте и истото го очекувате и од партнерот.
Вие сте прекрасни пријатели и сопружници и ги заштитувате луѓето околу вас. Ги обожавате вашите деца, иако понекогаш се правите построги отколку што навистина сте. Често оставате впечаток на ладна личност, но всушност имате многу нежна душа.
Боја: пурпурна
Минерал: топаз
Растение: љубичица
Најмногу си одговараат со: Гуска, Волк, Клукајдрвец, Дабар и Змија.
Гавран 22.09–22.10 Ако сте родени во овој знак, тогаш вие сте дружељубива и весела личност, која ги сака своите блиски. Ваш најголем недостаток е вашата неодлучност. Често поради една мала работа не можете да ги видите големите и поради тоа ви е тешко да донесете одлука. Најчесто вашата неодлучност завршува со повлекување, па оставате други да одлучуваат наместо вас.
Вие сте луѓе кои веруваат во пријателство. Знаете да ги ислушате другите и да сочувствувате со нив. Често давате ветувања, но и ги исполнувате. Поради тоа, луѓето околу вас многу ве почитуваат и ценат.
Вашето расположение често се менува, па еден ден може да бидете агресивни, а веќе наредниот ден да сте најмилата личност на светот. Ако луѓето околу вас се полни со позитивна енергија, и вие ја примате истата. Но, ако луѓето околу вас не се расположени или не ви посветат доволно внимание, вие лесно можете да западнете во депресија.
Мразите расправии, но во истото време со вашето променливо расположение самите ги предизвикувате. Вашиот минерал, азуритот, може да ви помогне да ја победите вашата променливост. Тој треба да се носи или на прстен на десната рака или на ланче.
Во љубовната врска сте романтичари до таа мера што дури и најмалиот флерт доаѓа од вашето срце. Поради тоа лесно се разочарувате и често страдате од љубовни болки. Но, ни тоа не ве спречува во потрагата по идеалната љубов. Мажите Гаврани ги знаат слабите точки на жените и ги кажуваат само оние работи кои тие сакаат да ги чујат. Жените родени во знакот Гавран пак се толку заводливи што пред нив мажите клечат на колена.
Вие сте добри родители и на вашите деца им ја давате целата љубов на светот.
Боја: кафеава
Минерал: азурит
Растение: бршлен
Најмногу си одговараат со: Видра, Сокол, Елен, Був и Лосос.
Змија 23.10–22.11 Доколку сте родени во овој знак, вие сте исклучително интелигентни и полни со иноваторски идеи. Како што змијата ја менува кожата, така и вие треба да научите да ги менувате вашите стари навики за да бидете подготвени за нови почетоци. Така ќе ја постигнете вашата цел – духовен раст во хармонија со природата.
Често претставувате загатка за луѓето околу вас, затоа што сте таинствени, мистични и непредвидливи. Вие сте од оние личности кои своите најдлабоки чувства ги чуваат само за себе. Без разлика дали се работи за проблеми на работа или за љубовни проблеми, сакате сè да решите сами на ваш начин. Меѓутоа, кога се работи за туѓите проблеми, сакате да ги знаете до детали.
Често пропуштате добри прилики затоа што му ги покажувате забите на секој кој ќе ве засегне. Тешко се адаптирате и би направиле сè за да не ве вовлечат во ситуација која не е пожелна за вас. Но, секогаш имате јасна цел пред себе и одлучно чекорите кон неа. Поседувате истражувачки дух, кој секогаш е насочен кон некои недоволно познати или сè уште неоткриени области.
Вашиот минерал, аметистот, е симбол на праведноста, па вие имате способност точно да ги проценувате ситуациите и луѓето и да носите праведни одлуки. Но, понекогаш сте преголеми идеалисти.
Припадниците на овој знак најчесто имаат ладно однесување и треба да помине извесно време пред да излезат од нивната повлеченост. Женските Змии се поарогантни, додека машките се попристапни и попристојни. Дури кога ќе почувствуваат дека се сакани, Змиите ја отфрлаат својата резервираност и се претвораат во диви и страсни личности. Среќата на нивниот партнер им е на прво место.
Често бараат од своите деца да станат самостојни пред да се способни на тоа, а потоа се прават дека не ги забележуваат, а всушност често ги контролираат.
Боја: зелена
Минерал: аметист
Растение: магарешки трн
Најмногу си одговараат со: Гуска, Дабар, Клукајдрвец и Кафеава мечка.
Був 23.11–21.12 Ако сте родени во овој знак, и вие како бувот имате остар поглед кој ги забележува сите детали. Тоа ви дава способност брзо да сфаќате зошто работите се одвиваат по определен начин. Имате многу добра меморија и лесно помните сè што ќе прочитате или слушнете. Знаете да им го пренесете на другите вашето знаење и сте одлични учители.
Вашата интуиција е толку добра што често успевате да ја предвидите иднината, а вашата прецизност ви помага многу во постигнувањето на успеси на работното место. Решително се трудите да ги остварите вашите цели. Сакате да истражувате во секоја област, но никогаш целосно не се посветувате само на една. Мора да се научите секогаш да тежнеете кон постигнувањето само на една цел, затоа што кај Индијанците не бил најдобар оној кој ќе истрелал најмногу стрели, туку оној кој ќе се сконцентрирал на целта и потоа ќе ја погодел.
Вие сте родени авантуристи. Ја сакате природата, независноста и ризикот. Секогаш го кажувате она што го мислите и го правите она што вие го сакате, па поради тоа често запаѓате во непријатни ситуации.
Вашиот минерал, опсидијанот, е многу тврд и остар камен, па така и вие знаете да бидете многу остри кога ќе ве навредат. Многу е тешко некој да има влијание врз вас, бидејќи сакате сами да успеете и да ги постигнете целите кои вие ги сметате за важни.
Вие сте едни од најспособните освојувачи. И мажите и жените родени во знакот Був секогаш знаат што да кажат и имаат голема смисла за хумор. В кревет се неверојатни – страсни и секогаш подготвени да експериментираат. Зборот брак е збор кој го мразат и од кој најмногу се плашат. Обврзувањето за една личност е спротивно на нивната природа да бидат независни и поради тоа често ги губат дури и оние партнери кои им значат.
Доколку сте родени во овој знак, вие сте особено љубопитни, но понекогаш знаете да бидете и многу молчаливи и резервирани кога се работи за вашите чувства.Често ги оттурнувате пријателите од вас затоа што сметате дека треба да бидете самостојни. Истото го очекувате и од вашите деца – кога ќе сметате дека се доволно возрасни, барате од нив да започнат да се осамостојуваат.
Боја: црна, златна
Минерал: опсидијан
Растение: смрека
Најмногу си одговараат со: Сокол, Лосос, Видра, Гавран и Елен.
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
 |
Calipso
Модератор
Primarius
Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Април.2012 во 23:33 |
Алкохолен Хороскоп
Јарец Ако Јарецот реши да оди на луда забава, често пие вода помеѓу пијалаците за да не го "фати" и да ја задржи самоконтролата, но доколку испие неколку чашки повеќе, тогаш Јарецот не е најдобро друштво затоа што на површина излегува неговиот песимизам и мрачните мисли. Најдобар избор на алкохол за овој знак е лесното бело вино. Водолија Идеален пијалак за дивата, ексцентрична и забавна Водолија е текила во сите свои облици. Овој знак може да пие чиста текила, помешана со сок или во коктел. Иако текилата гарантира забава, сепак треба да се внимава на количината, затоа што под дејство на текилата, Водолиите се однесуваат неодговорно... Риби Затоа што Рибите важат за чувствителни, нежни, срамежливи и примерни, ним им е потребен пијалак кој има топлина, а истовремено ќе им го "одврзе јазикот". Идеален избор е коктелот "White Russian", составен од водка, ликер од кафе и крем. Овен Припадниците на овој знак се авантуристички настроени, динамични и иновативни, а со оглед на тоа што сакаат да пробаат нови нешта, дегустацијата на нови коктели е идеална дејност за нив. Иако коктелите брзо "удираат" во глава, овој хороскопски знак речиси и да е имун на нивното дејство, па така Овенот е своевиден огромен капацитет за коктели. Бик Биковите го ценат раскошот, па така радо би посегнале по чашка добро виски. Секако, треба да внимаваат на количината затоа што тие важат за неумерени кога станува збор за јадење и пиење. Близнаци Иако важат за комуникативни и снаодливи во друштвото, по дејство на алкохол лесно кокетираат и разговараат и со странци. Идеално за нив е црното вино ви сите облици. Рак Ракот важи за импулсивен и емоционален знак, со често менување на расположението, а под дејство на алкохол однесувањето може да биде и помалку театрално. Раковите сакаат добри италијански црни вина, но пијат и благи овошни ликери. Лав Идеалниот пијалак за Лавот е џин, кој може да се пие на различни начини, без разлика дали е чист или во комбинација со други пијалаци. Алкохолот кај припадниците на овој хороскопски знак ќе ја поттикне нивната симпатична, забавна страна, па затоа не ретко тие се омилено друштво за излегување. Девица Класичен избор за Девицата е џин-тоник, едноставна комбинација без дополнителни калории. Ако претераат со пијалакот, на виделина може да излезе потиснатата, помалку и агресивната страна на Девиците, па тогаш тие може да упаднат и во вербален конфликт. Вага Вагите важат за тип на луѓе кои знаат добро да се забавуваат и да се вклопат во друштвото, а идеален пијалак за нив е мартини и ретко претеруваат со него. Шкорпија Шкорпиите се одлучни, моќни и страствени. Можат да бидат и љубоморни и посесивни, а овие нивни карактеристики добиваат на интензитет под дејство на алкохол. Најсоодветен избор на пијалак за нив е финото виски или водка, а доколку пијат количински повеќе, добар избор е пивото. Стрeлец Тие сакаат слобода, искреност и отвореност, а таков е и нивниот избор на алкохол. Не сакаат "шминкерски" пијалаци, па затоа прв и најчест избор им е пивото, а пијат и ракија. Единствено треба да внимаваат да не измешаат повеќе алкохоли затоа што тогаш стануваат премногу емоционални и носталгични.
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
 |
Andjelina
Сениор
Miss High Hill’s
Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Април.2012 во 02:26 |
Ако се интересирате дали некој ваш пријател би ви прости за она што сте му згрешиле, можете тоа да го дознаете од неговиот хороскопски знак. Тие можат да ви кажат се.Овен Лесно се навредува, но и лесно простува, секако ако не сте имале намера да го повредите. Не простува никому и никогаш ако намерно го повредува или навредува неговиот партнер, бидејќи е многу посесивен. Сепак избегнувајте ги конфликтите и не го провоцирајте Овенот, не го погодувајте во суетата, тоа нема да го прости ниту да го заборави. Меѓутоа, доколку е заљубен во вас, без оглед на тоа што секогаш мора да биде во право и не е толерантен, ќе ви прости бидејќи не сака на себе да си го компликува животот. Бик Тешко простува но никогаш не заборава ако сте ја игнорирале или сте ја загрозиле неговата гордост, неговото семејство, неговиот дом. Очекува внимание бидејќи е суетен, но бидејќи најчесто е неодолив и кога е тврдоглав и кога работи полека, полесно ќе ви биде вие да му простите на него, а не тој на вас, посебно ако ве смета за свој пријател. Жената Бик полесно простува на пријателите, отколку на пријателите кои се недоверливи. Близнаци Не се така едноставни како што изгледаат на прв поглед, затоа што длабоко во себе сметаат дека не ги сакате доволно или не ги цените онолку колку што заслужуваат. Кога ќе го почувствуваат тоа нема да ви простат лесно, како и ако го загрозите нивниот одбранбен механизам со кој се штитат од емотивно разочарување. Ако им ја подгазите суетата во нивните обиди да бидат рационални, посебно во љубовта, не простуваат и ќе ви ја покажат природната страна која знае да биде крајно практична, но не ја сакаат осветата. Рак Се памти и не простува лесно иако во поголемите случаеви се прави како да незнае за што се работи. Иако е шармантен, нежен и чувствителен, внимавајте да не го допрете неговото его или било што што би можело да ја загрози неговата суета, не ви се пишува добро. Често знае да се прави „невино“, но раковите често самите на себе си си се доволни. Мажот Рак нема лесно да заборави ако не му дадете поддршка кога на него ќе му биде потребна. Лав Не простува доколку на неговата посветеност не му возвратите со најискрена приврзаност, посебно ако сте негов емотивен партнер. Не заборава и ако го игнорирате или омаловажувате, бидејќи сака да е во центар на вниманието. Ако не е, драматизира некое случување и сите ќе се свртат кон него. Може да ви се налути ако се смеете на неговото детинесто однесување, кое понекогаш изгледа извештачено, а понекогаш размазано, но ќе ви прости. Секогаш ќе биде тука за вас кога ќе ви биде потребно, но понекогаш ви дава до знаење дека без него не можете. Девица Не е злопамтило, подготвени се да издржат дури и навредување, но не сакаат изненадувања кои не им се по вкус, па со тоа реагираат со бес и нервоза. Не поднесуваат индискретни личности, бидејќи за нив тоа е целосно примитивно однесување. Нема да ви простат и ако се претставите како подобар работник од нив ако не сте, бидејќи тешко можете да ги надминете во работата. Секогаш сакаат да бидат подготвени ако се случи нешто непланирано. Вага Нема да прости, ниту да заборави ако сте биле неправедни спрема неа, ако ја занемарите или не ја забележувате во друштво каде што најмногу сака да заблеска, бидејќи Вагата ужива во дивење и комплименти. Со тоа таа не само што ја храни својата суета, туку и прикриената потреба за суптилна доминација. Поради љубов во состојба е се да прости или пак никогаш да не ви прости, се зависи од тоа колку и значите. Шкорпија Цени лојалност и искреност, не поднесува изневерување и затоа не простува лесно. Кога ќе престане да сака некој, не мора да значи дека таа личност и здосадила, туку дека толку се разочарала што веќе неможе да биде со неа. Иако точно знае што сака и како да го постигне тоа и изгледа како да ги смислува работите однапред, во суштина исклучително е емотивна и посветена на тие кои ги сака. Кога сака некој му ги простува и недостатоците, а ако не е по нејзин вкус, нема ни да го вреднува. Стрелец Не поднесува неискреност, многу е повлечен, но и во неговото опкружување често има личности кои не се такви како него. Никогаш не се осветува намерно туку би можело да се каже дека нема доволно такт. Сепак, доколку ја загрозите неговата професионалност или друштвена позиција, недостатокот на такт тогаш прераснува во осветување. Во љубовта е сосема друга приказна, па се додека партнерот ги толелира неговите испади, тој се му простува. Јарец Тешко простува ако некој го издал или изневерил. Вреди да го имате за партнер, бидејќи е еден од знаците на кои вреди да се потпрете. Долго и длабоко во себе ги потиснува чувствата на бес и неправда кои ги преживеал, а тогаш можеби бил немоќен да се спротивстави. Но памети со години, некогаш и со децении и ги дочекува своите 5 минути. Јарецот главно работи за да добие признание кое за него е исто како да сте му изразиле љубов, бидејќи почесто е сигурен во неговото знаење отколку во себе. Водолија Иако не е злопамтило и знае да прости, едно сепак нема да ви прости, ако не сте и лојални и посветени, а сте се претставиле како нејзин пријател, а Водолијата верувала во вас. Ќе ви прости ако се обидете да ја контролирате или да имате власт над неа, бидејќи знае дека тоа е невозможно. Бидејќи и во љубовните врски не сакаат да полагаат сметки, подготвена е многу да му прости на партнерот за да се искупи за своето егоистично однесување. Риби Долго памтат навреди, првенствено поради нагласената суета, знаат да бидат инаетчии и често одат против своите интереси, односно во корист на своја штета. Нема никако туку така да ви простат, ниту да заборават ако не сте им дале до значење онолку колку што очекувале. Во љубовта многу се воздржуваат, дури и кога личноста ги понижува или омаловажува, но кога еднаш ќе одлучи да оди, тогаш веќе нема простување и ништо неможе да ги натера да ја променат одлуката.
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
 |
FosterThePeople
Сениор
Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Април.2012 во 16:19 |
Не е баш точно за водолија мразам кога некој ми бдее над глава.
|
I just wanna feel real love.
|
 |
Calipso
Модератор
Primarius
Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2012 во 20:37 |
Хороскопските знаци во кафеанаЗаедничко за хороскопските знаци е тоа што сите повремено сакаат да се опуштат во добро друштво, со чашка пијалак и весела музика во некоја кафеана.
Овен Иако е Овен, во кафеана се снаоѓа како риба во вода, без оглед на поводот. Кога ќе се напие малку повеќе, а тоа често се случува, почнува многу директно да се однесува кон преставничките на поубавиот пол. Иако е фокусиран на својот “плен” од женски род и понатаму го забавува целото друштво раскажувајќи шеги. Жената Овен е главна во кафеана, нарачува пијачки за целото друштво, игра и си ги порачува омилените песни. Бик Сонува да има своја кафеана, што и не е реткост, но ако нема тогаш има омилено место каде што сите го знаат, од келнери до готвачи. Ги собира музичарите околу својата маса и не ги пушта да си одат, но им дава голем бакшиш, нарачува песни и ѝ угодува на својата поубава половина или на жената која му се допаѓа. Жената Бик исто така ужива во кафеански амбиент, сака да запее, па караоке во некој ресторан е совршено за неа. Близнаци Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафеана без оглед дали таму одите како заљубена двојка или како пријатели. Мажот роден во овој знак знае да биде неодолив, бидејќи тој го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, танцува и го забавува друштвото. Жената Близнак секогаш е во друштво на помлади од неа, не го држи партнерот на око, затоа што обично не е љубоморна и се забавува како дете, или подобро кажано како големо дете. Рак Иако тој ги сака домот и семејството, обично за Ракот втор дом е неговата омилена кафеана. Никаде не може така да се опушти како со чашка добар пијалак и разговор со пријателите, тој ќе запее, ќе заигра и така до доцните вечерни или раните утрински часови. Жената Рак знае да се фати на оро, но и да заигра танго. Таа сака да се опушти кога е со пријателите, но кога е со партнерот гледа само во него како да не постои никој друг околу нив. Лав Кралот на забавата, игрите и сите видови на прослави, Лавот умее сѐ да организира во својата омилена кафеана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите трчаат да му ја отворат вратата веднаш штом ќе го видат. Лавицата, атрактивна и провокативна, прво “ја снима” ситуацијата и го набљудува друштвото во кое се наоѓа, а потоа стапува на сцена. Тогаш сите очи се вперени во неа, кога таа е на нејзиниот “трон” – подиумот за танцување, знае дека е неодолива. Девица Знак роден за мерак и релаксација, а кој би рекол, кога мажот Девица секогаш е дотеран, пристоен и воздржан? Штом малку ќе се напие и атмосферата почнува да се загрева, тој е оној кој во кафеаната нарачува тури, им сипа пијачки на сите и го подигнува расположението до точка на вриење. Женската Девица ќе се преправа дека нејзината сестра-близначка лудувала минатата ноќ, а не таа. Вага Боем, џентлмен, хедонист – мажот Вага не може без да ужива со друштвото во кафеана, без разлика дали станува збор за најотмен ресторан или “биртија”. Тој инсистира да ја плати сметката, се грижи за тоа дали чашите се полни, не дозволува музичарите да се оддалечуваат од неговата маса, но им даваа и богат бaкшиш. Жената Вага избира отмени ресторани за трач партија со пријателките, но кога ќе се одлучи да оди во “биртија” – таму останува до зори. Зад нејзината воздржана појава се крие желбата за забава, па таа никогаш не гледа на часовникот.
Скорпија Елегантна и бучна, магнетно привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во кафеанската атмосфера, правејќи се дека не ja забележaла личноста која ја “голта” со очите. Не дозволува да ја напуштите забавата кога вие сакате, туку кога таа ќе ви дозволи. Жената Скорпија секогаш го бира ресторанот, или знае “машки” да се напие или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето со мажите со “подлабок џеб”, затоа што нејзин додворувач не може да биде било кој. Стрелец Ги обожава кафеаните, но само оние кои се на “добар глас” и каде што доаѓаат познати личности, вклучувајќи го и него затоа што мажот Стрелец секаде е омилен гостин. Знае да започне разговор на некоја “жешка” тема, но умее и да се контролира. Кога ќе се напие повеќе, не прави скандали. Жената Стрелец наизглед успешно се вклопува во било кое друштво и во било која кафеана, но сепак сака да ги менува рестораните и да испробува нови, бидејќи има авантуристички дух. Јарец Жената Јарец, за разлика од вообичаеното мислење дека само работи, работи и работи, дека е стегната и воздржана, знае многу добро да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика, тогаш може дури и да заигра. Мажот Јарец, наизглед срамежлив и расеан, во кафеана останува да лудува до раните утрински часови и не им дозволува на другите да си одат порано. Некои од неговите пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено колегите од работа. Водолија Водолијата ги обожава кафеаните бидејќи таму го има она што најмногу го сака – пијалак, пријатели и флерт. Мажот Водолија е голем боем, ужива во добрата чашка додека музичарите му свират на увце. Жената Водолија знае да ја дочека зората во омилената кафеана во друштво на пријателките, додека нејзиниот партнер дома си игра на компјутер. Риби Мажот Риби се чувствува одлично кога е во кафеана, особено кога е во машко друштво бидејќи веќе се знае кој што сака да пие и колку може да испие, а и каква музика слуша. На кого му е грижа колку е часот, кога него му е толку убаво, како во некој свет од неговата фантазија. Жената Риби сака дискретни места, по можност во близина на река или езеро, со врвно послужување и џентлмени кои скокнуваат да ја услужат на секое нејзино движење. Од неа треба да се учи уметноста на боемските манири.
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
 |
ekszi88
Сениор
In Love
Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Април.2012 во 12:46 |
Скорпија
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
 |
kingofkings
Нов член
Регистриран: 10.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 19
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Април.2012 во 12:38 |
Овен си е овен хахахаха... Таков сум ист, импулсивен, нервозен, лесно избувнувам, енергичен, упорен ...
Изменето од kingofkings - 09.Април.2012 во 12:48
|
 |
Anita1
Сениор
Регистриран: 27.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 898
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Март.2012 во 16:06 |
oven
|
jas sum jas....
|
 |
LiDivio
Модератор
Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2012 во 13:22 |
Ми се свиѓа ова ,,сите освен Стрелец,,:НЕ! (да ја искршат вратата од лифтот)
|
 |
Schatzii7
Сениор
Unglaublich
Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2012 во 09:48 |
Хороскопските знаци во лифт
Сите хороскопски знаци се во лифт на еден голем хотел. Меѓутоа,
лифтот се заглавува помеѓу два ката. Еве како би се одвивал нивниот
разговор...
РАК: Што му стана?
БЛИЗНАЦИ: Опаа, заглавивме!
ЛАВ: Ама ајде, комшија што зборувате! Случајно застана.
ДЕВИЦА: Леле, кај најде баш сега!
ОВЕН: Да видиме во што е работата (ги притиска копчињата).
СКОРПИЈА: Еј, комшија немојте толку силно!
ОВЕН: Ама ајде! Мислите дека е подобро да седиме и да чекаме?
ВАГА: Комшија, смирете се! Не е време за расправија!
ДЕВИЦА: Тоа што сме заглавени – никому ништо. Знаете ли колку работа ме чека?
ЈАРЕЦ: Сите ние имаме некакви обврски, но наместо да паничиме, ајде да го направиме тоа што треба!
ВОДОЛИЈА: Така е. Мора да постои дежурен мајстор. Комшија, притиснете го црвеното копче, ве молам.
БЛИЗНАЦИ: Се разбира. Не реагира. Опаа, ќе биде весело!
РИБИ: Види го ти него! Нему му е дури интересно!
СТРЕЛЕЦ: Зошто да не? Нема белки да плачеме?
ЛАВ: Слушајте ме добро! Како прво, дали некој од вас има некаков алат?
ВОДОЛИЈА: Еве јас, но сè уште не можам да видам што е најдобро да се направи.
БИК: Не би сакал да се шегувам со ова. Ова е лифт, а ние сме сто метри над земјата.
ОВЕН: Ајде де! Мислите дека цела ноќ ќе седам тука? Ако не сака со убаво, тогаш со лошо (почнува да ја шутира вратата).
ВАГА: Комшија, смирете се! Тоа не смеете да го правите, опасно е!
СКОРПИЈА: Ма пуштете го! Гледате дека му фали некоја даска во главата.
ОВЕН: Слушај ти битанго една! Ако сакаш да разговараш со мене, треба да се однесуваш со почит кон попаметен од себе.
СКОРПИЈА: Со тебе можам да поприкажам и на еден посебен начин, а ако сакаш, можеме и овде во лифтов.
ЛАВ: Господа, не дозволувам такво однесување! Јас ја превземам
работата во свои раце и сака убаво да ме сослушате. Прво, смирете се!
РАК: Како да се смириме? Еве, веќе половина час стоиме овде беспомошни.
ДЕВИЦА: Така е! Не сме ни свесни што с еможе да ни се случи.
СКОРПИЈА: Вие правете што сакате, јас повеќе не можам да издржам. Морам да запалам цигара.
РАК: Леле, немојте! Ќе се задушиме човече!
ДЕВИЦА: Побарајте го отворот за вентилација, овде веќе не може да се дише!
ОВЕН: Ајде да пробам уште еднаш!
СИТЕ ОСВЕН СТРЕЛЕЦ: Не!
СТРЕЛЕЦ: Се согласувам со комшијата Овен. Ако со шутирање ја скршиме
вратата од лифтот, ќе можеме да се спуштиме еден кат подолу и да
излеземе од лифтот.
ЈАРЕЦ: Немојте комшија! Тоа не доаѓа во предвид.
РИБИ: Така е! Кој знае што се може да ни с еслучи додека се спуштаме. Некој би можел да падне од лифтот.
ВАГА: Комшија, што мислите вие за ова?
БИК: Мене ме прашувате?
ВАГА: Да. Гледам стоите мртов ладен
БИК: Мене ништо не ме прашувајте. Сега е ручек време, а тогаш не размислувам за тешки работи.
БЛИЗНАЦИ: Зошто се грижите? Имам карти за играње, па можеме да изиграме некоја партија. Да делам?
РАК: Вие не сте нормален!
ЈАРЕЦ: Комшија, бидејќи го изедовте сендвичот, а рековте дека имате решение, ајде да го слушнам.
БИК: Решението е едноставно, ќе чекаме дури не дојде струја. (лифтот почнува да се тресе)
РАК, ДЕВИЦА и РИБИ: Леле, што е ова?
БЛИЗНАЦИ И СТРЕЛЕЦ: Почнува вистинската забава!
ВОДОЛИЈА: На нашите маки им дојде крајот – дојде струја.
СТРЕЛЕЦ: Сега ќе излеземе од лифтот и ќе одиме кај мене на кафе. Ова мора да се прослави.  

Што велите? Се препознавете?
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
 |
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13976
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2012 во 19:52 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
 |
viktorija123
Сениор
Nishto Posebno, tuku EDNO
Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Март.2012 во 15:00 |
A ova, lavovite... nezgodni se vo SE!
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
 |
laki_bu
Сениор
Лидер
Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Март.2012 во 21:33 |
РАКРаковите се многу чувствителни поради влијанието на Месечината. Тие можеби нема да ве однесат на седмото небо со првиот бакнеж, но со нив ќе се почувствувате исклучително пријатно и удобно. Нивните бакнежи се топли, нежни и никогаш не завршуваат, па доколку сакате романтичен и внимателен партнер, раковите се одличен избор. Претставниците на овој знак сакаат да бидат бакнувани на истиот начин на кој бакнуваат, па ако треба да изберат идеален партнер само за бакнување, најверојатно би избрале партнер од истиот знак.

|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
 |