IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7071727374 157>
Автор
Порака Обратен редослед
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2012 во 15:13
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

КАКО СЕ МОЛАТ ЗНАЦИТЕ

* Стрелец: „Семоќен, почитуван, сеприсутен, вечен Господи, те замолив еднаш и ќе те замолам уште милион пати. ПОМОГНИ МИ ДА ПРЕСТАНАМ ДА ПРЕУВЕЛИЧУВАМ!!!!!!!!!!!!“
 
 
Не е точно за менеголема насмевка
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2012 во 15:12
КАКО СЕ МОЛАТ ЗНАЦИТЕ

* Овен: „Преблаг Господи! Те молам помогни ми да станам трпелива личност. Веднаш!“

* Бик: „Господе, те молам помогни ми да направам промени во својот живот, но не сѐ уште.“

* Близнаци: „Еј Богу…Или можеби си Божица? Кој си ти? Што си? Каде си? Колку ве има? Не можам да сфатам!“

* Рак: „Драг тато, знам дека не треба толку да сум зависен/а од тебе, но ти си единствениот на којшто можам да се потпрам, додека моето ќебенце е на перење.“

* Лав: „Здраво тате! Сигурен сум дека си многу горд што ме имаш за син/ќерка.“

* Девица: „Мили Боже, те молам направи го светот подобро место за живеење, и немој да ја оплескаш работава, како што ја оплеска минатиот пат.“

* Вага: „Драг Господи, знам дека треба сам/а да си донесувам одлуки, но од друга страна, ти што мислиш?“

* Скорпија: „Мили Боже, помогни ми да им простам на непријателите, иако копилињата не го заслужуваат тоа.“

* Стрелец: „Семоќен, почитуван, сеприсутен, вечен Господи, те замолив еднаш и ќе те замолам уште милион пати. ПОМОГНИ МИ ДА ПРЕСТАНАМ ДА ПРЕУВЕЛИЧУВАМ!!!!!!!!!!!!“

* Јарец: „Мил Господи, дојдов за да се помолам за некои работи, ама во меѓувреме сам/а си сфатив што треба да правам. Фала во секој случај.“

* Водолија: „Здраво Боже! Некои велат дека си маж. Други велат дека си жена. Јас велам дека сите сме богови. Наместо да се молиме, ајде да се забавуваме!“

* Риби: „Небесен Господи! Се обидувам да ја претопам мојата болка и тага, во последната петина од вискито. Со мојата опиеност ја прославувам Твојата вечна слава и чест
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 14:07
за мене е погодено стотка среќа
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 13:59
За мене е погодено 0% , не пијам никакво кафе.... хи, хи...
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 13:03
Кафе за вашиот знак

Секој хороскопски знак има различен вкус за кафе. За некои знаци кафето е секојдневен ритуал, додека за други повремена забава. Прочитајте што одговара за најголемиот број на претставници од вашиот знак.


Овенот е огнен знак кој секогаш брза некаде, но никогаш не пропушта да си ја обезбеди дуплата доза од омиленото кафе кое ќе го испие полека и со големо задоволство.

Бикот пак кој отсекогаш се смета за владетел на материјалниот свет, а е познат и како голем хедонист, ужива во луксузни кафиња. Сепак, нема да погрешите ако го повикате на вкусно капучино со шлаг, кое ќе го задоволи неговиот стомак, но и неговите очи.

Кога станува збор за близнаците и тука може да им се припише нивната променлива природа. Тие може да имаат невообичаени барања кога станува збор за кафето, па да бараат нешто да се додаде или пак да се одземе. Најчесто нарачуваат различни и нови видови на кафе.

Традиционалното кафе е одличен избор за ракот. За него е најважно опуштено да го пие кафето, удобно сместен во својот кревет или фотелја, но понекогаш може да направи промена и да ве изненади со својот избор.


Лавовите секогаш сакаат да се претстават во најдобро светло, па и пиењето кафе е одличен момент да се покаже нивната екстравагантност. Помеѓу овој хороскопски знак има многу љубители на макијато, но имаат многу работни ангажмани може да нарачаат и нескафе.

Ако некој не се грижи за типот на кафето кое што го пие, тоа сигурно е девицата. За овој знак е најважно да го пие кафето во друштво, опколен со пријатели и убав амбиент.


Терезиите сакаат да премеруваат, а истиот принцип го применуваат и во пиењето кафе. Па така најчесто ќе ја забележите како нарачува кафе кое што е одлично избалансирано со млеко. Доколку се случи да се успие, изборот несомнено ќе се сведе на еспресо.

Мистичната скорпија максимално ужива во своето кафе, но најчесто се труди да си го испие сама, бидејќи сака да избере, да го подготви, да додаде млеко, чоколадо и сл.


Кога и да има потреба од возбуда во својот живот, секој стрелец би требало да се обиде со ајс кафе со вкус на карамела. Во сите други случаи го преферираат турското кафе.

Јарецот е познат како вреден знак , кој што не сака непотребно да го губи своето драгоцено време. Затоа ако го повикате на кафе, очекувајте да нарача некое силно кафе или кратко еспресо.

Кој знае што ќе ви одговори водолијата кога ќе и го поставите ова прашање бидејќи знае да биде мошне непредвидлива. На крајот може да се случи да нарача чај од малини и воопшто да не се определи за кафе.


Иако рибите во суштина се креативни и полни со фантазија, кога станува збор за кафето не сакаат премногу комплицирање. Тие се љубители на едноставно црно кафе, без додатоци.

За мене е погодено 100%хи, хи...


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 10:56
голема насмевка LAV - teatralni, glasni i falbadzii.... e kako pa neli otidov vo tishinata... od kaj sea.....смеење

a ova za podarocite hahahaha pa sea nema da smeam nitu kaVe da vi pushtam...a kamoli....газење од смеење

 i ova so zlatoto... nekako mi para ushi намигнувањеголема насмевка
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 10:51
Aбе не дека нешо ги сакам тие што ме повредиле, ама па да ги мразам до степен да им смислувам скачки како да им вратам - не е баш нешто во мој стил. Ќе да меша прсти во тоа ова подзнаков, шо знам среќа
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 10:24
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Скорпија

Оние што барем еднаш се нашле во вашите прегратки тврдат дека љубовта на Скорпиите е страсна и фатална. А, бидејќи за вас работите се или црни или бели, кога вие сте вљубени, обземени од бранот страсти, не умеете да се воздржите. А, кога со следниот бран ќе ве заплиснат посесивноста и љубомората, започнувате да се однесувате неразумно. Всушност, ако не сте сигурни дека можете да ја имате вечно својата љубов, со истиот интензитет, подготвени сте самите да ја уништите. Но, ако покрај се, партнерот посака постојано да го одржува буден вашиот интерес и вашата страст за него, тогаш ќе мора да го нагласи својот сексапил и таинственоста. Исто така, тој треба да има во предвид дека кај вас е тенка границата што ја дели љубовта од омразата. Па, ако на некаков начин ја испровоцира вашата омраза, тогаш ќе почувствува колку страст и жестина вие можете да внесете во одмаздата. И тоа не е се. Всушност, тоа е само почеток на една долготрајна тортура.

Значи ова со омразава или врска нема или сум тотално неискусна...збунетост


Има има...ангел
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 01:51
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Скорпија

Оние што барем еднаш се нашле во вашите прегратки тврдат дека љубовта на Скорпиите е страсна и фатална. А, бидејќи за вас работите се или црни или бели, кога вие сте вљубени, обземени од бранот страсти, не умеете да се воздржите. А, кога со следниот бран ќе ве заплиснат посесивноста и љубомората, започнувате да се однесувате неразумно. Всушност, ако не сте сигурни дека можете да ја имате вечно својата љубов, со истиот интензитет, подготвени сте самите да ја уништите. Но, ако покрај се, партнерот посака постојано да го одржува буден вашиот интерес и вашата страст за него, тогаш ќе мора да го нагласи својот сексапил и таинственоста. Исто така, тој треба да има во предвид дека кај вас е тенка границата што ја дели љубовта од омразата. Па, ако на некаков начин ја испровоцира вашата омраза, тогаш ќе почувствува колку страст и жестина вие можете да внесете во одмаздата. И тоа не е се. Всушност, тоа е само почеток на една долготрајна тортура.

Значи ова со омразава или врска нема или сум тотално неискусна...збунетост
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 01:45
Волк
19.02–20.03...pak volkголема насмевка
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 00:54

Како знаците сакаат а како мразат


Овен

Импулсивни, нестрпливи и отворени, вие се вљубувате преку ноќ, на прв поглед. А, кога љубите, тоа го правите силно и страсно, не размислувајќи за последиците. Ваша цел е да го поседувате „предметот на сопствените копнежи“ па макар на половина час. И нема ништо лошо во таквото однесување се до мигот кога на истиот начин ќе си заминете и од животот на вашиот партнер, без збор и преку ноќ. Затоа, ако партнерот сака подолго да ве задржи во своите прегратки, ќе треба постојано да ви ласка и отворено да се одушевува на вашето знаење и на мускулестото тело. Секој негов обид да ви се спротивстави го предизвикува вашиот гнев. Во таквите моменти, најдобро ќе биде тој подалеку да избега од вашето видно поле. Во спротивно, не само што ќе ја навредувате личноста која до вчера ја бакнувавте, туку во екот на кавгата ќе искршите се што ќе ви се најде до рака. И можеби миговите на омраза кратко ве држат, но тие се доволно силни да му втераат на партнерот „страв во коските“. Уште повеќе што вие никогаш нема да се покаете, ниту да му се извините.

Бик

Меланхолични и бавни, вие тешко го отварате пристапот што води до вашето срце. Но, ако постојано го прегрнувате и бакнувате партнерот, тоа е сигурен знак дека сте веќе вљубени. А, тоа чувство кај вас може да трае вечно. Своите чувства ги изразувате преку нежните допири и тажниот поглед. Не сте способни за големи љубовни изјави и ветувања. Проблемите започнуваат тогаш кога ќе ја покажете својата љубомора и посесивност. Меѓутоа, свесни дека се тоа срамни чувства, вие ниту за „жива глава“ нема да ги признаете, иако со нив ќе биде напоена секоја ваша клетка. А, бидејќи ја застапувате идејата дека љубовта доаѓа од стомакот, ќе започнете да го обожавате партнерот кога ќе се уверите во неговите готвачки способности. Но, ако тој ви „згазне на жуљ“ и ако одлучите да му ставите „крст“, тоа сигурно ќе биде засекогаш. Вашата тврдоглавост нема да ви дозволи да ги прегазите своите принципи.

Близнаци

Во вашето срце не престојува долго ни љубовта, ниту пак омразата. И кога сакате и кога мразите, тоа обично го правите површно и разиграно. Можеби затоа луѓето не ве сфаќаат сериозно. А, уште помалку знаат дека причината за таквото однесување се крие во вашата љубопитна и променлива природа, која ужива во флертот. Но, ако сте навистина вљубени, тогаш отворено ќе му зборувате на партнерот за своите чувства и ќе го затрупате со подароци. Меѓутоа, тој период кратко ќе трае. Главниот предизвик во љубовта за вас не е еротиката, туку духовитиот и интригантен разговор. Значи, партнерот ќе може да го задржи вашето внимание откривајќи ви ги најновите трачеви од градот и раскажувајќи ви масни вицеви. Прекрстените раце и молчењето во ваше друштво ги сметате за најголем грев и полека ќе започнете да се оддалечувате од личноста што така се однесува кон вас. Кога некого мразите, тешко се забележува, бидејќи во принцип ги избегнувате кавгите. Најчесто се одмаздувате со озборување. Значи, ако некого замразите, сите ваши поблиски и подалечни пријатели ќе дознаат за интимните пикантерии од вашиот живот.

Рак

Длабоко емотивни, но тивки, вие сте вистински зависници од љубовта. Меѓутоа, љубите и страдате во тишина, не покажувајќи му ги своите чувства никому. Доказ дека сте вљубени е вашата неодолива потреба од нежни допири и срцепарачки зборови. Во таква состојба, во љубовен транс и гугуткајќи на перница, вие сте способни да го поминете и целиот живот. Срцето би можеле евентуално да го отворите пред партнерот за време на некоја романтична прошетка покрај море или на романтичната вечера залеана со добро вино. Но само откако прво партнерот ќе ви ги покаже своите чувства. А, ако тој си го дозволи луксузот да ве повреди, навидум безопасни, вие ќе се претворите во негов најголем непријател кој нема да се смири додека не му се одмазди. И тоа на начин како што тој најмалку очекува. Меѓутоа, и откако ќе му вратите „мило за драго“, вие никогаш нема да го заборавите неговиот грев.

Лав

Театрални, гласни и фалбаџии, кога срцето ви го погодува Аморовата стрела, вие го објавувате тоа на цел глас. Не се срамите од чувствата кои се силни, огнени и искрени, па дури ги искажувате на помпезен начин. Партнерот ќе знае дека сте „до уши зацапани“ во него ако започнете да го опсипувате со скапи подароци и да го изнесувате по луксузни ресторани. Тоа е вашиот стил, на „голема врата“ да влезете во неговиот живот и да го завземете најважното место во неговото срце. Меѓутоа, добро е ако партнерот знае дека „паѓате“ на истите работи. Значи, ширум ќе ги отворите очите пред златниот накит и останатите скапи подароци. И што е можеби најважно, партнерот треба да знае дека не ја сакате монотонијата и просечниот стил на живеење. Но, ако некако се случи тој да ја повреди вашата скапоцена суета, сигурно ќе го избомбардирате со куп навреди, ќе се свртите и ќе си отидете од неговиот живот со крената глава.

Девица

Нагласено рационални и длабоко аналитични, вие ретко кога безглаво се впуштате во љубовните игри. Всушност, секогаш кога станувате свесни дека при налетот на чувствата „стомакот ви се врзува во чвор“ ве фаќа паника и го притискате копчето на кое пишува „Внимавај!“ Меѓутоа, и покрај воздржаното и студено однесување, во вашите гради чука немирно срце кое копнее по љубов. Па, ако некој си зел тешка задача да ве освои, ќе мора долго да чека и чекор по чекор да ви се приближува. А потоа, ќе биде пожелно да најде начин да ве увери во својата верност, лојалност, како и во смислата за практично. Притоа, вие дефинитивно ќе го “развиорите белото знаменце” кога на првата посета во вашиот дом, партнерот ќе ги соблече чевлите уште во претсобјето. Простите пак зборови и пцовките ќе му донесат негативни поени. А, ако ја има таа среќа да ви се замери, тогаш ќе почекате прво да се врати дома, бидејќи се плашите од директни судири, за преку телефон да го искритикувате неговото однесување.

Вага

Како дете на Венера, божицата на љубовта, вие копнеете по совршена љубов и се чувствувате комплетно само со партнер покрај себе. Но, во земниот живот ништо не е совршено. Затоа често се лажете во проценките и се соочувате со емотивни разочарувања. Сепак, подготвени сте целиот свој живот да го поминете во потрага по идеалниот партнер. А кога ќе помислите дека сте го нашле, тогаш се предавате без многу размислување. Дури сте подготвени и на жртви, со цел да ја одржите идиличната слика за животот во двојка. Личноста што сака да ве освои сигурно ќе успее во тоа само ако кон вас се однесува рафинирано, со многу такт и внимание. Уште подобро ако секојдневно ве опсипува со скапи и одбрани подароци. Но, ако улулкан во вашата доживотна љубов, партнерот се дрзне да ве повреди, тогаш треба да се подготви за вашата одмазда. Ќе сторите се за уште следниот ден да прошетате пред него прегрнати со друг партнер, како тој никогаш да не постоел во вашиот живот.

Скорпија

Оние што барем еднаш се нашле во вашите прегратки тврдат дека љубовта на Скорпиите е страсна и фатална. А, бидејќи за вас работите се или црни или бели, кога вие сте вљубени, обземени од бранот страсти, не умеете да се воздржите. А, кога со следниот бран ќе ве заплиснат посесивноста и љубомората, започнувате да се однесувате неразумно. Всушност, ако не сте сигурни дека можете да ја имате вечно својата љубов, со истиот интензитет, подготвени сте самите да ја уништите. Но, ако покрај се, партнерот посака постојано да го одржува буден вашиот интерес и вашата страст за него, тогаш ќе мора да го нагласи својот сексапил и таинственоста. Исто така, тој треба да има во предвид дека кај вас е тенка границата што ја дели љубовта од омразата. Па, ако на некаков начин ја испровоцира вашата омраза, тогаш ќе почувствува колку страст и жестина вие можете да внесете во одмаздата. И тоа не е се. Всушност, тоа е само почеток на една долготрајна тортура.

Стрелец

Весели, ведри и искрени, вие љубовта ја разбирате како игра која може да ви го разубави здодевното секојдневие. Оптимисти во душа, вие не гледате причина „зошто би ги криеле чувствата, ако сте вљубени?“ Затоа, љубите искрено. Но, повеќе од се, ја љубите слободата. Па, со цел да ја сочувате, секогаш верно го следите правилото „љуби, љуби, но главата не ја губи!“ Значи, личноста која ќе ве стави во центарот на нејзините љубовни фантазии треба да знае дека најлесно ќе ве освои ако ве однесе на незаборавно патување во некоја егзотична земја. А, вие дефинитивно ќе и „јадете од рацете“ кога ќе заклучите дека покрај себе имате весела и неоптоварена личност која ве прифаќа такви какви што сте, без никакви принуди, уцени и љубоморни испади. Но, нејзините шанси кај вас ќе се намалат ако забележите дека долго спие и дека го сака излежувањето во кревет. Сепак, вие не умеете да мразите. И можеби во напад на бес ќе изнакажете сешто. Но, откако ќе сфатите дека сте ја повредиле личноста што ја сакате, сигурно ќе барате прошка.

Јарец

Посветени на постигнувањето професионален успех и материјално богатство, вие од мали нозе учите како да ги потиснете чувствата, убедени дека нивната превласт не носи многу среќа во животот. Што е уште пострашно, за вас љубовта најчесто оди „рака под рака“ со отфрлањето и страдањето. Но, ако некој смета дека токму вие сте одговорот на сите негови „љубовни соништа“ и ако има „време за губење“, тогаш ќе треба да изоди трнлив пат. Всушност, на секој ваш потенцијален партнер ќе му треба многу време и трпение да дочека да се стопи сантата мраз во која го криете своето лесно ранливо срце. Можеби ќе се отворите дури откако ќе се убедите во неговата скромност, штедливост и во неговата смисла за практично. Но, никогаш нема комплетно да му се предадете. Доказ дека повеќе не сте вљубени е студенилото во вашето однесување. А, вие мразите исто како и што љубите, постојано и вечно.

Водолија

Потполно непредвидливи за се во животот, вие сте непредвидливи и во љубовта. Во еден миг ќе бидете подготвени да ги симнете сите ѕвезди од небото за личноста што ви се допаѓа. Но, веќе во следниот миг можете да исчезнете или да се однесувате кон неа само како кон најдобар пријател. Меѓутоа, вие сте како измислени за секој оној кој е во потрага по либерална и оригинална љубов, бидејќи вие барате слобода, но истата му ја дозволувате и на партнерот. Притоа, вашиот партнер не смее ниту на сон да помисли да ви ја искажува љубовта преку љубомора. За вас, љубомората не е доказ за љубов. Но, ако работите започнат да се одвиваат во правец на омразата, партнерот треба да ви се тргне од патот во првиот момент, додека сте обземени од бесот и лудилото. Зашто, ако не му направите нешто лошо веднаш, тогаш нема да му направите никогаш.

Риби

Кога вие се вљубувате, а тоа често ви се случува, минувате ноќи и денови сонувајќи со отворени очи и пишувајќи поезија за објектот на својата љубов. Но, честопати љубовта ја поистоветувате со солзите и жртвувањето. Па, со цел да го задржите контактот со реалноста, имате потреба од многу нежност и разбирање од страна на партнерот. А, кога стравот од невозвратената љубов ќе надвладее, тогаш запаѓате во хронична депресија и душата си ја олеснувате преку потоците солзи. Секој оној што сака да ве освои треба да знае дека ќе “пливате секогаш до него” ако на уво ви ги шепоти познатите љубовни стихови. А, ќе останете без здив ако за време на летувањето ви предложи да ги исончате и најскриените делови на телото. И нормално, вие не умеете да мразите. Највисок степен на вашата одмазда е да го „дигнете носот“ убедени дека тоа ќе ја повреди вашата жртва.
 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2012 во 16:57
Бик
Биковите го ценат раскошот, па така радо би посегнале по чашка добро виски.
Секако, треба да внимаваат на количината затоа што тие важат за неумерени кога станува збор за јадење и пиење.

Па и не само виски...може и шток84 со кока колада
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 18:55
За свои работи,да,малку се однесувам неодговорно ама туѓите си ги пазам како очите во главата.
I just wanna feel real love.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 16:18
Водолија
Идеален пијалак за дивата, ексцентрична и забавна Водолија е текила во сите свои облици. Овој знак може да пие чиста текила, помешана со сок или во коктел.
Иако текилата гарантира забава, сепак треба да се внимава на количината, затоа што под дејство на текилата, Водолиите се однесуваат неодговорно...ма ајде
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7071727374 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.