|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 56789 137> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zbunkooooo procitav seeeee! Aj napisi barem 3 reda!
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
чиста петица
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... додека како змија лежев во тревата, ги слушав твоите боси табани
како шушкаат, се приближуваа, застануваа, размислуваа. Го мислев
начинот како да ти се приближам, посебен да биде, секогаш било што и да
направиме, каде и да бидеме.
Легна на тревата и ослушнуваше, само моето срце можеше да ти каже каде сум, најгласно чука кога те очекува. Ветерот ја смени насоката кон тебе за да ти го донесе мојот мирис, можев да замислам како душкаш со носот како сламка да те скокотка. Насмевката ти ги откри забите од кои се створи одсај видлив наоколу, знаев каде да се упатам. Додека правев круг околу тебе како прстен со кој се заветуваме еден на друг, сеуште не ти беа јасни моите намери, не знаеше што би можел повеќе да побарам. Додека гледаше наоколу не знаејќи дека те гледам, се замрзнав во моментот на восхит и со поглед ја галев твојата откриена нога пратејќи ги внимателно линиите и кривините се до прикриениот спој, а потоа се префрлив на задишаните гради под допола раскопчаната кошула сеќавајќи се на нивниот вкус. Брадавиците го насетија мојот поглед, се заканија дека ќе го пробијат тенкото платно, сакав уште некој замрзнат момент на природна убавина која го достигнува својот зенит кога нема публика, кога нема потреба од познати и очекувани ставови. Ти се причини некој дел од мене, направи нестрплив чекор...кон птицата со огнени бои која беше фатена на дело не можејќи да одолее на глетката, одлета гласно негодувајќи и за момент застана над мене со љубоморен поглед, посакал да сум јас. Твоите боси табани зашушкаа кон мене, бевме само јас, ти и нашите намери, се стремеа да се спојат...а потоа се загубив во твојата прегратка и да ме убиеш на ништо повеќе не можам да се сетам... |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Збунет баш сега може да отвориме подфорум Земјоделство,па малку пракса не е на одмет,сепак наука е цела тоа.
Последниот пост ме изнасмеа многу и ме расони што е најважно |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мамичка редовно чита и гледа дека детето убаво се развива. И ко оној Црногорецот од вицот кој не прозборел до седмата година Нијесам имао примедбе!!!! А за фармата не сум информирана |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...нешто убаво утрово
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сепак сум тука, како и да е, на овој или оној начин, потребен или непотребен, како за кого и кога. Ако можам да се третирам како цивилизиран човек, тогаш овој форум ми е колевка. Тука научив она што не можеше да се научи во ниедно школо, а добро знаеме дека образованието е систем кому главна улога е да ја гуши индивидуалноста за да не‘ смести во еден пластичен калуп. Тука го изразуваме она што не ни дозволуваа да го искажеме, „Исцепај лист“, често ми говореше професорката по македонски. Сите со кои лично се познавав ми станаа крајно досадни додека активно партиципирав на форум, си велев во себе „ Леле, со какви сум губел време, најпосле најдов со кого можам да се разберам “. Арно ама, уживањата се непрофитабилни, а сметките доаѓаат во сандуче непогрешливо како к*ршум од искусен стрелец, а ние таквите какви сме, сме на форум, но крвариме од таквите рани и не да влијаат на креативноста, ја уништуваат. Ме болат плускавците на рацете, секој мускул ми стенка како плиткоматерична хистерична, јбг, со ум не печалам, таков ми е периодот. Е да, се наполнив со мускули и нозете ми се ко на фудбалер, може да ми се нагледа... додека крчам ко заклан и кафето ми е најчест секс кој го имам. Мамичка моја ...од почит кон форумов не би сакал да коментирам на таа тема, само би спомнал дека ми беше желба да направам и ја едно виртуелно дете, каков татко такво дете. Иначе имам и фарма, една од најгрдите , овие другиве неќат да ми бидат комшии ... И нешто за Тања... ...те држам на раце стаклени, се прозираат моите намери, се смешкаш, сигурна си, се подаваш, ми веруваш. Се подаваш на моите одлуки кои ги препуштам на темпото на спонтаноста. Желбата за момент кој се претвара во вечност погледнува кон часовникот со притаена намера да ги сопре сказалките, иста глетка нека биде кон прозорецот, истите месечеви зраци нека ги скокоткаат нашите тела, деловите кои се најосветлени ќе бидат врежани во нашите сеќавања кои ќе ги прекријат сите оние кои наидуваат како снегот со својот молк, тие ќе крцкаат под нашите чекори во некоја брзоплета иднина знаејќи колку е голем нашиот значај. Ослободени од бина и публика, не сме повеќе глумци, ниедна трошка од срамливост не остана, сега сме она што отсекогаш сме биле, створени еден за друг...никогаш значи никогаш живот еден без друг, се’ друго беспредметно е. Ако некогаш иднината со своите волчји заби не’ зграби и болката не’ натера на зборови кои никогаш не сме ги помислиле, сети се само на вечниот момент, само тој е вистинит, кога сме биле оние кои отсекогаш сме биле, се’ друго само наизглед е. Биди спокојна, те чувам онака како што се чува она што е вечно, а кршливо. Моите дланки топли се само за тебе, погледни што пишува на нив, природно истетовирани линии и шари. Гледаш дека јасно пишува „Тања“... Изменето од zbunet - 30.Јануари.2010 во 09:28 |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а овде на нас...тажни души
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Може ќе ме нарече тужибаба ама ај јас да кажамтој сега си пишува на форумот Мекици. |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kolku mi fali ovoj Zbunet da go citam na forum, duri sega nekako stanuvam svesna
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
кај ли е збунет да пишеше нешто
Изменето од sanja-a - 26.Јануари.2010 во 17:12 |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
се знае...
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... и ова утро ме праша што правам. И ова утро ти кажав дека те сакам,
и ова утро мисла ти мина дали тоа го кажувам наместо “ Добро утро “, а
зар би било добро утрото ако не те сакам ? Додека лутам низ маглата ми
се појавуваат облици од твојот лик, дали сам ги стварам додека
замислувам како шетам низ облаци по означен пат кон твоето срце. Зар би
те барал меѓу облаци да не те сметав за небесно битие кое ми ги лечи
раните кои одамна ќе беа смртоносни заедно со распарченото срце кое го
состави ? Моето срце е сега во твоето царство зад седум ридови и
планини, го чува змеј кое блуе оган доколку некој и помисли да му се
приближи. Пепелта околу змејот е сега опомена за оние кои забрзано
заминуваат не помислувајќи да се задржуваат ни со невнимателен поглед
кон она што никој не би поверувал дека е толку нежно кое пред тебе беше
чувано зад дебел оклоп. Само ти виде дека е напукнат и пред распаѓање
кое тежнее да стане како и на другите на кои не им смета да немаат
срце. Не дозволи да бидам восочна фигура, ме грабна од рацете на
чуварите на музејот, не можеа да ти се спротистават. Да се биде жена
без трошка масни машки дамки по душата ? Чиста изворна женственост ?
Тоа значи моќ, но немав доблест да ти признаам, но врвот на ридот беше
осамен додека завивав и засрамено се симнав додека трпеливо ме чекаше
на подножјето. Го сватив тоа како пораз иако ништо не ти значи
победата, повторно се засрамив додека сваќав дека победата и поразот се
само глупави именки, тие што летаат не се во предност ни најмалку пред
оние кои чекорат по земјата, со сигурноста во тоа што се сака не може
ништо да се спореди.
Никогаш не бев силен колку сум сега, ми даде сила да сакам, чудата ми се секојдневие. Заборавив на лицето кое го имав за другите, имам лице само за себе и за тебе додека се гледаме осветлени, а се’ останато потонува во темната сенка на обичаите... |
|
Внеси реплика | страница <1 56789 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |