![]() |
|
Даме Груев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5678> |
Автор | ||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И Македонска крвава свадба се играше во србија,бугарија и Македонија.Нема што авторот на иванко ваш е.А оти го играа тука нема ништо лошо.Хамлет на кој е?
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во времето непосредно по неуспешното завршување на Илинденското востание, значајна е да се спомене посетата на Даме Груев, еден од челниците на ВМРО, на Тресонче и на другите малорекански села во тој реон (Селце и Росоки). За оваа посета треба да се истакне дека тој за малку избегнал убиство од турските заптии, а за сметка на тоа еден тресончанец бил убиен.
Настанот се случил во септември 1904 година. Војводата од малореканската чета, Павле Караасан, честопати бил повикуван на советување и примање упатства од страна на Даме Груев и Христо Узунов (исто така еден од првите луѓе на Организацијата). По една таква средба, Даме изразил желба лично да ги посети малореканските села, Тресонче, Селце и Росоки. Во есента 1904 година била организирана средба со челниците на тие села, од кои Даме искажал особена благорадност, заради големиот ангажман на селаните за време на востанието. Средбата требало да се случи во селото Росоки, како позатскриено и средишно место меѓу мијачките села. На четникот од малореканската чета, Ефстатија Чалоски му било наложено да замине и во Галичник, за на средбата да ги повика и тамошните првенци, Иван Дуков Пендаровски, Иван Ѓиноски и Пејчин Томоски. Даме Груев Во исто време, Даме Груев, придружуван од кичевската и од реканската чета, предводени од Јован Терзиев, во мракот влегол во Тресонче. Се сретнал со селаните, поразговарале за политичките проблеми и заминал кон блиското село Селце, кое е всушност неговото родно село. Таму запрел на починка во куќата на Никола Мицев Самарџиоски, пред да го продолжи патот кон Росоки. По патот, зад Дамета доаѓала и една к*рирска пошта. к*рирот брзал да го стигне Груев, но во близина на селото Лазарополе, го пресретнал некој Зоге од Маврово, кој живеел во Тресонче. Се понудил да ја преземе поштата и да му ја предаде на војводата Терзиев, па тој подоцна да му ја даде на Даме. Овој се сложил, па така писмото Зоге го сокрил во зобницата на коњот. На пат кон Тресонче, кај месноста Коритник во близина на Лазарополе, Зоге сретнал косачи, кои биле придружувани и од аскер. Еден од аскерлиите почнал да го пребарува товарот и во зобницата ја пронашол поштата! Зоге веднаш бил ставен на големи маки за да каже каде е четата за која била наменето писмото. Човекот не можел да го издржи тепањето и кажал. По признанието, миљазимот на војската во Лазарополе, не знаејќи дека се работи за Даме Груев, кон Тресонче испратил само 11 војници кои заедно со Зоге се упатиле преку ридот кај главатарот тресонечки, Јован Терзиев. Кога стигнале кај него аскерџиите го извадиле надвор и го подложиле на измачување за да каже каде е четата. Јован не сакал да каже, па Турците му ја скршиле првин едната рака, а потоа му ги извадиле и очите, но тој ништо не кажувал! Така измачен го земале со себе и тргнале кон Селце. Кога стигнале во подножјето на селото, Јован знаејќи дека таму се наоѓа Даме, почнал да вика колку што го држел гласот. На тоа скокнале сите кои биле куќата на селечанецот Самарџиоски, Даме ја изгорел целата архива што ја носел со себе и тргнале кон Росоки (45 минути одење од Селце). Во бркотницата бил ранет Павле Караасан, а долу Турците го отепале измачениот Јован Терзиев (денеска неговите коски се наоѓаат во црквата "Свети Никола" во Тресонче). Во пукотниците Даме го сменил правецот, па наместо кон Росоки, тргнал назад преку месностите Сини Вир, Браненица, Долна, Средна и Горна Лебарица и Брзовец, излегувајќи кај изворите на Тресонечка река и преку планината Думовица се нашол во Кичевско. Тој пат морало да го изоди барем за еден ден. Во меѓувреме, галичките првенци кои веќе се наоѓале во Росоки и го чекале Дамета, се загрижиле зошто го нема војводата, па се упатиле кон Селце. Кога стигнале до месноста Голобарник, чуле пукање и откако разбрале за случувањата, но и дека Даме е веќе на безбедно, се повлекле назад кон Галичник. Со тоа, предвидената средба со Груев пропаднала, живот на револуционерот бил спасен, но дадената жртва, тресончанецот Јован Терзиев, била скапа. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
"... Следната година поставувавме
на штипската сцена театарски претстави: „Иванко“, и слични револуционерни
пиеси. Во сето тоа земавме учество јас, Делчев, Дели Иванов, Ѓурков (учител);
држевме предавања. Отворивме огранок и во Радовиш (таму беше учителот
Станков, сега во администрац. на в. „Вечерна пошта“) и во Виница (таму
беше учител Алексо Чакаров, што сега го издава в. „Автономија“."
Прашање кон форумџиjте: Дали знаете коjа е пиесата "Иванко", автор, година, содржина? ![]() Даме Груев, Спомени |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да, како во свидетелствата и изводите од матичните книги- само што тие се потпишувале Георги Николов Делчев, Крсте Петков Мисирков, Никола Јонков Вапцаров итн. |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Наивно прашање ![]() Вака , зашто не го прерипате загревањето , предиграта , аперативот и не прејдете на главното ? ![]() |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Го има тоа и во Македонија,само што оди по следниов ред име, татково име, презиме или Дамјан Јован Груев Георги Никола Делчев итн |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Трите имиња постоjат и денеска во Бугариjа- сопствено, баштино и фамилно.
|
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да, во ред, знам за тоа. Но јас коментирав за денешната состојба во Македонија. Вие уште ли ја негувате таа традиција?
|
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во Македонија две презимиња носат само жените кои сакаат да си го задржат и моминското презиме
![]() |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да, нели второто име е името на таткото?
|
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вие презиме велите за името на таткото?
|
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |