![]() |
|
Рецепти за солени јадења |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 30> |
Автор | ||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И мене ми треба рецепт за кус-кус. ![]() Емил, немаш ли бе некој предлог? |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пилешко месо со маслинки на ловечки начинДенешниот рецепт е за вкусен ручек во кој може да ужива целото семејство. Приготвувањето е едноставно, без премногу состојки, а резултатот е особено вкусен специјалитет.
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Раженчиња со месо од мисирка, спанаќ и инчуниМесото од мисирка е едно од највкусните меса кои може да се најдат на трпезата. Секако, ако е приготвено на вистинскиот начин. Содржи малку масти (на пример, порција од 140 гр без кожа има само 7 гр масти).
|
||
![]() |
||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Бело месо во сос од павлака и печуркиПотребни состојки: 600 гр. бело месо 1 главица кромид 400 гр. печурки 500 мл. павлака 100 гр. кашкавал 1 лажичка сенф Припрема: Белото месо исечете го на парчиња, посолете го и извалкајте го во прашно, па испржете го на загреано масло додека не порумени. Потоа наредете го во стаклен огноотпорен сад и премачкајте го секое парче со сенф. Во тавата во која се пржеше месото пропржете една ситно сецкана главица кромид, па потоа додадете ги печурките и динстајте додека не омекнат. По потреба додавајте малку вода. Смесата потоа прелијте ја врз пилешкото месо. Во тенџере на оган загрејте ја павлаката, па додадете го кашкавалот кој претходно сте го изрендале и почекајте да се растопи и соедини смесата. Потоа рамномерно прелијте ја врз садот. Печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Добар апетит! |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
![]() |
||
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
дајте некоја рецепта за некое јадење со кус кус..ама испробана.... не само пастирана од негде...немам време за експерименти
![]() |
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Потребни состојки:
Начин на подготовка: Во рерна испечете ги пиперките, врели ставете ги во сад и затворете да се оладат. Излупете ги, извадете ги семките и посолете. Секоја пиперка ставете ја прво во брашно и презла, потоа во изматени и посолени јајца, па повторно во смеса од трошки од леб и брашно. Лукот и кромидот исецкајте ги и пропржете ги на масло, додадете го меленото месо, зачинете и динстајте. Пред крај додадете магдонос. одвојте две поховани пиперки, покријте ги со издинстаното месо, а одозгора ставете ги останатите пиперки. Прелијте со павлака измешана со јајце и ставете во рерна да се запечат околу половина час на 200 степени. Пред сервирање одозгора наредете две исецкани пиперки. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пилешко со шампињони
Состојки: 1 лажица ѓумбир во прав 200гр свежи шампињони 1 бел лук сол по желба 1 лажица пченкарно брашно 50мл сончогледово масло 1 лажица вегета 400гр пилешко филе
Подготовка: Исечете го месото на тенки листови и измешајте ги со брашното. Исчистете ги шампињоните и исечете ги и нив на листови. На врело масло испржете го месото. По завршеното печење, месото процедете го од вишокот масло, па преместете го на топло место. Во истото масло додадете ги шампињоните па и нив испржете ги. Пилешкото и шампињоните ставете ги во поголем сад. Додадете вегета, ѓумбир и бел лук. Додадете сол и добро промешајте. Изменето од Calipso - 04.Октомври.2012 во 02:01 |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ПОЛНЕТИ ЈАЈЦАИзменето од емил - 01.Октомври.2012 во 12:00 |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Фритата со компири и сланина
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
300-500гр.смрзнат компир за помфрит кечап, меко сирење, мајонез, кисела павлака, кромид и лук, авокадо, свежа краставица, магдонос, сок од лимон, маслиново масло. Компирите за помфрит се пржат според упатството на пакувањето, па се служат со сосовите сместени во 3 различни чинии. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
250гр.печено или варено пилешко месо, 1 главица кромид, 1 лажица сенф, 100 гр.мајонез, 2 лажици доматно пире, малку сечкан магдонос, сол. Месото се одвојува од коските и заедно со исечканата главица кромид, 2 пати се меле на машина за месо. Се додава сенф, мајонез, доматно пире, сечкан магдонос и бибер по вкус – сето тоа добро се мати и со тоа се премачкува лебот. По желба се украсува со ливчиња свеж босилек. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Шпагети со зеленчук и ракчиња
250 гр.шпагети, зеленчук кој го имате дома (домат, пиперки, борании, кромид, лук, тиквички), 100 гр.печурки, 200 гр.кисела павлака, по желба мала конзерва ракчиња, маслиново масло, сол, црн бибер, свежи листови од босилек. Зеленчукот и печурките се чистат и се сечкаат, па кратко се динстаат додека малку да омекнат. Се става сол и бибер по вкус. Шпагетите се вараат според упатството (10-15 минути). Во омекнатиот зеленчук се додава кисела павлака, по желба и ракчињата. Сето тоа се посипува со листовите од босилек, па се меша со шпагетите. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Слатко-кисел зеленчук со оризСОСТОЈКИ (за 4 лица) ПРИГОТВУВАЊЕ Налејте го слатко-киселиот сос и оставете да врие околу 5 минути. Вака приготвениот зеленчук ставете го врз сварениот ориз. Сервирајте топло. Совети: слатко-киселиот сос може да го замените со сос од сливи. Доколку немате свеж зеленчук, можете да употребите замрзнат. Ако сте во можност наместо конзервиран, користете свеж ананас. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |