|
Крштевање на мали деца? |
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Автор | ||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Abe luge, ke se ispotepate eden megu drug so navredi i kleveti. Zosto se dokazuvate koj e popameten ? Dali mislite deka vasite postovi go raduvaat nasiot Spasitel ISUS HRISTOS? Zamislete so ovie postovi polni so otrov, sarkazam i omraza kakvo loso svetlo frlate vrz vasite crkvi i vrz samiot HRISTOS i Negovoto ucenje. Ne za dzabe ISUS veli:" Ne sekoj sto mi veli Gospodi, Gospodi, ke vleze vo carstvoto nebesno, a onoj sto ja ispolnuva voljata na Mojot Otec nebesen."( Matej 7:21) SHALOM ! |
||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Вака сега..
Најпрвин јас(ахмар) реков дека КЛЕВЕТИШ дека според Светата Црква наводно сите починати деца иделe во пеколот. Потоа откако реков дека тоа не е вистина и откако побарав да покажеш каде тоа така учи Црквата,ти нешто глумеше лудило дека Црквата уствари не учи така, но со идејата дека Црквата и православието се две различни нешта, иако знаеш дека за нас тоа е едното исто! Ај не е проблем што не го почитуваш нашето мислење но да правиш вербални гимнастики за да ги збуниш другите членови е крајно ...ај да речам нехристијански. Сега тука малце само ќе се осврнав за долгиот твој офф топик погоре: Твојот "предлог"за нови правила за дискусија е крајно ЛИЦЕМЕРЕН.. Ти можеш комотно да навредуваш и да клеветиш(да те потцетам еднаш дури и ме нарече )и сето тоа зачинето со невиден сарказам од типот- каков па христијанин си ти бе/мори?!
ЦЦЦ...Умре циганкат(ромката) што ме фалеше!!
Значи имаме некои многу опасно суштество на форумов кое: демнее,зграпчува изгубени членови(и тоа зад грб),уште да кажеш дека им ја цица крвта па да те сфатaм дека за Вампир праиме муабет!!
Братко ништо нема да е страшно ако си признаш дека маран ата ти е НОЌНА МОРАи тоа "библиска" НОЌНА МОРА. И ваљда не мислиш дека правоверните тука само ќе си седат на раат додека ти само го напаѓаш со клевети и лаги Православието. Сепак да те потцетам ова е секуларен форум значи не е екслузивно наш или ваш па така да помири се со тоа дека ќе слушаш ставови кои може нема да ти се допаднат многу многу.. Изменето од ahmar1 - 16.Септември.2009 во 13:44 |
||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Во твојата прва клевета упатена кон мене дека јас наводно сум тврдел дека бебињата нема да бидат спасени ти одговорив посочувајќи на која страната каде на долго и широко објаснував дека бебињата немаат потреба да поверуваат, ниту да се покајат, ниту да се крстат и дека ЌЕ БИДАТ спасени, но бидејќи ти продолжуваш оф-топик да спамираш со клеветите, овој пат ќе го цитирам целиот мој коментар за да биде јасно разобличена твојата клевета:
Ете, откако ја разобличив твојата клевета , сега дозволи ми да ти објаснам зошто следниов стих не се однесува на бебињата: "Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден." (Марко 16:16)
Доколку го прочиташ контекстот на овој стих т.е. предходниот стих ќе видиш за кого се однесува истиот:
"И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден." (Марко 16:15 и 16)
Оттука гледаме дека Исус им заповедува на апостолите да одат по целиот свет и да го проповедаат евангелието на секое создание и на тие, на кои што ке им проповедаат, доколку не поверуваат ќе бидат осудени.
Се разбира, кога Исус вели "проповедајте го евангелието на секое создание", под тоа "секое" не мисли и на дрвата, камењата, реките, ниту пак мисли на бебињата кои немаат капацитет да ја разберат проповеданата порака. Но којзнае, можеби и на бебињата мислел.. православие и се е можно
Очигледно ти никогаш и не си присуствувала на дебата, па затоа ова ти личи на дебата Ова воопшто не е дебата. Ова е неврзано препукување, клеветење, дискутирање за личноста наместо за темата на дискусија, изнесување на лични работи од приватниот живот (нешто што е крајно недозволено на дебатите), овде како што гледаш нема правила, можеш цело време да си пишуваш оф-топик и на крајот да си го додадеш твоето омилено: "п.с. Модератори, се извинувам за офф топикот" и готово, исто како да не си пишувала оф-топик
Но на дебатите, каде што во воведот се дефинирани правилата за дискутирање, каде што е поставен кодекс на коментирање, каде што правилата се правила кои непристрасно важат и не се исклучуваат, на таквите дебати вакви пародии не се дозволени.
Хахаха ова е можеби 5-от кукавлички изговор за избегнување на дебата кој го читам од тебе. Срц, препрочитај си ги последниве 20тина коментари и ќе видиш дека мнозинството од нив и онака ти се посветени специјално за мене Па ти и онака ме прогонуваш по темите и само за мене пишуваш. Па тебе и онака во секој коментар го спомнуваш името EvAngelos. Се што барам јас е да и ставиме едни културни рамки на нашата дискусија, да дефинираме правила и кодекс на дискутирање, да се оградиме во една тема (како што тоа едно време храбро го направи maria_magdalena со efendija мислам или со друг од муслиманите), да одбереме тема и да дискутираме.
Не мислев на вакви кодекс и правила, туку на кодекс и правила каде што ќе бидеме обврзани и ние и модераторите да ги почитуваме
Клеветата твоја погоре е јасно разоблчена и со секој твој нареден коментар околу неа твојата детска наивна лага се повеќе излегува на виделина.
А кукавличук е збор чие значење на сите добро ни е познато. Еве ти го неговото значење и сликовито
Не е тоа опсесија, сега ќе објаснам и зошто. Тоа што Мараната 9-10 месеци не пишува на форумов, а сепак секоја вечер го гледаме нејзиното корисничко име во Активни Корисници , тоа е факт дека таа е опседната со форумов (или со некои членови тука ), но нема храброст да пишува, туку кукавички се крие.
Тоа што Мараната 9-10 месеци нема храброст да пишува јавно на форумов, туку ги лови (заведува) по лични пораки новодојдените членови кои се нестабилни во верата и по лични пораки им вели: "Не го слушај ЕвАнгелос што ти пишува, тој е протестант, тој е баптист, тој е ваков, тој е таков, неговиот основач се самокрстил со лонче вода ", ете тоа е опсесија, ете тоа е кукавличук.
Тоа што Мараната 9-10 месеци нема храброст јавно да се соочи со мене и да ми реплицира и ги користи новодојдените членови (нестабилни во верата) и преку нив ми ссе обраќа: "пиши му вака на ЕвАнгелос, пишу му така на ЕвАнгелос, прашај го ова ЕвАнгелос, прашај го она" ете тоа е опсесија, ете тоа е кукавличук.
Замислете, во една ситуација, членот чија дискреција ја почитувам, додека дискутиравме на МСН за една тема, во еден од своите одговори ми пиша вака: "Maran Ata says:......" (На местото на Maran Ata стоеше нејзиното име, за чија приватност јас имам доблест да не го напишам)
Замислете, цело време јас мислев дека сум зборувал со анонимниот член, за на крајот да дознаам дека тој само ги пренесувал на Мараната моите коментари и со копи-пејст ми кажувал што всушност Мараната мене ми вели
Е дури по ваквите пародии, откако ќе ја фатев Мараната како кукавички зад грбот на заведените членови овде ми дофрлува (наместо да дојде овде на рингот и да ми се обрати лице во лице), дури потоа јас давав изјави од типот: "Мараната те лаже, она те манупулира" и сл. Затоа што, како што можевме да видиме, тоа така и беше, а како што гледаме и тука, тоа така и е. Ништо не се променило кај нашата Маранатка.
Ете тоа е опсесија мило. Додека ЕвАнгелос си дискутира со другите членови, Мараната го демнее во позадина и кога ќе види како некој од членовите почнува да се отрезнува од православието и да се привлекува кон Божјиот Збор (Библијата), Мараната одма по лична порака го зграпчува и почнува со нејзините подли клевети, лаги итн.
Ете, токму за ова зборував Човекот воопшто никаде не ти постави прашање за да му одговориш. Ти прва почна да ми се препелкаш и убацуваш во разговорите кои јас си ги водам со другите членови. Јас твоето доаѓање на форумов не го ни забележав, воопшто и не ме тангираше. Ти почна (како џокер у покер, како несоодветен зачин во манџа) да ми се плеткаш во разговорите со другите членови и да го менуваш топикот на сите теми во твојот омилен опсесивен топик: "Ајде да дискутираме и да го клеветиме ЕвАнгелос".
Но, нејсе, терај, да видиме до каде ќе одиш со овој памет и колку ќе те толерираат.
Поздрав.
п.с. Модератори, не се извинувам за оф-топиков , затоа што имам демократско право да одговорам на клеветите кои иако оф-топик, сепак беа оставени да висат на форумов.
Поздрав! Изменето од EvAngelos - 16.Септември.2009 во 12:13 |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Абе душичке, па кажи културно дека згреши затоа што клеветиш и ќе ти биде простено. Ама ајде, штом не сакаш да се покаеш, нека стои на чело уште еднаш твојата лага:
Со оглед на тоа што ти беше фатен како клеветиш и лажеш, испаѓа дека сам со себе не дискутираш. Хммм, затоа имаш нерешени проблеми...
А што мислиш, дека ова што го правиме сега не е дебата? А и не знам зошто се преценуваш мислејќи дека специјално тебе ќе ти посветувам време? Кодекс и правила си има форумов, затоа и се тука модераторите (кои доста често знаеш неосновано да ги критикуваш). А знаеш што е кукавичлук? Кукавичлук е кога ќе те фатат дека клеветиш и лажеш, а ти не само што нема да се покаеш и извиниш, туку тоа ќе му го препишеш на другиот.
Не бе, душичке, знаеш што е опсесија? Опсесија е Маран Ата да не пишува едно добри 9-10 месеци на форумов, а Евангелос по месинџери, скајпови и ем ес ени да им зборува на оние кои сака да ги преобрати во баптисти и да ги вклучи во својата организација: „Маран Ата те манипулира, Маран Ата те лаже, Маран Ата е ваква, Маран Ата е таква“. п.с. Модератори, се извинувам за офф топикот, сепак треба да му се одговори на човекот, нели? Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 04:08 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Maran Ata, со луѓе што клеветат, лажат, лажно говорат за други и свои зборови ставаат во устите на другите НЕ ДИСКУТИРАМ. Јас одговорив на прашањето на ahmar1 на 2-та страна од оваа тема, а аргументирав со цитати од Светото Писмо дека некрстените бебиња одат дирекно кај Бог на оваа страна од темава (види погоре, мојот одговор на прашањето на pcelka) и сите добро го знаат тоа, така што твоите клевети се смешни, детски наивни лаги.
Јас до сега околу 3-4 пати ти предложив дебата овде на форумов (културна дебата, со кодекс, со правила), но ти кукавички избега. Кога ќе собереш храброст, бујрум, те чекам со раширени раце А до тогаш не ми се вплеткувај во разговорите со другите, престани оф-топик лично да ми се обраќаш по сите теми и дискутирај он-топик на темите. Знам дека сум ти опсесија, но не мора на овој начин да го искажуваш тоа
ahmar1, чекам...
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Оф море златен... остај што умрела циганката да те фали, туку и се фалиш со нешто што не го исполнуваш? Па кога ќе ми одговориш на прашањата што ти ги имам поставено пред една година? p.s. и не заборавај да образложиш зошто упорно тврдиш дека децата што не поверувале во Словото и што не биле крстени, ако умрат ќе одат во пеколот??? Изменето од Maran Ata - 15.Септември.2009 во 13:43 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ahmar1, мене ме загрижува тоа што 4 пати ти го поставувам тоа толку едноставно прашање, а твојата вера е толку слаба што ти 4 пати се плашиш да одговориш и го заобиколуваш тоа прашање. Да беше сигурен ти во својата вера, немаше да се резилиш тука избегнувајќи ги прашањата што ти ги поставуваме тука. Ти ми постави прашање (кое според мене беше надвор од темата), но јас храбро ти го одговорив. Сега јас ти поставувам прашање (кое според тебе можеби е надвор од темата), а ти 4 пати го избегнуваш и веројатно се молиш до некој светец таму да не ти го поставам уште еднаш |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Значи сепак испадна на крај краева дека клеветиш.
А тука е лукавштината.Ти правиш дистинкција меѓу Првославието и Црквата како нешто различно, а многу добро знаеш дека за правоверните тоа е едното исто.Ако може да помине да помине ако не..ама ја нисам одавде!
Брат ме загрижува што си во последно време си опседнат со содомити (и нивни веб-страни) и педофили. Не е за арно тоа а ниту па нешто спасително. |
||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Лелеее, одамна вака не сум се смеела на твоите објаснувања
Барем тргнете го текстов од вашата баптистичка веб страна, затоа што само се резилите. Ајде по ред да видиме какви самотолкувања и кривотолкувања се изнесени овде:
Овој стих што си го изнел, нема никаква врска со она твое толкување за крштевањето на децата. Овде Евангелистот јасно кажува дека некои поверувале во Господа, а некои не. Тие што поверувале – се крстиле, а тие што не поверувале – не се крстиле. Овде не се спомнати ниту мажи, ниту жени, ниту деца, туку едноставно дава слика дека има и такви кои се противеле на учењето за Христос. Во еден стих во Светото Писмо се вели дека оние кои се крштеваат, во Христа се облекуваат, т.е. стануваат христијани. Кажи ми, кој фактор си ти за да им забрануваш на малите деца да станат христијани и да се облечат во Христовата благодат?
Како успеваш се’ погрешно да интерпретираш, махер си. Во овој стих апостолот го прашува Етиопјанинот дали верува од сето срце во Христа, затоа што тој бил друговерец, не Го познавал Господ Исус Христос. Прашањето поинаку претставено би гласело: Дали веруваш дека Христос е вистинскиот Бог и дали Го исповедаш како Таков, за да бидеш крстен?- разумно прашање за некој кој претходно верувал во нешто друго!
Чекај малку. Ти тврдиш дека оној кој не поверува, нема да биде спасен, т.е. децата затоа што не можат да поверуваат, нема да бидат спасени, а ги клеветиш православните христијани дека тоа го проповедале?
А бебињата за кој грев треба да се покајат? Затоа што се родиле? Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 03:55 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Јас никаде не реков дека Црквата кажува такво нешто за бебињата. Јас реков дека православието учи така.
Православието учи дека со крштевањето бебето се ослободува од првородениот грев, а доколку не се крсти, тоа си умира со гревот.
Православието учи дека нема спасение надвор од православната црква. Православието учи дека со крштевање се станува член во православната црква.
Од сите овие тврдења, логички заклучок е дека доколку бебето не се крсти, според православието (а не според Црквата), бебето си умира со првородениот грев, надвор од православната црква каде што (според православието) нема спасение.
Оваа теза ја потврдиле и потврдуваат многу од православните членови тука на форумов, а доколку мислиш ти поинаку, тоа е само доказ дека не сте едномислени.
Туку, кога веќе се врати на темава, да продолжиме со тебе каде што застанавме:
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Pozdrav i do tebe Zlatniku ! Jas mislev deka ti e nezgodno da odgovoris |
||||||||
lviaquez
Нов член Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 21 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
^se soglasuvam
|
||||||||
To advance a mile, we only have to take a step. If Tar doesn't exist, we can invent it.
|
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Леле, не сум ја видел оваа порака. Инаку и самиот знаеш дека не избегнувам одговор. Нема за што да се извинуваш за твоето прашање. Тоа си е во ред. Верувам дека, поради мојот тврдокорен атеистички став, претпоставуваш дека моите деца се некрстени. И да знаеш во право си. Имам ќерка (17) и син (14) и воопшто не сум помислил да ги задојувам, со било каква теолошка определба, па и со крстење. Што треба, да им наметнам на децата некое теолошко учење само поради тоа што е мое или затоа што е пошироко прифатено на овие простори? Не, во никој случај. Меѓутоа, за да не се сфати дека им го ограничувам правото да веруваат во бог (а во кој бог треба да ги терам да веруваат?) да кажам дека пред нив се библијата и неколку книги за христијанските заедници, талмудот, и неколку книги за Кришна (за жал го немам к*ранот), па според тоа имаат прилика да читаат од што сакаат и колку сакаат. Дури ги терам да читаат и им велам, читајте од се за да знаете, за да согледате што е добро а што не, за да не ве манипулираат разноразни свештеници (од било која вероисповед)! Е, кога ќе бидат способни самите да рассудуваат и свесно да донесуваат заклучоци (што немора да значи дека со 18 години тоа ќе се постигне), оставам на нив самите да си одлучат дали и која веросиповед ќе ја прифатат. Искрено, лично би сакал да бидат атеисти како мене, но ... кој ги знае за што ќе се одлучат. А да им го скратувам тоа право не сакам и неможам. Исто како што не сакам но и неможам да им го наметнам крштевањето (или сунеттисувањето)! Р.Ѕ. Нешто слично на ова пишав и на страна 4 од истава тема! Мислам дека си го прочитал! Изменето од Zlatnik - 14.Септември.2009 во 21:12 |
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Evangelose ednashka se izgore koga te fativme kaj lazesh sega nekako pak natamu odish,,,,aj ti i tvoite prestanete si propaganda ni komunistite ne vi se ravni.
|
||||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||||
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |