|
Поуки од Светото Писмо |
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Автор | ||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мир со Бога 1 И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос, 2 преку Кого и пристапивме со вера во оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надежта на Божјата слава. 3 Но не само тоа, туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата раѓа трпение, 4 трпението - искуство, а искуството - надеж; 5 а надежта пак не разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, Кој ни е даден. 6 Зашто, додека уште бевме слаби, Христос умре во определено време за безбожниците. 7 За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре. 8 Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници. 9 Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него. 10 Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот. 11 И не само тоа, туку и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување. ==Послание до Римјаните 5:1-11 ; Библија== Да имаме мир со Бога значи повеќе откотлку задоволство во неговото присуство. Тоа значи дека ние, кои некогаш сме биле ≫оттуѓени од Бога и непријатели, во своето мислење и лошите дела≪ 21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела, ==Послание до Колосјаните 1:21 ; Библија== сме се помириле со Бога и дека повторно ја имаме неговата наклоност. Некогаш сме војувале против Бога, но неговата смрт на крстот ни овозможила сите непријателства да престанат и повторно да бидеме Божји пријатели, а не непријатели. Во едно од неговите значења, овој мир не е нешто што во почетокот е ситно, па треба да расте. Напротив, ние сме помирени со Бога еднаш и засекогаш на Христовиот крст. Ова е несоборлив факт. Меѓутоа, во друга смисла можеме да растеме во мирот со Бога. Колку појасни ни стануваат Божјите патишта, колку повеќе чекориме по нив, толку повекеќе ја усвојуваме неговата сила да живееме како негови синови и ќерки. Во оваа смисла, мирот со Бога е плод на Духот. Додека созреваме како Божји деца, се’ повеќе ќе ги искусуваме благословите и предностите на животот во неговото царство, така што еден ден ќе можеме да кажеме: 165 Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем мир, не се сопнуваат на ништо. ==Псалм 119:165 ; Библија== Од стиховите: 20 и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст. 21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела, 22 сега ве измири преку смртта на Неговото човечко тело, за да ве изведе пред Себе: свети, непорочни и без вина, ==Послание до Колосјаните 1:20-22 ; Библија== ни се открива дека Бог не станал милостив и полн со проштевање поради гревот, наместо тоа, овој текст ни открива дека Бог отсекогаш бил таков. Планот на спасението го претставува Бога, кој не’ сакал и имал желба да ни прости од самиот почеток. Единствено поради она што Христос го направил, поради неговиот совршен живот, кој ни се припишува со вера, Бог може да ни прости и да не’ прифати, без оглед на нашето минато. |
||
www.myspace.com/sblagoj
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае." ( Psalm 139 :14) Svetot na prirodata e poln so cudesni tvorbi. Kako nastanale? Nekoi smetaat deka odgovorot moze da se najde bez da se spomnuva inteligenten Tvorec. Drugi pak smetaat deka ako svoevolno go isklucime postoenjeto na Tvorecot, ne mozeme potpolno da ja razbereme prirodata. Tie veruvaat deka zivite sustestva se premnogu slozeni, premnogu raznovidni, pa duri i premnogu cudesni za da nastanat slucajno. Mnogu lugje, vklucuvajki i nekoi naucnici, gi prifakjaat dokazite deka vselenata ja sozdal Nekoj sto e mudar, mokjen i dobar. Car David od drevniot Izrael bil covek sto bil uveren deka Tvorecot zasluzuva falba za cudesnite raboti sto gi sozdal. Iako David ziveel dolgo vreme pred naukata da go dostigne denesniot napredok, sepak sfatil deka e opkruzen so prekrasni primeri na Bozjite tvorecki dela. Bilo dovolno car David da razmisli za svoeto telo pa da pocuvstvuva dlaboka stravopocit kon Bozjite tvorecki sposobnosti. |
||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А плодот на Духот е: …, мирот, … 22 А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; 23 нема закон против вакви нешта. ==Послание до Галатјаните 5:22 ; Библија== Вистинска иронија е до мирот да се доаѓа со борба. Елеонора Рузвелт, сопруга на познатиот американски претседател, во една емисија на ‘Гласот на Америка’, изјавила: ≫Не е доволно да се зборува за мирот; потребно е да се верува во него. Сепак, не е доволно ни да се верува во него; потребно е да се работи на тоа≪ Мирот што ни го дал Христос, исто така подразбира напор, работа и постојано преиспитување. 9 Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто! 10 Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг! 11 Бидете неуморни во ревноста! Бидете пламени во духот! Служете Му на Господа. 12 Радувајте се во надежта, бидете трпеливи во неволја; постојани во молитва! 13 Помагајте им на светите во нивните потреби! Ревнувајте во гостољубие! 14 Благословувајте ги оние, кои ве гонат: благословувајте ги, а не проколнувајте ги! 15 Радувајте се со оние, кои се радуваат и плачете со оние, кои плачат! 16 Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри! 17 Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе! 18 Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе! 19 Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.” ==Послание до Римјаните 12:9-21 ; Библија== |
||
www.myspace.com/sblagoj
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
OK... ti si znaes . Pozdrav ! Изменето од KINGDAVID - 13.Септември.2010 во 15:23 |
||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne moras celiot od ednas da go procitas, -utre, zadutre....poleka ima vreme. Vazno e da go razberes..... Pozdrav mala sala. |
||
www.myspace.com/sblagoj
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Blagoj, nemoj pogresno da me razberes no cela propoved si napisal. Koj ke cita takov dolg tekst? Jas ne go doprocitav koga vidov kolkav e ... P.S. izvini za mojata zabeleska... samo si go kazav mislenjeto . Pozdrav ! |
||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А плодот на Духот е: љубовта... 22 А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; 23 нема закон против вакви нешта. ==Послание до Галатјаните 5:22-23 ; Библија== Не случајно, Павловиот список на карактерни црти, кои одговараат на плодот на Духот, започнува со љубовта. Љубовта претставува врвна доблест на христијанинот, зашто тоа е основна особина на самиот Бог. Токму љубовта Го поттикнала да не' создаде, да го одржува нашиот живот, да ни се објави и да го даде својот Син да не' откупи. Јован ова го искажува крајно едноставно и отворено ≫Бог е љубов≪ (1во Јованово 4:16). Бидејќи љубовта е темел на Неговиот карактер, и за нас мора да биде така: 16 И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него. ==1во Јованово 4:16 ; Библија== За несреќа, зборот љубов денеска има мошне магливо значење. Често велиме дека го сакаме времето, својата омилена храна или кучето. Меѓутоа, овој вид на љубов не може да го положи тестот на вистинската божествена љубов. Вистинската љубов е нешто сосем друго, нешто што остава трага врз целокупниот живот, како и врз начинот на кој го живееме тој живот и како се однесуваме кон другите. Состојките на љубовта секогаш доаѓаат во пакет, а не на листа од која можеме да бираме она што ни се чини најпривлечно, отфрлајки се' останато. 4 Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува; 5 не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло; 6 не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината; 7 сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи. ==1во послание до Коринтјаните 13:4-7 ; Библија== 13 А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив. ==1во послание до Коринтјаните 13:13; Библија== Љубовта на која се однесува: 5 Затоа љуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила! ==Второзаконие (5та Мојсеева) 6:5 ; Библија== , љубовта на која што Господ Исус Христос мисли кога зборува за најголемата заповед: 36 "Учителе, која е големата заповед во Законот?" 37 А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!" 38 Тоа е најголемата и прва заповед; 39 а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!" ==Матеј 22:36-39 ; Библија== , претставува најблагодарниот и највозвишен облик на самопожртвувана љубов, за која ни е заповедано да ја негуваме и кон Бог и кон луѓето. 25 И ете, еден учител на Законот стана да Го искушува и Го праша: „Учителе, што треба да правам, за да наследам вечен живот?" 26 А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?" 27 А тој одговори и рече: „Љуби Го Господа, својот Бог - со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила и со сиот свој ум; и својот ближен како себеси!" 28 Му рече: „Право одговори! Прави го тоа и ќе живееш!" 29 Но тој, сакајќи да се оправда, Го праша Исуса: „А кој е мој ближен?" 30 Исус му одговори и рече: „Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон; и налета на разбојници, кои го соблекоа и го ранија; го оставија полумртов и си отидоа. 31 А случајно по истиот пат слегуваше еден свештеник, и кога го виде, си замина на другата страна. 32 Исто така и еден левит, кога дојде таму и кога го виде - си замина на другата страна. 33 А еден патник Самарјанец дојде до него и кога го виде, се сожали. 34 Му се приближи, му ги полеа раните со масло и вино и му ги преврза; после го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. 35 Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање." 36 Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?" 37 Тој рече: „Оној, кој му укажа милост." Исус му рече: „Оди и ти прави така." ==Евангелие по Лука 10:25-37 ; Библија== Истакнувајќи ги сите четири аспекта на човековото битие, Исус едноставно се обраќа до целиот човек 30 и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила'!" ==Евангелие по Марко 12:30 ; Библија== , Тој кажува, Бог треба да Го сакаме со целото наше битие. 12 "И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците." ==Матеј 7:12 ; Библија== Да се сака ближниот како самиот себе, значи да се сакаат сите луѓе со целото срце. Љубовта, за која станува збор во оваа втора, најголема заповед, е иста како и онаа во првата заповед. Тоа е љубов на дело, која ги вклучува волјата и намерата. Да го сакам својот ближен како самиот себе, значи да се грижам за некој како што се грижам за самиот себе. Прв чекор е да се дефинира љубовта: следниот чекор е да се примени. Мора да внимаваме зборот ≫љубов≪ да не го изговараме лековерно; наместо тоа, треба внимателно да анализираме како живееме и како ги применуваме начелата на љубовта искажани во Библијата. Треба да го разгледаме секој поединечен вид на љубов и да се запрашаме себеси како можеме да ги примениме овие начела во сопствениот живот: 4 Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува; 5 не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло; 6 не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината; 7 сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи. ==1во послание до Коринтјаните 13:4-7 ; Библија== Помислете за миг каков би бил вашиот дом кога, со Божјата милост, секогаш би ги остварувале вредностите на вистинската љубов. Замислете го благословот на животот во окружение во кое членовите на семејството имаат добра волја и се уважуваат едни со други. Можеби другите не можете да ги наведете да постапуваат така, но кога вие би ги примениле тие начела, би можеле да видите колку е силно влијанието кај другите. Никој не може да и' се спротивстави на љубовта; таа е најмоќната сила во целиот создаден свет. Луѓето можат да ги негираат вашите теолошки сфаќања, вашиот начин на живот, вашите уверувања, вашата вера и се' останато. Но, каков аргумент можат да употребат против безусловната љубов, онаа што Исус Христос ја покажал кога бил на светот и, која, со Божјата благодат, можеме и ние да ја покажуваме кон другите? 43 "Сте чуле дека било речено: 'Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател'. 44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; 45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните. 46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто? 47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците? 48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко." ==Матеј 5:43-48 ; Библија== Ако треба да ги сакаме своите непријатели, најдобро би било точно да утврдиме кои се наши непријатели. Ако непријател е оној што само физички се заканува, тогаш можеби сметате дека ова не се однесува на вас, зашто никој одамна не ви се заканувал на тој начин. Меѓутоа, непријателот може да се дефинира како соперник, ривал, конк*рент, предизвикувач или потценувач. Непријател е оној што ве мрази и ве малтертира. Тоа може да биде и брачниот другар или некој член на семејството. Понекогаш во семејството не се нежни кон вас. Таквото лице може да настојува да ве повреди или да ви направи нешто уште полошо. Кога ќе се случи такво нешто, лесно можеме да паднеме во стапицата на ситничавост и одмаздољубивост. Понекогаш можете да доживеете судир на работното место, со, оние, со кои со години сте работеле, можат во вас да почнат да доживуваат соперник. Непријател може да биде и некој што со години ви бил драг и важен. Мора да утврдиме дека непријателот, за кој зборува Исус овде, не е само физички опасно лице, туку и секој што ќе не' повреди на таков начин, што посакуваме да му вратиме мило за драго. 1 Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот. ==Пословици 15:1 ; Библија== 21 Ако е гладен твојот непријател, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода, ==Пословици 25:21 ; Библија== 9 не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, зашто сте повикани за тоа, за да наследите благослов. ==1во Петрово 3:9 ; Библија== 31 "Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава; 32 и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од јарците. 33 И ќе ги постави овците од својата десна страна, а јарците од левата. 34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: 'Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот! 35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте; 36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.' 37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: 'Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме? 38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме? 39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе? 40 А Царот ќе им одговори: 'Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.' 41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: 'Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели! 42 Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам, 43 бев странец и не Ме примивте; бев гол и не Ме облековте; бев болен и во темница и не Ме посетивте.' 44 Тогаш тие ќе одговорат и речат: 'Господи, кога Те видовме гладен, или жеден или како странец, или гол или болен или во темница, и не Те послуживме?' 45 Тогаш ќе им одговори: 'Вистина ви велам, доколку не му направивте на еден од овие најмали, ни Мене не Ми направивте!' 46 И овие ќе отидат во вечна мака, а праведниците во вечен живот." ==Матеј 25:31-46 ; Библија== |
||
www.myspace.com/sblagoj
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Ова е Божјата љубов: да ги извршуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки" ( 1 Jovanovo 5:3) "Avtoritet" e zbor sto ne e mnogu popularen denes. Na mnozina ne im e mila pomislata da se podlozuvaat na voljata na nekoj drug. Onie sto ne sakaat da se podlozat na nicij avtoritet obicno go pokazuvaat toj stav so zborovite: " Nema drug da mi kazuva sto da pravam!" No, dali ovie lugje se navistina nezavisni? Voopsto ne ! Povekjeto od niv vsusnost gi sledat merilata na bezbroj drugi lica koi gi oblikuva razmisluvanjata na ovoj svet. Vo Rimjanite 12:2 pisuva : " Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!" Namesto da bidat slobodni i nezavisni, za zal, tie im "robuvaat na rasipanosta" kako sto kazal Apostol Petar ( 2 Petrovo 2:19). Tie ziveat onaka kako sto zivee mnozinstvoto od ovoj svet, po voljata na vladetelot koj vladee so ovoj svet, odnosno Satana( Efesjanite 2:2) Tragicno e sto denes,koga na lugjeto ocajno im treba vodstvo povekjeto lugje se se' pomalku spremni da go prifatat Bozjeto vodstvo . Za eden Hristijanin poukata i zapovedite na ISUS vo Svetoto Pismo se kako cvrsta kotva koja im pomaga da ne otplovat od Ziviot BOG . |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И дојде при Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: “Ако сакаш, можеш да ме очистиш.” ( Marko 1:40) Eden leprozen covek dosol kaj ISUS i na kolena go molel da go izlekuva (Marko 1:41,42). Namesto da go otera, ISUS mu ukazal cest na ovoj covek kogo site go odbegnuvale, taka sto postapil kon nego socustvitelno i so pocit. Vo toj mig, ISUS pred sebe gledal samo edno bedno covecko sustestvo na koe mu bilo potrebna pomos. Taa gletka tolku go trognala sto pottiknat od dlaboko socuvstvo, Toj vednas napravil nesto za leprozniot. Ja protegnal rakata, go doprel i go izlekuval. ISUS postapuval so drugite isto kako i Negoviot Tatko na nebesata. Toj im ukazuval dolzna cest i pokazuval pocit kon nivnoto dostoinstvo. Na koj nacin mozeme nie, kako Negovi sledbenici, da go sledime Negoviot primer vo ovoj pogled? Megju drugoto, taka sto ke priznaeme deka site lugje zasluzuvaat da im se ukaze cest i pocit, bez ogled na nivniot status, zdravstvena sostojba ili vozrast ( 1 Petrovo 2:17). Osobeno onie na koi im e doverena odgovornost nad drugite i koi se na uslovno receno ,povisoka polozba, treba da im iskazuvaat cest na lugjeto za koi se odgovorni i treba da im pomognat da ja zacuvaat svojata samopocit. Svetoto Pismo veli: "еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов: натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг." ( Rimjanite 12:10) Изменето од KINGDAVID - 31.Август.2010 во 16:18 |
||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од alf - 20.Септември.2011 во 17:03 |
||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од alf - 20.Септември.2011 во 17:04 |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
" Кога неевреите го чуја тоа, се зарадуваа и го славеа Господовото слово и поверуваа мнозина што беа определени за вечен живот." ( Dela 13:48) Onie sto ke poveruvaat vo Gospodovoto Slovo se ispravno nakloneti i opredeleni za vecniot zivot. Koga nekoj pisatel ke napise kniga, obicno ja namenuva za nekoja konkretna grupa lugje. Nekoi knigi se napishani za visokoobrazovani lugje,drugi za deca, a treti za lica od odredena profesija. Iako Biblijata e dostapna za site , taa e nameneta za da ja razbere i ceni odredena grupa lugje. BOG ja osmislil za poniznite, krotki lugje na Zemjata. Takvite lugje mozat da ja sfatat smislata na Biblijata , bez ogled na nivnoto obrazovanie, kultura, status ili etnicka pripadnost. ( Timotej 2:3,4) Od druga strana pak, na onie sto ne se ispravno nastroeni ne im e dadeno razbiranje na bibliskata vistina, bez ogled na toa kolku se inteligentni ili obrazovani. Voobrazenite i gordite ne mozat da gi sfatat skapocenite vistini od Bozjata Rec. Isus otvoreno im rece na svoite ucenici : „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. Зашто кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има. Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту разбираат. И врз нив се исполнува пророштвото на Исаија, кое вели: ‘Со уши ќе слушате и нема да разбирате; со очите ќе гледате и нема да видите. Зашто срцето на овој народ отапело; и со ушите тешко слушаат, и ги затворија своите очи; за да не гледаат со очите, или да слушаат со ушите, и да разберат со срцето и да се обратат, и Јас да ги исцелам."( Matej 13:11-15). "Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на младенците. Да, Татко, таква беше Твојата волја. " ( Luka 10:21) AMIN ! |
||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од alf - 20.Септември.2011 во 17:04 |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Taka e brate spirose. Golem pozdrav do tebe |
||
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |