IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 98>
Автор
Порака Обратен редослед
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2014 во 10:56
Прво писмо од Апостол Павле до Коринтјаните. Глава 3
1 Драги мои, додека бев кај вас, јас неможев да ви зборувам како на духовно здрели христијани. Ви зборував како на телесни луге, како на луге што во Христовата вера се новороденциња.
2 Ве хранев со млеко, а не со тврда храна, бидеќи се уште не бевте способни да е примате.За жал, ни сега не сте способни.
3 Се уште сте телесни , како лугето од овој свет, што си завидуваат и се караат. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?
4 Едни од вас велат дека се Павлови следбеници, а други дека се следбеници на Аполос. Зар тоа не покажува дека сте како и сите други, телесни луѓе.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2014 во 11:17
2 Јован 1
7 Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не исповедаат дека Исус Христос дојде во тело; - тоа е измамник и антихрист.
8 Пазете се да не го изгубите она што сме го спечалиле, туку да примите полна награда.
9 Секој, кој оди натаму и не останува во Христовата наука, Го нема Бога. Кој останува во Христовата наука, тој Го има и Таткото и Синот.
10 Ако некој дојде при вас и не ја донесе оваа наука, не примајте го во домот и не поздравувајте го;
11 зашто кој го поздравува, учествува во неговите зли дела.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 11:07
ШТО ГО ОПОГАНУВА ЧОВЕКОТ
Матеја 15


10 Исус го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете!
11 Не она, што влегува во устата го погани човекот, туку она што излегува од устата, тоа го погани човекот.”
12 Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?”
13 А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната.
14 Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.”
15 А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.”
16 А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање?
17 Не разбирате ли дека сè што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор?
18 А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го погани човекот.
19 Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.
20 Тие се нештата кои го поганат човекот. А јадењето со неизмиени раце не го погани човекот.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2014 во 10:56
БРАЧНА ЧИСТОТА

Бракот треба да се почитува од сите. Мажот и жената треба да е држат својата интимност без неверства, зашто на блудниците и прелубниците ке им суди Бог. Евреите 13:4.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2014 во 10:48
ДО МЛАКАТА ЦРКВА ВО ЛАОДИКЕЈА
Откровение 3


14 ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:
15 ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!
16 Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.
17 Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.
18 Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.
19 Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам; затоа биди ревностен и покај се!
20 Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.
21 На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол.
22 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2014 во 10:54
Марко12:35-37
Подоцна, додека поучуваше во храмот, ИСУС рече:Како можат вероучителите да тврдат дека МЕСИЈАТА му е син на Давид, кога самиот Давид, поттикнат од Светиот Дух, рекол:
Му рече ГОСПОД на Мојот ГОСПОД:
Седни од Мојата десна страна,
додека не ги соборам Твоите непријатели
под нозете Твои!
Ако самиот Давид Го нарекол МЕСИЈАТА свој ГОСПОД, како тогаш МЕСИЈАТА може да му биде син!?
Многубројниот народ со одушевување го слушаше учењето на ИСУС.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2014 во 10:35
СПОПРЕДБА СО СЕЈАЧОТ , СЕМЕТО И ПОЧВАТА
Матеја 13


4 Еден сејач излезе да сее на својата нива,и кога сееше, некои зрна паднаа покрај патот, и птици дојдоа и ги исколваа.
5 Други паднаа на каменити места, каде немаше многу земја, и набргу никна, зашто немаше длабока земја.
6 А кога изгреа сонцето, изгореа, и бидејќи немаа корен, се исушија.
7 Други паднаа меѓу трње, и трњето израсна и ги загуши.
8 Други паднаа на добра земја и дадоа плод: едното сто, другото шеесет, а другото триесет.
9 Кој има уши да слуша, нека слуша!”

ИСУС Е ОБЈАСНУВА ПАРАБОЛАТА
18 ”И така, чујте ја вие параболата за сејачот.
19 Кога некој го слуша словото за царството, а не го разбира, тогаш доаѓа лукавиот и го граби тоа што е посеано во неговото срце; тоа е, што е посеано покрај патот.
20 А посеаното на каменити места е оној, кој го слуша словото и веднаш го прима со радост,
21 но нема корен во себе, и привремен е, и кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22 А посеаното меѓу трње е оној, кој го слуша словото, но грижите за светов и измамата на богатството го загушуваат словото, и станува неплоден.
23 А посеаното на добра земја е оној, кој го слуша словото и го разбира; кој навистина раѓа плод и донесува: едниот стократно, другиот шеесет, и другиот триесет.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2014 во 10:46
КОЈА Е НАЈГОЛЕМАТА ЗАПОВЕД
Матеја 22


34 А кога фарисеите чуја дека ИСУС ги замолкна садукеите, се собраа заедно,
35 и еден од нив, законик, Го праша, искушувајќи Го:
36 ”Учителе, која е најголемата заповед во Законот?”
37 А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!”
38 Тоа е најголемата и прва заповед;
39 а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!”
40 На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2014 во 10:18
ОЖИВЕНИ СО ХРИСТОС
Ефесјаните 2


1 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2 во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.
3 Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.
4 Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,
5 нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -
6 и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса,
7 та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.
8 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
9 Не од делата, за да не се фали некој.
10 Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2014 во 11:23
ЕВРЕИТЕ1

1 Бог, Кој во старо време, многупати и на многу начини им зборуваше на татковците наши преку пророците,
2 во последиве дни им зборува преку Синот, Кого го постави за наследник на се, преку Кого ги создаде и вековите
3 и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото присуство, и држејќи се со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна на десната страна на престолот на величието на висините
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 11:20
ИСУС ХРИСТОС ЌЕ СЕ ВРАТИ
Откровение 22


6 И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро.
7 И, ете, доаѓам скоро. Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!
8 И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.
9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум служител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”
10 И ми рече: “Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу!
11 Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!”
12 И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело!
13 Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот.
14 Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите!
15 Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.”
16 ”Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 10:20
ХРИСТИЈАНИТЕ СЕ ХРАМ НА ЖИВИОТ БОГ
2 Коринтјаните 6


14 Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?
15 Во што се сложува Христос со Велијал? Или каков дел има верникот со неверникот?
16 Или како се сложува Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.”
17 ”Затоа, излезете од меѓу нив и одвоете се - говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам;
18 и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, говори Господ Сèмоќниот.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2014 во 11:25
Галатјаните 6

7 Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее:
8 кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2014 во 11:11
1Петар 4


12 Мили мои, не чудете се на огненото испитување што се појави меѓу вас, за да ве испита, небаре ви се случува нешто необично,
13 туку, радувајте се дека соучествувате во Христовите страдања, за да можете да се радувате и веселите при откровението на Неговата слава.
14 Блажени сте ако ве напаѓаат заради Христовото име, зашто тогаш Духот на славата и Божјиот Дух почива врз вас.
15 Никој од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник или како оној што се меша во туѓи работи;
16 но, ако страда како христијанин, да не се срами, туку да Го слави Бог со тоа име,
17 зашто време е судот да почне од Божјиот дом, а ако почнува прво од нас, каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?
18 И "ако праведникот одвај се спасува, што ќе стане со безбожникот и грешникот?"
19 Затоа и оние кои страдаат по Божја волја, да Му ги доверат своите души на верниот Создател, правејќи добро.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.