IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 32>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 13:21
Ален Славица во Скопје ќе пее за вљубените

"Драго ми е што по две децении повторно се среќавам со македонската публика, која отсекогаш ме поддржувала, рече некогашната ју ѕвезда, Ален Славица на вчерашната прес конференција во "Дал Мет Фу". Ален во Скопје дојде два дена пред неговиот утрешен концерт во Универзална сала во 20 часот, во организација на "Бест примус" , додека групата "Даире бенд" од Нови Сад што ќе го придружува на сцена пристигнува утре.
-Ветувам добра забава, пеење, уживање за сите, изјави поп-пејачот.

Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 19:02
Pesnata Jas ja imam silata na Gjoko Tanevski e prerabotena na afrikanski jazik pa ako nekoj slucajno znae dali ja ima na youtube ili nekade neka ja prikaci tuka za da ja slusnemeсреќа
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 16:31


Џо Кокер доаѓа во Скопје на 15 јуни

 

Влезниците, како што информираат од Авалон, ќе бидат пуштени од 1 март, а за цените на овој рок настан за оваа година дополнително ќе известат.

„Се трудиме во една сезона да опфатиме концерти кои ќе понудат два-три типа на различна музика. За рок-концерти минатата и предминатата година ги подготвуваме Сантана и Боб Дилан, а за оваа година решивме тоа да биде Џо Кокер. На овој концерт работевме шест години. Во регионот до сега настапувал во Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија, па успеавме да го вклопиме во слободен термин што го има во јуни,“ изјави за „Макфакс“, Бобан Милошески од Авалон продукција.

Овој неприкосновен уметник во неговата четиридецениска кариера има објавено 21 студиски, и четири албуми во живо кои се продадени во милионски тиражи.

Има освоено Греми, Златен глобус и Оскар, а е еден од ретките британски музичари кои е добитник на ОBE (Order of the Brtish Empire).

Меѓудругите големи хитови ги испеа: „You can leave your hat on“, „Unchain my heart“, „With a little help from my friends“, „Summer in the city“ „I put a spell on you“, „When the nights come“, „You are so beautiful“, „Up where we belong“.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 23:20
 
Повторно скандал околу „Евросонг“ - победникот наместен  ???
Најпрвин Наде Талевска, потоа се откажаа и Дуле и Коки од македонскиот избор за песна на „Евровизија“. Дали целосно го изгубивме квалитетот? Фестивалот оцрнет и оваа година. Кандидатите се откажуваат изреволтирани. Наде Талевска не сакаше да коментира околу откажувањето од фестивалот, иако подоцна откривме дека се откажала од истите причини како и другите пејачи, иако таа како причина открива дека е надвор од земјата во тој период.
Дуле и Коки, иако беа најавени како ексклузивци, сепак нема да настапуваат. Се откажаа уште пред да бидат ставени на списокот. Скандалот со „Евросонг“ никако да запре. Се зборува дека веднаш ќе биде најдена замена, но дали соодветна, останува да видиме на 26-ти месецов во Универзалната сала.
Дуле на својот „Фејсбук“-профил изјави: „Решив да не настапувам на Скопски. Нема да помагам во малверзации, стандардни на мамини и татини деца, кои сакаат да се публицираат преку мене. Заради тие глупави игри никогаш нема да стигнеме подалеку на ’Евровизија’. Нека му е со среќа на новиот победник. Ќе се радува мајка му и татко му и уште тројца луѓе кога ќе биде 723.813.839 место... Ама тоа е, Македонче, копај, паси трева, па и плати на крајот“.
Ова предизвика бројни коментари од публиката и од музичките ѕвезди, меѓу кои беше и изјавата на Наде Талевска: „Браво колеги. И јас го откажав својот настап неодамна... не од истите причини, ама и тоа имаше дел во одлуката! Како и да е... со среќа нека му е на ’победникот’!“
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 10:20


Концерт и албум „Со љубов од Тоше“



Скопје, 24 јануари 2011 (МИА) – „Со љубов од Тоше“ е насловен концертот по повод 30-тиот роденден на Тоше Проески што утревечер во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го одбележат негови колеги и соработници.

Во пресрет на денот на раѓањето, најголемата македонска музичка ѕвезда денеска ќе биде одликувана со Орден за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов поради високите дострели на неговата професионална музичка дејност и придонесот за збогатување и промоција на македонските културни вредности, но и за неговите хуманитарни активности.

На третиот меморијален концерт што го организира фондацијата „Тоше Проески“ утре од 20 часот ќе настапат Наум Петрески, Миле Кузмановски, „Синтезис“, бендот на Тоше, Елена Ристевска, Марко Возељ, Мартин Вучиќ, Антонија Шола, Јоана,  Црвена јабука,  Жељко Самарџиќ и Маја Оџаклиевска...Покрај нив, на сцената ќе бидат и децата од хорот „Златно славејче“ и  членовите на музичкиот кабинет од Крушево кои премиерно ќе ја испеат композицијата „Пасворд“ на музика на Тоше, со стихови на Огнен Неделковски и аранжман на Валентино Скендеровски.

- Концептот е поразличен од двата претходни меморијални концерта за македонската ѕвезда. Овојпат идејата ја дадоа фановите. Тие сакаат целата вечер да го носи „печатот“  на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видеоснимки, кои ќе се прикажуваат на три лед-екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена, информира фондацијата.



„Со љубов од Тоше“ е насловено и цедето што ќе биде објавено утре. Овој, трет постхумен албум на Тоше содржи  15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите концерти, две песни се познати хитови,  досега неслушнати во негова интерпретација (од Елтон Џон и од Витни Хјустон), а  15-та песна е „Наслони главу на моје раме“, која деновиве е промовирана на радијата. Автори на песната се „Тути фрути“, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан. За неа има и видеоспот снимен во Загреб. Деновиве на радиостаниците се емитува и песната  „Can You Feel The Love Tonight“, која пред неколку години Тоше ја снимил во своето домашно студио.

Концертот ќе го снимаат повеќе телевизии од Балканот. Ќе се одржи со поддршка на ЕВН и „Аворд“ и под покровителство Министерството за култура. Влезниците се 250 денари и приходот ќе биде наменет хуманитарно.

Министерството за култура денеска ќе им додели 75 бесплатни билети на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, Јавната установа за деца со социјално-воспитни проблеми и од СОС Детското село.

За  30-тиот роденден на Тоше е завршена и изградбата на спомен-куќата во Крушево, но објектот ќе  биде официјално отворен откако во него ќе бидат сместени сите предмети на Тоше и експонати од семејството Проески.  Големата музејска збирка која ќе раскажува за животниот и уметничкиот пат на Тоше  ќе биде внесена во спомен-куќата во координација на Министерството за култура и фондацијата „Тоше Проески“.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2011 во 14:40

Еминем и Леди Гага со најмногу номинации за Греми наградите

 Раперот Еминем и поп дивата Леди Гага се меѓу ѕвездите кои ќе настапуваат на доделувањето на греми наградите кое ќе се случи наредниот месец во Лос Анџелес. Еминем кој повторно е на врвот откако ја надмина зависноста од дрога има најмногу номинации на најважната вечер за поп музиката, дури 10, меѓу кои и трите важни категории: за најдобар албум, песна и снимка. Леди Гага позната по екстремната облека е номинирана во шест категории меѓу кои за најдобар албум.
Доделувањето ќе биде на 13 февруари.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2011 во 17:45

Со љубов од Тоше/ New video!

Меѓународната ФондацијаТоше Проески има чест да Ви го најави концертот Со љубов од Тоше кој ќе се одржи на 25. јануари во Спортскиот центар Борис Трајковски, во Скопје.

Концертот, што по традиција, се одржува во чест на роденденот на македонската легенда Тоше Проески ќе почне во 20 часот. Ќе настапат пријатели и соработници и оние кои тој намногу ги сакаше, децата. Голем хор од Златно славејчезаедно со членовите на Музичкиот кабинет од Крушево премиерно ќе ја испеат композицијатаПасворд, на негова музика, аранжман на Валентино Скендеровски и стихови на Огнен Неделковски, во кои проверуваат и асоцијации заТоше.

Ќе запеат и засвират и Наум Петрески, Миле Кузмановски, Синтезис, Антонија Шола и други балкански музички имиња, како и бендот на Тоше. Концептот е поразличен од двата досега одржани меморијални концерти за македонската ѕвезда. Овој пат идејата ја дадоа фановите. Според нивна желба тие сакаат целата вечер да го носи печатот на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видео-снимки кои ќе се прикажуваат на три лед екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена.

***

Исто така, на роденденскиот датум, 25. јануари 2011 година, кога Тоше требаше да наврши 30 години, ќе биде објавено и CD кој го содржи истиот наслов како и концертот - Со љубов од Тоше. На оваа албумска објава се снимени 15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите музички средби со младите, две песни се познати хитови а досега неслушнати во негова интерпретација (едната е од Елтон Џон, а другата од Витни Хјустон) и 15-тата песна е Наслони главу на моје раме, која ќе биде промовирана по радијата непосредно пред концертот. За оваа песна има и видео-спот снимен во Загреб (автори на песната сеТути Фрути, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан).

Годинава концертот ќе има поведар тон, за разлика од минатите, за да со песна се чевствува ѕвезденото момче кое со музиката и срцето ги обедини народите на Балканот, со своите човечки дела им стана идол на сите генерации, и остави големо музичко и духовно наследство за вечни времиња.

< height=385 =application/x-shockwave-flash width=440 =http://www.youtube.com/v/1TlxgA0PF5s?fs=1&hl=en_US allowfullscreen="true" allowaccess="always">

Голем е интересот од балканските ТВ-станици за пренесување и снимање на оваа музичка манифестација со меѓународна димензија, од која собраните средства ќе бидат наменети хуманитарно.

Организатор на концертот Со љубов од Тоше е Меѓународната ФондацијаТодор Тоше Проески, помагател е ЕВН, техничката поддршка е на Аворд а овозможено од Министерство за култура.

Фановиве со голема радост ја дочекаа и раритетната снимка Can You Feel The Lоve Tonight, која легендарниот пејач пред неколку години ја реализирал во своето домашно студио, а деновиве се врти на радио-станиците.

На Тоше целиот Балкан се потсетува со насмевка на лицата и со радост. Со хуманоста и добрите дела што ги правеше, блескавата музичка кариера и вонсериските музички квалитети тој остави досега незапаметена трага и афирмација на македонската музичка култура. 

Тоше, мисионерот на љубовта, и повеќе од три години од неговото заминување во вечноста ги обединува младите и неговите следбеници, а тие  постојано организираат хумани акции за да се исполни аманетот- да си помагаме во секоја ситуација, да живееме со добрина и човекољубие. Една таква ќе има на денот на роденденот.

....  Извор  Македонска Музичка Мрежа .......
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 04:56
Естрадата ќе колабира ако умре ФБ!


Инспирирани, а до негде и шокирани од сведоштвото на основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг, во кое вели дека сериозно размислува да ја затвори социјалната мрежа, ВЕЧЕР (надевајќи се не за последен пат) прошета низ профилите на македонските естрадни ѕвезди. Фактот дека секој од нив активно комуницира на Фејсбук, а и го користи за сопствена промоција (преку поставување видеозаписи, песни, фотографии или, пак, објавување датумите за закажените настапи) го наметна прашањето - Како и дали згаснувањето на оваа социјална мрежа би влијаела врз нивната кариера?


Дарко Илиевски
Фејсбук е глобална мрежа која освен за комуникација, реално се користи и за промоција. Според мене дефинитивно е најголем промотер и доколку би се укинал, ќе биде катастрофа. Освен што ќе влијае на нашите кариери, ќе влијае и на цела светска комуникација. Јас не сум зависник од Фејсбук и мислам дека сето тоа нема многу да ме погоди. Од друга страна, пак, доколку оваа социјална мрежа згасне, сигурно ќе најдам замена во некоја друга.

 

Кристина Арнаудова
Ауу, искрено се надевам дека нема да дојде до укинување на Фејсбук. Денес интернетот и социјалните мрежи се основни канали за комуникација со фановите. Тие ја дистрибуираат и пласираат музиката. Доколку го снема Фејсбук, ќе се вратиме на Мајспејс. Жално е што телевизиите не функционираат како што треба и не промовираат доволно. Стравувам од тоа дека доколку го снема Фејсбук, ние јавните личности ќе останеме во сенка.

Драгана Чуприна
Не мислам дека Фејсбук влијае на мојата кариера. Иако на него ставам професионални слики, сепак тезгите ги добивам од сликите што се наоѓаат во мојот бук и од каталозите кои досега ги имам сработено. Реално, за мене Фејсбук не е важен. Знам дека за многумина е и дека секој втор активно го користи, меѓутоа јас не сакам да си го соголувам животот на Фејсбук.

 

Стефан - Некст Тајм
Доколку се случи такво нешто, искрено ќе бидам исплашен. Го велам ова, бидејќи државата нема музички канали кои би ја промовирале македонската музика. Имаме само две забавни емисии кои не се доволно активни, а и кои верувам дека не можат да бидат секогаш на секое место. Токму поради ваквиот факт ние ѕвездите на Фејсбук го објавуваме она што е ново и на тој начин добиваме критики, а и пофалби за сработеното. Згаснувањето на оваа социјална мрежа ќе биде голем минус за македонската музика!

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 23:47

Албумот на Металика и понатаму најпродаваниот албум во последните 20 години

 

Хеви-метал бендот Металика и понатаму го има најпродаваниот албум во последните 20 години во САД, пренесува музичкиот магазин Класик-рок.

 

 

 

 

 

 

 

Петтото студиско остварување на Металика - “The black album”, од 1991 година до денес е продадено во 15.620.000 примерока во САД. Тоа студиско остварување беше на прво место по продаваност и минатата година. 
На второ место е албумот на Шанаја Твен - "Come On Over", продаден во 15.487.000 примерока, а на трето место е Аланис Морисет со албумот "Jagged Little Pill", продаден во 14.642.000 примерока.
Податоците ја пратат продаваноста на албумите од 1991 година, кога е спроведен процесот за пратење на продаваноста на музичките изданија.

 

 

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 23:24
 
 
....За  првпат ...  Scream music festival.....
 
За првпат Scream music festival
Прљаво Казалиште 

Хрватските рокери "Прљаво казалиште", српските "Ван гог", и "Негатив", босанците "Дивље јагоде", и македонскиот бенд "Bei the fish" ќе бидат ѕвездите на "Scream music festival", шестчасовен спектакл кој ќе се одржи на 18 февруари во Метрополис Арената во Скопје. 

"Јованов рекордс" и "План Б" продукција за прв пат организираат фестивал на балкански бендови. Велат дека со изборот на изведувачи сакале да го задоволат вкусот на сите генерации. 

Картите се веќе пуштени во продажба во Југотон, Камарад Рамстор, Веро2. 

До 15 јануари чинат 400 денари, од 1 февруари се 500, до 18 февруари се 600 денари, а на вратата на Метрополис Арената пред самиот почеток чинат 800 денари. 

Распоредот за нестап на бендовите ќе биде објавен неколку дена пред настанот, соопштуваат од Јованов рекордс.
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 06:28

No Doubt со нов албум годинава?!

Музичките магазини уште пред две години на големо пишуваа за повторното собирање на No Doubt, сепак шестиот студиски албум на познатиот бенд од 90-те светлоста на денот ќе ја здогледа дури годинава!

Некогаш популарниот бенд својот последен албум го издаде пред дури 10 години, а во меѓувреме Гвен Стефани ја градеше својата соло кариера. Сепак, гитаристот на бендот Том Дејмонт на својот Twitter профил објави дека No Doubt ја финализира работата на својот нов албум!

- Празниците завршија, 2010-та е завршена. Напишани се 10 нови песни. No Doubt ветување за 2011: снимањето на нашиот нов албум … Почнува сега!”, стои во пораката на Дејмонт.

No Doubt инаку планира и голема светска турнеја по објавувањето на новиот албум, јавуваат таблоидите

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 15:50

Најпродаваното концертно DVD за 2010та...

 

Еве една категорија каде Lady GaGa не е на прво место. Beyonce во 2010та издаде концертно DVD од својата турнеја "I am... Sasha Fierce" под насловот "I am... World Tour DVD".

Ова DVD е најпродаваното концертно DVD за 2010та година. Според податоците, пеачката со 132.000 продадени копии остварила двоен платински тираж.

Delux верзијата од DVD-то содржи снимки од концертите од турнеата, бекстејџ снимки и колекција од 40 необјавени фотографии... па така можеме да кажеме дека истово DVD е интимен документарец за Beyonce.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 12:43
Се подготвува концерт во чест на Тоше Проески
 

tttttttt

Фановите на најблескавата македонската легенда Тоше Проески може да спијат мирно - традицијата ќе биде продолжена и в година на 25. јануари, по повод датумот на неговиот роденден ќе се одржи меморијален концерт во салата Борис Трајковски.

Како и досега, концертот ќе има хуманитарен предзнак, за да се продолжи уманото дело на Тоше.

Како што дознава МММ концертот ќе биде достоен, многу осмислен и со настап на ѕвезди од Македонија и од Балканот, па и пошироко, кои се достојни за да пеат во чест на таква легенда каква што е нашиот Тоше. Деталите официјално ќе ги знаеме наскоро!

Да се потсетиме, минатата година на меморијалниот концерт под мотото "Тоше, те сакаме сите" настапија многу познати пејачи од Балканот, дури и рок легендата Оливер Мандиќ по долги децении запеа во чест на Тоше, заедно со семејството Тавитјан, Беби Дол и Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ Пинк.

Пред две години на концертот за Тоше пееше и евровизиската победничка за 2004 година, Украинката Руслана.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 01:30
 

Најпопуларните бендови од 90-тите години ....

Дел од членовите на овие бендови своите почетоци во музиката ги имаат токму со овие бендови, па денес функционираат и сами. Нема потреба од споредба со музиката со која растат денешните деца.....

 
 
 
 
 
 
 
 
 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.