IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
Автор
Порака Обратен редослед
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2522
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 00:25
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Da najde bas kaj da ima sport! Sto ima Bitola be za da imaat dobar sport?! Skopje ako nema nigde nema da ima...


јас така мислам не се буни ти па одма аман
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 00:10
Da najde bas kaj da ima sport! Sto ima Bitola be za da imaat dobar sport?! Skopje ako nema nigde nema da ima...

Кон врв
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2522
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 11:57
додека во битола нема спорт нема да има ни во македонија
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 09:03
Македонија ја совлада Турција

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Турција со 35:26, со што остана во трка за јунскиот бараж за пласман на Светското Првенство 2011 година во Шведска.

Во Адана избраниците на Љубомир Савевски успеаја да дојдат до триумф од 9 гола разлика. "Црвено жолтите" ја имаа контролата врз резултатот во најголемиот дел од мечот, а на одмор заминаа со предност од 15:13. Во вториот дел, концентрацијата на противникот значително падна, нашите најдобри ракометари знаeа да го искористат падот во формата на Турција и да забележат победа со високи 9 гола разлика.

Сепак, поради вчерашното реми со Литванците, Македонија нема загарантирано првото место во квалификациската група и пласманот во јунскиот бараж. Останува да го чекаме конечниот исход од утрешниот последен меч на турнирот меѓу селекциите на Литванија и на Турција. Литванците се во позиција сами да си ја кројат судбината. Доколку Литванија утре ја совлада Турција со десет или повеќе гола разлика, тие ќе се пласираат на дополнителните мундијалски квалификации, а Македонија ќе извиси.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
vasko102 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vasko102 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 15:04
Nema da ima prenos ama ne e kriva makedonskata televizija, turcite baraja 25 000 evra ako sakame da vrsime prenos, a bese dogovoreno za bez pari na pocetokot. Kako za ilustracija samo da znajte deka osmina, cetvrt, polu i finaleto vo Liga Sampioni vo rakomet kosta 25 000 evra. Se plasea nasite deka mozi i mestena da e so sudii.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 12:14
Победа за чекор до бараж

Денеска, со почеток во 15 часот (16 по локално) репрезентацијата на Македонија ќе го има првиот чекор на патот кон бараж за Светското првенство во Шведска во 2011 година. Во Адана, Турција, противник на македонските репрезентативци ќе биде селекцијата на Литванија, која ќе биде показател за можностите во овие квалификации.

И покрај тоа што Савевски не можеше да смета на сите ракометари на кои планираше во овие квалификации оптимизмот не е намален. Пред заминувањето беше кажано дека во овие дуели ќе се влезе со ладни глави и дека и двата противника се респектираат максимално така што се ќе биде во најдобар ред.

"Сите ракометари се чувствуваат одлично и се подготвени за она што претстои денеска и утре во Адана. Атмосферата е одлична и се е насочено кон тоа како да се добијат двата меча и да се обезбеди пласман во баражот", информираше генералниот секретар Марјан Начевски, кој на овие квалификации е задолжен за техничкиот дел.

Македонија се наоѓа во најнезгодна положба од сите селекции бидејќи нема да може да ги види на дело противниците и да игра против нив. Денеска се излегува на терен против Литванија без да се види на дело ривалот. Тоа и не е некој голем проблем бидејќи на почетокот на средбата ќе се види силата на Литванците, а доколку ја прикажат играта од дуелите со Белорусија не би требало да биде проблем бидејќи овие дуели веќе се анализирани и за тоа ќе има против игра.

Ќе биде тешко сигурно и утре кога се игра против Турција, селекција која ќе може да ги следи противниците денеска, па потоа да игра против нив.

Сепак, и покрај се денеска се очекува Македонија да прикаже игра како што следевме и минатиот јануари на Мундијалот во Хрватска. И тогаш се играше на туѓ терен, а беше прикажана игра во која се влегува со многу голем мотив. Се играше со срце, со голема желба и тоа носеше резултати. Нема причина зошто да не биде и сега вака и да не се прикаже најдоброто на теренот.

Селекцијата на Литванија нема завршено на некое првенство уште од 1998 година. Многу често не успева да ги мине квалификациите, а последните за Европското првенство во Австрија не ги минаа откако загубија во групата во која беа Шпанија и Украина. Имаа просечни изданија против Холандија, па за очекување е да нема големи промени и сега.

Реално гледано, Македонија е посилна од Литванија кога ќе се земат предвид играчите на позиции. Пред се Македонија е во предност на бековските позиции, но и на крилните. Сето ова би требало да биде доволна предност за да се дојде до позитивен резултат на денешниот дуел доколку се одигра според договореното. Се спроведе ли сето она што ќе се договори пред средбата, тогаш не би требало да има причина за стравување и за очекување е денеска да се стартува со позитивен резултат во овие квалификации и се да оди кон кревање на атмосферата на уште повисоко ниво пред утрешниот втор дуел кога може да биде одлучено прашањето за победникот во групата 7, а со тоа и патникот во баражот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 13:05
Нема друга опција освен прво место

Македонскиот сениорски тим последните два тренинга пред стартот на квалификациите ќе ги одработи во салата каде што ќе се играат натпревари, во Адана.

Машкиот тим вчера отпатува за Адана, а на 15 месецов ќе го има првиот квалификациски тест од новиот циклус. Литванија е противник на македонскиот состав, ден подоцна силите ќе ги одмериме со организаторот на групата, репрезентацијата на Турција.

Новоизбраниот селектор Љубомир Савевски нема да го има на располагање идеалниот тим, но ги има клучните играчи и состав со кој има само една опција - првото место и пласман во финалните квалификации.

Од играчите кои ги посакуваше, Савевски нема да ги има Димовски, Ѓоргоноски, Стојановиќ, Ангелов, Ангеловски, Пецаковски...

Ако малку подлабоко се анализира, ќе видиме дека овој состав е многу сличен на тимот кој играше на Светското првенство во Хрватска. Брестовац или Митревски место Ангелов, Златко Мојсоски и Милан Левов место Александар Јовиќ и Гоце Георгиевски и Стојан Стоилов и Левко Наумоски место Горан Ѓоргоноски и Ванчо Димовски.

Позициите кои ја креираат играта, бековската линија, останува сосема исти. Стоилов, Маркоски, Филип и Кирил Лазаров, Миркуловски и Мојсоски. Сето тоа минус Макалоски.

"Тие повреди ќе се одразат малку на нашиот тим. Гледавме доста снимки од натпревари на Литванија и на Турција и мислам дека добро ќе бидеме подготвени за тие два натпревари. Ние имаме подобар рејтинг од двата противника, но доколку си дозволиме луксуз да ги потцениме, тогаш ќе имаат и тие свои шанси. Ако одиграме максимални сто насто, така како што знаеме во одбраната и стрпливо во нападот, би требало да се пласираме. Но, сепак, со доза на резерва и со доза на внимателност ќе патуваме за Адана. Ќе се обидеме на двата тренинга кои ќе ги имаме таму да ги довршиме работите кои ги работиме овде. Што треба да се игра во напад, што во одбрана и мислам дека 100 насто подготвени ќе го дочекаме стартот на квалификациите. Се надевам дека в недела од Адана ќе се вратиме како победници", изјави најискусниот репрезентативец Стевче Алушевски.

Со ваков состав Македонија сосема успешно парираше на европските велесили, да не споменуваме дека ги победивме Русија, Полска и Јужна Кореја.

Литванија и Турција не би требало да бидат пречка пред која би потклекнал овој тим, посебно затоа што и самите играчи знаат колку штетно би се одразило на нив самите да ги нема во ниту една комбинација до наредните квалификации, плус пад на рејтингот (што носи потешки противници во следниот циклус) итн. Токму на ова и се темели комплетната внимателност во изјавите на македонските играчи. Влогот е голем, улогата на фаворит носи притисок кој не би требало, односно смеело да е проблем. Едноставно, треба таму, во Адана, да се одигра на ниво и да се потврди тоа што сите го знаеме - дека Македонија има посилен ракометен тим од Литванија и Турција.

Литванците имаат тим кој на овие квалификации нема што да загуби. Релативно непознат тим на легионери кои главно печалат во послабите и просечните шпански клубови.

Нивните голмани се нивното најсилно оружје и најубаво би било Македонија на овој меч посебно внимание да обрне на својата одбрана за да овозможи ситуација да се постигнуваат лесни голови и да се неутрализираат нивните чувари на мрежата.

Турција е веќе познат тим, играат помалку диво, недостигот од техничка-тактичка природа се обидуваат да го надополнат со инспирација. Многу лесно паѓаат доколку противникот им направи разлика, но никако не смее да се дозволи да се растрчаат да го подигнат нивото на играње на тензичност, на еуфоричност. Доколку се игра бавно, доколку се држи топката колку што е можно повеќе во посед, тогаш нема ни да можат да ја направат хаотична играта, што, секако, им одговара како домаќини, бонус во таква (бавна) игра се гледа секој фаул, се гледа евентуална груба игра и тие не би можеле да профитираат од домашниот терен на начин на кој секако би посакувале.

Македонија има одбрана која може да го одигра тоа што треба со Литванија и со Турција, а нападот во кој се Кирил Лазаров и Наум Мојсоски, не би требало да има проблем со дефанзивните формации на овие два тима. Единствено што би можело да ги спречи нашите играчи во своите намери се тие самите. Не бидат ли на вистинско ниво, не ја задржат ли концентрацијата и дисциплината во играта, ќе им дадат можност на противниците да ја видат и бркаат својата шанса, а тогаш е многу потешко да се игра и секој резултат би бил можен.

Судиите се од Германија и штом не се викаат Мете и Мете, тогаш нема премногу причини да се сомнева дека нема да биде се како што треба. Тоа што Турците побараа нереална сума за ТВ пренос, може да се протолкува дека не сакаат сигналот да дојде до македонските гледачи, што барем кај нас се практикува кога нешто не треба да се види. Не мора да значи, но внимателност во овој поглед никогаш не е вишок.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 17:35
Изгуби како и секогаш .




Добро бе до кога со судии ќе ги земате утакмиците во Битола се спасивте ама затоа од Металург ја добивте
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 20:18
Sho napravi Vardar so Kiel?
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2009 во 13:41
Металург го пречекува Вардар Про во дербито од 4-то коло

А пред дамите да го окупираат паркетот во Кале, вниманието на домашните ракометни љубители ќе биде свртено кон салата во Автокоманда.

По кратко одложување поради евронастапите на Вардар Про, првото дерби соочување сезонава ќе се игра на теренот на Металург, утре од 18.30. и годинава најголемите конк*ренти се среќаваат рано во сезоната, по 3 одиграни кола го делат врвот на поредокот со по 9 бода.

Сепак, благодарение на ривалството што се разгоре последниве неколку години, борба сигурно нема да недостасува.

Црвено-црните до 7-от шампионски наслов лани, стигнаа благодарение на 2 победи во 4-те пресметки, другите 2 завршија без победник.

Уште подраматично беше годината пред тоа, кога со само 1 триумф, а 3 нерешени дерби-средби, металурзите се радуваа на 2-та титула првак на Македонија.

Интересно, куп-трофејот по навика завршуваше кај тимот што ја губеше првенствената битка.

Најочекуваниот дуел во домашниот ракометен шампионат првпат ќе го почувствува и Лино Червар, најголемото засилување на предизвикувачот.

Во моментите кога вардарци потфрлаат во натпреварите со континенталниот крем, од него се очекува успешен старт на кампањата за враќање на пехарот во Автокоманда.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 11:50

На грчката глупост и нема крај,кои само идиоти се.лутиналутиналутиналутина

 
СКАНДАЛ - ГРУПАТА "А" ОСТАНА СО ТРИ ЕКИПИ ОТКАКО ЕДЕН ОД ТИМОВИТЕ ОДЛУЧИ ДА НЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПАРКЕТОТ ВО САЛАТА "МАКЕДОНИЈА"
Мегас Александрос се откажа

Не можејќи да се помират со фактот дека нема да им биде прифатено барањето Жито Прилеп да го повлече амблемот на клубот, раководството на Мегас Александрос одлучи екипата да не излезе на теренот. Ја вмешаа политиката во спортот и се откажаа од турнирот на кој синоќа требаше да играат против Астра од Ирска.

По два дена минати во Прилеп, екипата на Мегас Александрос одлучи да се откаже од играње на турнирот. Како причина го наведуваат амблемот на клубот Жито Прилеп. Иако беа предупредени од ЕХФ дека ќе ги очекуваат санкции, а тоа е добро познато дека во вакви ситуации тие се ригорозни, во ниту еден момент Гркинките не се поколебаа и одлучија да останат на ставот да го напуштат турнирот.

Неспортскиот потег со мешањето на политиката беше причина тие да се откажат од играњето и синоќа да ги остават љубителите на ракометот во Прилеп со еден натпревар помалку во салата "Македонија". Така ќе биде и денеска и утре бидејќи ќе се игра само по еден натпревар во денот.

После овој потег на Мегас Александрос сигурно ќе следува суспензија за тимот од натпреварите во Челенџ купот, но и парична казна. Ова секако не оди во прилог на спортот и е срамен чин кој го направија гостите од Грција со што само покажаа дека во моментов им е повеќе до политиката отколку до спортското надигрување.

Екипата на Мегас Александрос денеска би требало да го напушти Прилеп. Синоќа беше потпишано дека се откажуваат од играње, но останаа уште една ноќ во градот, па денеска најверојатно ќе си заминат. Нивните натпревари, пак, ќе бидат регистирани со службен резултат.


ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МЕГАС АЛЕКСАНДРОС ПРОВОЦИРАА ОТКАКО ДОЈДОА ВО ПРИЛЕП, ПА СЕ ДО НИВНОТО ЗАМИНУВАЊЕ

Грците бараа да се повлече амблемот

Пред вчерашниот старт на женскиот турнир од Челенџ купот, чиј домаќин е екипата на Жито Прилеп се случи скандал. Кој друг би можел да го предизвика ова, ако не Грците, кои одново во спортот ја вмешаа политиката.

Претставникот на Мегас Александрос, на техничкиот состанок побара да се повлече амблемот на домаќинот, Жито Прилеп, оти содржи сонце со 16. краци. За да се дојде до вакво нешто немаше шанси бидејќи претставниците на Жито Прилеп не попуштија во ниту еден момент. Затоа делегатот Штефан Југ од Словенија мораше да направи консултации со одговорните во ЕХФ. Оттаму беа категорични дека амблемот е клупски и не е државен, па провокациите од грчкиот претставник не дадоа резултат. Жито Прилеп, само доби потврда дека има право и понатаму да го употребува своето лого и да го користи во натамошните натпревари.

"Никој нема да ни кажува како треба да изгледа нашиот амблем, кој е преземен од спонзорот. Сонцето не е сопственост на Грците. Познато е дека тие само смислуваат провокации, но не доаѓа предвид да попуштиме", категоричен е Оливер Деркоски, претседател на прилепскиот клуб.

Прилепчаните во ниеден момент не беа подготвени за никакво попуштање. Сметаат дека во прашање е достоинството и не дозволуваат некој да си поигрува кога сме на домашен терен. Грците само покажаа дека не знаат да се однесуваат спортски ниту на еден ваков настан и покажаа дека ја мешаат политиката онаму каде е најмалку потребно, во спортот.

"Не ни треба никаков Челенџ куп, ако сме понижени. Ако случајно ни наложеа да го повлечеме амблемот, ќе го откажевме турнирот без секунда размислување. Додека траеше расправијата, украинската Дњепрјанка и ирската Астра немо ги следеа расправиите. Без коментар се и судијките од Полска и Турција, како и супервизорот од Австрија. Само креваат раменици бидејќи воопшто и не знаат во што е проблемот. Сите се чудат на овие бесмислици кои се појавија во момент кога е најмалку потребно. Дојдоа за да играат ракомет, а ја вмешаа политиката. Затоа додека тие се занимаваат со политика, нам ни останува да се свртиме кон играта и таму да извојуваме голема победа", истакнува Деркоски.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 01:41

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 11:35
KOMITI&VARDAR-LUDILOOOO!!!!!

http://www.youtube.com/watch?v=ZcfvMbHEIBE

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 01:00
Вардар Про се пласира во Лигата на Шампионите

Успешен викенд зад себе оставија ракометарите на Вардар Про.

На турнирот во кале каде што ги пречекаа прваците на Белорусија, Турција и Црна Гора, вардарци по шести пат изборија место во европската Лига на Шампиони.

Таму веќе ги чекаа екипите на Кил, Барселона, Адемар Леон, Амичитија и Колдинг кои ја дополнуваат д-групата. Сепак, не одеше се така лесно. Посебно непријатен противник требаше да биде Динамо Минск, кој црвено-црните сепак успеаја да го демолираат со 34-24.

Белорусите почнаа подобро, го контролираа речиси целото прво полувреме, нашиот тим дојде до позитива дури во 27-та минута од натпреварот.

Сепак, на одмор се замина со резултат 14-14. Затоа пак, во продолжението вардарци на крилјата на несовладливиот Петар Ангелов целосно го свртеа мечот во своја корист.

Гостите се загубија, негативата се зголеми до две цифри. Ангелов заврши со 18 одбрани зад своето име, најефикасни наши ракометари беа Левов со 6 и Пешиќ и Мараковиќ со пет погодока.

Претходно, Вардар стигна до триумф и во дуелите со Бешикташ и Будуќност, со 33-30 славеше над турскиот состав, 35-28 беше резултатот со кој ги надигравме црногорците.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.