IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Објавен планот ако грците ни стават вето!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Објавен планот ако грците ни стават вето!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака Обратен редослед
Dzemko Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 28.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 50
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dzemko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 12:36
Inaet e los zanaet...patrioti.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 12:26
E ова веќе ми се допаѓа па сега нека удрат вето, а ние ќе си го повратиме старото знаме...

Изменето од Vladimir88 - 11.Февруари.2008 во 12:27
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 12:20
Сител ги објави плановите на државниот врв ако Грција стави ВЕТО за НАТО


Не постојат пречки за влез на Македонија во НАТО. Критериумите се исполнети, велат политичките аналитичари. Единствената пречка за влезот во НАТО е опасноста од ВЕТО од соседна Грција, поради спорот со името. Неофицијално дознаваме дека државниот врв во случај на ВЕТО од Грција ќе преземе мерки.

1. Официјално ќе се прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои. Наедно ќе прекинат сите понатамошни преговори за името.

2. Ќе се упати официјално барање до ООН за признавање под уставното име. Ќе започне правна процедура за него. Земјата ќе се обрати до Советот за безбедност или до генералното собрание, или пак до двете ако се оцени дека така е најдобро.

3. Во земјата ќе се организира референдум за задржување на уставното име на кој сите граѓани би излегле да гласаат, со цел на кој било сегашен и иден политичар на висока функција да му биде оневозможено да помисли за варијанта промена на уставното име како опција.

4. Ќе започне процедура за враќање на старото знаме, имајќи предвид дека промената на знамето не придонело за намалувње на проблемот со името. Имајќи го предвид и фактот дека и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, се очекува идејата да биде прифатена.

5. Од истите причини ќе започне процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати со цел да се одговори на Грција со добра волја.

6. На соодветен начин ќе се започне со правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција, како и имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.

7. Севкупната пошта која ќе биде испратена со референцата БЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна Југословенска Република Македонија ќе биде враќана на испраќачот со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

8. Стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали, плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носат имињата на големите македонски личности од античкиот период. Исто така ќе се изградат голем број нивни споменици во поголем број градови. Ќе се преименуваат и повеќе села и градови.

9. Автопатот од коридорот 10, трасата Табановце-Богородица, ќе се именува како автопат Александар Македонски.

10. Новиот аеродром во Штип, ќе се именува ФИЛИП ВТОРИ.

11. Ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар. Ќе се продолжи и ќе се зацврстува сојузништвото со САД и Турција и ќе се разгледа можност за нов вид воен сојуз со овие две земји.

12. На дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.

Овие предложени мерки од државниот врв се неофицијални и се во фаза на разгледување доколку соседна Грција стави вето на влезот на Македонија во НАТО.




Изјава на Владата
По објавувањето на овој работен план за мерки кои државниот врв би ги преземал во случај Грција да издејствува одложување, или непосредно блокирање на поканата од НАТО до Република Македонија, портпаролот на Владата Ивица Боцевски, одговори на прашањето за владините ставови во врска со објавениот текст на Сител телевизија и во ВЕЧЕР.

- Позицијата на Грција за вето станува извесна, поради што државниот врв е во постојана комуникација. Но, не би сакал да коментирам состојби и прашања кои се хипотетички. Односно, состојби што би било кога би било. Да видиме првин што ќе биде.


http://vecer.com.mk/?ItemID=68721F49F743774CBB6770B09EF6791F

Изменето од LouWeed - 11.Февруари.2008 во 12:21
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.