|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 6768697071 137> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..nema nishto...
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
apce
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pocnuvam da veruvam deka postoi magija
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...само ќе минувам со прстите низ твоето голо тело, ништо повеќе не сакам иако знам дека набрзо ќе посакам, но таа мисла е сега и убаво ми се гледа. Сонцето низ полуспуштена ролетна со зракот ме учи каде треба да одам за да кликнам еднаш или два пати за да ми се отвори прозорче и како шах кој потег да го влечам,а звуците што излегуваат низ бисерчињата што зиркаат меѓу твоите усни како пропратна мелодија на некој филм ми укажуваат кога постои заплет и тенденција за праведна борба меѓу мене и твојата поспаност која полека ја губи битката. Веќе не ме губиш од видик и почнуваш да ми враќаш,а тоа не е фер и твоите прсти против моите секој на своја страна и со повремени проверки кога патиштата им се вкрстуваат. Ние мораме да победиме и не смееме први да затрубиме иако заставата се повеќе се крева, навлегувам и во строго бранети подрачја оставајќи знаменца каде веќе е освоено, но со чести проверки дали боцките од наеженост сеуште стојат кои се знак за мојата доминација. Твоите десет војници се се повеќе безобзирни кои не почитуваат никакви правила и употребуваат неконвенционални техники што значи не ми даваш избор и морам да ги употребам оние најстрого чувани во меморија и никаде неискажани. Моето лице се озари од насмевка кога засвири со химната, знамето се искачи до крај...
Изменето од zbunet - 20.Октомври.2008 во 12:08 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...денес сум голем маг и она што е горе го претварам да биде доле, етеричното се материјализира, а вишите светови не се повеќе далечни иако се високо. Погледни душиче како сега избиваат светулки од моите прсти и петици додека чекорам, денес сум моќен и не се плаши додека те сместувам меѓу облаците, веќе нема ни горе ни доле, не ме барај залудно зошто сум насекаде до каде ти допира погледот, невидлив и растегнат низ маглината каде на момент можеш да ја видиш сенката од мојата силуета, потоа помислиш дека само ти се причинило. Ти минувам низ грбот додека лебдиш во нејаснотија, наежена си гризејки ги усните за да не излезе продорен крик од задоволство за кој мислиш дека сеуште е рано. Капки во облик на бакнежи те влажнат и прочистуваат и нема дел од твоето тело недопрено кои предизвикуваат дразби од сите страни истовремено и ти почнуваш да излегуваш од својата кожа не верувајќи дека може толку многу да се отвориш, а нити дека постои мотив за такво нешто на овој свет. Многу молњи собрани те подигаат високо зошто се претвараш во грмотевица што затресува наоколу омекнувајќи се што е тврдо со мудроста на минатите почетоци на постоењата ...ова не престанува, само ќе се повторува како нови почетоци што се стремат кон кулминирачки завршетоци ...
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...gooooolema... definitivno sum rasoneta... |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...го стискаше каменот се додека не протече вода од него за да се напие. Камената вода еони претходно собираше мудрост за да ги ги спреми своите воини за битка за враќање на работите какви си беа пред да се појави било кој од било каде.
Планината ги облекуваше своите камења во зелено како невестинска облека чекајќи го младоженецот за кој не знаеше дека е затрупан под бројните одрони сметајќи го за силен и безобзирен иако бестелесен и кој може лесно да исчезне доколку се изгуби верба во него. Под урнатините ги виде тие што дојдоа и се поклонуваа пред се она го губи својот облик зошто неговата заводлива моќ беше неспоредлива бидејќи наговестуваше нешто ново кое треба да биде уништено подржувајќи го кругот на нестабилноста. Планината го обвинуваше младоженецот затоа што створил срце во јадрото на каменот и се одвоил од своите имајќи милост за оние што не беа планирани да бидат дел од светот. Одроните стануваа се почести и се повеќе го затрупуваа, а тој само мило ќе ги погледнеше камењата што наидуваа како што од секогаш правеше, не сакајќи да ги растргне и измени обликот иако знаеше дека тоа може да преставува за него незнаен споменик без епитаф во прилог на последната реченица што би можела нешто да значи. Само ги гушна камењата шепкајќи им колку ја сака неговата љубена и дека тоа ќе трае се додека постои и последниот камен... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..zarem na ova komentar... ...za ova samo ...... i pak |
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
apce
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...а потоа светот се загуби заминувајќи низ магловитоста на нашите сеќавања, останаа само нашите допири и воздишки измешани со облаците споени со својата мекост и исполнета содржина на секој момент, молњите и грмотевиците ги произведувавме со таква леснотија што иако наоколу татнеше за нас беше скокотлив спокој заради сигурноста на нашите стремежи, а секоја мисла беше сочинета од насмеана радост што се исчекува во секој нареден момент. Твојата отвореност ја провоцираше мојата сигурност во секој мој нареден потег, исполнет со себе и со тебе ја читав секоја твоја желба иако сеуште не допрена до свеста изненадувајќи ја како од заседа. Нашите умови, ослободени од сите стеги букнаа со енергија која замина во далечните простори на вселената испраќајќи ја пораката дека целта е максимално остварена и дека нема повеќе граници за нашите разбирања станувајќи емисари во овој дел од галаксијата.
Сега преплетени како еден со мисли и дела ги чекаме оние што не научија да сакаме и да бидеме сакани зошто постојат сиромашни делови со чувства низ вселената каде им е потребен пример за возможноста и силата на љубовта со која може да се чуе и говорот на звездите, а тие се слични како песните на китовите во океаните, ги слушаш ? ... Изменето од zbunet - 15.Октомври.2008 во 10:24 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...како те створив ? Инструмент непознат на оваа планета оставен на патеката низ која секојдневно минувам и непознато ми е дали е изгубен или намерно оставен од некого кој ги видел испарувањата на самотијата и безвредието чиј бев извор. Во домот составен од сенки и друштво од пајаци љубопитни го притиснав првото копче и излезе маглина со звук многуслоен и хармоничен што потресува до самата срж. Копнежот мој почна да се здобива со облик чиј заводлив мирис го почувствував и многу време потоа се борев неразбирливата тајна се додека не се препуштив до сржта на моето битиствување кога го допрев совршенството на мал дел од секундарната вечност. Маглината го створи твојот облик, твојот стас, твојот глас, а многу нови светлини како виножита те опкружија додека моите очи поврзани со длабоките извори некаде во мене те моделираа како универзален архетип стабилен и без никакви колебања. Беше створена додека нејасно трепкаше со очите и низ кожата ти се преливаа сите можни бои и со сета нивна флуоресцентност, а мојот восхит ме турна на колена треперејќи со секој мускул и нерв.
Те чував како алчен гусар со сите мои сили се додека не помислив дека можеби има пластика во твоите зборови зошто за ништо друго и не знаеше сем мене. Го отворив кафезот и ти дадов нов живот, бришејќи го претходниот како никогаш да не постоев, а потоа се изгубив... А потоа ти се врати и ме пронајде иако измина многу време... |
|
alan ford
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Techno thief Регистриран: 02.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 10782 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zbunet....fascinantno as usuall
zbunet sto si vo horoskop |
|
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
|
Внеси реплика | страница <1 6768697071 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |