IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6667686970 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2012 во 18:08

Хороскоп: Какви ќе бидете кога ќе остарете?

Овен

Младост – Младите од овој знак не им даваат мир на родителите. Овие деца се полни со живот и секогаш се во акција. Ги интересира се, а најмногу самиот живот. Нема долго да чекаат за да се впуштат во она што ги привлекува, па зато е најдобро кон нив да бидете целосно искрени. Можат одеднаш да влезат во брак или пак да го одолговлекуваат и на крајот да го избегнат. По природа се индивидуалци и секогаш на својот сопруг или сопруга и подготвуваат изненадувања. Со нив животот е динамичен и никогаш неможе да ви биде здодевно.

Старост – Можат да продолжат со брзиот ритам, ако здравјето им го дозволува тоа. Тешко дека ќе можат да водат мирен живот и ако им недостасуваат активноста и возбудувањето, можат да станат вистински давежи. Кога би можеле, овните до крајот на животот би се занимавале со спорт.

Бик

Младост – Децата бикови се разгалени. Слабост им се слатките. Знаат да се додворуваат и да освојат со својот шарм. Ако живеат во благосостојба, тогаш се најреќни. Доколку живеат сиромашно, нивното детство ќе биде запаметено како многу тежок перод од животот. Во брак секогаш влегуваат од љубов, ретки се оние кои тоа го прават поради материјален интерес. Парите им се важни исто колку и саканата личност. Тие едноставно сакаат да уживаат во животот.

Старост – Ако се збогатиле во текот на животот, староста ќе ја поминат уживајќи во стекнатото богатство. Не сакаат да делат по секоја цена. Доколку остарат во сиромаштија, можат да станат луѓе полни со горчина и незадоволство.

Близнаци

Младост – Движењето и контактот се она што децата близнаци ги прави среќни. Од моментот кога ќе прозборат тие не ја затвораат својата уста. Ако се одлучат да се врзат со некоја личност, тогаш таа ќе мора да биде свесна дека на нив најмногу од се им е важен друштвениот живот. Патувањето и дружењето се двете работи кои овие луѓе ги прават најсреќни.

Старост – Во деновите од староста важно им е да ги задржат своите контакти или да ги обноват оние старите, за да имаат со кој да разговараат. Доколку се осамени, тогаш се многу несреќни. Ако нивниот партнер е друштвен тогаш кога ќе остарат може да им биде многу забавно, бидејќи ќе можат да стекнуваат нови искуства, да патуваат, да се дружат...

Рак

Младост – Ова интровертно и чувствително дете, не ретко ги загрижува своите родители. Со него треба да бидете внимателни и нежни, но не да го држите под стаклено ѕвоно. Во светот на возрасните треба да го воведувате постепено. Потребата за повлекување во својот свет на соништа и мечти е добра, но ако тоа го прави премногу често, охрабрете го за некои поотворени активности. Во бракот влегуваат од инстинктивната потреба да основаат семејство.

Старост – Ако изградат стабилен дом и семејство, староста ќе им биде пријатна со голем број семејни собирања. Ако останат сами, ќе станат тажни и меланхолични. Овие луѓе паметат се, па поради тоа многу често живеат во минатото.

Лав

Младост – Јас мора да бидам главен, а ако не сум, ќе им бидам на сите здодевен за да привлечам внимание – по ова се познаваат малите лавови. Ако не им го подарите своето внимание, тешко на вас. Некогаш треба и малку да ги приземјите и да ги подготвите дека нема да биде секогаш онака како што тие сакаат. Најголема навреда за нив претставува игнорирањето. Стапувањето во брак мора да биде помпезно и секогаш гледаат од бракот да извлечат некаква корист, па макар се работело и само за статус во општеството. Го сакаат раскошот, а уште повеќе славата.

Старост - Најважно од се им е за нив да се слушнало и да се знае кои се и што се. Ако постигнале нешто во состојба се со часови да зборуваат за тоа. Но ако резултатите изостанале , се претвараат во луѓе кои се склони и да лажат само за да се покажат во светло во кое би сакале да се видат самите себе. Кога ќе останат сами и ќе започнат да го анализираат својот живот, нивната гордост никогаш нема да им дозволи да признаат дека не успела.

Девица

Младост – Овие се отмени деца. Внимаваат на своето однесување и се обидуваат да бидат пристојни и добри. Најчесто се пример за другите, а родителите со нив немаат грижи. Пред да стапат во брак ќе го „скенираат“ партнерот и нивниот иден живот.

Старост – Со текот на времето стануваат вистински аптекари. Ако имаат складен брак ќе водат уреден и организиран живот. Ситниците кои за другите не значат ништо, за нив можат да станат смисла за животот. Ако девицата во текот на животот пропуштила нешто многу значајно, во староста постојано ќе збоува и ќе приговара за тоа.

Вага

Младост – Децата ваги се во состојба да шармираат се околу себе. На нивното лице секогаш има насмевка. Без никаков проблем склопуваат пријателства, а во однесувањето се секогаш одмерени. Проблемите настануваат кога ќе дојде време да се одлучи нешто. Доколку како родители сакате да им угодите, во тој случај ќе ве полудат со нивната неодлучност.Бракот е нешто најсвето во нивниот живот, бидејќи тие на него гледаат како на нешто што мора да се преживеат во двојка.

Старост – Ако успеале во личните односи, најверојатно деновите од староста ќе ги поминат во пар. Ако останале смаи ќе се чувствуваат многу осамено и ќе се обидат да ја најдат својата втора половина.

Скорпија

Младост – Додека се мали сакаат да ги срушат сите стари правила и да создадат сосема нови. Некогаш се премногу сериозни , а како деца не се емотивно зрели и можат многу лесно да западнат во замката на одмаздољубивост. Тука треба паметно да ги пренасочите, па ако е потребно и да ги запрете. Кога стапуваат во брак, се најсериозни. Доследни се и не трпат површност.

Старост – Ако во текот на животот успеале да ги совладаат сите промени, ако постигнале нешто што за нив е важно, староста ќе ја поминат во длабоки размислувања за она што го оставиле зад себе. И во овој период од животот тие ќе бидат активни во спортот и ќе се занимаваат со проучување на смртта.

Стрелец

Младост – Ова се највеселите деца во зодијакот. Нема да можат лесно да се заситат од патувањата кои ќе ги доживеат уште во раното детство. Единствениот проблем со кој можеби ќе се соочат е вишокот на килограми, па затоа треба да им кажете стоп на слатките.

Старост – Кога ќе остарат некои од нив се претвораат во вистински филозофи, кои секогаш знаат да дадат по некој мудар совет. Ако пропуштиле нешто значајно во животот, нема да жалат за тоа туку ќе се обидат тоа да го преболат со филозофијата и хуморот.

Јарец

Младост – Овој знак е обратно пропорционален од целата земјена топка. Во децтвото и во младоста тие се однесуваат како мали старци, премногу се сриозни, помалку крути и ладни. Но позади сето ова всушност се крие чувствителност, ранливост, амбициозност и потреба да се постигне нешто.Во бракот стапуваат промислено, за нив љубвта е пресудна за среќен брак.

Старост – Сета онаа серизоност и зрелост која ја имаат во младоста, во староста и го препушта местото на опуштеноста и веселоста. Тие се како виното. Во младоста, стари, а во староста, млади.

Водолеец

Младост – Овие деца најчесто се посебни или имаат некој необичен талент. Сакаат да изненадуваат со најразлични лудории кои нивните родители неможат ни да ги замислат. Најважно од се е да не им дадете премногу слобода. Понекогаш во брак стапуваат наеднаш и на сосема неконвенционален начин.

Старост – Сакаат да го истражат сето она што не стигнале додека биле млади. Секогаш смислуваат нешто ново и забавни се. Тоа се оние случаи кога жена од 80 години полага за возачка дозвола или почнува да оди на часови по јога.

Риби

Младост – Рибите се нежни деца кои често пати ја мешаат реалноста со сонот. Уметничката црта е нешто што треба да се негува кај овие деца но со мера. Треба да ги научите реално да гледаат на животот . Очекуваат брак од љубов и често пати ја анализираат саканата личност.

Старост - Кога ќе остарат единствено што им останува е да се излежуваат. Можат да бидат збркани, а во зависно од карактерот и често пати знаат да одглумат. Има некои кои постојано се жалат и зборуваат за смртта, но ако имате некој таков покрај вас, обидете се да го смирите употребувајќи ги неговите фантазии.
 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 09:09
Лав

Целите повеќе од вообичаено и тоа со добра причина. Неодамна нешто се случило што ќе има влијание на целото лето кое е пред вас.

Прагматичната страна на вашата личност ќе биде активна ова лето. Знаете што сакате и најверојатно знаете како тоа да го добиете.

Ова лето ќе има особено позитивни ефекти во вашата кариера. Барате работа или сакате да напредувате? Сега е моментот. Луѓето околу вас ќе ве подржат, а вие ќе знаете тоа да го препознаете,  а по потреба и да го искористите.

Можна е нова љубов, а долгите врски ќе напредуваат....

Многу  точно  ...!

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 01:54
ЛЕТЕН ХОРОСКОП 2012

Овен

Не може сите одлуки кои што ги донесувате да бидат совршени. Учете од своите грешки и обидете се одново се додека не успеете. Летото ќе биде исполнето со нови идеи, а ќе имате чувство како да се подготвувате за нешто големо.

Бидете штедливи. Не дека треба да се откажете од сè, но имајте на ум дека треба да штедите за поголеми цели и подобра иднина. Ако сте во подолга врска ќе наидете на некои пречки, но важно е да им верувате на своите инстинкти.

Исто така, верувајте му на чувството кога е во прашање нова љубов, без разлика што разумот може да ви сугерира поинаку, бидејќи никогаш не знаете како може ситуацијата да се сврти во ваша корист.


Бик

Лесно е да се падне во замката на себичноста и да не ги третирате другите онака како што заслужуваат, туку само да ја гледате својата корист.

Обидете се да се однесувате кон другите онака како што вие би сакале тие да се однесуваат со вас.

Следните неколку месеци ќе дојде до одбивање на некои начини на однесување или занемарување на некои аспекти од животот.

Постои шанса  една голема идеја да ве окупира и да ви одзема многу енергија. Малку повеќе жртвување и став со повеќе разбирање кон другите ќе ви донесе најголема корист.

Внимавајте да не станете опсесивни, па водете се и со разумот, а не само со чувствата.


Близнаци

За лето како ова најважно е мозокот да ви остане прибран. Летото ќе биде забавно, а со бистар ум сите проблеми лесно ќе ги решавате.

Со ваквата ситуација ќе знаете да се справувате.

Немојте да се оптоварувате со ситници. Слободно игнорирајте ги малите работи, насочете се на големата слика. За да ви биде добро, не мора секој детал да биде совршен.

Личностите и местата на кои што ќе одите може да бидат инспирација за вашата креативност, па летото е одлично за уметниците.

Бидете самоуверени и ќе можете да ги остварите своите сни.


Рак

Слободно охрабрете се и целете високо. Ова лето е како создадено за остварување на соништата.

Секогаш има место за подобрување. Размислете на што треба да поработите и што уште можете да научите.

Бидете малку посебични. Делувајте водени од своите желби, но никако на штета на другите. Не треба да ги слушате другите за сè, но мора да ги почитувате.

Немојте да се плашите од самотијата. Сепак, бидејќи ќе ве привлекуваат сеќавања од минатото, внимавајте да не паднете во депресија или негативна носталгија.

Ќе имате можност да запознаете една мудра личност. Таа ќе ви даде еден. Или повеќе добри совети, па размислете за тоа.


Лав

Целите повеќе од вообичаено и тоа со добра причина. Неодамна нешто се случило што ќе има влијание на целото лето кое е пред вас.

Прагматичната страна на вашата личност ќе биде активна ова лето. Знаете што сакате и најверојатно знаете како тоа да го добиете.

Ова лето ќе има особено позитивни ефекти во вашата кариера. Барате работа или сакате да напредувате? Сега е моментот. Луѓето околу вас ќе ве подржат, а вие ќе знаете тоа да го препознаете,  а по потреба и да го искористите.

Можна е нова љубов, а долгите врски ќе напредуваат.


Девица

Вие имате среќа (но и несреќа) секогаш да ги видите добрите и лошите страни на секоја ситуација. Сеедно, ова лето ќе ви изгледа поведро од вообичаено.

Во потрага сте по вистината. Ова лето ќе има големи филозофски и спиритуални мисли.

Ослободете се од старите и непотребни работи и бидете личност каква што сакате да бидете. Истото се однесува и на луѓето што ве оптоваруваат. Немојте да се дружите со личности кои што ве депримираат или ви ја намалуваат самодовербата.

Бидете им потпора на пријателите.


Вага

Лесно ќе наоѓате инспирација и ќе бидете многу креативни. Осврнете се на светот околу себе и барајте надворешна убавина. Уживајте во убавите слики и пријатните моменти.

Очекувајте голема поткрепа, можеби дури и финансиска, но подршка сигурно и тоа од една жена.

Сите врски ќе ви бидат важни ова лето, а ќе имаат влијание и на крајните одлуки.

Потрудете се да уживате во секојдневието и во ситуациите во кои што ќе се наоѓате, без разлика дали сте во врска или сте слободни.


Скорпија

Обидите да ги сортирате работите нема да вродат плод. Тоа не е ништо лошо бидејќи и така не може се да биде во совршен ред. Гледајте широко и потрудете се вкупниот впечаток да биде добар, а не секоја ситница на место.

Сепак, фатете се за работа, бидејќи ако не се потрудите ќе бидете во голема збрка при крајот на летото.

Ова лето нема да бидете многу сентиментални, па повеќе ќе ве интересираат практични работи. Ќе бидете насочени кон самите себе, па ќе се грижите за својот изглед повеќе од вообичаено.

Пријателите ќе ви пружат вистинска поддршка, а вие обидете се повеќе да уживате во друштвото, затоа што ќе бидете омилени.


Стрелец

Истовремено сте многу друштвени и многу продуховени. Ќе се чувствувате возбудено, а своите мисли ќе посакате да ги делите и со други.

Поддршка од родителите и пријателите нема да ви недостасува, само е важно да ги препознаете вистинските вредности, па уживајте во она што го имате, наместо да се оптеретувате со ситниците што недостасуваат.

Дури и ако не сте романтична душа ова лето ќе ви донесе прекрасни моменти.

Деловните идеи ги забележувате за да не ги заборавите бидејќи постои шанса некои од нив да се покажат вредни.


Јарец

Ако повеќе ве воодушевуваат активностите со кои што се занимавате, едноставно завршете со оваа сезона и ослободете си го летото.

Време е за самоиспрашување. Осврнете се малку наназад и размислете што можете да искористите, а што повеќе не ви служи.

Сведете ги активностите и работите на оние кои што ви носат најмногу корист и во кои што уживате, а останатото исфрлете го за непотребно да не ви одзема време.

Размислете за добротворна работа. Подобро ќе се чувствувате ако им помагате на другите.

За љубовта нема многу да размислувате, но само затоа што сега е сè во ред.


Водолија

Животот има многу патишта, па немојте себеси да си велите дека само еден е вистинскиот. Бирајте ги оние патеки кои што ви одат од корист.

Ова лето ќе се запознавате себеси и ќе откриете нешто што до сега не сте знаеле за себе. Искуствата низ кои што сте поминале изминативе неколку месеци го зголемија доживувањето за постоење луѓе околу вас. Најпосле излегувате од капсулата и повторно станувате друштвени.

Веројатно ќе поминете низ судири со една личност која што има поинкави уверувања, но запрашајте се дали таквите судири имаат смисол.

Летото е одлично за кариерата, но ни љубовта нема да заостанува.


Риби

Немојте да се менувате поради другите. Обновете ги сопствените желби и работете на себе си.

Веќе ги пуштивте корените и сè е подготвено за раст. Ново чувство на обврски навлегува во вашите односи. Тие чувства ќе се развиваат сè повеќе, а на крајот на летото веројатно вашата врска ќе премине на едно повисоко ниво.

Давате сè од себе за во текот на летото да го исчистите и телото и духот. Ценете ги материјалните работи кои ги имате, но не дозволувајте да ви станат поважни од љубовта.

Оние кои се слободни, ќе запознаваат многу нови луѓе, што ќе пружи и можности за нова врска.

Немојте да бидете строги кон себе.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 01:28
голема насмевка i jas ne znaev deka srceto mi e v krevet...смеење
chuden nekoj horoskop...намигнување
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 01:28
Me gajle... jas pak kje si svatam na moj nacin.


Nego, odamna ne si MI svarila kafe, Cali...
Incredible Blue
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 01:25
Претерале малку..овојпатзамисленост
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 01:21
da... pomagala... edno 6, od zenski rod. Blondinki ili brineti, ne e vazno.
Incredible Blue
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 01:09
                                                            СЕКСИ ХОРОСКОП


    Ракот паѓа на емоции, Шкорпиите се богови на сексот, а Водолиите сакаат сексуални помагала.

Овен

Иако важат за добри љубовници, Овните сексот го сфаќаат како натпревар во кој освен задоволство, гледаат и единствена можност да го симнат вишокот килограми. Сакаат да провоцираат, а кавгите им стануваат предигра која завршува со секс за помирување. Најважно им е во креветот да не заборават дека во сексот е многу важно и задоволството.

Ако сакате да освоите Овен масирајте му ги слепоочниците или бакнувајте му ги ушите бидејќи тоа му е најчувствителното подрачје, а ако тоа не запали секогаш можете да се скарате.

Бик

И покрај фактот што Вагите обично се сметаат за најсензибилен хороскопски знак, сепак Биковите се тие кои уживаат во сексот со сите сетила. Освен среќниот крај, еднакво им е важно самото водење љубов, а ако сакате да ги освоите подгответе вкусна вечера.

Со Биковите не треба да глумите и да играте улоги, важно им е убаво да мирисате и да не се плашите во секси игрите да вклучите и храна. Едноставно ќе уживаат ако им послужите јагоди со шлаг на стомакот.

Близнаци

Припадниците на овој знак не знаат како да бидат скромни. Тие немаат проблем да имаат повеќе партнери, но нивното срце, а со тоа и местото во креветот, ќе ги заслужи некој кој им е рамноправен на интелектуално ниво. Во случај тој партнер да им здодее, без каење и одолговлекување преминуваат на нов. Во врската најмногу ги мачи привлечноста, како да ги привлекува само еден партнер кога на светот има толку многу згодни луѓе.

Ако сакате да освоите Близнаци треба да бидете многу добро информирани и постојано да зборувате, па дури и за време на сексот. Тоа уште повеќе ќе ги напали.

Рак

Најискрениот и најчувствителен знак во зодијакот, Ракот не признава секс без емоции. Најважно му е да почувствува дека му е потребен на некој, но ја сака и сигурноста која му ја дава партнерот. Најдобра предигра за него е милувањето, а единствена цел му е да пронајде сродна душа. Тој не сака бесмислена врска и секс за една ноќ, бидејќи тогаш не чувствува поврзаност.

Меѓутоа, ако е во среќна врска, Ракот 24 часа на ден ќе сака да помине во кревет, а водењето љубов со партнерот ќе биде неописливо со зборови.

Најлесно ќе го освоите ако му подготвите вечера, бидејќи тоа ќе го потсети на дом, а тој е голем емотивец кој најмногу од сите верува во светоста на семејството.

Лав

Па дури и ако вечерта не ја завршат со страстен бакнеж, на Лавовите доброто излегување им е како предигра. Случаен поглед на згоден странец или комплимент, се најлесниот пат до срцето, односно креветот на Лавот.

Ако се однесувате кон нив како кон кралеви, се облекувате заводливо и носите многу златни детали, без никаков напор ќе падне на вашиот шарм. Ако сакате да го освоите, едноставно кон него однесувајте се како кон најпосебната личност во светот. Но, ако случајно го игнорирате, ќе ја поминете цела ноќ извинувајќи се, а на жешките игри во кревет, можете да заборавите.

Девица

Иако нивната срамежлива личност не го открива тоа, Девиците се вистински експерти кога станува збор за сексот. Единственото нешто што ги кочи се секојдневните проблеми и нервозата, па на нив останува да се решат дали со стресот ќе се справат во теретана или во кревет. На припадниците на овој знак во кревет им е најважно задоволството на партнерот.

Девицата може да ја освои партнер кој многу внимава на хигиената, а најмногу ја одбиваат валкани нокти. Но, подгответе се, не е важно што веќе сте освоиле Девица, членовите на овој знак сакаат да критикуваат. Најмногу им одговара повлечен партнер кој не сака премногу да се истакнува.

Вага

Вагите се толку заводливи што каде и да се појават привлекуваат внимание, а пријателите им остануваат во сенка. Токму поради тоа им треба партнер кој ќе ги врати во реалноста, затоа што толку многу внимание може лесно да ги занесе.

Тие се единствен знак кој може со месеци да мирува без да го повлече првиот потег. Вагата мора прво точно да одреди дали и се допаѓа некој или не. Склона е кон прекумерно анализирање кое на крајот резултира со крај на врската.

Припадниците на овој знак се големи романтичари на кои галењето им е поважно од сексот, а ако сакате жежок секс мора да внимавате на сè, од пијалакот до атмосферата. Тие, всушност, како и на сè друго, на сексот гледаат како на еден вид уметност.

Шкорпија

Жешките Шкорпии се вистински секс богови кои уживаат во уметноста на заведувањето. Без многу напор ќе го освојат партнерот што ќе го посакаат, но и покрај угледот на ненаситен љубовник, тие всушност се во потрага по вистинска љубов. И покрај тоа што никогаш нема да признаат и тие сакаат животот да го поминат со својата сродна душа, а додека не ја пронајдат ќе се забавуваат повеќе од сите хороскопски знаци заедно.

Од партнерот бараат целосно да им се предаде, а познати се по својата љубомора, па немојте ни да помислите на флерт со некој друг. Ако паднете на Шкорпија, ќе уживате во сексот како никогаш порано, а ако се осмелите да го зведете, не заборавајте дека сака кожа и провокативна облека.

Стрелец

Најотворениот знак кога станува збор за сексот, секако се Стрелците кои претпочитаат различни типови на партнери, а особено се слаби на оние со егзотичен акцент. Добар хумор за нив е совршена предигра, па нивното внимание можат да го привлечат само забавни луѓе кои не се плашат да се пошегуваат на своја сметка.

Ако сакате да го освоите гледајте заедно некој интересен филм или поминете го викендот на некое егзотично место. Единственото нешто што мора да го запаметите е дека кога ќе му станете досадни без проблем и објаснување ќе продолжи понатаму.

Јарец

Јарецот сексот го сфаќа сериозно како и работата, и според него праксата го прави мајсторот. Најсериозниот знак во Зодијакот нема да троши енергија на било кого, па пред да се впушти во врска, па дури и во секс за една ноќ добро ќе пресмета што добива од тоа.

Ако сакате да се вовлечете во креветот на Јарецот треба да бидете успешни најмалку во една област од животот. Докажете му дека сте најдобри, а вниманието ќе му го привлече дизајнерската облека или совршената насмевка, кои едноставно ги обожава.

Водолија

Водолиите се познати по својот необичен вкус и фетишите. Тие сакаат партнери кои се отворени и иновативни во кревет, но пред се во нив бараат пријател.

Ако сакате да освоите Водолија треба да размислувате надвор од рамките, и не треба да се плашите дека ќе излезете чудни, тие се секогаш отворени за нови идеи, особено ако се необични. Ги привлекуваат натпросечно интелигентни партнери, а во сексот сакаат да испробаат се, па составен дел од нивниот сексуален живот се жешките секси играчки.

Риби

Нагонот за секс е она што ги води Рибите. Тие толку се соживуваат во врската, љубовта и романтиката што тешко разликуваат обичен секс од потенцијална врска.

Најлесен начин да заведете некој од овој знак е со танц, поетско читање или едноставно со држење за раце. Многу брзо се врзуваат, но еднакво брзо и си заминуваат, затоа постојано треба да внимавате на нив и да ги  забавувате.


There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2012 во 15:37

Летен хороскоп



Денес и официјално и календарски ни пристигна летото. Не очекуваат уште многу жешки денови, разладувања, авантури, забави...Еве што да очекуваме ова лето!
 
Овен

Ова лето би можело да почне со повеќе кратки патувања или излети. Постојано ќе бидете во движење и вплетени во мрежа на луѓе. Контактите ќе бидат богати, а вие отворени за секого. Оние кои сè уште бараат сродна душа, лесно би можеле да ја најдат уште на почетокот од летото. Истовремено ќе чувствувате голема потреба за независност (поради транзитот на Уран по вашиот знак), па не се исклучени сосема спонтани движења и патувања на кои би можеле да се одлучите наеднаш, така без план. Но, одлично ќе се снаоѓате. Средината на летото ќе биде нешто помирен период кога ќе се ангажирате околу старите и новите почетоци, било на работа, било во семејството. Ќе има мали проблеми, но вие успешно ќе ги решите. Во последниот дел од летото ќе уживате до крајни граници и ќе земете сè што е убаво од животот и што ви се нуди. Многу врати ќе ви се отворат, а вие со својата енергија и позитивен став ќе поминете низ онаа што ќе ја одберете.

Бик

Првиот дел од летото ќе се ангажирате на зацврстување на постигнатото, како во приватната сфера, така и на работа. Патем ќе ги расчистите сите сметки и ќе ги поставите работите на свое место. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Бидејќи Јупитер е во вашиот знак од 5 јуни, па цела година натаму, вие ќе се чувствувате посилни, повеќе ќе верувате во својата среќна ѕвезда, а можностите ќе ви се создаваат побргу и полесно од вообичаено. Многумина дури во средината на летото ќе успеат да покажат што знаат (кога Јупитер малку ќе заживее во нивниот знак), а ќе има и такви кои тешко ќе им стават крај на своите хедонистички уживанции. Вториот дел од летото ќе има помали нервози затоа што ќе преиспитувате теми кои не треба предлабоко да се чепкаат. Потоа ќе го дефинирате својот став и ќе се држите до своите принципи. Крајот на летото ќе го дочекате многу задоволни, смирени, среќни и со низа можности за развој и уживање во животот.

Близнаци

Пред вас е едно долго, убаво и стабилно лето. Најдобро ви се поставени сите долгорочни работи, па сè што ќе започнете уште на почетокот од летото има шанси да заживее. Многумина ќе ја искористат можноста да се „ушалтаат“ некаде каде што отсекогаш сакале, било да е на работа или приватно (ако другата страна ги прими, а веројатно, да и тоа со задоволство). Скоро целото лето нема да имате поголеми проблеми, напротив. Затоа е важно да бидете будни и да ги препознаете вистинските личности, моменти и можности во секој ден што доаѓа. Патувањата ви се отворени, а во вториот дел од летото веројатно долго ќе одбирате и ќе се двоумите во кој правец да тргнете. Тоа ќе биде најмногу затоа што ќе можете да одите секаде. Внимавајте само парите што ги имате да не ги потрошите пребргу и прелесно.

Рак

Почетокот на летото ќе донесе потреба за повлекување во свет на мечти и интимности. Многумина ќе се повлечат во својот дом или својата работа ќе ја работат, ако е можно – сами. Истовремено во главата ќе вртат разни опции, како деловни комбинации (кои ќе бидат нешто како истражувања, но не отворени), така и приватни – ќе ги интересира можноста за платонска или тајна врска. Средината на летото е период кој е за вас добар, но оваа година ќе имате повеќе предизвици од вообичаено. Нема да ги поднесувате авторитетите, а самите ќе бидете растргнати помеѓу можностите и желбите. Нешто ќе мора да сработите по службена должност и така ќе можете да го зајакнете сопствениот карактер. Последната третина од летото донесува олеснување и опуштање кое едвај ќе го дочекате. Нема да ви биде важно кој што мисли туку ќе се насочите кон она вие што го сакате. Многумина ќе уживаат во друштвото на драги пријатели или роднини. Кога станува збор за патувања, оваа година не се посебно нагласени, но за истите нема ни пречки.

Лав

Летото оваа година може да почне со интензивен социјален живот и бројни проводи со вашите пријатели. Ќе уживате во секој момент, а некои на овој начин ќе најдат нова љубов со која би можеле да се врзат на подолги патеки. Истовремено ќе бидете оригинални и стабилни, што ќе се манифестира така што многумина ќе ве повикуваат во своите друштва. Како што ќе одминуваат летните денови, вашата мечта ќе биде сè поактивна, па со откачените идеи ќе ги развеселувате сите околу себе. Вториот дел од летото ќе заблескате како и секогаш, но ќе се појават и мали внатрешни превривања кои ќе ви донесат и ситна нервоза. Ќе мора да решавате некои прашања поврзани со вашата личност или позиција воопшто. Ќе дојдете до решенија и ќе ги примените во пракса. Во последниот дел од летото ќе бидете полни со самодоверба, но внимавајте да не ги тормозите другите со својата искреност и фалбаџиство. Работите добро ќе ви се развиваат, но вие ќе бидете фокусирани на други теми.

Девица

Почетокот на летото ќе биде малку фрустрирачки и напорен. Веројатно ќе добиете низа задачи на работа кои не сте ги очекувале, па бидејќи вие по природа сте вредни, годишниот одмор може да се одложи. Ни личниот живот во почетокот на летото не ви е блескав, можеби е најдобро да и се посветите на работата, ако треба и сè до половината од летото која ви е подобра во секој поглед. При тоа, важно е да се штедите и да ги економизирате силите (добро организирајте ги деновите) затоа што ќе ви недостасува енергија, а деловни и други барања ќе има сè повеќе. Ќе имате визии и силен дух да ги издржите сите напори од првиот дел од летото. Вториот дел од летото носи поопуштена слика (од август) кога ви се враќа силата, јакне волјата и ќе се чувствувате подобро во секој поглед. Ќе има мали внатрешни превривања за кои никој ништо нема да дознае, освен вие самите. Можно е решенијата да ги добивате и низ сништата. Последниот дел од летото ќе се чувствувате како да сте на коњ, сè ќе ви оди од рака, дури и повеќе одошто се надевате. Ќе има „мазни“ ситуации на ваше задоволство.

Вага

Многумина уште на самиот почеток на летото ќе добијат можност да отпатуваат некаде подалеку и тоа многу ќе ги израдува. Ќе имаат потреба да ги прошират своите хоризонти и во тоа ќе успеат. Некои на патување ќе сретнат интересна личност со која би можеле да остварат трајно пријателство или врска. Вашата сериозност која ја носите оваа година ќе биде малку ублажена, но зрело ќе им пристапите на работите и ќе имате можност да покажете и докажете колку сте се развиле (низ претходниот труд, мака, работа и одрекувања) – така некои би ги доживувале плодовите на соите поранешни достигнувања. Средината на летото носи можност за развој на кариерата, но немојте долго да кочите или да се двоумите околу тоа. Малку проанализирајте и тргнете. На напори веќе се навикнавте (Сатурн во вашиот знак ќе остане до 06.10.2013г.), а ќе ги има и во текот на летото. Некогаш ќе бидете ладнокрвни, а некогаш во искушение да ги форсирате работите – ова второво повеќе во втората половина од летото, па затоа контролирајте се. Предизвиците ќе продолжат, а вие на сè ќе морате да му пристапите промислено и зрело. Најопуштен дел ќе ви биде првиот дел од летото, а на самиот крај ќе имате уште еден период кога ќе се повлечете и малку ќе одморите пред новите напори.

Скорпија

Летото ќе ви почне со интересна ситуација на работа. Ќе бидете во позиција да смирувате завојувани страни, а вие самите не сте дел од таа војна. Ќе успеете, но малку ќе се потрошите. Во продолжение растат вашите интереси за духовни и филозофски потраги, па некои летото ќе го искористат за читање, истражување на алтернативни теми, откривање на нови димензии. Освен тоа, во првиот дел од летото ќе се фокусирате и на страстен секс, истражувајќи и каде што треба и каде што не треба, затоа што опозициониот Јупитер ќе ве тера на прекумерен хедонизам. Во вториот дел од летото ќе ја најдете потребната рамнотежа и ќе имате мерка во сè, па ова ќе биде и поквалитетен дел од годишното време, ако ги изземеме малите нервози и превривања. Тие ќе бидат поврзани со вашиот статус на работа и кариерата, а сè ќе добие разврска кон крајот на август. Воопшто, многу работи ќе ви одат од рака и нема да има потреба особено да се трудите. Патувањата ќе ви бидат отворени и тоа на подалечни дистанци, па ако сте во можност, патувајте и уживајте.

Стрелец

Почетокот, но и целиот прв дел од летото ќе ви донесат предизвици во личните односи, како и во односите со луѓето воопшто. Потешко ќе се договарате околу работите, а полесно ќе влегувате во расправии и критики. И вас ќе ве провоцираат, дури и повеќе отколку другите, а на некои Стрелци и врските ќе им бидат во криза. Со вашиот познат шарм, такт, толеранција, хумор и дипломатија, можете да успеете да ги одржите своите односи коректни. Некои ќе се чувствуваат осамено или како светот да е против нив, но ќе бидат силни во идеите, духот и хуморот, па така ќе извојуваат победа. Може да патувате, но подобро сами отколку во пар. Дури вториот дел од летото донесува олеснување, можност за полесно здружување, опуштеност и уживанција. Кога ќе почувствуваат дека им е подобро, многумина веднаш ќе почнат да комбинираат каде да отпатуваат, за тоа ќе имаат силна потреба. Крајот на летото ќе го дочекате смирени, позрели и поприбрани отколку што бевте на почетокот. Затоа вреди да се биде трпелив.

Јарец

На почетокот од летото веројатно ќе ви стане јасно дека многу си ја сакате работата. Затоа ќе работите со страст и тешко ќе се одвојувате од работата. Ќе имате добра соработка и поддршка од другите во тоа. Истовремено, добро ви се поставени и излегувањата и приватниот живот, па главен предизвик ќе ви биде како да ги искористите добрите можности на двата фронта. Ќе мора добро да се организирате. Средината на летото може да ви донесе уште некои работи кои со задоволство ќе ги завршувате, но на вашиот партнер тоа може да му пречи. Немојте да го запоставите затоа што подоцна може да ви биде жал. Најдете некој компромис помеѓу работата и приватноста. Вториот дел од летото носи зголемени предизвици во секој поглед, но и ваша решеност и сила со тоа да се соочите. Ќе ви биде напорно, но зрело и одговорно ќе завршувате сè што е потребно. Тешко е оваа година да се дефинира најдобриот период за вашиот одмор. Тоа ќе бидат неколку дена опуштање, па потоа повторно некоја задача, потоа порелаксирани денови, па така наизменично. Веројатно ќе се прилагодувате, но крајот на летото ќе ви биде еден од среќните периоди во животот кога многу нешта би требало да ви одат од рака.

Водолија

Овогодишното лето ќе ви почне волшебно. Многу можности за нови познанства, богат социјален живот, интересни луѓе – сето тоа е нешто што вие го сакате и затоа ќе се чувствувате исполнето и среќно. Некои би можеле сериозно да се заљубат, а во секој случај новите пријателства, познанства и забави ќе донесат насмевка на вашето лице. Тоа ќе трае низ првата половина од летото. Работата ќе ви оди релативно добро, но за неа нема многу да размислувате, затоа што луѓето со кои што ќе се дружите во овој период многу повеќе ќе ви значат од било што друго. Патувањата се отворени, а особено за помладите. Вториот дел од летото би можел да ви донесе повеќе обврски на работа, како и некои превривања околу соработката. Ова последното може да се манифестира како преиспитување на личните односи, но за сè ќе најдете клуч (по извесно размислување и анализирање). Ќе бидете фокусирани повеќе на другите отколку на себе. Крајот на летото носи мир од една страна, но и најава на нови предизвици од друга, но тоа ќе проследи од есен.

Риби

За многумина од вас почетокот од летото ќе биде фрустрирачки затоа што ќе се чувствувате осамено или другите нема да имаат разбирање за вас. Ќе имате можности за излегување и забави, но односите кои таму ќе ги остварите ќе бидат од површен карактер и нема да ве исполнуваат. Треба да бидете трпеливи затоа што средината на летото носи нешто подобра состојба. Некои прилики ќе се отворат, но важно е да не инсистирате по секоја цена. Исто така ќе се актуализираат деловни превривања, па ќе дојде до анализа на оние што се поврзани со вашето работно место. Можно е преструктуирање на работата, повеќе од површен карактер. Тоа дополнително ќе ве изнервира. Ќе калкулирате и околу вашите навики и здравје. Некои ќе испробуваат нови методи на прехрана или релаксација. Пократки патувања ќе има во текот на целото лето и на нив ќе има доволно задоволства за да ве оттргнат од грижите кои ве мачат. За подолги патувања нема препреки, но не се нагласени. Со добро прилагодување, летото може да ви биде сосема солидно. Обидете се да ги почитувате другите
.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2012 во 12:12
Храната и хороскопските знаци

Астролозите наведуваат дека секој хороскопски знак има одредени навики на хранење, свој специфичен начин на приготвување на храната и преференции кон одреден тип на јадења. Додека едни сметаат дека јадењата треба да бидат традиционални и приготвени по рецептите од нашето поднебје, други обожаваат да експериментираат со нови и егзотични специјалитети, трети, пак, јадат сè што ќе им се постави на трпезата и не се многу пребирливи. Дознајте каков е односот на претставниците на различните хороскопски знаци кон храната.

ОВЕН

Овните ја сакаат храната жешка, пикантна и брза. Тие немаат време за долги оброци, затоа што постојано се зафатени и растрчани на сите страни. Освен тоа, не сакаат залудно да си го губат времето, па имаат лоша навика да јадат многу брзо, од „на нога“ и недоволно ја џвакаат храната. Сакаат да ги споделуваат оброците, а мразат да јадат сами. Поради нивната динамичност препорачливо е да внесуваат храна богата со калории.

Огнената природа на овенот влијае при изборот на зачини – колку полути, толку повкусни. Па, ако не сте љубители на лутото, нивните јадења нема да го задоволат вашиот вкус. Овните имаат голем апетит и сакаат да експериментираат со храната. Лошото е што понекогаш не внимаваат што консумираат, па тоа може да биде причина за појава на здравствени проблеми.

Совет: Јадете ја храната бавно и избегнувајте алкохолни пијалаци.

БИК

Биковите се вистински гастрономи. За нив е карактеристично што имаат голем апетит и што знаат на посебен начин да го ценат сетилото за вкус и да уживаат во храната. Независно што јадат, го сакаат во големи количини и никогаш не штедат кога станува збор за квалитет. Само најдоброто може да ги задоволи максимално. Држењето диета е вистинско измачување за нив, а готвењето – вистинско задоволство. Од претставниците на овој знак може да научите многу нови рецепти и несекојдневни комбинации на вкусови. Најголем предизвик им е да се откажат од јадењето на слатка и чоколадна храна.

Родените во овој знак не сакаат да бидат вознемирувани додека јадат, бидејќи сакаат да се чувствуваат релаксирано и пријатно. Ако излегувате со претставник на знакот бик, веројатно ќе ве одведе во ресторан со богато мени и одлична храна. Доколку разговарате со бик за здрава исхрана, тој многу лесно ќе ве убеди дека не постои нездрава храна и дека сè е корисно за телото ако е приготвено на правилниот начин.

Совет: Не претерувајте со слатките. Обидете се да ги замените со благо овошје.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците не се меѓу личностите кои страдаат од вишок на килограми, затоа што никогаш не ги празнат чиниите целосно. За нив е поважно да каснат малку и што побрзо, за да имаат повеќе време за добар разговор. Мразат да јадат сами, обожаваат друштво на трпезата. Ако сте на иста маса со претставник на близнаци, бидете сигурни дека во ниту еден момент нема да ви е здодевно – нивните зборови се хипнотизирачки.

Можеби јадењето не им е од омилените активности, но затоа пак готвењето им е особено привлечно. Кујната е местото каде знаат да ја покажат својата креативност, талентот за комбинирање на состојките и храброста за експериментирање. Дури и најголемите традиционалисти не можат да ѝ одолеат на храната приготвена од претставник на знакот близнаци. Разнообразната храна е задолжителна на нивното мени. Се смета дека близнаците најретко страдаат од заболувања предизвикани од консумација на нездрава храна.

Совет: Избегнувајте го внесувањето на големи количества алкохол и мрсна храна за да немате проблеми со стомакот.

РАК

Раковите се надалеку познати по нивните кулинарски вештини, па често меѓу нив има професионални готвачи, сопственици на ресторани, но и одлични домаќини кај кои секој би сакал да престојува. Ја обожаваат домашната храна, приготвена по рецептот на баба. Секогаш купуваат скапи, но квалитетни намирници и затоа на нивните специјалитети никој не може да им одолее.

Претставниците на знакот рак се склони да јадат брзо, дури и по малку агресивно и мразат да ја делат својата порција. Нивна лоша страна е што не се грижат за сопственото здравје и често се прејадуваат, особено кога се нервозни. Поради нивниот чувствителен стомак често треба да го контролираат својот огромен апетит. Од друга страна, пак, раковите се одлично друштво на трпезата. Тие секогаш инспирираат со приказните за своите специјалитети, рецепти, потеклото на храната итн.

Совет: Контролирајте го апетитот кога сте нервозни.

ЛАВ

Лавовите се љубители на скапата храна, приготвена од најквалитетни состојки. Ја користат секоја можност за оброк во луксузен ресторан, кој ќе придонесе да се чувствуваат како потомци на кралско семејство. Многу се дисциплинирани кога станува збор за исхраната и имаат изградено свои навики од кои не отстапуваат. Најчесто јадат брзо, но никогаш сами. Обожаваат кога трпезата е исполнета со познати лица и блиски личности, затоа што така се чувствуваат најпријатно.

Претставниците на овој знак не сакаат да готват, но кога го прават тоа, го прават од срце. Среќни се кога гледаат дека нивните специјалитети мамат насмевки на лицата на најблиските. Лавовите се склони кон болести на срцето, па треба да внимаваат на начинот на приготвување на храната, особено на месото од кое никогаш не се откажуваат.

Совет: Внесете повеќе овошје и зеленчук во вашата исхрана и намалете ги оброците кои вклучуваат месо.

ДЕВИЦА

Девиците имаат премногу чувствителен стомак, па препорачливо е да внимаваат што ставаат в уста. За среќа, тоа не е многу тешко за пребирливите девици за кои е карактеристичен рационалниот начин на хранење. Ако постои знак кој може да биде на диета без ниту еднаш да подлегне на искушението да мами, тоа сигурно е девицата. Бавниот метаболизам е уште еден проблем на девиците, па треба да внесуваат храна која лесно се вари.

Претставниците на овој знак прават волшепства во кујната. Не експериментираат со нови производи и зачини, но никој не може да им одолее на нивните превкусни јадења. Девиците по природа се многу штедливи, но не и кога станува збор за храна. Неодоливиот вкус им е поважен од цената. Мразат да фрлаат храна, дури и кога станува збор за остатоци, па мисијата да приготват Нешто од Ништо им е секогаш успешна.

Совет: Хранете се со лесна и здрава храна за да ги избегнете тегобите во стомакот.

ВАГА

Вагите се љубители на храната. Секој оброк за нив е празник, па не пропуштаат да каснат сè што им стои на располагање – салата, предјадење, главно јадење... ако си помисливте дека тоа е сè, се лажете. Невозможно е вагите да го пропуштат десертот. Речиси сите претставници на овој знак се зависни од чоколадо и благи работи, па побрзо би се откажале од главното јадење отколку од слаткото задоволство кое доаѓа на крајот од оброкот.

На вагите особено им е важен естетскиот изглед на храната и трпезата. Ако некогаш видите совршено декорирана маса, верувајте дека тоа е дело на вага. Имаат одлични дизајнерски способности и прават декорации кои го мамат погледот. Обожаватели се на доброто сортно вино, особено црвеното. Сакате да ги изненадите? Не се обидувајте да го сторите тоа со обични јадења како пица, омлет... Внимателно изберете отмен гурмански ресторан кој ќе го задоволи нивниот префинет вкус.

Совет: Не ја задоволувајте секогаш желбата за поткаснување чоколадо ако сакате да ја одржите добрата фигура.

ШКОРПИЈА


Претставниците на овој знак се љубители на калоричната храна, често огладнуваат и јадат кога ќе посакаат, па дури и во текот на ноќта. Празниот фрижидер лесно може да ги изнервира, а отсуството на зачини буквално ги вади од такт. Овие љубители на зачините се одлични готвачи токму поради нивната способност истите умешно да ги комбинираат. Ако некој хороскопски знак лесно би го заменил благото со похранлива варијанта, тоа сигурно би била шкорпијата.

Лошата страна од нивниот кулинарски карактер е што не знаат да се преправаат кога храната не е приготвена по нивен вкус. Тие без срам ќе ја остават чинијата полна. Шкорпиите имаат слабо и витко тело само поради тоа што го следат принципот сè или ништо, па кога ќе почувствуваат дека претерале и дека фармерките им стануваат тесни, веднаш започнуваат со рестрикции во исхраната.

Совет: Консумирањето на алкохол заменете го со внесување на поголеми количини вода и чаеви.

СТРЕЛЕЦ

Егзотични, нестандардни и зачинети јадења, колачи, торти – оваа храна преовладува на менито на стрелците. Љубопитни се, па редовно експериментираат и сакаат сè да пробаат. Често внесуваат и по неколку јадења истовремено, што им изгледа по малку чудно на другите луѓе. Исхраната на стрелците често оди од една крајност во друга. Во еден момент може да се однесуваат како да немаат видено храна и лакомо да ги празнат чиниите, додека во друг – може да гладуваат со денови.

Поради склоноста да се прејадуваат, препиваат и претеруваат со задоволствата, претставниците на овој знак често страдаат од дигестивни проблеми. Од прекумерна тежина ги заштитува само нивната желба за практикување најразлични физички активности.

Совет: Независно што јадете, не претерувајте количински.

ЈАРЕЦ

Јарците, познати во хороскопот како неуморни работници, секогаш наоѓаат време за добар оброк. За нив квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Особено важна им е атмосферата додека јадат – таа треба да биде релаксирана и мирна. Обожаваат да присуствуваат на семејни ручеци, а мразат кога некој им кажува што да прават. Тоа е и причината што ретко држат диети.

Претставниците на овој знак се големи традиционалисти и нивна опсесија се домашните јадења. Затоа, кога го избираат својот животен сопатник, не забораваат да го стават готвењето во листата на приоритетни критериуми. Обожаваат природна храна, а се ежат кога ќе дојдат во допир со егзотична храна. Иако не ги сакаат зачините, понекогаш знаат да претераат со солта.

Совет: Внимавајте кога ја посолувате храната. Солта е вашиот најголем непријател.

ВОДОЛИЈА

Претставниците на овој знак се површни јадачи, воопшто не се себични кога станува збор за споделување на храната и најчесто се задоволуваат со нискокалорични оброци. Никогаш во нивните мисли не доминира храната, но знаат да уживаат во дегустирањето на сè што е ново, чудно, невообичаено. Меѓу претставниците на овој знак често можат да се најдат вегетаријанци и вегани, поради нивната хуманитарна природа. Дополнителна причина за нивната склоност кон вегетаријанството е што обожаваат зеленчук и овошје, па радо би го замениле месото со една порција овошна, шопска, сезонска...салата.

Водолиите не се традиционалисти во кујната. Додека готват, а тоа ретко се случува, мразат слепо да ги следат рецептите, секогаш прават промени и им се препуштаат на креативноста и фантазијата. Особено им е важно поставувањето на трпезата – таа треба да е убаво и богато декорирана. Лошата страна на водолиите е што понекогаш претеруваат со кафето и со вечерното „поткаснување“.

Совет: Прескокнете го јадењето во доцните вечерни часови, а појдувајте пообилно.

РИБИ

Рибите се љубители на традиционалната, веќе испробана храна и не сакаат да експериментираат. Тие се единствениот знак кој многу повеќе внимание посветува на изгледот, отколку на вкусот на храната. Не се лакоми, но го сакаат чувството кога имаат на дофат на рака нешто за поткаснување.

Претставниците на овој знак понекогаш повеќе го ценат доброто друштво на масата отколку оброкот кој им е во чинијата. За нив храната е повеќе потреба отколку задоволство. Лесно се приспособливи, па никогаш не прават проблеми што и колку ќе се јаде. Најнегативната карактеристика на рибите е што често знаат да претераат со алкохолот, а тоа влијае негативно врз нивното здравје.

Совет: Пијте повеќе вода и научете се да јадете побавно и со задоволство.



»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 22:05

SOTZ (27.02 – 17.03)

Припадниците на овој знак се склони кон секакво претерување. Романтични се и имаат бујна фантазија. Познати се како уметнички души, но знаат „да летаат во облаци“ и да бидат егоисти. Се дружат со определени луѓе, но во никого немаат целосна доверба. Ситничари се и туѓите совети не допираат до нив. Сè примаат со резерва и никогаш не се целосно опуштени. Заради тврдоглавоста може да бидат осамени. Упорни се и подготвени на секаква жртва за да ја постигнат целта. Во љубовта се авторитативни, сакаат да доминираат, но затоа се и верни и посветени.

...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2012 во 09:00
 
Индиски хороскоп

Индискиот хороскоп се смета дека е повеќе точен од западниот, затоа што точката на прецесија се поместува наназад за околу 23 степени, со што се менува подзнакот и владеењето на планетите.

Индиски хороскоп

Mesha (овен) – Амбиција

Овој знак е кардинален, машки и подвижен. Познат е уште како знак на жртвување. Луѓето родени во овој знак лесно ги завршуваат дадените задачи. Сериозни се и секогаш го реализираат тоа што ќе го замислат. Нивната ментална сила ги прави многу амбициозни. Имаат смисла за иницијатива и затоа се едни од најдобрите водачи. Љубовта не ја сфаќаат сериозно на почетокот, но со текот на времето стануваат верни.

Vrishabha (бик) – Големо срце

Бикот е земјен, женски и фиксен знак. Родените во знакот на бикот се храбри и љубезни. Знаат да бидат и многу дарежливи, посебно кога не се под притисок од другите. Способни се да го носат „товарот“ на околината. Комуникативни се и немаат проблем со изразувањето во јавност. Не поднесуваат немарност и површност. Кај другите најмногу ја ценат довербата. Полни се со љубов и копнеат по романтика. Биковите се едни од најверните знаци во љубовта.

Mithuna (близнаци) – Хумор

Во индиската астрологија, Близнаците се променлив, машки и двоен знак. Вредни се, но сакаат да наредуваат. Заради двојноста на знакот, сè што прават е со двојно поголема енергија. Заради нивната двојна природа, карактеристиките на родените во овој знак се спротивни едни на други. Љубопитни се и постојано прашуваат. Нивна главна карактеристика е хуморот, кој го користат како средство за заведување. Во љубовта важат за најнеодолив знак.

Kataka (рак) – Чувствителност

Овој знак е кардинален, женски и подвижен знак, кој се поврзува со ноќта и водата. Родените во овој знак имаат повеќе таленти, но потребно им е соодветно образование, за да ги развијат. Имаат неверојатна интелигенција и брзо учат. Истовремено се чувствителни и таинствени. Најважно им е семејството. Во љубовта се многу интуитивни, но се плашат дека ќе бидат оставени од партнерот.

Simha (лав) – Непопустливост

Лавот е фиксен, огнен и машки знак. Родените во знакот на лавот важат за бесни луѓе. Дарежливи се, симпатични и доста привлечни за спротивниот пол. Во состојба се целото внимание да им го посветат на другите. Емотивни се и интуитивни. Сакаат да уживаат во раскош. Парите им се многу важни. Во борбите не попуштаат додека не победат. Многу се горделиви и не поднесуваат рамнодушност. Во љубовта се шармантни, но не се секогаш верни.

Kanya (девица) – Ја следи својата мисија

Во индиската астрологија, девицата е женски, ноќен и земјен знак. Родените во овој знак се педантни и методични. Се сметаат за големи исцелители затоа што нивните раце поседуваат магнетна моќ на исцелување. Постојано се грижат за другите. Сакаат да читаат и да се образуваат во склад со нивните амбиции. Љубезни се, но и строги. Не поднесуваат неверство. Прво се одлучуваат за заеднички живот, а потоа за брак.

Tula (вага) – Приврзаност

Овој знак е кардинален, воздушен, дневен, подвижен и машки. Вагата како знак се поврзува со човековата прогресивност. Луѓето родени во овој знак се енергични, амбициозни и дарежливи. Ако им се случи нешто лошо, брзо закрепнуваат. Се занимаваат со пресметки и интриги. Друштвени се и најсреќни се кога се во друштво на пријателите. Не поднесуваат прекини во работењето. Заради нивната хуманост, често не ги согледуваат туѓите замки.

Vrisciha (скорпија) – Водна струја

Скорпијата е фиксен, ноќен и воден знак. Овој знак е во сојуз со големите сили на океаните. Родените во овој знак шират позитивни вибрации што им дава голема виталност преку електро-магнетните влијанија. Важат за спиритуални луѓе и заради тоа се посветени да му помогнат на човештвото. Во индиската астрологија, со овој знак владее богот Шива, познат по тоа што уништува за да изгради нешто подобро. Припадниците на овој знак се доста активни. Во љубовта не ги покажуваат чувствата и ризикуваат да го искомплицираат односот со партнерот.

Dhanus (стрелец) – Оптимизам

Во индиската астрологија, стрелецот е огнен, дневен и машки знак. Родените во овој знак точно знаат што сакаат и лесно ја постигнуваат целта. Се занимаваат со окултното, а многу од нив имаат тенденција да станат пророци. Постојано се зафатени со нешто. Полни се со ентузијазам и оптимизам. Постојано ризикуваат со парите. Ги привлекуваат поинакви личности и затоа често се заљубуваат во странци, подготвени да започнат нов начин на живеење.

Makara (јарец) – Труд и настојување

Овој знак е женски, ноќен и променлив. Родените во овој знак се длабоки мислители и природни оратори. Сакаат постојано да го зголемуваат својот интелект. Вредни се и способни истовремено да прават неколку работи, поради што често се заморуваат. Кај нив ништо не е случајно. Многу од нив созреваат рано, но целосната независност ја постигнуваат кога ќе бидат финансиски сигурни. Сигурноста во сопствените чувства, партнерот може да ја протолкува како знак на строгост.

Kumbha (водолија) – Слобода

Водолијата е машки и фиксен знак, што се поврзува со душата, памтењето и дифузните знаења. Родените во овој знак се истовремено најсилните и најслабите луѓе. Природно се надарени со големи можности и се сметаат за духовни исцелители. Ја сакаат сопствената слобода, но ја почитуваат и туѓата. Пријателите се нивно засолниште. Во љубовта важат за срамежливи и ретко го прават првиот чекор.

Mina (риби) – Воздржаност

Во индиската астрологија, рибите се ноќен, женски и воден знак. Нивната љубов е длабока и скриена. Тие по природа се љубовници кои живеат во царството на душата. Верни се на своите пријатели и постојано ги бранат, без разлика дали се во право или не. Имаат потреба да го изразат својот талент, но ретко добиваат шанса за тоа. Воздржани се, но успеваат да ги привлечат другите со својата таинственост. Живеат од и за љубов.

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2012 во 23:18
Водолија
Водолијата за пријателите секогаш има оправдување. Пријателствата ги склопува лежерно. Му помага на пријателот и ја снемува, не очекува благодарност затоа што е благороден знак.трепкање
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2012 во 22:03
Замисли кога ќе им раскажуваме на нашите внуци колку краеви на светот проживеавме само задоволство
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6667686970 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.