![]() |
|
Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869> |
Автор | |||
abnormalen ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Заев: Ќе објавиме се што имаме! -pa shto ne objavish vekje ednash , budalo edna! ili aj ,prvo u chetiri oka , pa ako bidne dobro, ako ne pak dobro, narodot e glup ionaka da sfati shto ,kako, zoshto......... |
|||
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
|||
![]() |
|||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да не ме распнат тука, не ја следам аферава многу, си имам некои лични проблеми.. Оваа снимкава, се докажа дека Грујо ја снимал или некој си наместил камера и снимал?! Да не излезе дека Заев ја наместил а Бранко е пак крив за местењето (требало со подобра боја да биде, крив е
![]() Изменето од evangeline - 03.Февруари.2015 во 00:45 |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
![]() |
|||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
laki_bu, убаво е кога не сме истомисленици во сите работи, а тоа е затоа што само така учиме. Доколку сите бевме истомисленици тогаш ќе имавме едноумие, а искуството ни вели дека тоа нема далеку да не однесе. Суштината во разноумието е дека тоа има вредност само ако е РАЗУМНО. Сега, во врска со твојата реплика… … оноа што го пишуваш е емотивно и мене ми изгледа дека е препишано од некаков опозицијски извор кој и самиот, немајќи реални факти, се обидува нештатa да ги пренесе на чувства. Ама државата не работи така. Уставниот поредок е утврден со Уставот и промената на владата не значи негово рушење. Потполно точно, доколку тоа е направено правно, онака како што е овозможeно со Уставот и Законот на државата. Тоа што наводно лидерот на опозицијата му се заканаувал дека податоците до кои што дошол ќе ги објави на граѓаните на Република Македонија, не е кривично дело. Очигледно дека и покрај коментарот на кој реплицираш с'е уште не ти е јасно што значи овој потег на Заев. Нели, според член 2, став 1, од Уставот, во Република Македонија, суверентетот произлегува од граѓантие и им припаѓа на граѓаните. Според тоа, Република Македонија е држава на граѓаните, а не држава на премиерот и неговата владеачка гарнитура. Имајќи го ова во вид, граѓаните треба да знаат како работи нивната влада, па ако работи лошо и да ја сменат. Потполно точно, доколку тоа е направено правно, онака како што е овозможeно со Уставот и Законот на државата. Премиерот очигледно е многу уплашен да не му се загрозат позициите, па го обвинува лидерот на опозицијата дека со наведената закана извршил насилство спрема него како претставник на највисок државен орган. Ова е твое и нечие туѓо мислење, желба, самозалажување и самохрабрење и обид вртење на масата од другата страна. Но, ноторен е фактот дека во една демократска држава во која власта им припаѓа на граѓаните тое не е насилство спрема претставник на највисок државен орган, туку извршување на со Уставот и законот загарантираното право на информирање на граѓаните (член 16, став 1 и 2 од Уставот). Рекетирање на претставник на највисок државен орган (што е исто како и држава) не било насилство ??? Обидот да оправдаш нешто што не е оправдливо добива очајнички размери. Во врска со ова само ќе напоменам дека премиерот, на крајот од неговата изјава однапред ги обвини осомничените велејќи дека на сите прашања ќе оговорел во судска постапка против нив. Не знам што има врска ова со актот на Заев? Патем и Заев со месеци тврди дека има бомба која е доказ дека власта врши капитални незаконски дела без да ги покажи тие факти. Ако сакаш да бидеш толку многу исправен во твоите морални норми тогаш биди рамноправен и доследен до крај. Еден премиер треба да знее дека за да дојде до судска постапка против некое лице надлежниот јавен обивнител треба да поднесе обивнителен акт против него поради постоење на основано сомнение дека сторил одредено кривично дело. Но, за волја на вистината, да го кажеме и тоа дека дури и тогаш лицето се смета за невино за казненото дело кое му се става на товар, се додека со правосилна судска пресуда не биде докажана неговата вина (презумпција на невиност- член 13, став 1 од Уставот). Точно така и колку што ми е познато така е објавено, онака како што следи според Законот во оваа држава, како впрочем и во повеќето други. Ќе има процес, ќе има сведочење, ќе се објават доказите и ќе се дојде до пресуда. Ако Заев не е крив, тогаш ќе си излезе како слободен човек, а ако е крив ќе треба да си одлежи затвор. За сега постои сериозно обвинување од Премиерот на државата поткрепено од документите собрани од државните органи. Изменето од Messenger - 02.Февруари.2015 во 23:49 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
![]() |
|||
Polaris ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ne sum aktiven na ovoj forum dolgo vreme, inaku vo vrska so temata, ne e rabotata dali tie dokazi na Zaev se od stranski sluzbi ili od domasni, rabotata e dali tie dokazi se VISTINI ?
|
|||
![]() |
|||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Иако знам дека несум истомисленик со тебе и за возврат на ова ке бидам БАН иран ...ке ти доказам... Уставниот поредок е утврден со Уставот и промената на владата не значи негово рушење. Тоа што наводно лидерот на опозицијата му се заканаувал дека податоците до кои што дошол ќе ги објави на граѓаните на Република Македонија, не е кривично дело. Нели, според член 2, став 1, од Уставот, во Република Македонија, суверентетот произлегува од граѓантие и им припаѓа на граѓаните. Според тоа, Република Македонија е држава на граѓаните, а не држава на премиерот и неговата владеачка гарнитура. Имајќи го ова во вид, граѓаните треба да знаат како работи нивната влада, па ако работи лошо и да ја сменат. Премиерот очигледно е многу уплашен да не му се загрозат позициите, па го обвинува лидерот на опозицијата дека со наведената закана извршил насилство спрема него како претставник на највисок државен орган. Но, ноторен е фактот дека во една демократска држава во која власта им припаѓа на граѓаните тое не е насилство спрема претставник на највисок државен орган, туку извршување на со Уставот и законот загарантираното право на информирање на граѓаните (член 16, став 1 и 2 од Уставот). Во врска со ова само ќе напоменам дека премиерот, на крајот од неговата изјава однапред ги обвини осомничените велејќи дека на сите прашања ќе оговорел во судска постапка против нив. Еден премиер треба да знее дека за да дојде до судска постапка против некое лице надлежниот јавен обивнител треба да поднесе обивнителен акт против него поради постоење на основано сомнение дека сторил одредено кривично дело. Но, за волја на вистината, да го кажеме и тоа дека дури и тогаш лицето се смета за невино за казненото дело кое му се става на товар, се додека со правосилна судска пресуда не биде докажана неговата вина (презумпција на невиност- член 13, став 1 од Уставот). |
|||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||
![]() |
|||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Кулминација на апсурдот: Промената на Владата не значи рушење на уставниот поредок!Со член 316, став 4, од Кривичниот законик, забрането е прибавување на тајни податоци и документи со намера тие да се соопштат или предадат на странска држава, странска организација или лице кое им служи. Како што произлегува од изјавата на премиерот, осомничените немале намера тие податоци да ги дадат ниту на странска држава, ниту на странска организација, ниту пак на лице кое им служи, туку, едноставно, да ги употребат во политичката борба против владеачката гарнитура на чие чело се наоѓа тој, заради нејзина замена со друга влада. Уставниот поредок е утврден со Уставот и промената на владата не значи негово рушење. Тоа што наводно лидерот на опозицијата му се заканаувал дека податоците до кои што дошол ќе ги објави на граѓаните на Република Македонија, не е кривично дело. Нели, според член 2, став 1, од Уставот, во Република Македонија, суверентетот произлегува од граѓантие и им припаѓа на граѓаните. Според тоа, Република Македонија е држава на граѓаните, а не држава на премиерот и неговата владеачка гарнитура. Имајќи го ова во вид, граѓаните треба да знаат како работи нивната влада, па ако работи лошо и да ја сменат.
|
|||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||
![]() |
|||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
laki_bu, ајде да бидеме реални. Погледни што постираш и прочитај внимателно уште еднаш. Оние членови што ги наведуваш говори за НЕОВЛАСТЕНО прислушкување. Дали знаеш кој дава овластување за прислушкување и аудио-видео снимање?
На страна од тоа, фактот дека Заев има аудио снимки кои се неовластено направени (уште полошо што за тоа е користена и странска шпијунска служба што допрва ќе треба да се докажи) и со кои го уценува Премиерот на државата за лични и партијски интереси е кривично дело од највисок степен. Треба да се разбере дека уценување на Премиер и Претседател, како врвни претставници на државата, е истоветно со уценување на држава. Со како изговор ќе се испере Заев за фактот дека наводно имал бомба информации кои македонскиот народ мора да знае, а ги чувал и ги користел за рекетирање на власта ? Со каков изговор ќе се оправда Заев зошто овие толку битни податоци не ги изнесе веднаш во јавноста и со тоа да го информира народот, наместо да тргува со нив ? Со каков изговор ќе се оправда Заев дека со ваквото уличарско силеџијско однесување заслужува да биде евентуален Премиер на Република Македонија ? Страшно ! Во Јапонија министери и водачи на партии вршат харакири после ваков гаф. Изменето од Messenger - 02.Февруари.2015 во 22:55 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
![]() |
|||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Со ваквото однесување на Груевски и Заев,laki слободно
може да си закачат по една банана на новиот грб за да биде комплетна сликата на државата која тие ја изградија... |
|||
![]() |
|||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Posle ona videoto , odi i meri im pamet
![]() Со вакото постапување Никола Груевски прави кривично дело неовластено снимање и прислушкување според член 151, став 3 и член 152 од Кривичниот закон Неовластено прислушкување и тонско снимање Член 151 (1) Тој што со употреба на посебни уреди неовластено прислушкува или тонски снима разговор или изјава што не му е наменета, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Со казната од став 1 ќе се казни тој што ке му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана. (3) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што тонски ќе сними изјава што му е наменета, без знаење на оној кој ја дава, со намера да ја злоупотреби или да ја пренесе врз трети лица или тој што таквата изјава непосредно ја пренесува врз трети лица. (4) Ако делото од ставовите 1, 2 и 3 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. (5) Службеното лице од став 4 кое делото го сторило по наредба на претпоставениот и го пријавило пред да дознае дека против него е покрената кривична постапка,ќе се ослободи од казна. (6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. (7) Гонењето за делото од ставовите 1, 2 и 3 се презема по приватна тужба. Неовластено снимање Член 152 (1) Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. (3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна (4) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба. Изменето од laki_bu - 02.Февруари.2015 во 22:30 |
|||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||
![]() |
|||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ма нека идат у триста лепе и двајцата...
А и ја ваљда со ваков ксмет да чекам вакви држава да направат и оправат. ![]() Дали е релевантно видеото,најмалце јас можам да оценам. Но дека излегуваат од нивните кујни,е доволно. Изменето од Орка - 02.Февруари.2015 во 22:22 |
|||
![]() |
|||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Заев се закопа, а да не ја закопа и СДСМ на помош ќе дојде Црвенковски. Ако добро ме држи сеќавањето тоа го прогнозирав уште во моментот кога Црвенковски го ракоположи Заев на претседателската фотеља. Репликите тогаш беа - не е можно, Црвенковски се пензионира, што с'е уште го мешате човекот… Следете што ќе случувa. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
![]() |
|||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Груевски конечно призна дека го контролира судството?!Овој наводно човек,ја води државата сее лаги и невистини ги користи органите на системот да управува си и е над се,зарем тоа не е диктатура,зарем треба неговите сугестии да ги прифатиме без независна истрага,зарем еден нечовек да ни кажува како да го живееме животот,заложниоци сме на мафија која фи користи сите средства само да остане на власт, и дали Изменето од Gorazd777 - 02.Февруари.2015 во 13:31 |
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
![]() |
|||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Кога Заев дојде на водечката позиција во СДСМ напишав, за разлика од многумина кои веднаш го посипаа со пепел, дека не треба човекот однапред да се осудува, треба да се мине преку неговите некогашни гревови и да му се даде шанса, како помлад политичар, да направи нешто ново и просперитетно за неговата партија и за севкупната опозиција во Македонија. Но, волкот си го менува рувото, ама ќудта никогаш. Заев се докажа како политички аналфабет со подпросечна интелигенција и подготвеност личните интереси да ги стави над националните. Својата политичка кариера ја завршува најбомбастично - се разнесе од експлозијата на сопствената бомба опaшан со неа како некаков исламски екстремен милитант. Изменето од Messenger - 02.Февруари.2015 во 05:25 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
![]() |
|||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Веднаш се собраа поддржувачите на режимот,тие кои одработуваат за него,но најинтересно е што одржаа таканаречена дебата,која повеќе личи на монолог,затоа што нема новинари кои мислат и поразлично од нив
Интересно е што тие овде ,во еден сегмент заговараат присила и уцена и како тоа се работи по нивен терк. и ние сите граѓани на оваа земјичка,мора да ја плаќаме радиодифузната такса,наметната како данок ,за да слушаме и гледаме партиска телевизија,која одработува за режимот.
|
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |