![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869 184> |
Автор | ||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
@Platenik, многу е непристојно да зборуваш во туѓо име, а башка и со
отворена тенденција да навредиш. Нималку европски не звучи тоа, нели?
Како ти си го доживеал моето пишување е само твоја приказна, и твое видување. Јас можам уште стотици километри постови да напишам, но ти ќе го прочиташ тоа што сакаш да го прочиташ, нели? ....таа не смета дека Македонците постојат...спремна да тргува со идентитетот....сака да биде Европејка заради кариера...неоформена, а?...Боже, Боже ![]() Имам само една порака за тебе....кога за момент би престанале да живееме во минатото и во историјата притоа со многу силни потреби за барањето на правдината и многу нежни чувства во врска со тоа (што не значи заборавање на минатото, туку неробување на истото).... и би се насочиле кон сегашноста, тогаш би биле многу подобри личности, народ, и држава. Изменето од Kali - 09.Март.2011 во 12:10 |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сакаш да ти одговорам јас на последново прашање? Да таа смета дека Македонците потекнуваат од 1945 година. Во суштина таа смета дека Македонците не постојат и е спремна да го промени името и идентитетот на македонскиот народ. Таа сака да биде европејка и сака да има висок стандард на живеење, кариера..... дали ќе биде Македонка, нејзе не и е воопшто битно. Материјалните добра и се во преден план. Ова не е личен напад,туку констатација кој е извлечена од нејзините досегашни коментари. Види сега, има 4 категории на луѓе: - едни кои нон стоп кукаат, критикуваат и спремни се да тргуваат со својот национален идентитет. Ваквите ги нарекувам неоформени. - други кои исто така кукаат, критикуваа но остануваат доследни на својот национален идентитет. Нив ги нарекувам трагачи, кои незнаат по што трагаат. - трети полни со самодоверба пробуваат да си најдат место под сонцето по белиот свет. Ги нарекувам предприемачи. - четврит се позитивни и остануваат на бојното поле да се соочуваат со секојденвните економско-политички проблеми, како за себе лично така и за пошироката заедница. Ги нарекувам борци! Ако треба да ги рангирам погоре споменатите категории на луѓе може слободно да се каже дека борците заслужуваат најголем респект. По нив следат предприемачите. Трагачите се трети на ранг листата и им треба добар патоказ инаку многу лесно забегуваат. Никаков респект залужуваат неоформените, за нив нема спас. Таквите само лаат, не се проактивни, ниту пак имат храброст, ако ништо друго барем самите да си ја променат матријалната состојба. Како работодавец секогаш би бирал од првите 2 категории на луѓе. Од третата категорија на луѓе само ако видам дека има потенцијал, а притоа имам време, желба и пари да инвестирам во таквите луѓе. Четвртите, колку да звучи нехумано, би ги оставил да мизеруваат, пред се ради тоа што непоседуваат дух и интегритет. Зошто би сакал на таквите луѓе да им помогнам, кога самите не се спремни да си помогнат? Никој нема илузии дека во Македонија цветаат рози. Во недостаток на здрава економија, недостаток на ресурси и политичка подвоеност борбата за опстанок е безпоштедна на секој еден фронт. Во такви услови секој еден кој конк*рира на пазарот на работна сила или се впушта во бизнис пред се треба да ја процени реалноста и соодветно на тоа да се прилагоди на дадените прилики. Секој еден треба да демонстрира дека тој е витинскиот кандидат, без разлика дали станува за човек кој ја нуди својата работна сила и експертиза или станува збор за бизнис кој се обидува да се етаблира на македонскиот пазар. За да се опстане секој еден треба да дава екстра напор. Неможе да се очекува финансиската надокнада да биде на ниво на онаа од развиените земји. Сепак пазарот ја одредува и вредноста на трудот. Неможе да се очекува и сите работноспособни да бидат на товар на буџетот. Незаборавајте живееме во капиталистичко општество, за жал либерален капитализам, каде основниот мотив е профитот. Никој ништо недава за џабе. Добронамерен совет упатен до сите критизери им е да излезат од апатичната состојба, да покажат повисок морал без разлика колку економско-политичките прилики изгледаат црни. На крајот на краиштата Македонија не е Авганистан, Бангладеж...... Сите оние кои се за ЕУ и НАТО по секоја цена нека размислат добро. ЕУ и високо развиените земји се земји кои наложуваат висока регулатива и безкомпромисно спроведување на законот. Колку што можам да видам ние на Блаканот, не само во Македонија, имаме проблем со имплеменатацијата на регулативата и законот. Се чини дека се пружа отпор на секоја законска регултива кој сака да се спроведе. Па како ќе живееме со толкава регулатива кога еднаш ќе влеземе во ЕУ? Кого ќе кривиме тогаш, Брисел или пак ќе плукаме по СДСМ и ВМРО? Сите оние кои се за ЕУ и НАТО по секоја цена нека размислат добро. Нека учат од примерите на оние сиромашни земји кои се веќе во ЕУ, нека ги погледнат економнските параметри и нивните перформаси. Нека го погледнат нивниот животен стандард. Македонијо не се продавај за трошки! Знам дека ќе се појават дежурните критизери и бурно ќе реагираат на овај пост. На таквите само можам да им кажам дека не сум Талер, Фуере, Рикер.....и за разлика од нив на Македонија и сакам се најдобро. Не собирам политички поени како нив за да докажам дека ете колку сум бил успешен во текот на мојот мандат и сум го решил македонското прашање. Ви ги пренсеувам своите искуства, вредносниот систем и начинот на кој се размислува во земјите на кои се стремиме да им се приклучиме. Од овај пост секој нека земе она што му одговара и отфрли се’ за кое смета дека е несоодветно. Да, останувам на позицијата ЕУ и НАТО, но како Република Македонија. Без принуди и уцени! Изменето од Platenik - 09.Март.2011 во 04:03 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Чоекот е гнида, ама 90% од текстот му е прав, дури и опасно вистинит.
Ете ја незрелоста на македонската нација во 3 реченици.Идентитетот ни е граден врз селективна историја, после нормално дека немаме мадиња за да го дефинираме неговото постоење, па се се фрламе во дефанзива и цимолиме и се некој друг ни е крив и врши заговор против нас. Изменето од Анастеа - 11.Март.2011 во 15:42 |
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Чекај, те разбирам добро, ама конкретно ова мислење што го цитирав...дали не мислиш дека е реално? ...Сите понекогаш имаат по некој светол момент ![]() ![]() P.S. А тоа дека бил против самостојна Македонија во тој момент, и не е така страшно, зар е лесно да ја освоиш својата самостојност?...Ние и после 20 години не докажуваме дека сме зрел државотворен народ, не? За други моменти во неговите ставови, и ќе се согласам со тебе. Изменето од Kali - 08.Март.2011 во 21:42 |
||
![]() |
||
silvice ![]() Нов член ![]() Регистриран: 19.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 21 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
imeto E PRODADENO 2008 VO BUk*rEST...ERGA OMNES..
|
||
![]() |
||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кој е овај шо го напишал тексто ?На ова лепешка мајка му е албанка а девееспрва во собранието гордо изјавил - Јас Денко Малевски неможам да ја видам Република Македонија како независна држава.
Изменето од Анастеа - 11.Март.2011 во 13:09 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Kali, тешко нам ако примаме мислења од луѓе кои беа против суверена и самостојна Македонија и кои не можеа да се согласат со распадот на Југославија. А и пред да донесеш комплетен заклучок за тоа дали е убаво ова мислење, те молам, прочитај го ова. Дали сеуште сметаш дека неговите ставови се допадливи? Зарем сметаш дека Македонците потекнуваат од 1945 година? ![]() Изменето од Анастеа - 11.Март.2011 во 15:40 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас ниту најмалку не се сомневам дека тебе ти се јасни работите, само сакав да ја видиш изјавата. Не ми е јасно како може, а тоа е честа практика кај македонските политичари, да дозволат емоциите да ги надвладеат. Златното правило на политиката е да се отстранат сите емоции, независно дали се упатени кон семејството, пријателите, непријателите, доколку некој сака да постигне оптимални резултати за неговата земја, но и за самиот политичар. Кај нас мошне често се покажа дека политичарите го забораваат тоа правило, а вчера доживеавме потврда на тоа. Кога станува збор за партнери, во политиката партнерите не се и она што се во секојдневниот живот. Таму доминира интересот, а не љубовта, согласноста. Нема место за такви нешта, ако се спротивни на интересот. Не за џабе има разлика меѓу брак и политички брак. ![]() А и нашите политичари се многу брзоплети. Не се кажува се насекаде. Не е секој збор за сечие уво. Не случајно најдобро е секогаш во политиката да се прави она што не се зборува. Ќе те потсетам на Папата Александар VI. Многу добро знаеме што им направи на оние што со оружјето мафтаа пред него, не говорејќи ниту збор, односно правејќи го секогаш тоа кое не го зборуваше. Не ме сфаќај погрешно, јас воопшто не сметам дека Александар VI бил добар човек, верник или нешто слично, но, при заканите, мафтањето со оружје на римските благородници, никогаш ништо не говорел, само дејствувал. Впрочем, тоа е нешто како што она што го велиш и ти за транзицијата на кажаното од едното уво до другото. ![]() Изменето од Анастеа - 11.Март.2011 во 15:39 |
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ми се допаѓаше мислењето, па да го споделам.....
Интервју на Денко Малески..... - Владата јавно соопшти дека се согласила со ваквиот предлог затоа што мисли дека со тоа ќе го намали странскиот и домашниот притисок врз себе, демонстрирајќи кооперативност. Меѓутоа, тука има и една мала итрина. Луѓето што ја водат македонската надворешна политика се сосема свесни дека за решавањето на нашите проблеми со Грција, овој предлог е, како што би рекле Англосаксонците – „премалку и предоцна“. Имено, спорот е во сосема друга фаза од онаа во која се наоѓаше во почетокот на 1990-тите. Проблемот на името денес е само дел од тешкиот и сложен идентитетски спор во кој така несмотрено заглавивме. Да појаснам. Во времето од почетокот на 1990-тите, кога нашата надворешна и домашна политика беше на стојалиштето дека нашиот базичен идентитет е словенски, светот можевме да го погледнеме в очи и да му речеме дека под поимот „Македонија“, ние и соседите разбираме две различни нешта, и дека Грците се насилници кои немаат право да ни наметнуваат име. да нема никаква забуна - кога денес велиме дека ќе го браниме македонскиот идентитет, мислиме на античкиот македонски идентитетДенес веќе не е така. Денес под поимот „Македонија“ мислиме исто, спориме за иста работа и затоа идентитетската дистинкција се наметнува, безмалку, како нужна. Како дојдовме до ова? Партиите, од лево и од десно, со сесрдна помош на интелектуалци, чии глави беа полни со вистински и измислени историски и археолошки податоци, но празни за меѓународна политика, ја вградија античката митологија во темелите на нашиот идентитет. Затоа, да нема никаква забуна - кога денес велиме дека ќе го браниме македонскиот идентитет, мислиме на античкиот македонски идентитет. Оној словенскиот, никој, па ни
Грција не ни го оспорува. Но, она што никој не ни го оспорува, ние не го
сакаме, зашто во многу наши расистички умови, се чини помалку вреден од
античкиот. Но, и тука не е крајот на приказната. Со античката
митологија ја држиме во живот и идејата најблиска до нашите срца -
Големата Македонија од нашите фантазии, нашата и само наша територија,
која ни е одземена насилно пред сто години! |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мене многу работи ми се јасни, незнам колку на другите им се јасни. Види сега, да бидам скромен, 90% од Македонците мислат како Никовски. Во неформални разговори сите си го кажуваат мислењето отворено, онака од душа, емотивно. За разлика од сите, Никовски пак е јавна личност и неговото мислење норамлано е да има силен одек. Мислам дека Никовски изреагирал емотивно, исто како и народот. Не и доликува на една јава личност да реагира емотивно и да ги вознемирува нашите стратешки партнери, кои ни мислат добро, нели? Со оглед дека сите знаеме што нашите пријатели ни мислат, досега требеше да имаме научено како да ги контролираме нашите реакции. Неопходно е да бидеме смирени, сталожени, рационални, прагматични и политчки мудри. Мислам дека тоа го кажав во еден од моите прдходни постови. Ако Никовски неможе да си ги контролира чувствата тогаш не е за таа функција. Таквите реакции треба да му ги оставивме на народот и на медиумите како неофицијални, додека политичарите треба да бидат поумерени. Ставовите меѓу партнерите треба да се усогласуваат, а не под принуда да се наметнуваат. Јас кога некому му наметнувам услови, едноставно неможам да му бидам партнер. Постапувам од позиција на сила, а штом постапувам од позиција на сила тогаш треба да сум подготвен во даден временски момент ударот да ми биде возвратен. Едноставно, поставувањето на услови на долг временски период не носат резултат. Под партенрство неподразбирам нечиви ставови да станат и мои, сигурно не по секоја цена. Изнудените ставови се само реплика, копија, плагијат... Во тој случај јас станувам само папагал, немислам со своја глава и дозволувам некој друг да мисли замене. Маргиналците Талер, Рикер, Филипини, Фуере..... се само привремено на таа функција, а по истекот на нивниот мандат ќе си се вратат во своите јасли и нема да им чуе за Македонија. Тие кои најмногу ќе ги боли за Македонија сме ние, а не погоре споменатите маргиналци, “пријатели“ на Македонија. Затоа “добронамерните совети“ кои ни ги даваат ќе ги примиме на едното уво, а при транзицијата кон другото уво само ќе климнеме со главата. Тоа ќе го сториме само од чиста политичка к*ртоазија. На тој начин нашиот соговорник, добронамерник ќе се почувстува добро за замиот себе и ќе верува дека кажал нешто што навистина држи вода. Јас лично нетрчам по морковчиња. Изменето од Platenik - 08.Март.2011 во 06:15 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Joshua_Tree ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Toкму така brza.
![]() strasna rabota ova politikava....sega edno posle drugo,utre kojznae koe |
||
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
pa, normalno deka nikoj ne bi si potroshil ni ''metak'' za tebe ,..ako znae odnapred, deka posle ke se rodat i...majmuni, megju onie za koishto si gi troshele k*rshumite.
Изменето од Анастеа - 11.Март.2011 во 15:38 |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пријателе, ти навистина мислиш дека некој троши за некого нешто во политиката? Секој троши нешто за своите сопствени интереси, а не за нешто друго. Така сфати го и договорот на САД со Македонија. ![]() |
||
![]() |
||
Joshua_Tree ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Makedon,edno prasanje do tebe...
Koj e toj sto bi trosel municija i oruzje na nas? ![]() |
||
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |