![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6465666768 157> |
Автор | |
ZeZnAtA ![]() Сениор ![]() ![]() Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Vo globala NE,no se zavisi od podznak i mesecina
![]() ![]() |
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
![]() |
|
ekszi88 ![]() Сениор ![]() ![]() In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Имам едно прашање... Дали си одговараат Скорпија и Овен?
![]() |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За што фантазираат хороскопските знаци?
Сите хороскопски знаци поседуваат одредени интереси и афинитети во релација со своите општи карактеристики, а според тоа посакуваат и фантазираат за различни работи. Хороскопските знаци може од поблиску да ве одредат како личност и да претпостават кои се вашите скриени желби. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАБОТИ КОИ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ- невозвратени телефонски повици - мобилни кои не функционираат - животни во кафез - луѓе кои твитаат он лајн чатови - луѓе кои многу брзо или веднаш не преминуваат на поентата - лоши и неталентирани денсери - каснење на авиони, возови и автобуси - луѓе кои се облекуваат премногу обично - народна музика - луѓе кои претерано се фалат - неред и неорганизираност - облека која има дупки - лоши готвачи - кога некој ги игнорира во јавност - јавни говори - луѓе кои не користат дезодоранс - кога се предмет на шала - кога нема да испаднат доволно паметни - брза храна - луѓе без смисла за хумор - кога не се постојано во центарот на вниманието - расипани часовници - Лошо вино - чевли во ки не можат да танцуваат - луѓе кои зборуваат полека - луѓе кои пешачат преспоро - песимисти - зависници - преголема топлина - ако мораат да спијат на каучот - луѓе кои прерано доаѓаат на состаноци - луѓе кои не знаат да се облечат - кога луѓето ги критикуваат - насилни филмови - неблагодарни деца - губењето на очилата за сонце - луѓе кои наместо нив се во центарот на вниманието - луѓе кои се облекуваат подобро од нив - луѓе кои имаат подобри автомобили од нив - кога околината ги игнорира - кога некој намерно ги провоцира да бидат љубоморни - кога е преладно - кога ќе покиснат - кога ги тераат да одат во црква - луѓе кои се неуредни и ноерганизирани - луѓе кои не се јавуваат кога им ѕвоните - луѓе кои не носат часовници - луѓе кои не плаќаат данок - луѓе кои не одговараат на деловни мејлови - губење време на Facebook - луѓе кои грешат во граматика - луѓе кои им велат да ја намалат музиката - луѓе кои ја омаловажуваат брзата храна - ѓубре по улиците и парковите - луѓе кои се груби кон животните - луѓе кои не одговараат на повиците - љубовна авантура за една ноќ - лоши фризури - луѓе кои се дрогираат - луѓе кои се престроги спрема децата - луѓе кои земаат нешто на заем и никогаш не го враќаат - љубовници кои не доживуваат оргазам - кога партнерот ги прави љубоморен - кога е некој подобар од нив во работата - кога луѓето јадат без манири - трачарење - кога ги обвинуваат дека се неверни - луѓе кои премногу ја следат модата - луѓе кои тврдат дека имаат надчовечки моќи - фактот дека не можат да паркираат на местото за инвалиди - Доцнење на возови, авинои и автобуси - ако не летаа со прва класа - сопатници на кои им е лошо на патувањата - луѓе кои премногу се жалат - луѓе кои се плашат да ризикуваат - кога ги обвинуваат дека не знаат со пари - кога луѓето од нив очекуваат да дојдат на време - насилство над животните - луѓе кои лудо тршат пари - луѓе кои бараат заеми - луѓе кои не враќаат заеми - луѓе кои не се доволно строги спрема децата - предузимачи кои не ги исполнуваат ветувањата - луѓе кои оставаат отворен апаста за заби - читање поезија - кога бараат од нив да бидат возачи - кога мораат да ги остават децата во куќата - лоши фризури - кога луѓето досадно се облекуваат - брза храна - да говорат за своето минато - психијатри - трачеви - личности кои не се практични - луѓе кои не го собираат нередот на своите миленичиња - недостаток на лојалност - Држење “свеќа” на некој пар - претопли места - губење на очилата - загадена вода. - луѓе кои се прегласни - луѓе кои не обнуваат внимание на аргументи - алкохоличари - кога не им дозволуваат редовно да ги гледаат внуците - кога мораат да носат очила за вид - автомобили кои трошат многу гориво - бавни возачи ии не се нормални |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како се вљубуваат хороскопските знаци? Овен Овновите се заљубуваат брзо и страсно. Секој пат имаат чувство дека конечно го нашле вистинскиот човек. Тие се искрени, кажуваат што им се допаѓа а што - не. Во креветот се подготвени да пробаат секакви техники.Бик Биковите се нежни и разумни. Кога се заљубени, претставниците на овој знак не изневеруваат. Во кревет сакаат да експериментираат и не се егоисти. Близнаци Близнаците се луѓе со многу богата имагинација. Сакаат силни чувства и се пријатни партнери. Лошото е дека се непостојани и неверодостојни. Рак Раковите не се заљубуваат лесно. Збунети се и страдаат од повеќе комплекси. Во кревет не сакаат да пробуваат нови нешта. Го пленат објектот со своите желби и со супер смисла за хумор. Лав На почетокот на секоја врска Лавовите им угодуваат на своите партнери на секакви начини. Но, потоа паѓаат во плен на нарцисизмот. Доаѓа момент во кој претставниците на овој знак почнуваат да се натпреваруваат со партнерот. Девица Тие веруваат дека порано или подоцна ќе го најдат идеалниот човек. Но, дури и кога се многу вљубени, тие секогаш оставаат малку простор за себе. Трезвено ја проценуваат секоја ситуација. Ако претставник на овој знак ви покаже љубов, а потоа одеднаш исчезне, не патете - наскоро ќе се врати за да ве опкружи со нежност и топлина. Вага Вагите со леснотија ги покоруваат срцата на сите. Тешко се заљубуваат и се критични. Но кога се заљубуваат, веројатноста да ве напуштат е мала. Тие се премногу добри за да го сторат тоа. Скорпија Скорпиите се љубители на силните чувства. Обожаваат да експериментираат во сексот. Не ве напуштаат кога ви е најтешко и ги исполнуваат желбите на партнерот какви и да се. Стрелец Стрелците не престануваат да се заљубуваат во целиот свој живот. Влегуваат во романтични и забранети врски. Сакаат да изневеруваат. Ако сте вљубени во претставник на овој знак, треба да бидете многу трпеливи или непропустливи. Јарец Јарците сакаат да се изедначуваат со партнерите, иако често успеваат со повеќе парнери да се во врска. Немаат добро мислење за бракот. Во креветот имаат проблеми, бидејќи често не знаат да го побараат она што би им претставувало задоволство. Водолија Тие се платонски љубовџии и понекогаш се дури и досадни. Во исто време се зафатени со илјадници нешта и е многу веројатно да не ви обрнат внимание. Со проблемите во врската се соочуваат многу тешко. Риби Рибите секогаш имаат долга листа на обожаватели. Тие постојано го бараат идеалниот човек и вистински се радуваат на романтичните состаноци. Во креветот се креативни и горат од желба да пробуваат различни нешта. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
АНТИХОРОСКОП
ОВЕН Лесно се лутат, мора секогаш да победуваат, мора цело време да бидат во право и постојано да имаат контрола. Во суштина се самобендисани типови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Причината, најверојатно, е нешто „мало“ на нивното тело. Тие се како бебиња - ако не е по нивно, чувајте се! БИК Посесивни, алчни, тврдоглави, мрзеливи, експлозивни и љубоморни. Во суштина се самозадоволни молчаливи мочковци, здодевни како клуб на филателисти. Тие би јаделе и пиеле со денови. Притоа, нивната тврдоглавост, доколку не ги послушате, прераснува во агресија. БЛИЗНАЦИ Не само што имаат „две лица“ туку повеќе се „подвоена личност“, непостојани, склони кон флерт, површни, лукави, лесно им станува досадно, немирни и напнати. Во суштина се главни озборувачи и трачери, поткажувачи и превртливци со двојни мерила кои се менуваат секои 10-15 минути. Веројатно и Јуда бил близнак. Гледајте да ги немате во близина. РАК Наметливи, променливи, преемоциоанлни, лесно го менуваат расположението, живеат во минатото. Во суштина се посесивни персони, се навредуваат ако не им посакате добро утро со правилна интонација. Го менуваат расположението како ќе им дојде на ум и се затвараат во соба - да си поплачат. ЛАВ Арогантни, сакаат да шефуваат, нетолерантни, егоцентрични, премногу бараат од другите и имаат голем сексуален апетит. Во суштина се полни со големи планови за сè што на крај им користи само ним (како да им е гајле за другите). Празни муабети и фалење - тоа им е смислата на животот. ДЕВИЦА Перфекционисти, се грижат премногу, конзервативни, строги, груби и премногу критикуваат. Во суштина се опсесивно-компулсивни невротици кои се ослободуваат од стрес со чистење на станот, сложувајќи ја облеката и порцеланот. Премногу бараат, здодевни се во барањата и ни премногу не им е доволно. ВАГА Лековерни и наивни, лесно потпаѓаат под влијание, склони кон флерт, срамежливи и плитки. Во суштина се нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател, им треба една недела да се одлучат сакаат ли да нарачаат „кока-кола“ или „пепси“. Толку се мрзливи што е вистинско чудо како воопшто стануваат од кревет. Истакнат претставник Владимир Путин СКОРПИЈА Мрачни, љубоморни, опсесивни, таинствени, сакаат да контролираат и многу се лутат. Во суштина се самосожалувачки автодеструктивци кои ни својата кожа не можат да си ја поднесат, па мораат да повлечат уште 100 луѓе со себе. Утре да е крај на светот, тие не би се грижеле, веројатно би учествувале во садо-мазо оргии. СТРЕЛЕЦ Брутално искрени, безгрижни, неодговорни, површни, немирни, преголеми оптимисти и склони кон флерт. Во суштина се расипи-куќи и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку голем што да оживат мртви за нив е сосема возможно. Се ужасуваат да признаат дека го познаваат чувството на тагата. ЈАРЕЦ Пресериозни, престроги, опседнати со работата, алчни, песимисти и држат лутина. Во суштина се вистински тирани и робови на работата, веруваат во судбина до последен збор, а „извини“ не постои во нивниот речник. Би го продале задникот за општествен статус, сакат да се фалат, нарцизоидни типови што мислат само на себе. ВОДОЛИЈА Далечни и одвоени, студени, преинтелектуални, помалку перверзни, непредвидли и осамени. Во суштина се вулгарни и непристојни перверзници, вечно заинтересирани за приватниот живот на другите. Веројатно не изненадува фактот дека според статистичките податоци, најголем број од шпионите на ЦИА се токму водолии. РИБИ Премногу фантазираат, преголеми идеалисти, бегаат од реалноста, таинствени, премногу осетливи, лесно се навредуваат. Во суштина се здодевно романтични и меланхолични, чекаат некој да дојде и да ги утеши, не можат ни во веце да одат без туѓа помош. Изгледаат како немтур, а во нив се случува вистинска бура од тага. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бреее... |
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Машки воздушен знак којшто стои под влијание на Меркур. Уште во самото име на знакот и познатата неутралност на Меркур се крие целата сложена карактеристика на овој знак. Тоа е знак кој најтешко може да се дефинира, но сепак акцентот се става на големата моќ за прилагодување на секоја ситуација. Родените под овој знак имаат дарба за логично расудување. Ги сакаат сите промени и новитети, но сепак знаат да бидат многу упорни во остварувањето на своите идеали. Нивното разбирање за другите проблеми и грижи е просто неограничено. Во тоа многу им помага вечно младиот карактер со кој успеваат да ги пребродат сите несогласувања. Брзи, способни и љубопитни, лесно влегуваат во суштината на најтешките проблеми, и со разбирање на секого му го упатуваат правиот збор. Нивната вродена нервоза уште повеќе го зголемува лирскиот темперамент. Личностите родени во овој хороскопски знак располагаат со интелегенција над просечната, но се почесто вредни работници отколку фантазери. Многу се со практичен дух и се надарени во дипломатска смисла. Реални се во проценката на ситуациите и секогаш знаат кога да го направат вистинскиот чекор. Пред се добро ќе размислат, па дури отпосле ќе го направат правиот избор. Тврдоглави се само тогаш кога ги бранат своите ставови и за кои им е особено важно. На сите сакаат да им помогнат и угодат, ретко на побараната помош кажуваат - не, дури и ако молбата е неоправдана. Поради тоа доживуваат разни непријатности. Вешти се во секаков вид на комуникација, а особено писмената. Срамежливи се и лесно другите ги наговоруваат на добро или лошо. Ако се најдат во лошо друштво, и они се однесуваат лошо. Со еден збор знаат да се постават во секаква ситуација, вечно бараат промена и многу се непостојани. Но исто така ако е потребно, ништо неможе да ги спречи во остварувањето на нивните идеали и цели. Нивни квалитети се фантазирањето, подвижност и суптилност, а мани им се циничност, лукавство и нервоза. Многу лесно успеваат во сите области, потпирајќи и се особено на логиката. Се разболуваат од вртоглавици, инфаркт и болести на градите. Они никогаш не треба да се нервираат за работата и иднината. Нивниот проблем ќе биде во тоа правилно да изберат една од многуте прилики кои им стојат на располагање. Пронаоѓаат најмалку неколку различни кариери во кои можат да постигнат некој значаен успех. Имаат талент за секоја од нив, а сакаат да се испробаат во секоја. Особина на нивниот карактер е тоа што тешко можат да се сконцентрираат само на една работа, така што никогаш неможат да донесат конечна одлука туку цел живот преминуваат од една во друга работа. Така да ако се случи некој неуспех, тоа не е поради недостаток на способност, туку поради недостаток на желба да се занимаваат само со една работа. Доколку им тргне од рака да се навикнат само на една работа и да се дисциплинираат, можно е да постигнат брилијантна кариера. Новинарство, медицина, право и политика или некои духовни служби се некои од областите каде можат да се пронајдат. Среќни броеви им се 5,6 и 8; поволни денови среда и петок, а бои плава и сива. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ако частиш у кафана ![]() Ракот е под директно влијание на Месечината, па затоа е изразито женски воден знак. Потребата за мир, љубов и среќа се главните преокупации на родените во овој воден знак. Животот им се одликува со големи екстремности, од огромна среќа до крајни граници на патење. Неповерливи се и издржливи, а оптеретени со комплекс на ниска вредност. Имаат немирен дух.
Големи идеалисти се и често се во пресрет на опасностите. Поради неможноста реално да ги согледаат работите често влегуваат во ризични опасности, премногу се осетливи, лесно се возбудуваат и секогаш бараат потврда за својата љубов. Ако се заљубат, упорни се во докажувањето на својата искрена приврзаност и верност, па поради тоа имаат доста неприлики. Многу се љубоморни, сакаат секој да ги разбере и уживаат од сожалувањето на другите додека они страдаат. Ракот е пример на идеален маж кој сака секаде да помогне. Од срце се жтрвува за подобар живот на фамилијата и затоа не бара ништо друго освен куќен мир, топла соба и музика. Музиката, тоа е другата водечка сила на луѓето родени во овој знак. Лесно се лутат и лесно го менуваат расположението, а можат да бидат и незгодни за околината. Нежни се и пожртвувани, добри и друштвени, но затоа недоволно борбени и самосвесни. Немаат храброст да се спротивстават и да ги бранат своите ставови. Ако пак тоа го направат, тогаш тоа е одбрана на идеал без никаква реална подлога. Тоа често ги носи во егоизам, одмаздаа и нереалност. Својот живот им го препуштаат на инстинктите и соновите, а во надворешниот свет се однесуваат како мирни и незаинтересирани набљудувачи. Лесно се прилагодуваат на секоја ситуација, услужливи се, и на луѓето им веруваат повеќе од потребното. Поради тоа се често несреќни и несфатени. Претерана емотивност, сонувачка нереалност и инстинктивно жртвување тоа се главните особини на Ракот. Нивниот живот е полн со спротивности. Од една страна се упорни, а момент покасно несигурноста е таа која ги спречува да ги исполнат своите планови. Понекогаш се способни да се убедат самите себеси дека работата што ја работат е токму тоа што најмногу им одговара. Нивниот најголем проблем е да го направат првиот чекор. Значајна пречка за нивниот работен успех е претераниот страв и вродената срамежливост, како и фикс идеите за грешките за кои си замислуваат дека они ги предизвикале. Многу ќе патуваат и ќе имаат можности да работат нешто поврзано со воздухопловството или професија поврзана со трговијата, и ако се посветат на тоа можна е прекрасна кариера и со тоа да имаат влијание на животот на многу луѓе. Доколку имаат храброст и издржливост, можно е да прифатат и разни ризични работи, иако се плашат од се што е неизвесно. Можеби во работите поврзани со издавачка дејност или некоја воспитувачка работа, снагата на нивниот дух може да дојде до подобар израз. Нивни среќни броеви се 2,3 и 5; поволни денови понеделник и среда, а бои пурпурна и зелена. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Mome...aj nesto za Rak.....moit
![]() |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Си имам по дома..
![]() А кога се работи за кафана не пребирам многу..
![]() |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
pajser ![]() Сениор ![]() ![]() kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13979 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
,,,,,,,
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вагата е машки воздушен знак, на кој најмногу влијание има Венера и Сатурн. Многу рамнотежен карактер со целосна смисла за правда. Луѓето родени во овој знак се емотивни, нежни и склони на брзо заљубување. Се можат да жртвуваат за љубов, но и многу брзо можат да го променат објектот на жртвувањето и да бараат други идеали.
Кај овој знак како ретко кој друг се воочува големиот број на различни карактерни особини. Овие особини даваат хармоничен и смирен карактер, постојан оптимизам и голема желба за патување. Многу се нежни и чувствителни макар што тоа не сакаат да го покажат. Секогаш сакаат да бидат самостојни и не дозволуваат никакво мешање на својот смислен план. Отворено си ги признаваат поразите и од тоа не се срамат, но знаат да бидат таинствени како ретко кој знак. Сензибилни се но и реални, свесни за своите и туѓите вредности и токму поради тоа вечно лутаат во љубовта, бидејќи не поднесуваат изневерувања. Немаат одлучност во брзо работење, се плашат да истрчаат премногу напред, а сакаат да сработат повеќе работи одеднаш. Имаат смисла да организираат големи работи. Иако се прилично друштвени, они имаат мал број на пријатели; тоа е пред се затоа што пријателите ги бираат по некој свој таинствен и многу суптилен начин. Не поседуваат голема одговорност и секогаш во споредба со друштвото ги ставаат личните интереси пред останатите. Поради тоа стануваат жртва на краткотрајни задоволства. Веднаш после тоа јасно им е дека погрешиле, но тврдоглаво ја прават истата грешка по речиси само неколку дена. Праведни и непостојани оптимисти, тоа се луѓето родени во знакот на Вага. Во фамилијата се недопирливи газди. Сакаат за се да бидат консултирани и да дадат свое мислење на секој проблем. Сепак влијанието на Венера е очигледно. Тука има најмногу срам и морални страсти. Нивни квалитети се љубезност, верност, реалност и внимателност, а недостатоци мрзливост, неодоговорност и апатија. Се разболуваат од бубрези и од болести кои се последица на гурманлук. Целиот свој живот мораат да се борат протви својата преосетливост. На нив делува секој неуспех и тоа многу влијае на нивните чувства. Не треба толку сериозно да ги сфаќаат своите неуспеси коишто се случиле баш во тој момент кога очекувале сигурен успех. Чувствителни се на критики, невнимание и неправда до тој степен што дури и безначајните инциденти ги претвараат во проблем од најголем ред. Они не треба да работат тешка физичка работа , бидејќи се родени за уметност, трговија или финансии. Со желба лично да се усовршуваат, они ја прифаќаат секоја подобра прилика што ќе им се пружи. Се случува и да немаат никаков обѕир спрема луѓето со кои до вчера заедно работеле. Тоа ги доведува во ситуација само да се преместуваат од едно на друго место и никаде да не постигнат некој значаен успех. Ако успеат да се убедат самите себе дека треба да се посветат само на една работа, тогаш ќе можат да се надеваат на некои значајни потези во работното поле. Градежништвото е исто така значајно поле за нив во кое можат да постигнат успех поголем од просечниот. Среќни броеви на овие личности се 5 и 6, денови кои им носта среќа се понеделник и петок, а нивни бои се лилјаковата и светло плавата. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
viktorija123 ![]() Сениор ![]() ![]() Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ccccc - e stvarno ....
![]() ![]() |
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6465666768 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |