Албанците во енциклопедијата - „шиптари“
18.09.2009 18:53
| Албанците во Македонија се именуваат како „шиптари" и „планинци" |
| |
Македонската
Енциклопедија, промовирана во четвртокот во просториите на МАНУ, можно
е да биде повлечена. Утрешниот број на весникот КОХА пишува дека
енциклопедијата содржи голем број неточности, на ниво на скандали. Три
се споменуваат како нај контрадикторни, оној за наводната обука од
страна на американски и британски специјалци на членови на ОНА, во
конфликтната 2001., за кои реагирале амбасадите на Вашингтон и Лондон
во Скопје. Втор скандал е текстот во кој се раскажува
историјата на Албанците во Македонија каде се именуваат како „шиптари"
и „планинци", трет проблематичен текст според КОХА е делот кај што се
прикажува историјата на Албанците во Македонија, за кој МАНУ има став
дека насилно се населиле во Македонија во 16 век, истиснувајќи ги
Македонците од нивните домови. Амбасадата на САД ги отфрла овие
информации како: „Фалсификувани, безосновни и неприфатливи претензии на
МАНУ". Од амбасадата за весникот, рекле дека се разочарани од оваа
институција, која го поставила своето име на една смешна претензија. За
евентуалното повлекување на енциклопедијата, од амбасадата на САД
излегла со став дека „МАНУ сама треба да смисли што ќе преземе за да го
подобри нејзиниот кредибилитет". И британската амбасада негира дека
нејзини офицери обучувале припадници на ОНА, и велат дека ќе бараат од
МАНУ корекција на информацијата. Остро реагираше и поранешниот
политички лидер на ОНА, Али Ахмети. „Отвореното фалсификување
на албанската историјата, и ставањето во знак потпрашалник на
прадедовната автохтоност на Албанците во Македонија, е еден скандалозен
акт и ние не треба да дозволиме тој да се случи", изјавил Ахмети за
весникот КОХА . Од енциклопедијата се дистанцирале и еден од
наведените автори историчарот Шукри Рахими. Негира дека е дел од тимот
на автори на книгата. Членот на МАНУ Али Алиу, побарал енциклопедијата
да се забрани. Промоторите на енциклопедијата членовите на МАНУ тврдеа
дека станува збор енциклопедија што донесува синтетизирани податоци,
факти и аргументи за Македонија во историјата и во современоста. |