![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6364656667 157> |
Автор | |
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Какви книги сакаат хороскопските знаци?
Било да сакате да читате, или да подарувате книги, дознајте како влијаат ѕвездите на нашиот книжевен вкус. Овните не сакаат романтични приказни, Биковите можат и без книга, a Близнаците сакаат да ги купуваат. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Романтичните приказни, романите чиј што заплет се случува во сон... тоа е она што го сакаат Рибите. Фантазиите, бајките, научната фантастика и филозофијата ќе го задржат вниманието на Рибите. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве и од мене поздрав до сите бикчиња
![]() Идеалниот спорт според хороскопскиот знак БикТешко дека некогаш ќе го видите бикот како се заморува без некоја особена причина.![]() |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова ептен на долго и на широко...
![]() епа нека им е со среќа на тие што тргнале на лов по бик ![]() |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поздрав за Шаци и Блу ![]() ![]() Љубовен астролошки профил за женски биковиМажите имаат голем број причини зошто да ги обожуваат жените родени во знакот бик. За оние кои сакаат животот да го живеат со побавно темпо, жената-бик е вистинскиот избор за нив. Таа е сигурна и стабилна жена, која секогаш сака да знае во кој правец во животот се упатува и како се движи по него. Таа е решителна, упорна и трпелива личност. Ако нешто науми дека сака да го има, таа ќе пресмета, ќе го испланира, а потоа и оствари секој детаљ, сѐ додека не ја реализира нејзината замислена цел. Таа е мајстор за следење на нејзините зацртани цели, без разлика дали нивниот пат е напорен или досаден. Од оваа жена секогаш ќе знаете што добивате и што можете да очекувате, а таа ќе го очекува истото од вас. Жената-бик понекогаш може да делува контрадикторно. За да научите што таа навистина сака, ќе ви биде потребно трпение, пракса и голема издржливост. Таа е бавна, спремна и цврста жена. Доколку сакате да го освоите нејзиното срце, подобро обидувајте се само доколку имате силна волја да ја имате покрај себе. Доколку го издржите процесот на придобивање на нејзината љубов, на крајот ќе констатирате дека нејзиното големо срце е доволно вредно за сета мака. Таа своите чувства ги базира врз основа на факти и практичност. Таа има безгранична емоционална сила и има многу малку толеранција за некој кој не се согласува со неа. Некои претставнички на овој знак се чувствуваат понекогаш чудно во врска со себеси, како да се различни од сите други луѓе во светот. Поради тоа, убаво би било да ја потсетувате одвреме-навреме дека е само човек и дека е сосема нормално тоа што е исклучително уникатна девојка. Обидете се да ѝ покажувате сочувство секогаш кога ѝ е тоа потребно, но немојте да ја карате и прекорувате. И покрај тоа што таа е многу приземна и цврста, понекогаш знае да го изгуби трпението и нервите. Во тие случаи ќе биде најпаметно да излезете од просторијата, додека не „спадне прашината“. Не дозволувајте вашата гордост да преовладее во врската со оваа девојка. Кога некој ќе ја навреди, таа не се труди да возврати со иста мерка, туку едноставно ќе ја игнорира таа личност. Оваа жена ја вреднува традицијата и стабилноста. Како нејзин потенцијален партнер, вие морате да ѝ ги овозможите овие две работи. Таа е фиксен земјен знак, стабилна е, едноставна и нерасипана, но не може да трпи напнати и глупави ситуации. Жената-бик е нетолерантна кон оние луѓе кои немаат класа, навредуваат, сурови се и покажуваат простотилак во своето однесување. Кон неа морате да се однесувате културно и да ја третирате како дама. Првиот впечаток е пресуден кога станува збор за оваа жена. Доколку не може за неколку минути да сфати дека вие сте личност со исклучителен карактер и потенцијал, тогаш најверојатно со неа нема да добиете ништо повеќе од тој еден разговор кој сте имале среќа да ви се случи. Не можете веднаш да влетате во врска со жена родена во хороскопскиот знак бик. Морате првин да се спријателите со неа, пред воопшто да помислите на започнување романса со неа. Управувана од Венера, божицата на љубовта и убавината, оваа жена има особена почит кон убавите и сензуалните работи во животот. Благодарение на влијанието на оваа планета, женските бикови се маркантни, забележителни и екстремно привлечни. Тие имаат способност да го привлечат вниманието на повеќе мажи кога влегуваат во некоја просторија, така што доколку сакате да ве забележи, ќе морате некако да се истакнете во толпата. Таа ќе ве обожува доколку ги почитувате традиционалните романтични вредности и ја третирате како вистинска дама. Секс за една вечер или секс без обврски се невозможни опции за неа. Кога ќе се врзе со еден партнер, таа планира да остане со него на долг рок. Воедно, таа сака нејзиниот потенцијален партнер да биде рамноправен со неа. Доколку успеете да отидете со неа на состанок, немојте да мислите дека сте го положиле испитот и не треба повеќе да се трудите. Бидете промислени. Букетот цвеќиња се секогаш добар избор и ќе оставите добар впечаток кај оваа жена. Доколку е сезона на орхидеи или лилјани, направете мал букет и верувајте со него ќе соберете многу поени кај неа. Таа ќе се обиде да ја процени вашата искреност. Така што, држејќи ги цвеќињата во вашата рака, бидете искрени и директни со неа. Таа обожава добар муабет и ќе ве цени уште повеќе доколку сте одличен слушател. Женските бикови ја ценат својата приватност. Таа не чувствува потреба да ѝ покажувате добри гестови или јавно да ѝ покажувате внимание. Овие жени преферираат спонтани разговори и комплименти кажани од срце. Имајќи ги овие работи на ум, знајте дека оваа жена е многу посесивна кон работите кои ги поседува и кога ќе почувствува дека нејзината сигурност е загрозена, таа ќе почне лошо да се однесува со вас. Таа не би играла љубоморни игри, ниту би била во врска која е непостојана. Она што ќе ја одржи „загреана“ е партнер кој е лојален и сензуален колку што е таа. Играњето со емоциите на жена родена во знакот бик, ќе придонесе да ја изгубите засекогаш. За да ја однесете оваа девојка во кревет ќе морате првин да задоволите неколку нејзини критериуми. Лојалноста е нешто што на секоја девојка родена во хороскопскиот знак бик ѝ е многу важно. Можеби ќе ви биде малку потешко да ја придобиете нејзината доверба, но кога еднаш ќе успеете во тоа, тоа ќе биде засекогаш! Следен критериум кој треба да го задоволите е романтиката, која претставува неопходен составен дел од нејзиниот љубовен живот. Колку повеќе ја разгалувате со цвеќиња или разни подароци, толку повеќе ќе се вљубува во вас. Последниот чекор до нејзиниот кревет, е да бидете сензуални. Биковите се сензуални љубовници, па затоа таа ќе сака да ја почувствува вашата нежност и суптилност на нејзината кожа. Ако се потрудите да се чувствува добро додека ја допирате, таа ќе ве награди дупло! Обидете се бакнувајќи го нежно нејзиниот врат. P.S. Не заборавајте да се напрскате со некој добар парфем или млеко за тело со природен мирис (избегнувајте цветни мириси). Сексот со девојка родена во знакот бик, може да се опише како „слатко измачување“. Таа сака водењето љубов да биде бавно и многу интимно. Колку повеќе галење и допирање искуси во текот на ноќта, толку подобар ќе ви биде сексот со оваа жена. Таа ќе обожава да ве задева и да ве одведе до точката на кулминација, потоа нагло ќе ги смири страстите, за после кратко време пак да ве „запали“. Одвојте повеќе време за вистински да уживате во сексот со неа. Таа ќе сака да ја помине цела вечер во вашата прегратка и ќе биде желна да учествува во сите ваши еротски (неперверзни) активности. Наредното утро ќе ве остави запрепастени да се запрашате зошто некогаш воопшто сте сакале да имате „секс на екс“ и како толку многу ја покачивте вашата сексуална кондиција и енергија. И покрај тоа што оваа девојка ја цени стабилноста и традиционалните вредности, сепак одвреме-навреме сака да се „предаде“ и да се забавува во спонтани активности. Понекогаш сака да се предаде на своите импулси и сака покрај себе да има некој со кој ќе ги споделува тие импулси. Жените родени во знакот бик може надворешно да изгледаат како да се секогаш сериозни, но реалноста е дека и тие потајно имаат свои желби и потреби. Тие се свесни дека понекогаш треба да престанат да мислат само на своите обврски и сериозните работи и да поуживаат малку во животот, така што со задоволство ќе прифатат некои нови авантури, но ќе им треба повеќе време да сфатат дека треба да се олабават. За да ја задржите оваа жена на долг рок, морате да поседувате неколку карактеристики. Првата е дека треба да ѝ останете засекогаш верен и да ѝ овозможите емоционална стабилност. Воедно морате секогаш да ја третирате како вистинска дама, останувајќи секогаш учтиви, културни и на ниво. Исто така, таа сака да знае дали можете да се грижите за вашите финансии. Парите не се сѐ во животот на една жена-бик, но ѝ создаваат чувство на удобност и стабилност кога знае дека ги има. На неа ѝ е важно да знае дека нејзиниот потенцијален партнер ќе се грижи да носи леб дома за неа и идното семејство. Работете СО неа, а не ПРОТИВ неа доколку сакате да го освоите нејзиното срце. Бавноста и подготвеноста се заштитниот знак на биковите и таа ќе сака и вие да функционирате на истиот начин, без разлика дали ви е тоа во природата или не. Оваа жена обожава да биде надвор, бидејќи кога е во природа таа се чувствува како да е дома. Поради тоа, таа ќе ве обожува ако често ја носите на прошетки во паркови, шуми, планини, покрај езера, реки, мориња… Пожелно би било и да ве бива за готвење, бидејќи таа е голем гурман. Можеби освојувањето на нејзиното срце ви изгледа како многу работа, но на крајот таа ќе ви покаже дека навистина вреди. Сте одбрале жена која ги цени високите стандарди и високиот квалитет на живот. Таа е љубезна и стабилна личност, која секогаш и секаде ќе ве поддржува. Таа обожава сѐ да споделува со нејзиниот партнер и ќе оди во крајности за да го направи нејзиниот љубен среќен. Не сака да игра игри и не сака сплеткани ситуации. Она што го видовте во неа кога првпат ја забележавте, е жена која вреди цело богатство и која ќе ви подари љубовно богатство за возврат. Изменето од Анастеа - 25.Април.2013 во 23:59 |
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не нема на листава погоре
![]() Какви пријатели се хороскопските знаци? Девицата со задоволство ќе им помогне на пријателите, но ретко кога самата ќе побара услуга. Скорпијата внимателно ги бира пријателите, додека Близнаците не ги интересираат здодевни луѓе. Па да видиме што вели хороскопот за пријателството и хороскопските знаци. Овенот своите пријатели ги носи во срцето Бикот е стабилен и верен пријател Близнаците не ги интересират досадни луѓе Ракот не сака било каков пријател Лавот е еден од најдобрите пријатели Девицата е прва кога е потребна помош Вагата ги доживува пријателствата многу емотивно Скорпијата внимателно ги одбира пријателите Стрелецот сака да дели совети За Јарецот пријателството е свето Водолијата често ги идеализира своите пријатели Рибите се грижат за своите пријатели |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Најголемите плачковци според хороскопотКолку често плачете? Дали сте од оние луѓе кои лесно знаат да се налутат и веднаш ќе почнат да ронат солзи? Нормално дека сите сме различни, не секој сака да покаже слабост пред другите луѓе и веднаш да почне да плаче, некои од нас во себе ја чуваат својата тага, нервоза, но и солзите. Солзите не се знак на слабост кај еден човек, туку дека тој можеби и премногу долго бил силен во себе.
Најдобар начин да се ослободиме од стресот и напнатоста, можеби е понекогаш да пуштиме по некоја солза, велат тоа е здраво за нас. Кои знаци од хороскопот најмногу плачат? Кои се највисоко на листата на плачковци? 1.Рак - важат за многу емотивни знаци, нив може да ги расплаче и најмала ситница. Постојано можете да ги видите дека плачат, тие не ги кријат солзите од другите. За нив најдобар начин да се ослободат од стресот е да пуштат по некоја солза. 2. Лав - иако можеби ова не е верно за вас, лавовите и премногу често плачат. Можеби тие и долго време се прават силни пред другите, но факт е дека целиот стрес и болка, ги исфрлаат преку солзите. За нив солзите не се знак на слабост пред другите. 3. Близнаци - тие се многу емотивни знаци, се нешто знае да ги расплаче. Плачат и на филм дури, плачат кога ќе видат несреќни луѓе, мали деца и сл. 4. Водолија - премногу осетлив знак, емоција во секој чекор. Незнаат како да се помират со одредени нешта во животот, па најлесно им е да плачат, но не пред другите, тие плачат сами со себе, за нив солзите се знак на слабост. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Конечно да изгрее сонце и на мојата улица иако не верувам во хороскопи . Сум задоволен од погоре напишаното .
|
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2013
Вашиот хороскоп за 2013 година е навистина возбудлив.Многу важна година за напредок во кариерата, кога станува збор за приходите но и позитивната внатрешна мотивација. Работа и пари: Заслужаната работа оваа година ќе ви се исплати.Најголем дел од вашите претходни идеи,проекти и работни иницијативи оваа година ќе вродат со плод.Хороскопот вели дека во првата половина од годината ќе достигнете успех, па затоа од почетокот на годината ќе целите високо. Љубов, семеен и друштвен живот: Вашите семејни и интимни односи ќе бидат малку комплицирани во првиот дел од годината. Водете сметка да не ја изгубите контролата.Потрудете се да ги пребродите сите несогласувања со партнерот или семејството.Доколку сакате стабилна година, морате да разговарате за своите проблеми отворено, без одолговлекување. Здравје: Ова поле ќе биде сјајно.Ќе имате одлично здравје.Ќе се потрудите што повеќе да ги вежбате вашето тело, ум и срце. Обидете се да се храните доволно и да си обезбедите повеќе сон од претходно. Ова е идеална година за да започнете да се занимавате со одреден спорт за кој размислувате веќе подолго време. Насочете ја својата енергија на својата добра линија и здравјето. Грижете се за своето тело за да обезбедите подобар живот. Карактеристиките кои го красат овој хороскопски знак се трпеливоста и тврдоглавоста.Таквите особини му помагаат да ги протурка сите тешки периоди во животот. Годишниот хороскоп несомнено укажува на падови и успеси кои вие ќе ги издржите благодарение на ваквите особини. Во текот на првиот дел од годината морате да покажете борбеност , кога се во прашање работата и парите, но и кога се во прашање здравствените проблеми во одредени делови од годината. Работа и пари: Претераната грижа за парите нема да ве однесе никаде.Потребно е да се сосредоточите на вашите квалитети и повеќе да верувате во себе за да би можеле да го постигнете својот максимум, но и подобро да ја работите својата работа. Доколку чувствувате недостаток на одредени вештини, 2013 година е совршена за личен развој. Љубов, семејство и друштвен живот: Извесно е дека оваа година ќе добивате целосна поддршка од вашето семејство, пријатели и блиските.Ова е една од најдобрите години, кога станува збор за љубовта. Вашите односи со партнерот ќе бидат совршени благодарение на добрата комуникација, доверба и отвореност. Здравје: Кога станува збор за бикот ретко се јавуваат проблеми кои немаат решенија. Биковите се познати по својата истрајност и тврдоглавост. Близнаците се карактеризираат со честа промена на нивните ставови, што оваа година нема да биде проблем бидејќи нема да се соочуваат со поголеми животни промени. Освен малкуте тешкотии на полето на работата, ништо значајно нема да влијае на вашата финансиска ситуација. Кога станува збор за љубовта, работите ќе бидат на задоволително ниво и нема да има значајни потреби за промени. Работа и пари: Почетокот на годината ќе донесе напади на вашата работна позиција.Подгответе се на тоа, бидејќи одредени поединци од вашето окружување ќе се обидат да ја заземат вашата позиција и ќе дадат сé од себе за да го постигнат тоа. Не се колебајте, останете силни , главата горе и работете ја работата најдобро што умеете. Љубов, семејство и друштвен живот: Вашата неодлучност највеќе се забележува на полето на љубовта.Ова не е година за донесување големи одлуки, но вие ќе продолжите да ги анализирате мааните и предностите на вашата врска. Постојат големи шанси да се обидете да внесете промени во својот живот од јануари до јуни, но тоа премислување ќе ви донесе дополнителен стрес. Здравје: Не ги одложувајте редовните контроли и посети на лекар. Со нив можете лесно да ги решите дури и најмалите здравствени проблеми.За среќа, имате голема поддршка од луѓето во вашето окружување и на нив ќе можете и понатаму да се потпрете, но немојте да размислувате кога станува збор за помошта која треба да ја побарате. Ви престои возбудлива година. Хороскопот за оваа година покажува дека оваа година за вас ќе биде исполнета со мистерија и интриги. Но, обидете се да не бидете пречувствителни на нив, како и претходно. Работите ќе се одвиваат бавно, но оваа година ќе ви го зголеми интересот за учење, изразување на креативноста и прифаќање нови предизвици. Работа и пари: Првиот дел од годината ќе изгледа како да сте на врвот на своите работни можности, но сепак и покрај тоа, за вас ќе се јават одредени проблеми. Наградата ќе отиде кај оние кои вложиле многу труд и енергија за постигнување на саканите резултати. Љубов, семејство и друштвен живот: Почетокот на годината би можел да биде исполнет со проблеми поврзани со односите кои ќе се обидувате да ги поправите и кои можат да се расипат од еден невнимателен збор или гест. Во овој период ќе сфатите дека сé е на ваш грб.Внимавајте што зборувате и работете на своето трпение.Имајте на ум дека не сте во право, секогаш. Здравје: Секогаш емотивниот рак често си е самиот најлош непријател кога станува збор за здравјето. Оваа година ви носи добри и позитивни емоции, а здравјето би требало да остане добро, доколку стресот го сведете на минимум. Многу можности ќе се отворат за вас, луѓето ќе ви се восхитуваат, а некои од нив ќе ви предложат нови работни понуди. Ќе имате впечаток како сите да ви се восхитуваат, освен најблиските. За да постигнете хармонија во 2013 година, потребно е добро да ги избалансирате вашите постапки.Иако имате доста квалитети, сепак не сте центар на сечие внимание. Работа и пари: Годишниот хороскоп покажува дека годината ќе ви започне навистина бурно. Нештата за кои што живее лавот , промоциите, признанијата, вниманието ќе продолжат во текот на целата година. Продолжете со нови идеи или продолжување на проектите кои ги одлагавте досега. Љубов, семејство и друштвен живот: Понекогаш вие непотребно ги драматизирате работите. Запаметете го ова доколку забележите дека работите ќе тргнат лошо на почетокот на годината. Сфатете дека не сте вие причина за најголемиот дел од нив.Ќе морате да го насочите своето внимание повеќе кон другите, отколку кон себе. Ќе се соочите со мали потешкотии во вашата врска во првата половина на 2013 година.Најголемата поддршка ќе можете да ја најдете во оние кои се соочуваат со истите проблеми, како и вие. Здравје: Здравјето ќе ви биде на завидно ниво.Трудете се да јадете здрава храна, вежбајте и опуштете што е можно повеќе. Одморот е клуч на доброто здравје во 2013 година. Иако ќе имате многу обврски ќе дојдете во искушение да ја запоставите здравата исхрана, вежбањето или одморот, но немојте да го правите тоа, бидејќи набрзо ќе ги почувствувате ефектите. За доброто здравје најбитно е да сте насочени кон работите кои ги правите. Оваа година ќе го достигнете максимумот на многу полиња. Најголем дел од работите ќе ви тргаат од рака, онака како што сте ги планирале.Стабилноста ви е потребна што натаму ги исклучува авантурите, оваа година. Работа и пари: Важно е да престанете да забрзувате одредени работи.Годишниот хороскоп покажува дека вакво нетрпение може да ве доведе до одредени проблеми во кариерата и финансиите.Ќе ви биде потребно одредено време за да ги анализирате своите постапки. Љубов, семејство и друштвен живот: На почетокот на оваа година, можно е да се соочите со проблеми во вашите интимни односи. Ќе ви биде потребно време за да решите одредени проблеми. Немојте да имате нереални очекувања дека проблемите брзо ќе се решат, бидејќи вие тоа го сакате. Здравје: Здравјето ќе ве служи во 2013 г.Останете во добра форма, хранете се здраво и поработете на создавањето здрави навики.Доколку ви се досади ваквиот начин на живот, обидете да се испробате во одреден спорт, со што ќе стекнете многу предности од редовното вежбање. Кога станува збор за вагата, рамнотежата и стабилноста се многу важни.Според хороскопот, ова е значајна година, кога станува збор за тоа.Вагите ќе бидат инспирирани и понатаму да се развиваат на личен план и да се обидуваат на одредени полиња каде не биле вклучени досега. Но, сепак треба да бидете подготвени на одредени проблеми во почетокот на годината.Ве очекуваат мнгогу предизвици кога станува збор за работата и кариерата, но тоа не е нешто што не можете да го пребродите. Работа и пари: Лошата финансиска одлука или лошо испланираниот тајминг ќе доведат до нестабилност во работата.Мора да останете прибрани. Искористете ја вашата способност стабилно да ги решавате проблемите. За да се вратите на посакуваната патека, важно е работите да ги започнете од вистинско место, каде многу ќе ви помогне доброто планирање, во кое сте одлични. Љубов, семејство и друштвен живот: Пред вас е нова романса.Но, бидете внимателни да не ве испаничат и исплашат страстите.Бидете свесни дека посесивноста не е романтична. Здравје: Нема да се соочите со значајни здравствени проблеми доколку фокусот го поставите на балансот . Вашата енергија и сила ќе се стабилизираат и повратат, оваа година. Годишниот хороскоп покажува дека вие сте одлучни на дело да ги спроведете работите кои сте ги замислиле.Нема да се предадете додека работите не ги поставите на вистинско место. Оваа година ќе ви донесе многу задоволства.Работите ќе ви тргаат од рака во најголем дел од времето, особено кога станува збор за работата.Ова ќе биде една од годините која ќе ви остане во добро сеќавање. Работа и пари: За вас ова ќе биде избалансирана година на сите полиња. Со помош на умствената сила која ја поседувате, ќе успевате да остварувате се повеќе успеси. Вашата креативност ќе го достигне врвот оваа година, така што оваа состојба можете да ја искористите за нови работи кои не сте ги пробале досега. Љубов, семејство и друштвен живот: Кога станува збор за скорпиите,љубовта за нив никогаш не е проблем. Тоа што понекогаш недостасува е дружењето и поврзувањето со луѓето. Во 2013 година, тоа ќе се смени кај вас и ќе запознаете многу луѓе, што ќе ви ги отвори вратите за нови успеси. Здравје: Во 2013 година, ќе се чувствувате малку исцрпени.Обидете се да го одморите своето тело. Годишниот хороскоп за овој знак покажува дека ова е година полна со ведрина. Иако ќе се соочите и со одредени падови, сепак ќе успеете да ги држите работите под контрола. Доколку не оди се според планот, не се плашете да побарате помош од оние кои имаат искуство и можат да ви помогнат.Тоа е најлесен начин за да научите. Кога ќе се соочите со неволји во текот на оваа година, бидете подготвени да научите од грешките за да можете да напредувате. Работа и пари: На ова поле ќе имате и успеси и неуспеси. Во 2012 година ви беше важно да напредувате во поглед на кариерата и финансискиот статус. Но, во 2013 нема да бидете толку оптеретени. Љубов, семејство и друштвен живот : Лојален во сé што прави, стрелецот понекогаш сака да дознае кои личности не се на негова страна. Во таа насока, ова ќе биде тешка година кога станува збор за семејните односи и пријателствата. Меѓутоа, можеби нема да биде лошо доколку дознаете кому можете да верувате и на кого да се потпрете.Што се однесува на љубовта, ќе бидете привлечни за сите квалитети кои ги поседувате. Тоа може да предизвика љубомора кај одреднеи пријатели кои се чувствуваат загрозени во ваша близина. Немојте да донесувате важни одлуки, ниту пак да се ограничувате. Здравје: Сега кога Плутон се повлекува, вашето здравје ќе биде многу подобро.Но, за жал одреден дел ожд годината ќе го потрошите за да закрепнете од претходниот период.Оваа година е идеална за воспоставување нормален сон, редовно вежбање и правилна исхрана. Во светот на јарците, неизвесноста е клучниот збор. Вие знаете што сакате и имате мало трпение да чекате некој да ви дозволи тоа да го добиете. Оваа година ќе ви дозволи убав одмор од борбата, бидејќи годишниот хороскоп покажува дека ќе постигнете успех како резултат на вашите претходни напори. Работа и пари: Оваа година довербата ќе биде на ваша страна, благодарение на влијанието на Сонцето на секое поле од вашиот живот. Луѓето ќе ве надгледуваат и ќе се прашуваат како ги постигнувате успесите. Не дозволувајте тоа да влијае на вашиот напредок.Бидете свесни и подготвени дека другите понекогаш ќе се обидат да ги украдат плодовите од вашиот труд. Вие сте оние кои ги движите работите и оние кои ги поттикнуваат промените. Љубов, семејство и друштвен живот: Во поглед на друштвениот живот,ќе бидете помалку друштвени од вообичаено, па дури и мрзливи. Луѓето ќе бидат зачудени од вашиот „краток фитил“ или недостатокот на волја и желба за излегувања или прослави. Здравје: Во минатото се провлекувате не обраќајќи внимание на здравјето.Сепак, оваа година ќе морате да се грижите за себеси.Психички, ќе морате да се борите со влијанието на Сатурн. Доколку обрнете внимание што му потребно на вашето тело, тогаш тоа е исхрана која ви одговара, вежбање и одмор. Водолијата е позната по својот допадлив, пријателски карактер. Некои од тие особини кои ги привлекуваат и другите се вашата искреност и љубезност. Исто така, луѓето имаат доверба во вас, бидејќи никогаш не ги откривате тајните кои ви ги доверуваат. Дел од вашата популарност и понатаму ќе лежи во вашата желба за независност,со што влијаете ненаметливо и мистериозно, понекогаш. Но, луѓето околу вас често ќе се чувствуваат и дека не ве познаваат. Работа и пари: Можеби нема да доживеете спектакуларен финансиски успех, но сепак ќе напредувате. Ако некои ваши активности не наидат на поддршка, тоа ќе ве поттикне да истапите со нови и свежи идеи и да бидете подобри од претходно. Најдобро е да ги започнете нови проекти или да побарате нова работа на крајот на пролетта. Љубов, сеемен и друштвен живот: Ова е година за промени.Често, водолиите избегнуваат романтични и интимни односи на долг рок во корист на својата независност, но оваа година ќе имате потреба од романтика и поврзување со партнерот.Тоа значи дека ќе влезете во нова врска или на постоечката ќе и дадете повеќе смисла, но и повеќе шанси. Здравје: На здравото тело му е потребен смирен ум. Кога вашиот внатрешен свет ќе почне да се смирува, дури тогаш ќе ги почувствувате ефектите од враќањето на енерфијата. Ќе почувствувате корелација меѓу виталноста и умствениот напредок. Хороскопот покажува голем успех кога станува збор за сите полиња освен меѓучовечките односи. Кариерата, парите и желбата да учите и да ги развивате своите способности ќе ја обележи првата половина од годината. Во другата половина на 2013 година, ќе биде потребно да вложите поголем напор за да ги одржите работите под контрола. Работа и пари: Вашиот напорен труд конечно ќе се исплати.Во почетокот на годината, најверојатно ќе добиете унапредување. Среќата ќе ве следи кога станува збор за финансиите, па не треба многу да се грижите. Работите доаѓаат на своето место, а во моментите кога ќе мислите дека сé е изгубено,нема да сте свесни какви можности ве очекуваат.Затоа, внимавајте.Сепак, кога станува за работата, првиот дел од годината е најповолен. Љубов, семејство и друштвен живот: Кога станува збор за пријателите, работите нема многу да се менуваат.Ќе имате удобност и блискост, но ќе морате да вложувате напори во односите со луѓето.Во јули, вашата врска ќе наиде на потешкотии.Тоа ќе биде добар момент да се преиспитате. Здравје: Лесно е да се чувствувате добро, кога во животот сé оди како што треба. По напорната работа, ви следи признание.Но, водете сметка за правилниот начин на живот за да не го загрозите своето здравје. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Колку често плачете? Дали сте од оние луѓе кои лесно знаат да се налутат и веднаш ќе почнат да ронат солзи? Нормално дека сите сме различни, не секој сака да покаже слабост пред другите луѓе и веднаш да почне да плаче, некои од нас во себе ја чуваат својата тага, нервоза, но и солзите. Солзите не се знак на слабост кај еден човек, туку дека тој можеби и премногу долго бил силен во себе. Најдобар начин да се ослободиме од стресот и напнатоста, можеби е понекогаш да пуштиме по некоја солза, велат тоа е здраво за нас. Кои знаци од хороскопот најмногу плачат? Кои се највисоко на листата на плачковци? 1.Рак - важат за многу емотивни знаци, нив може да ги расплаче и најмала ситница. Постојано можете да ги видите дека плачат, тие не ги кријат солзите од другите. За нив најдобар начин да се ослободат од стресот е да пуштат по некоја солза. 2. Лав - иако можеби ова не е верно за вас, лавовите и премногу често плачат. Можеби тие и долго време се прават силни пред другите, но факт е дека целиот стрес и болка, ги исфрлаат преку солзите. За нив солзите не се знак на слабост пред другите. 3. Близнаци - тие се многу емотивни знаци, се нешто знае да ги расплаче. Плачат и на филм дури, плачат кога ќе видат несреќни луѓе, мали деца и сл. 4. Водолија - премногу осетлив знак, емоција во секој чекор. Незнаат како да се помират со одредени нешта во животот, па најлесно им е да плачат, но не пред другите, тие плачат сами со себе, за нив солзите се знак на слабост. |
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хороскоп: 12 знаци 12 секс фантазии
Овен Овен жена: како кардинален знак жената овен е далеку од срамежлива дама. Таа е во центарот на секоја ситуација и има тенденција да доминира. Ова е жена која секогаш знае што сака и мрази изговори од типот на „чекај да се префрлиме на задното седиште“ или пак „потивко моите се во другата соба“. Овенот сака сега и тука! Овен маж: маж кој влегува во клубот и веднаш завршувате со него. Зборува брзо и дејствува брзо. Овните се вистински ловци, но почнуваат да паничат кога жената од жртва ќе се претвори во ловец. Тогаш го губат интересот и веднаш се повлекуваат. Не сакаат кога жената им врши било каков притисок. Ерогена зона: лицето и главата Омилена секс фантазија: случајно да се сретнат со некого и да завршат заедно во кревет. Бик Бик жена: иако е припадничка на понежниот пол таа сепак е под дејство на бикот кој е познат по својата способност за парење и моќната сексуална енергија. Таа е сензуална, полна со страст и умее да слуша. Сака кога нејзиниот маж испушта звуци за време на сексот, но ако случајно изговорите име на друга жена додека водите љубов со неа, тешко вас. Бик маж: ако ви се допаѓа овој маж она што треба да го направите е да го допирате по телото. Дозволете му и тој да ве допира вас. Знајте дека бикот сака средени жени, па погрижете се вашата кожа да биде нежна на допир. Ерогена зона: вратот и брадавиците Омилена секс фантазија: цицање и грицкање на кожата Близнаци Близнаци жена: сака маж кој знае да флертува. Има мошне развиен нервен систем и забележува буквално сè. Ужива кога нештата се по нејзино и преферира брз секс. Близнаци маж: изгледа како да не старее па затоа бара млади девојки. Обожава да флертува и се возбудува на слики и убав изглед. Јадат со очи, ја користат устата, но и рацете, па обичниот секс ретко ги задоволува. Ерогена зона: раце и рамена Омилена секс фантазија: движете ги своите раце по неговото тело или пак земете ги неговите и движете ги по своето тело. Рак Рак жена: како ракот така и припадничките на овој знак никогаш не му приоѓаат на мажот директно. Изгледаат срамежливо и ранливо, но откако ќе се опуштат дозволуваат емоцијата целосно да ги поведе. Сакаат интимни пози во кои може да се милуваат со партнерот. Рак маж: машките ракови имаат потреба од многу внимание и нежност пред да преминат на сексот. Емоционално се темпераментни, па неопходно е да се чувствуваат комфорно и сигурно онаму каде што ќе водат љубов. Ерогена зона: граден кош и стомак Омилена секс фантазија: откачен секс во кујна Лав Лав жена: лавот е знак кај кој жените се исто толку храбри како и мажите. Тие се гласни и многу самоуверени во спалната соба. Сакаат целото внимание да е свртено кон нив, уживаат во секс игри и невообичаени пози. Лав маж: мажите од овој знак често се мрзеливи во креветот. Затоа бараат специфичен тип на жени кои ќе бидат поактивни од нив. Во најголем број случаи станува збор за згодни и силни љубовници кои заспиваат после сексот. Ерогена зона: областа околу срцето Омилена секс фантазија: кучешка поза во која ве влече за коса или секс пред огледало Девица Девица жена: таинствена жена за која никогаш не знаете онолку колку што би сакале да знаете. Сака чистотија и се фокусира на детали. Оди од крајност во крајност, од пристојност до најразлични лудости во креветот. Девица маж: обично бара две сосема поинакви жени. Едната е мила и фина, а другата е вистинска дама на ноќта. Ако сте подготвени преку ден да бидете пристојна сопруга, а навечер жешка љубовница, ова е мажот за вас. Ерогена зона: задникот Омилена секс фантазија: секс под туш Вага Вага жена: нека не ве излаже нежниот изглед на лицето бидејќи оваа жена сака да доминира во спалната и да ви покаже што знае. Посакува маж кој добро котира во социјалните кругови и кој може да и ги исполни сите барања. Вага маж: ужива да игра најразлични улоги во креветот. Се облекува убаво и се грижи за својата хигиена, па секогаш имате маж кој е среден од глава до пети. Понекогаш има чудни барања, но со текот на времето ќе се навикнете на нив. Ерогена зона: долниот дел од грбот Омилена секс фантазија: жените да наредуваат, а мажите да им биде наредувано во кревет. Скорпија Скорпија жена: лови специфично така што бара партнер кој ќе ги задоволи нејзините сексуални желби и не го троши времето на бесполезни врски. Оваа мистична жена е мошне сензитивна, па доколку ги повредите нејзините чувства ќе треба да се соочите со нејзиниот гнев. Скорпија маж: неговата харизма ги привлекува жените како магнет. Овие мажи паѓаат на добар парфем. Сакаат да користат секс играчки и мошне сериозно му пристапуваат на сексот. За нив тоа е сериозна работа, а не само обично задоволување страсти. Ерогена зона: пенисот и вагината Омилена секс фантазија: употреба на секс играчки, камшици и лубриканти. Стрелец Стрелец жена: заборавете дека ќе имате класичен секс. Со стрелецот ќе бидат испробани различни пози и водењето љубов ќе трае со часови. Таа има огромен сексуален апетит кој треба да биде задоволен, па затоа најчесто бара партнер кој е вистински спортист во креветот. Стрелец маж: неговиот немирен поглед ја забележува секоја жена која му е во близина. Преферира повеќе отколку помалку, па тешко му е постојано да биде со една жена. Секогаш мисли на секс и ретко се задоволува. Ерогена зона: бутините и задникот Омилена секс фантазија: играње перверзна верзија на Вистина или предизвик. Јарец Јарец жена: на изглед конзервативна, а под чаршафите вистински жар. Овие жени оставаат впечаток дека се недопирливи, но тоа го прават со цел да им се доближат оние мажи кои навистина имаат храброст да го направат тоа. Јарец маж: моќен, богат, самоуверен, но не толку одличен во креветот, сè додека не го натерате убаво да се опушти. Тогаш станува страсен љубовник кој ќе ви ги исполни фантазиите. Ерогена зона: колената Омилена секс фантазија: да води љубов додека му седите во скут Водолија Водолија жена: овие жени имаат помалку чудни партнери. Сакаат невообичаени нешта, кои се спонтани и не ретко непромислени. Подготвени се за авантура во секое време. Нема да размислат два пати ако треба да изневерат. Водолија маж: егзибиционист кој со задоволство би се впуштил во секс во тројка или пак нешто пооткачено. Сака да се забавува, лесно менува партнерки, љубител на жени и луди секс игри. Ерогена зона: бутини и глуждови Омилена секс фантазија: луд секс на некое откачено место каде што ќе биде фатен на дело. Риби Риби жена: ако имате дарба за убедување лесно може да ја намамите оваа риба на секс. Лесно потпаѓаат под влијание и се воодушевуваат на романтични гестови. Но, внимавајте! Со нив никогаш не постапувајте грубо. Риба маж: шармери кои знаат како да се постават во секоја ситуација. Откако ќе го добијат тоа што го сакаат имаат навика да исчезнат. Или ги сакате или ги мразите, но кога сте со нив не можете да одолеете. Ерогена зона: стапала Омилена секс фантазија: секс на отворено, по можност некаде на плажа |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
Martin87 ![]() Група ![]() Регистриран: 05.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 68 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ekszi88 bas mi e milo sto si najde nekoj. Se nadevam kolku tolku deka ke ti se namali depresijata. Koga si sakan od nekogo depresijata ja gubi mokta.
|
|
![]() |
|
viktorija123 ![]() Сениор ![]() ![]() Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ccccccccccccccccc e ova lavovite znachi gi utepaa so nivnata egocentichnost....breeeeeee kako drugite da ne se ich....
![]() |
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
![]() |
|
ekszi88 ![]() Сениор ![]() ![]() In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Значи како ги бирам секогаш..... јао је*оте
![]() ![]() |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6364656667 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |