IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6263646566 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2013 во 11:38
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

Според мене:

....

Водолиите.....Знаат и да откачат да зезнат зависи од ситуација може без причина да те остават на цедило

.....
и така.....


цццц....абе знаеш дека и други ми рекле вака.....изненадување
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2013 во 00:00
Според мене:

Овен,Бик,Скорпија(може и Јарец)......не ги разубедуваш во ништо,си мислат дека имаат некој свој став и главата во зид упорно.Со нив само губење време ако се почне осетлива тема.


Вага и Девица....слични ама Вагата мора од сите страни да премери да размисли 100 пати и пак може да се двоуми,Девицата малку по ладен тип
За друштво добри се.


Риби..приказна за себе .....додека потераат работа отиде денот не се баш амбициозни брзи пргави итн


Водолиите.....Знаат и да откачат да зезнат зависи од ситуација може без причина да те остават на цедило


Лав.....горделиви,ама борбени


Близнаци.....длабоко во себе кријат се,ништо не им се чита од лицето



и така.....
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 14:12

Бик

1. Биковите се најлојалните личности кои некогаш сте ги сретнале. Ако еднаш се приврзат за вас, никогаш нема да сакаат да се оддалечат од вас.

2. Нивната длабока сензуална природа, ќе ви се исплати во спалната соба. Тие сакаат да водат љубов долго, сѐ додека не се осигурат дека ве задоволиле.

3. Бикот ќе ве разгалува со екстравагантни вечери во луксузни ресторани, во комбинација со добро вино.

4. Никогаш нема да треба да се прашувате за мотивите или намерите кои ги има бикот, бидејќи тој е секогаш искрен и отворен спрема себе.

5. Во стресните мигови, бикот секогаш ќе биде покрај вас, ќе ви дава утеха и ќе се грижи за вас.

да
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 14:09

Лав  среќа

1. Нивната самодоверба и цврстина го/ја прават многу секси.

2. Бидејќи се грижливи луѓе кои го демонстрираат она што го чувствуваат, бидете сигурни дека никогаш нема да ви недостасуваат бакнежи, галења и љубовни прегратки.

3. Омилената работа на лавот е да се чувствува вљубено, па затоа можете да бидете сигурни дека тој нема никогаш да ја зема вашата врска здраво за готово.

4. Нивната страст, енергија и креативност, ги прави лавовите и одлични љубовници.

5. Лавот жестоко се бори за луѓето што ги сака, па покрај него секогаш ќе се чувствувате заштитено.

Кон врв
acika Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај acika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 14:04
Rak: "Kada ćemo se venčati?"
Finis coronat opus
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 14:03
Lav: "Zar nisam bila fantastična ?"
 
  кул 
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 11:22
LJUBAVNI HOROSKOP

Šta kaže koji znak posle sexa

Ovan: "Super, hajde da to opet uradimo!"

Bik: "Gladan/gladna sam - dodaj mi picu."

Blizanci: "Da li si video/la TV upravljač?"

Rak: "Kada ćemo se venčati?"

Lav: "Zar nisam bila/bio fantastičan?"

Devica: "Treba da operem posteljinu."

Vaga: "Bilo mi je dobro ako je i tebi bilo dobro."

Škorpija: "Možda treba da te malo više uputim u seks."

Strelac: "Nemoj da me zoveš, zvaću te ja."

Jarac: "Imaš li vizit kartu?"

Vodolija: "A sada da probamo bez odeće."

Ribe: "Kako reče da se zoveš?"


изненадување Ne e tochno za lavovite, tie nikogash ne prashuvaat dali se fantastichni, ednostavno znaat deka se takvi плазењегазење од смеење 


There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2013 во 10:16

Лав

Од Лавот можете да ја научите вредноста на парите. Од него исто така ќе научите што е тоа добра забава и како се ужива во животот. Ќе дознаете и како да бидете горди на себе, но и да ги пофалите другите кога тоа го заслужуваат.свиркање

Совет: Кога ќе ги изгубиш парите, задржи ја гордоста!задоволство

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2013 во 21:41
Што може да научите од секој хороскопски знак?

Овенот ќе ве научи да се борите за своите цели во животот, а Биковите никогаш да не се откажувате. Близнаците ќе ви укажат на тоа дека образованието е најважно, а Раковите ќе ве убедат дека ништо не вреди без стабилно семејство.

Овен

Од Овенот можете да научите како да се борите за своите ставови. Овој знак ви покажува како да се искачувате кон успесите, без запирање. Исто така, од Овенот може да научите и како да се сакате самите себеси и дека никој не е поважен од вас.

Совет: Секогаш бори се!

Бик

Од Биковите може да научите како да уживате во животот. Хедоноизмот е во крвта на овој знак. Од Бикот ќе научите дека материјалното е најважно, но и дека треба да научите како своите желби да ги претворите во реалност, по секоја цена.

Совет: Не се откажувај!

Близнаци

Од Близнаците ќе научите колку школувањето е важно. Овој знак ќе ви објасни зошто секоја книга вреди злато. Ќе ве научат да не зборувате премногу по телефон, само заради сметката.

Совет: Читај и секогаш напредувај!

Рак

Од Ракот ќе научите колку е важно семејството. Тој ќе ве научи што е тоа грижливост и посветеност. Од него ќе дознаете дека не треба да бидете премногу размазени и детинести, бидејќи тоа понекогаш ги повредува другите.

Совет: Никогаш не го заборавај семејството!

Лав

Од Лавот можете да ја научите вредноста на парите. Од него исто така ќе научите што е тоа добра забава и како се ужива во животот. Ќе дознаете и како да бидете горди на себе, но и да ги пофалите другите кога тоа го заслужуваат.

Совет: Кога ќе ги изгубиш парите, задржи ја гордоста!

Девица

Од Девиците ќе научите дека чистотата е половина здравје и дека вашето здравје е вашиот живот. Здрав живот и среден дом се нивните приоритети. Читањето книги е исто така својствено за Девиците, па учењето во текот на целиот живот е задолжително.

Совет: Внимавајте на деталите!

Вага

Од овој знак ќе научите дека сè може да се постигне со компромис, бидејќи овој знак е голем дипломат. Кога сте лути немојте да беснеете, туку гледајте како да се договорите со спротивставената страна. Научете дека добриот изглед и добрите манири се секогаш задолжителни.

Совет: Не е тешко да бидеш добар!

Скорпија

Од Скорпиите ќе научите како да се изборите со животот и во најмрачните ситуации, во најголемите стравови, во немаштијата, па и со лажливите души. Како? Едноставно - ќе продолжите да живеете, бидејќи се што има почеток има и крај. И да, научете како да уживате во сексот.

Совет: Никогаш не се откажувајте!

Стрелец

Стрелецот е знак кој секако може да покаже и докаже дека сите потешкотии во животот може да завршат со насмевка, но и поука. Штом заклучат дека нешто лошо се случило, не губат време туку продолжуваат понатаму. Од овој знак ќе научите како да бидете добро расположени, позитивни и да учите, напредувате и патувате.

Совет: Биди позитивен!

Јарец

Од Јарецот ќе научите дека целото време е драгоцено, па затоа најпаметно е да го искористите најдобро што можете. Не ги одложувајте работите, бидејќи секако ќе мора да се соочите со нив. Научете дека морате да ги почитувате постарите, бидејќи и вие еден ден ќе го достигнете тоа ниво во животот.

Совет: Искористете го секој ден!

Водолија

Водолијата ќе ве научи како да не гледате во минатото, туку да размислувате за иднината. Водолијата е знак кој ни укажува колку пријателите се важно, но сепак дека треба да бидеме независни во животот.

Совет: Направи сега, не чекај до утре!

Риби

Од Рибите можете да научите дека романтиката е многу важна и дека го разубавува животот. Истото важи и за уметноста која мора да биде присутна во животот. Соновите се остваруваат, ќе ви кажат Рибите. Исто така, според нив личниот мир е нешто најдрагоцено.

Совет: Прати ги своите соништа!


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2013 во 18:06
пресметајте во кој знак ви е Месечината голема насмевка

Изменето од LiDivio - 24.Мај.2013 во 18:07
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 22:28

5 романтични квалитети кои ги има секој хороскопски знак

Нашиот хороскопски знак, зборува многу за тоа на кој начин ја доживуваме и изразуваме љубовта, како се чувствуваме во однос на љубовните врски и каков го сакаме сексот. Без разлика дали сте веќе во врска или сте во потрага по љубов, прочитајте ги петте романтични квалитети кои ги поседува секој хороскопски знак.5 романтични квалитети кои ги има секој хороскопски знак

Овен

1. Сексот со овенот никогаш нема да стане досаден, а бидејќи претставниците на овој знак се неверојатно издржливи, тоа значи дека нема никогаш кратко да трае.

2. Овните не ги држи долго лутина, па кавгите со нив бргу завршуваат и бргу се забораваат.

3. Тие обожаваат спонтаност, па честопати ќе ве изненадуваат со случајно избрани подароци, љубовни писма и авантури.

4. Можете секогаш да сметате на овенот дека ќе се бори за вас.

5. Немате потреба да се грижите дека вашата врска со овенот ќе стагнира и ќе постане досадна. Животот со овенот секогаш ќе ви биде исполнет со возбуда и авантура.

Бик

1. Биковите се најлојалните личности кои некогаш сте ги сретнале. Ако еднаш се приврзат за вас, никогаш нема да сакаат да се оддалечат од вас.

2. Нивната длабока сензуална природа, ќе ви се исплати во спалната соба. Тие сакаат да водат љубов долго, сѐ додека не се осигурат дека ве задоволиле.

3. Бикот ќе ве разгалува со екстравагантни вечери во луксузни ресторани, во комбинација со добро вино.

4. Никогаш нема да треба да се прашувате за мотивите или намерите кои ги има бикот, бидејќи тој е секогаш искрен и отворен спрема себе.

5. Во стресните мигови, бикот секогаш ќе биде покрај вас, ќе ви дава утеха и ќе се грижи за вас.

Близнаци

1. Близнаците се заинтересирани да разговараат на многу различни теми, па ќе сакаат да слушнат за сето она што ве интересира.

2. Со нивната досетливост секогаш ќе успеат да ве насмеат.

3. Никогаш нема да треба да се грижите дека ќе ви снемаат теми на разговор, бидејќи близнаците секогаш се спремни да ја анализираат секоја тема до детали.

4. Близнаците се многу дружељубиви луѓе, а тоа значи дека првенствено ќе ви бидат пријатели, а потоа љубовници. Вашата врска ќе биде забавна и постојано ќе флертувате еден со друг, дури и после долгогодишна врска.

5. Тие се вешти за секс разговори и имаат уникатна способност да ве „запалат“ дури и пред да легнете со нив.

Рак

1. Раковите се природно дарежливи луѓе, кои секогаш ќе водат грижа за вас.

2. Тие ќе ги сфатат вашите најдлабоки емоции и не се плашат да го демонстрираат она што го чувствуваат.

3. Една од нивните омилени работи во животот, претставува гушкањето и галењето со нивниот љубен/а во домашна атмосфера.

4. На раковите им е битно сексот да биде страстен, да прави да се чувствуваат исполнето и да значи нешто.

5. Тие инвестираат многу време и енергија во нивниот дом, бидејќи сакаат да делува гостопримливо, топло и удобно, па секогаш ќе сакате да останувате кај нив на гости.

Лав

1. Нивната самодоверба и цврстина го/ја прават многу секси.

2. Бидејќи се грижливи луѓе кои го демонстрираат она што го чувствуваат, бидете сигурни дека никогаш нема да ви недостасуваат бакнежи, галења и љубовни прегратки.

3. Омилената работа на лавот е да се чувствува вљубено, па затоа можете да бидете сигурни дека тој нема никогаш да ја зема вашата врска здраво за готово.

4. Нивната страст, енергија и креативност, ги прави лавовите и одлични љубовници.

5. Лавот жестоко се бори за луѓето што ги сака, па покрај него секогаш ќе се чувствувате заштитено.

Девица

1. Девицата ќе биде секогаш покрај вас да ве поддржи, кога најмногу ќе имате потреба од тоа.

2. Нив им е значајна добрата комуникација и имаат разни интереси, па затоа никогаш нема да снемаат теми на разговор.

3. Девиците имаат нежна и осетлива страна, која им доаѓа до израз кога се во романтична врска.

4. Свесни за нивниот изглед, девиците секогаш ќе се трудат да изгледаат добро и педантно.

5. Тие тежнеат кон перфекционизам во сите сфери од нивниот живот, што во превод значи дека секогаш ќе се трудат да ви го овозможат најдобриот сексуален чин што можат.

Вага

1. Вагите сакаат да им угодуваат на другите луѓе, а тоа воедно значи дека ќе сакаат да го прават и нивниот партнер среќен.

2. Вагите се многу шармантни и романтични луѓе. Без разлика колку време сте во врска со нив, тие никогаш нема да престанат да флертуваат со вас.

3. Предиграта е многу значајна за припадниците на овој знак, што значи дека тие ќе си дадат доволно време под чаршафите, сѐ додека не бидете комплетно задоволни.

4. Смирениот и мирољубив пристап на вагата, ја прави едноставна личност за во врска, со која кавгите ќе бидат сведени на минимум.

5. Тие обожаваат да се чувствуваат удобно и сакаат да бидат опкружени со убави работи, па ќе се погрижат и вие да се чувствувате така.

Скорпија

1. Страста и енергијата, во комбинација со интензивниот сексуален нагон, го прават сексот со скорпијата едно неверојатно искуство, после кое на сексот ќе гледате како на нова димензија.

2. Скорпиите не се плашат од интима. Напротив тие ја посакуваат. Конекцијата којашто ја имате со неа, секогаш ќе се продлабочува сѐ повеќе и повеќе.

3. Тие ги сфаќаат љубовните врски многу сериозно. Откако еднаш ќе се зближат со вас, тие ќе го предадат целото нивно битие на вашата заедничка унија.

4. Поради нивната мистериозна природа, секогаш ќе имате нешто ново да научите за нив.

5. Скорпиите се страсни за буквално сѐ, почнувајќи од вечерата, до политика, па сѐ до уметноста. Особено се страсни кога станува збор за љубовта.

Стрелец

1. Оптимистичниот стрелец ѝ пристапува на секоја врска, со отворен ум и најдобри намери.

2. Без разлика дали само им се допаѓате или сакаат да го поминат остатокот од животот со вас, бидете сигурни дека стрелецот секогаш ќе биде искрен со вас.

3. Нивната независност значи дека тие ќе се чувствуваат удобно во вашата врска, дури и додека не сте заедно.

4. Родени идеалисти, стрелците секогаш ќе го гледаат најдоброто во вас, дури и кога вие самите не го гледате.

5. Енергични и жестоки, стрелците секој сексуален чин ќе го сметаат за нова авантура.

Јарец

1. Јарците се во потрага по значајна љубовна врска, на која двајцата се посветени и предани.

2. Немате потреба да се грижите дека јарецот ќе „шара“ со погледот. Тој е фокусиран само на вас и никој друг.

3.  Благодарение на нивната практичност, со јарецот ќе ви се случуваат минимум драматични ситуации.

4. Јарците не се плашат да бидат наметливи, што значи дека нема да се стегаат да ве земат во свои раце во спалната соба.

5. Без разлика дали се соочувате со комплицирана ситуација на работа или едноставно сте се разбудиле од кошмар, ќе можете секогаш да се потпрете на силниот и отпорен јарец, кој ќе ви помогне да ја надминете ситуацијата.

Водолија

1. Во вашата врска со водолија, секогаш ќе се чувствувате како вашиот партнер да ви е и најдобар другар.

2. Водолиите живеат во свет на идеи, поради што со нив никогаш нема да ви недостасува тема за муабет.

3. Тие сакаат фер игри, а воедно тежнеат да бидат во рамноправна врска, во која двајцата партнери се среќни, исполнети и се грижат еден за друг.

4. Излегувањето со водолија, автоматски подразбира и подобрување на вашиот социјален живот. Претставниците на овој знак имаат еден тон пријатели и тие ќе сакаат да ве вклучат и вас во забавата.

5. Благодарение на нивната инвентивна природа, тие не се плашат да експериментираат со нови техники во кревет.

Риби

1. Рибите се романтични и длабоко сексуални луѓе, што значи дека сексот со нив ќе ве одведе на друга планета.

2. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги предвидат вашите потреби и веднаш да почувствуваат кога нешто не е во ред.

3. Рибите ќе ви покажат дека ве љубат и обожаваат на еден убав, поетичен начин.

4. Рибите не се плашат да се жртвуваат за нивниот партнер, бидејќи многу ја вреднуваат интимната врска која ја градат со нивниот партнер.

5. Рибите се во потрага по романса, па секогаш ќе се трудат вашата врска да биде слатка и полна со фантазија.

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 12:41
ne procitav za denesплазење
vivi
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 12:33
Идеалната дестинација според хороскопскиот знак

Ако сте во дилема околу тоа која дестинација да ја одберете за ова лето, пробајте да одберете место кое најмногу ќе одговара на вашиот хороскопски знак.

Овен
Овните сакаат авантура и уживаат во необични работи, како скијање на вода, планинарење или крстарење во специфичен амбиент.

Бик
Биковите се опуштени, сакаат егзотични дестинации на кои ќе се чувствуваат пријатно. Пробајте да отидете на место кое е познато по добра храна и убави пејзажи. Остров би била одлична идеја.

Близнаци
Близнаците сакаат кога се зафатени, па затоа планирајте да одите на некоја дестинација која нуди богати содржини и ќе може да го окупира вашето време. За припадниците на овој знак во предвид доаѓаат само плажи на кои ќе можат да сурфаат, скијаат на вода и добро да се забавуваат.

Рак
Раковите сакаат удобност и да се опкружување со луѓе кои ги сакаат. Тие сакаат да се покрај вода. Размислете за изнајмување куќа на море или езеро заедно со друштво или со вашиот драг/драга.

Лав
Лавовите сакаат гламур и многу луѓе. Идеално место за припадниците на овој знак се туристичките места кои имаат богат ноќен живот, забави до утро, скапи дискотеки и ресторани. Лас Вегас е идеален избор.

Девица
Девиците се феноменално организирани и обожуваат да истражуваат нови места. Идеален одмор за нив подразбира комбинација на јога и нови авантури. Модерен хотел на необична дестинација е вистинскиот избор за девиците.

Вага
Вагите се романтични и сакаат да се опкружени со луѓе. Бидејќи секоја вага сака да се мази, идеален одмор би бил во хотелски ресорт, заедно со партнерот и задолжително да има спа центар.

Скорпија
Скорпиите се страствени и паметни и обожаваат да проучуваат други култури. Одвојте две недели и упатете се на некое егзотично место. Посетете ги некои од позафрлените ресторани и барови во кои посебно ќе уживате.

Стрелец
Стрелците живеат за да патуваат. Големите пространства како фармите, се идеално место за овој знак кој сака слобода и отворен простор.

Јарец
Јарците сакаат да ги наполнат своите батерии на места со историско значење. Комбинација од современо и старо е идеалниот одмор за нив. Сицилија е полн погодок.

Водолија
Водолиите ги интересираат уникатни места и запознавање на нови луѓе. Одлучете се за некое традиционално место каде живее локално население.

Риби
Рибите нека се одлучат за дестинации кои ќе ги исполнат и смират. Рибите би можеле и во Њујорк и во некоја бања да се чувствуваат како дома.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2013 во 13:48

Спортот ми го погодиле танцување  ама изборот на книгите јок.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6263646566 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.