![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6162636465 184> |
Автор | |||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Со ова целосно се согласувам:
Како и со ова:
И токму поради ова констатација од претходниов цитат, со следново не би се согласил:
Зошто да се даде правото на политичар (Премиер*) да одлучува за едно толку важно (ако не и најважно) прашање за една држава? Воопшто не ги оправдувам/одобрувам изјавите на некои кога од Премиерот (независно кој е на тоа место) бараат да превземе одговорност и да го реши проблемот со името (= да го промени името). Која одговорност? Во што би се состоела таа одоговрност? Дали одговорноста ќе се состои од тоа што: - Народот нема да го избере на следните избори? - Дали ќе оди во (доживотен) затвор? - Дали ќе биде проколнат? „Да му се сотре семето“, како што знае нашиов народ да колне! - Дали ќе биде стрелан? Која од овие казни да му се изрече за стореното дело? Нека е и оваа најдрастична мерка на одговорност. Еве и нека се отепа човекот како казна за тоа што го променил името. Но, кое „фајде“ ќе види Македонија од неговата смрт, кога веќе нема да се вика Македонија? Во однос на референдумот, го делам истото мислење со забеганиот за аргументите и последиците од негово одржување:
... кое верувам е исто и со моето, а тоа е еднаш да се рече јасно и гласно дека не сме за ЕУ, посебно не за во НАТО, под услови на уцени, понижување, непризнавање на ентитет, државност, право на самоопределување ... и прогласување неутралност. Незнам дали некој се сеќава што реков пред извесно време. „ Се обложувам дека Република Македонија нема да влезе во ЕУ“. Тоа го реков бидејќи: - Државата Република Македонија нема шанси да биде примена под тоа име. - Ако се смени името, повторно ќе биде истото. Ќе биде примена некоја друга држава, но не Република Македонија. На крајот што ни’ преостанува? Ако не го смениме името и, покрај разните црни сценарија, има шанси да си останеме Македонија и македонци. А ако го смениме името, со сигурност нема да се викаме Македонија и македонци. И тоа по наша вина! * - Забеган, имам една замерка во еден дел од одговорот кон Анастеа, каде го спомна следново: „ ... извинете ако ви го навредам премиерот ...“ Дали некој ќе го цени, почитува, сака, мрази, напаѓа, куди ... ние, сакале или не, мораме да прифатиме (признаеме) дека тој е наш Премиер. Тој „боксер и економист“ е Премиер и на „Анастеа“ и на „Забеганиот“ и на „Златник“ и на „брза“ ... и на БЦ , Фрчко, Рамковски ... ![]() Со други зборови, негирајќи ја функцијата Премиер, ние негираме еден дел од уставниот систем во Македонија. Или жаргонски кажано, јбг. каков е таков е - тој е! ![]() Според тоа, ова „ви“ би можело да држи вода ако исказот беше на пример „ ... извинете ако ви го навредам Претседателот на партијата ...“ бидејќи се однесува само на одредена група луѓе, а не на цела нација. Мислам дека и ти ќе се согласиш дека мора да се направи јасна дистинкција помеѓу овие два термина/функции. ![]() |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
![]() |
|||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Еве што ќе каже пропаднат политичар кој си го смени државјанството во Бугарско:
„Георгиевски: Северна Македонија е најпатриотско решение“ http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4CF7592CB9F67F49AEE308E1CE60387A Си останува доследен на епитетот што го стекна откако го видовме како премиер: Лаком лопов и продадена душа (ДО ДАСКА). Би си ја продал и сопствената мајка ако му се плати добро. ВМРОвската чиста душа го откачи ова суштество од партијата - па сега се обидува да ни продава предавнички патриотизам преку партија која нема ни 1% поддржка меѓу народот: да сме си го сменеле името во Северна Македонија. П.С. Баш ме интересира како ќе реагираат на ова ВМРО-ДПМНЕ. За продуваните од СДСх ич не ми е гајле, ама за ВМРО-ДПМНЕ - и тоа како ме интересира како ќе реагираат на најновата глупост од еден „мртов“ политичар. |
|||||
![]() |
|||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Сега може и нма камен мост да се обесат џабе им е. Додека меѓу себе докажуваа кој е предавник, кој е поголем патриот отиде јабана работата за која се платени со државни пари. да ја работат.
Грчка саботажа - наш пораз |
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Не знам зошто мораме да се правиме недоветни. Ако немаше никаков проблем, ќе се наречеше јазикот македонски, а не официјален јазик на државата. Истотака, немаше да се интервенира со амандмани во резолуцијата, туку ќе останеше во првичната верзија. Со амандмани се интервенира, ако се сака да се измени содржина на определен акт, а не поради култура и убавина.
![]() |
|||||
![]() |
|||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
...i zoshto ne ti e taka pishano?.. ...aman vishe! ![]() |
|||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|||||
![]() |
|||||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
глупости, глупости глупости глупости
![]() како може воопшто да се дозволува вакво нешто??? |
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
![]() |
|||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
место македонски е ставено официјалниот или државниот јазик, мислам дека така нешто беше
![]() која глупост, па според уставот кој е официјален јазик ![]() |
|||||
![]() |
|||||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
не ми е јасно, како може да менуваат други имиња поврзани со идентитетот, ако не е решен проблемот со државното име?
не може државата да има едно има, а нејзиниот домашен матичен јазик да има друга придавка, тоа е најголема глупост со името што ја имам слушнато (плус, да не зборам за апсурдни барања да менуваме разни термини кои ги користиме ние) значи се зависи од името, какво име, таков јазик туку има и една друга работа, за државното име имаа политички, територијални и не знам какви оправдувања грците, каква врска има јазикот со сето тоа? |
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
![]() |
|||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Е па зошто напишав дека пола саат се чудев, се нервирав и си мислев дали не разбираат што значи бришењето на придавката македонски
![]() Кој е тогаш поканет...која земја ![]() Да не бидам погрешно разбрана-не осудувам ни влада ни опозиција, за жал никој не е крив (имаат одговорност за нивните меѓусебни препукувања) ама зарем некој може да замижи пред реалноста дека со ова е направен првиот чекор кон бришење на идентитетот и јазикот. |
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Госпоѓата мислела на ова: EП ја усвои резолуцијата за напредокот на Македонија , но без терминот „македонски“ за официјалниот јазик на Република Македонија. --------------------- Не знам како може некои личност да кажат малку не чини за вакво нешто. Ова е напад врз македонскиот идентитет, на што македонскиот јазик е столб, а за некои тоа е мало нечинење. А во однос на ЕУ, подобро ќе и е да се занимава со се поголемиот број земји кои бараат помош поради финансиски крах, отколку да се меша онаму каде што не и е местото. А со текот на времето на ЕУ проблемите ќе и се зголемуваат, особено во јужниот дел, кој со напливот на имигранти, мошне брзо ќе и стане проблем, од кој нема да може лесно да се извлече. И потоа некој не убедува дека македонскиот идентитет не бил проблем, а како врв на се, сакаат народот да има добри намери кон таа институција. Изменето од Македон - 07.Април.2011 во 23:33 |
|||||
![]() |
|||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Денеска слушам и не ми се верува ..кај бумбарката една госпоѓа еуфорична што демек не поканиле за преговори за апликација за во ЕУ..откако ја исфали владата за својата заслуга за сето ова...онака узгред кажа ....е малку не чини што ја избришаа придавката МАКЕДОНСКИ..ама ај ќе дојде време кога и тоа ќе се среди. Едно пола саат анализирав што кажа жената ![]() Дали има толку луге кои навистина не разбираат дека тоа е страшно или и не им е важно. ![]() |
|||||
![]() |
|||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Поезијата е многу романтична ствар...
Реалноста... е таа не е баш секогаш таква... па така... не ми е јасно, како веќе и на секое мало дете не му е јасно... името ќе се смени... вака или така, на референдум или не... наместен или не... за ваква, таква или онаква употреба... ќе се случи... а поети... секогаш ќе има... и некои велат, дека поетите... живеат уствари во свој свет... Изменето од којсумјас - 07.Април.2011 во 18:52 |
|||||
![]() |
|||||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
но не знам зошто не треба да бидат одлуките во рацете на политичар? нас реалноста ни е таква што немаме политичари кои се способни за политика, и од друга страна пак, со нашата инертност ги охрабруваме да си дозволуваат било какви одлуки според личен вкус извинете ако ви го навредам премиерот, ама боксер со економски факултет не може да одлучува за вакви прашања на кои треба да им се посвети многу внимание и да им се пристапи сосема аналитички и реално од сите аспекти, искуства и предвидувања и на крај, се излегува со резултатите од анализата, се споредуваат сите решенија, со нивните предности или проблеми и се донесува крајна одлука според решението што најмногу одговара, притоа мора да биде целосно информиран и народот, ако ништо друго, барем да биде свесен за начинот на одлучување и да може да се вмеша доколку мисли поинаку за жал на политичари како нашите, не смееме да им даваме вакви одлуки... но од друга страна, пак, многу е осетливо да му се даваат такви одлуки на народот со референдум од повеќе аспекти, про, не може на пример аргат кој појма си нема од било каква наука, да пресуди која одлука е најдобра, нити партиски изманипулиран ум, ни запален патриот, ни гладен бездомник, едноставно треба разумна образована наија за такво нешто плус, не смее да се заборава фактот дека право на глас мора да има целото македоско население, без разлика на национална припадност, што е погубно сметајќи дека го има во голем број не знам навистина, според мене ни референдум, ни политичар не ми одговараат, јас лично си имам зацртано според мене кое е најдбро решение, но во оваа држава не живеам само јас... |
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
![]() |
|||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Не можам да замислам на било кој политичар (па колку и хипотетички да го поддржувам), да му дадам право да одлучува за името на државата, според негови лични проценки. И притоа, доколку реши да го менува, да не го ни праша македонскиот народ дали би се согласил на некаква евентуална промена. ![]() |
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6162636465 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |