Eve, copy-paste od eden makedonski vesnik.
Ovie slucki se slucuvaat sekojdnevno vo Solun, i ne samo vo Solun.
Do koga ke gi trpime cigano-atinjanite so nivnite arogancii?
Do koga ke odime tamu koga otvoreno ni velat deka ne ne sakaat?
Vie sto mislite za problemov?
НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ЛЕТОЦИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ ВО СОЛУН Скопјани марш дома!! "За скопјаните со налепница МК. Срам да ви е!!! Вие сте криминалци кои ја крадат историјата на другите луѓе. Крадци!!. Вие сте Словени кои немаат историја. Македонија била и секогаш ќе биде грчка!!. Одете си дома!!. Вие не сте добредојдени и немо
|
"За скопјаните со налепница МК. Срам да ви е!!! Вие сте криминалци кои ја крадат историјата на другите луѓе. Крадци!!. Вие сте Словени кои немаат историја. Македонија била и секогаш ќе биде грчка!!. Одете си дома!!. Вие не сте добредојдени и немојте да враќате!!". Оваа порака, испишана на рака и фотокопирана хартија од А4 формат, ги пречека македонските граѓани кои продолжениот викенд го поминаа на шопинг во Солун. На другата страна на истиот лист е отпечатена мапа на Македонија на која пишува Вардарска бановина. Пораката била закачена буквално на секое возило со македонски регистарски таблички кое во петокот било паркирано пред продавницата на "Икеа" во предградието на Солун. "Преку глава ми е од ксенофобијата и паранојата на Грците. Ние овде доаѓаме како туристи, трошиме пари и со ништо не ги провоцираме за вакви националистички испади. Се гледа дека некои Грци не сакаат добрососедски односи", ни рече еден скопјанец кој на својот автомобил го најде летокот. Тој вели дека иако биле револтирани, ниту еден македонски турист не се пожалил кај грчките власти. Од МВР велат дека само во четвртокот и петокот преку граничниот премин Богородица во Грција влегле 20.000 луѓе од Македонија. За да не се создадат огромни колони, на овој граничен премин работеа сите седум коловозни ленти, исто како и во шпицот на летните одмори. Поголемиот дел од македонските граѓани во Грција останаа до вчера доцна вечерта за да го искористат максимално секој час од споените празници со викендот. Други, пак, отпатуваа само на еден ден до Солун да шопингуваат во трговските центри. "Само за три дена на 11, 12 и 13 октомври на трите гранични премини со Грција - Богородица, Стар Дојран и Меџитлија, на влез и на излез ги поминаа вкупно 43.000 лица од Македонија и странство", ни рекоа вчера од Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека конечната бројка колку лица од Македонија ја посетиле Грција за празниците ќе ја имаат дури денес, оти поголемиот број од нив дома се очекуваше да се вратат во текот на изминатата ноќ. (И.С.) | |
Изменето од Анастеа - 14.Февруари.2011 во 00:34