|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 5859606162 98> |
Автор | |
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(mkbible.net)
Kому многу му се простува - љуби многу 36 Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него. Тој влезе во фарисеевиот дом и прилегна до трпезата. 37 И ете, една жена од градот, која беше грешница, кога научи дека Тој е прилегнат до трпезата во фарисеевата куќа, донесе со себе алабастрен сад со миро, 38 и застана зад Неговите нозе плачејќи и почна да Му ги мие нозете со солзи, да ги брише со својата коса; и ги целиваше Неговите нозе и ги помазуваше со миро. 39 И кога го виде тоа фарисејот, кој Го повика, рече во себеси: „Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, која се допира до Него: дека е грешница.” 40 А Исус пак му одговори и рече: „Симоне, имам да ти кажам нешто.” А тој: „Учителе, кажи!” 41 Рече: „Двајца му беа должни на еден заемодавач; едниот му должеше пет стотини динарии, а другиот педесет. 42 А бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на двајцата. И така, кој од нив ќе го возљуби повеќе?” 43 Симон одговори: „Мислам оној кому повеќе му подарил.” А Тој му рече: „ Право пресуди!” 44 И кога се заврте кон жената му рече на Симона: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти не ми даде вода за нозе, а таа со солзи ми ги облеа нозете и со својата коса ги истри. 45 Ти не ми даде целив, а таа откако влегов, не прекратува да Ми ги целива нозете. 46 Ти не ми ја помаза главата со масло, а таа Ми ги помаза нозете со миро. 47 Затоа, ти велам, простени и се многу гревови, зашто имаше многу љубов; кому малку се простува - малку љуби. ” 48 А нејзе и рече: „Простени ти се гревовите.” 49 А тие, кои беа заедно покрај трпезата, почнаа да зборуваат во себе: „Кој е Овој, Кој и гревови проштава?” 50 А на жената (Исус) и рече: „Твојата вера те спаси! Оди си со мир!” (ЛУКА Гл 7) |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
20.Nema pravednik na zemjata koj pravi dobro i nikako da ne greshi; 21. Zatoa ne obrnuvaj vnimanie na sekoj zbor shto kazhuva, za da ne go chuesh i slugata tvoj koj te navreduva. 29. Samo ete, toa go najdov, deka Bog go napravi chovekot dobar, no lugjeto se vpushtuvaat vo mnogu mudruvanja. Propovednik 7 Изменето од Messenger - 06.Декември.2011 во 15:33 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(mkbible.net)
28 И пристапи еден од книжниците, кој чу како се препираат, знаејќи дека им одговори добро, Го праша: „Која е прва од сите заповеди?” 29 Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ, 30 и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!” 31 А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!” Друга заповед, поголема од овие, нема.” (МАРКО Глава 12) 2 „Човечки сине, кажи му на тирскиот кнез: ‘Господ Бог зборува вака: „Твоето срце се возгордеа, ти рече: ‘Јас сум Бог! Седам на Божјиот престол во срцето на морето’ Иако си човек, а не Бог, ти го изедначи твоето срце со Божјото. ... 6 Затоа Господ Бог зборува вака: „Зашто своето срце го изедначи со Божјото, 7 еве, ќе доведам против тебе туѓинци, најнасилни меѓу народите. Ќе ги извлечат мечевите против твојата прекрасна мудрост, и ќе ти ја помрачат убавината, 8 ќе те фрлат во јама за да умреш со насилна смрт од оние што умираат на морската широчина! 9 Ќе речеш ли тогаш пред крвникот: ‘Јас сум Бог’? Човек си, а не Бог во рацете на своите убијци. 10 Ќе умреш со смртта на необрезаните од туѓинска рака! Зашто Јас, Господ го реков тоа - говори Господ Бог.’” (ЕЗЕКИEЛ Гл 28) |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 10 6 Јас реков: вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот; 7 но вие ќе умрете како луѓе, и ќе паѓате како секој кнез." Псалм 81 Изменето од Messenger - 06.Декември.2011 во 05:12 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(mkbible.net)
Исус воскреснува Исус им рече … 40 Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.” (ЈОВАН Гл 6) Исус воскреснува момче во Наин 11 Потоа Исус отиде во градот наречен Наин ; а со Него одеа Неговите ученици и големо множество. 12 А кога се приближи до градската врата, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка му, која беше вдовица и со неа имаше големо множество од градот. 13 А кога Господ ја виде, се сожали на неа и и рече: „Не плачи!” 14 Тогаш се приближи и го допре носилото - носителите пак застанаа - и рече: „Момче, тебе ти зборувам, стани!” 15 Мртвиот седна и почна да зборува; и Тој (Исус) го предаде на мајка му. 16 И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави меѓу нас” и „Бог го посети Својот народ.” (ЛУКА Гл 7) Исус воскреснува девојче 35 Додека уште зборуваше, дојдоа од домот на началникот на синагогата и му рекоа: „Ќерка ти умре! Зошто Го измачуваш уште Учителот!” 36 А Исус, кога го чу зборот, што го рекоа, му рече на началникот на синагогата: „Не бој се! Само верувај!” 37 И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот Јаковов. 38 И дојдоа во куќата на началникот; и виде врева, дека плачеа и пиштеа многу, 39 и кога влезе им рече: „Зошто викате и плачете? Детето не е умрено, туку спие!” 40 И Му се потсмеваа. А Тој ги истера сите надвор, ги зеде: таткото на детето, и мајката и оние кои беа со Него, и влезе таму каде што беше детето. 41 И кога (Исус) го фати детето за рака му рече: „Талита кум!”- што значи: „Девојче, Јас ти велам стани!” 42 И девојчето стана веднаш и одеше, зашто имаше дванаесет години. И веднаш се зачудија многу. (МАРКО Гл 5) |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот! 35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте; ... 36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’ 37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме? 38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме? 39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе? 40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’ ==Матеј 25:34-40 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(Biblegateway.com / Macedonian New Testament MNT)
Радоста на Исус (Лука 10) 21Во тој миг Исус се исполни со радост, преку Светиот Дух[h], и рече: „Ти благодарам, небесен Татко, Господару на небото и на Земјата, што сето ова им го откри на скромните, а го скри од оние што мудруваат и се потпираат на својот разум. Да, Татко, така сакаше Ти. 22Мојот небесен Татко Ме има овластено Мене за сe. Никој не знае Кој е Синот, освен Таткото; и никој не знае Кој е Таткото, освен Синот и оние на кои Синот ќе реши да им открие.“ (Лука 10 ) (Матеј 11) 25Во тој момент Исус рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на Земјата, што им го откриваш на скромните она што си го скрил од оние кои се сметаат себе за мудри и учени. 26Да, Татко, зашто така сакаше Ти.“ 26Да, Татко, зашто така сакаше Ти.“ 27„Мојот Татко Ме има овластено Мене за се. Никој друг не Го познава Синот, освен Таткото, и никој друг не Го познава Таткото, освен Синот и оние на кои Синот сака да им Го објави.“ Исус рече 28„Дојдете кај Мене сите вие кои сте изморени и натоварени со тешки бремиња, Јас ќе ве одморам! 29Земете го Мојот јарем на себе и дозволете Ми да ве научам, бидејќи Јас сум со нежен и кроток дух, и тогаш вашите души ќе се успокојат. 30Јаремот Мој е лесен, како што е лесен и товарот што ви го давам.“ (Матеј 11:25-30) |
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А Исус пак во одговор им рече:…
40 Но вие не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот. 41 Слава не примам од луѓе, 42 но знам дека вие немате во себеси Божјата љубов. 43 Јас дојдов во името на Мојот Татко, и не Ме примате. Ако дојде друг во свое име, него ќе го примите. 44 Како можете да верувате, кога примате слава еден од друг, а не ја барате славата, што доаѓа од Единиот Бог? (ЈОВАН Глава 5) 42 Сепак, мнозина од првенците поверуваа во Него, но заради фарисеите не исповедуваа јавно, за да не бидат исфрлени од синагогата; 43 зашто повеќе ја сакаа човечката слава, отколку Божјата слава. ( ЈОВАН Глава 12 ) Исус им зборуваше:… 25 Зашто, каква полза има човекот ако го добие целиот свет, а самиот себе се изгуби или се упропасти? 26 Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во Својата слава, и во славата на Таткото и на светите ангели. ( ЛУКА Глава 9 ) (mkbible.net)mkbible.net Изменето од Niko777 - 27.Ноември.2011 во 12:21 |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог. 13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи. 14 А седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така да може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти. ==Второзаконие 5:12-14 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 Тој пак им рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Божјото Царство; а на другите им се даваат во параболи, така што: гледајќи да не гледаат и слушајќи да не разбираат.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава 8 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
12 Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.” (ЈОВАН Глава 8)
9 Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше во светот. 10 Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна. 11 Дојде при Своите, но Неговите не Го примија. 12 А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име: 13 кои не се родија ниту од крв, ниту од телесна похот, ни од волја на маж, туку од Бога. 14 И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина. (ЈОВАН Глава 1) Pozdrav, Изменето од Niko777 - 25.Ноември.2011 во 15:43 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исус рече...
20 Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене, ЈОВАН Глава 17 9 Jас се молам за нив ; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои, 16 Тие не се од светот, како што ни Јас не Сум од светот. 17 Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината. 22 И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно; 23 Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 17 [/QUOTE] 10 Тој пак им рече: „>Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Божјото Царство; а на другите им се даваат во параболи, така што: гледајќи да не гледаат и слушајќи да не разбираат. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава 8 Hе се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде Hе се молам за светот Изменето од Messenger - 25.Ноември.2011 во 15:50 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исус рече...
20 Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене, (ЈОВАН Глава 17) 17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син. (ЈОВАН Глава 3) Исус рече... 15 ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци. 16 Ќе ги препознаете по нивните плодови. ... 19 Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган. 20 И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.” 21 ”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата. 22 Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ 23 И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’ (МАТЕЈ Глава 7) |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
9 Јас се молам за нив; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои,
16 Тие не се од светот, како што ни Јас не Сум од светот. 17 Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината. 22 И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно; 23 Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 17 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 5859606162 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |