|
Паралелен свет |
Внеси реплика | страница <1 45678 16> |
Автор | |
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се разбира дека не е крајна теорија. На крајната теорија сé уште се работи - Theory of Everything! Тоа е всушност спој на Квантната механика со Теоријата на релативитетот. Изменето од james dean - 06.Февруари.2010 во 12:38 |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
P.S. Би сакал уште да додам дека навистина е многу тешко овде да се разбереме и согласиме околу некои идеи и размисли, бидејќи темата е ТОЛКУ МНОГУ ГОЛЕМА И ОПШИРНА, што овој начин на комуницирање (со пишување) е навистина малку незгоден. Сакам да кажам дека би можел на оваа тема да зборувам со денови но незнам колку време би ми требало тоа да го напишам овде (и дали тоа воопшто има смисла) . Изменето од james dean - 06.Февруари.2010 во 12:37 |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлично, прекрасно, извонредно! Значи, разговарам со луѓе кои имаат познавање за материјата. Па види, токму во брановата природа на честиците и Хајзенберговиот принцип на неодреденост е одговорот за паралелните светови. (Извини Којсумјас, можеби во претходниот пост не дообјаснив поконкретно на што мислам, па затоа не сум бил целосно јасен). Целата идеја е на познатиот Стивен Хокинг, односно оригиналната идеја е всушност на физичарот Hugh Everett уште од 1957 год.) Имено, Хокинг смета дека брановата функција (и со тоа неодреденоста), која важи за честичките, важи и за целиот универзум. Еве за да бидеме појасни за тие што не се доволно упатени на оваа тема ќе кажам дека - брановата природа на честиците значи дека - бидејќи не може со сигурност да се одреди каде точно тие се наоѓаат, нивната местоположба е дефинирана со бран на веројатност - што значи тие најверојатно се наоѓаат онаму кадешто е врвот на бранот, а многу помала е веројатноста тие да се наоѓаат на, да речеме, краевите од бранот. Научниците велат дека оваа бранова функција важи и за нас луѓето, односно важи за се, само со таа разлика што во макросветот, за разлика од микросветот, местоположбата, нормално, е многу поточно одредена. Тоа значи, најголема е веројатноста јас да сум на столчето пред компјутерот, но постои и мала веројатност да сум на другиот крај од собата, а исто така постои и многу, многу, многу, мала веројатност да сум надвор од Сончевиот систем. Па со квантен скок може да се случи, (иако таа веројатност е многу, многу мала) јас да исчезнам од собата и да се створам некаде надвор од Сончевиот систем. Е сега - каква врска има тоа со паралелните светови? Со тоа што постојат многу можности за тоа каде се наоѓа една честица или тело, постојат повеќе веројатности или опции каде всушност тие се наоѓаат. Сите тие опции се отворени и постојат ИСТОВРЕМЕНО И РЕАЛНО. Којсумјас, сигурно си слушнал за Schrödinger-овата мачка! Додека мачката се наоѓа во кутијата и ние не ја гледаме, таа е во исто време и жива и мртва. (Тоа значи дека во еден универзум таа е жива, а во друг, паралелен универзум, таа е мртва). Кога ќе ја отвориме кутијата, ние го колапсираме бранот на веројатноста и таа станува (да речеме) жива! Но во друг универзум.......којзнае...??? Изменето од james dean - 06.Февруари.2010 во 12:37 |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никако, науката не признава нешто без доказ!!!!!!! Тоа е квази наука, таман работа!!!!!!! |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОК, James, малку дообјаснување окулу дискусијата!!!!!!!1 ......................... Но, ако си толку скептик еве ќе ти кажам дека - доказ за постоењето на паралелните светови е на пр. експериментот со двата процепа - кога ЕДЕН атом поминува низ двата отвора истовремено и се интерферира сам со себе. Овој експеримент е изведен "милион" пати од најразлични експериментатори и во најразлични варијанти и секогаш научниците се фаќале за глава од тоа што не можеле да поверуваат дека тоа навистина се случува. ........................ Ова што го опишуваш е експеримент кој е во основа на квантната механика (морам пак за тоа) и практично ја дефинира дуалната природа на материјата (грубо кажано повторно), односно тоа дека материјата (уствари честиците-во случајов електронот) има бранова природа. Едноставно, ако пуштиш зрак на светлина низ два отвора доѓа до појавата на интерференција, што е доказ дека светлината има бранова природа. Е сега тоа што исто се случува и со електронот, нема рационално објаснување освен дека и електронот има бранова природа , следствено и материјата. Квантната механика така и ја гледа материјата, а не во класичен смисол на честици како атом или негови составни делови итд. итд. Ако сакаш да кажеш дека едно материјално тело (или честица) може истовремено да биде на две места ( а не може), па на основа на тоа изведуваш заклучок дека постојат паралелни светови, тогаш тоа е малку , во најмала рака, чуден заклучок. Во контекст на ова е и познатиот принцип на неодреденост во квантната механика кој вели- за една честица не е можно истовремено да се знае и незината брзина и нејзината местоположба. (парадоксално ама точно) Мислам дека оваа појава нема многу допирни точки со паралелните светови од аспект кој вие овде го разгледувате. Инаку квантната механика и заклучоците кои произлегуваат од неа, е речиси невозможно да се разберат без примена на математички формули. ................. Во врска со Теоријата на релативитетот .............. ............. Ама токму тоа и го тврдам и јас. А сепак сеуште се вика теорија на релативитет , а не закон за релативитет нели!!! Во тој контекст ја прокоментирав!! Ни на крај памет да ја негирам иако, вака меѓу нас, оваа теорија има некоку нелогичности, но во крајна инстанца и никој денес релевантен научник не ја смета за крајна теорија која може и ќе ги објасни сите појави во вселената, туку само како дел од една целосна теорија за која физичарите веќе долго време трагаат. Изменето од којсумјас - 23.Март.2008 во 17:26 |
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МНОГУ ПОДОБРА Е ТЕМАТА ЗА ПАРАЛЕЛНИ СВЕТОВИ ... ОТКОЛКУ КАВГИТЕ НА НЕКОИ ДРУГИ ТЕМИ ... ДА НЕ ГИ НАВЕДУВАМ ... СЕКАКО ДЕКА ИМА НАУКА КОЈА СТО СЕ ПОТКРЕПИЛА СО ДОКАЗИ ... НО ИСТО Е И НАУЧНО ДОКОЛКУ НЕШТО НЕМОЖЕ ДА СЕ ДОКАЖЕ ... А ТОА Е ДАЛИ ПОСТОЈАТ ПАРАЛЕЛНИ СВЕТОВИ ... ЕВЕ ДОКАЗ ДЕКА ПОСТОЈАТ ... ВИКАМЕ УНИВЕРЗУМ ... ЗНАЧИ ЕДЕН Е ... А МОЖЕ СЕ МУЛТИВЕРЗУМИ ... НО ВАКА ДА ЗАМИСЛИМЕ ... НЕШТО ШТО Е ВО ЕДНО ... 1. МИКРОСВЕТОТ ... СВЕТ НА ЧЕСТИЧКИТЕ, ЕЛЕКТРОНИТЕ, ПРОТОНИ, НЕУТРОНИ ... МОЛЕКУЛИ ... 2. НАШИОТ СВЕТ ... ОД ПОЕДИНЕЦ ДО ... 3. МАКРОСВЕТОТ ... СЕ Е ВО ЕДНО !!! |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па вака сега, којсумјас, Ништо од ова што го зборувам не е на памет, не се ниту шпекулации, ниту непотврдени работи. Јас овде ги кажувам само генералните концепти, бидејќи би било многу опширно, досадно и глупаво ако тука ги наведувам законите, формулите и сл., нели? Но, ако си толку скептик еве ќе ти кажам дека - доказ за постоењето на паралелните светови е на пр. експериментот со двата процепа - кога ЕДЕН атом поминува низ двата отвора истовремено и се интерферира сам со себе. Овој експеримент е изведен "милион" пати од најразлични експериментатори и во најразлични варијанти и секогаш научниците се фаќале за глава од тоа што не можеле да поверуваат дека тоа навистина се случува. Во врска со Теоријата на релативитетот - исто така во "милион" случаи се потврдени сите нејзини предвидувања - дилатацијата на времето, закривеноста на просторот, и немој да забораваш, тие се употребуваат и во практика - Е=mc2 - што мислиш, ќе постоеше ли атомската бомба да не беше оваа формула. Во CERN каде што се изведуваат експериментите со огромните акцелератори ако не се земат предвид дилатациите кои ги предвидува Теоријата на релативитетот, експериментаторите ќе направат некоја утка Не се глупи луѓето! Не биле давани за џабе Нобелови награди! И запамти: "Природата не чудна колку што си мислиме, таа е почудна и отколку што можеме да си замислиме" - J.B.S. Haldane и "Не се случуваат чуда кои се во спротивност со природата, туку само со она што ние го подразбираме под природа." - Св. Августин Изменето од james dean - 06.Февруари.2010 во 12:36 |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За темава паралелен свет, некако не ми е баш нешто логично тоа што го објаснува James Dean. По таа логика се е можно и ништо не е немовозможно.Секој постои во бесконечен број на светови, и во секој од тие светови се можни различни состојби на иста личност, која уствари не е иста бидејќи е во друг свет.
И се тоа би било убаво , ама да е стварно така, а за тоаа ни треба некаков доказ, нели науката се базира на докази!!!!!!!!1 Ако не се работи за различно простор -време (морам повторно за тоа), се што се користи како објаснување ми личи на само добра чиста научна фантастика, а оваа приказна, повеѓе ми личи на обична шпекулативна приказна отколку на сериозна научна, ако ништод друго барем претпоставка. Од друга страна приврзаник сум на размислувањето дека во природните науки, секое тврдење мора да се докаже на тој начин што ќе може да се предвидат последиците од него, па тоа тврдење ќе има (каков таков) доказ. За да појаснам, можеби малку надвор од темава, ама да речеме во физиката, ниедна теорија не се зема како закон, се додека математички не се изведат одредени заклучоци, кои произлегуваат од самата таа теорија. Како илустрација, Ајнштановата теорија на релативитет, и покрај многуте докази за нејзината исправност, (практично на неа се заснива "целата" наша слика (или поголемиот дел-ова условно и многууууу грубо кажано) за познатиот универзум), сеуште не се нарекува закон, туку само теорија. Сакам да кажам дека дискусија на тема дека постојат некои паралелни светови, па како и да ги сфаќа некој, е само во домен на обична шпекулација, непоткрепена со било какви доказаи (тука не ги рачунам таканаречените парапсихолошки појави). Лично не верувам во некави влезови во подземни светови итд. итд, тоа се ми личи на научна фантастика. Но да, можам само да се сложам со идејата дека во човечкиот мозок и само во човечкиот мозок, можат да постојат безброј паралелни светови, но за жал човекот секогаш се враќа во само еден од нив, оној реалниот, барем на ова ниво на човековото познавање и разбирање на сложените закони кои владеат во вселената, па и во човековото живеење како дел (случаен или не) од неа!!!!! Изменето од којсумјас - 23.Март.2008 во 02:20 |
|
CONTESSA
Сениор Регистриран: 24.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 1620 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eeee....kako slikovito.........
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PARALELNIOT SVET KE GO OBJASNAM SO EDEN PRIMER ... VLEGUVA MAZOT DOMA ... I GLEDA NA OGLEDALOTO VO HODNIKOT PRASINA ... I SEGA MOZE: 1. PARALELEN SVET DA VLEZE DOMA ... DA MU SE RAZVIKA NA ZENATA ... TAA DA JA ZABRISI PRASINATA ... A TOJ KE BIDI "GAZDA" ... 2. PARALELEN SVET DA ZEME TRULEKS ... I DA JA ZABRISE PRASINATA ... I DA GI STAVI PAPUCHITE ... I KE BIDE "PAPUCAR" ... 3. PARALELEN SVET NA OGLEDALOTO SO PRST DA NAPISE "TE SAKAM" ... I DA CEKA DA VIDI STO KE SE SLUCHI .. 4. PARALELEN SVET DA NE GO VIDI OGLEDALOTO I NISTO NEMA DA SE SLUCHI ... IMA NEOGRANICEN BROJ NA PARALALENI SVETOVI ... SO OGLED DA IMA MNOGU OGLEDALA ... KOJ KE SE REALIZIRA ? SAMO EDEN KE BIDE REALNOST ... |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
CONTESSA
Сениор Регистриран: 24.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 1620 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aha ok.................
p.s ne go procitav sledniot post......... |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не по светов, туку по друг свет! Ако "таму" од некоја причина си сакала да одиш во Африка (на пример). Изменето од james dean - 06.Февруари.2010 во 12:36 |
|
CONTESSA
Сениор Регистриран: 24.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 1620 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
znaci deka nekade po svetov postoi nekoj koj izgleda isto kako mene........
Изменето од CONTESSA - 23.Март.2008 во 00:44 |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да се доискажам: Значи, во нашиов свет нема друга CONTESSA со која можеш да се сретнеш - ако ти беше тоа прашањето. Другите (безброј CONTESSI) се наоѓаат во различни паралелни универзуми кои егзистираат "истовремено" со нашиов, но меѓу нив нема никаква врска (барем не засега - колку што знаеме). Ти во моментов имаш избор да направиш многу работи, нели? Но ти правиш само една - седиш на компјутер, на Форум. Во некој друг универзум можеби веќе си легната да спиеш (пошто е веќе доцна), а во трет пак правиш нешто сосема друго. Значи, се што е возможно да се случи - се случува, само на различни места, на различни начини. P.S. Добра илустрација на сето ова што го кажувам е онаа серијана Sliders! Изменето од james dean - 06.Февруари.2010 во 12:36 |
|
Внеси реплика | страница <1 45678 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |