IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Палачинки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Палачинки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 20>
Автор
Порака Обратен редослед
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:43
Еееее .... она одозгора , плазма е или ореви , лешници ?
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:39
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Палачинка со мноооооогу НУТЕЛА , банана , хопла , мелена плазма и чоколаден прелив мечтаење

Нејчам рецепти , сакам готова , направена , пред мене глупирање

Во ред шефе. Мој домен, модераторски!

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:36
Палачинка со мноооооогу НУТЕЛА , банана , хопла , мелена плазма и чоколаден прелив мечтаење

Нејчам рецепти , сакам готова , направена , пред мене глупирање
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:22

Палачинки од пченкарно брашно



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 300 грама Пченкарно брашно
  • 450 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Палачинки од пченкарно брашно

ПОДГОТОВКА:

Измешајте го брашното со малку сол, потоа додајте млеко. Изматете ги јајцата па додајте ја смесата од брашно и млеко. Изедначете ја смесата да нема грутки, покријте го садот со чиста крпа и оставете тестото да отстои 20 минути.

Потоа измешајте со црпалка, па земајте од смесата, ставајте во тавче со малку масло и така пржете ги палачинките. Треба да ги пржите од двете страни по 1-2 минути. Испржени ставајте ги на плитка чинија, покријте со алуминиумска фолија и оставете малку да се олади. Филувајте ги со сирење, кисела павлака, завиткајте ги и послужете.


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 08:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:21

Овесни палачинки со карамелизирани банани



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Јајца/це
  • 3   Банана/и
  • 180 грама Брашно
  • малку   Ванила екстракт
  • 370 милилитри Млеко
  • малку   Мускантен орев
  • 30 грама Овес
  • 1   Прашак за пециво
  • 95 грама Путер
  • малку   Сол
  • малку   Цимет
  • 90 грама Шеќер кафеав


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Овесни палачинки со карамелизирани банани

ПОДГОТОВКА:


За палачинките:
Во сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, мускатното оревче, циметот и солта. Измешајте и додадете една лажица шеќер и овесот и направете како дупка во средината. Додадете ги јајцата, млекото и путерот и мешајте убаво додека се не се измеша еднакво. 
Оставете ги настрана. 

За карамелизираните банани:
Преполовете ги бананите дожински и секое парче уште на три дела. 
Ставете 60 грама путер, 90 грама од кафеавиот шеќер една ванила и две лажици вода во една голема тава на средна топлина и гответе додека смесата не се стопи и не почне да поцрнува. Додадете ги бананите и убаво пропржете ги заедно со карамелата. Одржувајте ги да бидат топли. 
Загрејте голема нелеплива тава на средна топли и со помош на четка премачкајте ја со малку путер. Истурете од смесата за палачинки и гответе 2-3 минути додека не се појават како меурчиња на површината, па потоа свртете и гответе уште 2-3 минути и на другата страна. 
Пренесете ги во чинија и продолжете со готвење на остатокот од смесата. 
Послужете ги палачинките со карамелизираните банани. 


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 08:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:20

Палачинки со мелено месо



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 2 лажица/ци Сол
  • 50 грама Презла
  • 1   Пиперка/ки
  • 200 грама Пилешко
  • 50 грама Моркови
  • 500 милилитри Млеко
  • 1 лажица/ци Масло
  • 120 грама Мајонез
  • 50 грама Кисели краставички
  • 200 грама Кисела павлака
  • малку   Дафинка
  • 100 грама Грашок
  • 50 милилитри Газирана вода
  • 500 грама Брашно
  • 6   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Секој народ има свој вид на палачинки, но на сите им е заедничко што се пржат на ист начин, што тестото има речиси ист состав, со сосема мали разлики. Добрите мајстори на ова јадење, што подеднакво го сакаат и најмалите и постарите, се согласуваат дека палачинки најдобро е да се прават од два дела млеко и еден дел вода, малку сол, 2 јајца, 2-3 лажици шеќер, доколку се приготвуваат слатки палачинки, брашно - за да се добие потребната густина и кора од лимон.

ПОДГОТОВКА:

Од брашното, 4-ри јајца, млекото, солта шеќерот и водата подгответе палачинки на стандардниот начин. 

Пилешкото месо сварете го, одвојте го од коските и исецкајте го на коцки.

Обарете го грашокот и морковот и зачинете.

Измешајте го месото со зеленчукот, мајонезот, исецканите краставички и павлака.

Со овој фил премачкајте ги палачинките и завиткајте ги.

Потоа извалкајте ги во брашно, јајца, лебни трошки и пржете ги во врело масло.


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 08:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:15

Паличинки од сирење со печурки и целер



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Целер
  • малку   Сол
  • 300 грама Пченкарно брашно
  • 1   Пиперка/ки
  • 150 грама Печурки
  • 150 грама Пармезан
  • 50 милилитри Масло
  • 1   Лимон/и
  • 1   Китка магдонос
  • 2   Жолчка/ки


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Паличинки од сирење со печурки и целер

ПОДГОТОВКА:

 Врз масна хартија ставете малку пармезан правејќи круг со дијаметар од 15 цм. Посипете го со малку брашно и ставете го со се хартијата во загреана рерна сè додека не се растопи. Потоа отстранете ја хартијата и палачинките завиткајте ги како цилиндер за да ја задржат формата кога ќе се оладат. На истиот начин подгответе уште 5 цилиндри.

Целерот исечете го на тенки стапчиња, а печурките на парчиња. Зачинете ги со сос подготвен на следниот начин: изматете ги пиперчето, магодоносот, жолчките, сокот од лимон маслото и малку сол. Наполнете ги цилиндрите со подготвената смеса.


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 08:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:14

Гратенирани палачинки со спанаќ



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 500 грама Спанаќ
  • малку   Сол
  • 50 грама Сланина
  • 100 грама Сирење
  • малку   Морско оревче
  • 50 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 300 милилитри Говедска супа
  • 120 грама Брашно
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Калоричната вредност на спанаќот не е голема - 22 kcal, затоа што во себе содржат малку белковини, јаглехидрати и масти. Тоа го вбројува во редот на продукти кои може обилно да се користат без штетни последици. Но, поради присуството на оксалната киселина не смеат да го земаат бубрежно болните лица.

Не е препорачливо да се подготвува како вариво со брашно, на маст од животинско потекло, затоа што може да предизвика сериозни здравствени тешкотии (дијареа).

Поради значително присуство на целулоза - 620 милиграми - спанаќот е драгоцен за процентот на варење и на чистење на организмот.

ПОДГОТОВКА:

 Изматете ги јајцата, па помешајте ги со малку сол и брашно.

На смесата додајте и млеко, да добиете ретко тесто како за палачинки.

Оставете го тестото да се одмора половина час.

Потоа на врело масло испржете ги палачинките и ставете ги да стојат на топло.

Кромидот исчистете го и ситно исецкајте.

Сланината исечете ја на ситни коцки.

Спанаќот исчистете го, па измијте.

Рерната вклучете ја на 200 степени.

На малку загреано пропржете ги кромидот и  сланината  да станат "стаклени".

Додајте го спанаќот, насолете, додајте црн пипер и морско оревче.

Долијте малку супа, оставете бргу да зоврие.

Филот од спанаќ распоредете го на палачинките, па завиткајте ги.

Палачинките ставете ги во намрсена тава, наросете со сирење и запечете додека сирењето не се растопи.


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:14

Американски палачинки



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Јајца/це
  • 300 грама Брашно
  • 4 лажица/ци Маслиново масло
  • 250 милилитри Млеко
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 1 лажица/ци Сол
  • 40 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Американски палачинки

ПОДГОТОВКА:

 Сите состојки ги ставате на куп во сад  и мешате додека не се изедначи смесата. Смесата треба да биде густа (скоро како пудинг) не како за класични палачинки.  Палачинката не треба да биде подебела од 1 центиметар бидејќи ако е внатрешноста нема да се испече доволно.
Се пече на средна температура (не појако бидејќи многу брзо ќе изгори надворешноста, а внатрешноста ќе остане жива) во тава и пред секое ставање на смесата се става по некоја капка зејтин.
Печете од една страна, па од друга. 
Најдобро оди во комбинација со нутела, јаворов сируп, џем од јагоди, или со путер и некое парче овошје (јагоди, малини, боровинки, итн)


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:12

Палачинки со фил од јаболки



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • малку   Цимет
  • малку   Сол
  • 250 милилитри Млеко
  • 50 грама Маргарин
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 200 грама Брашно
  • 500 грама Јаболки
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 40 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Дури и да не навлегуваме во многу научни детали за корисноста на јаболкото, доволно е да се набројат само неколку од нив. Јаболката содржат повеќе од 100 вредни биолошки активни соединенија. Меѓу нив, многу се важни витамините Ц и П, бета каротин, железо, етерични масла и органски киселини. Пектинот од јаболката ги зајакнува клетките, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го блокира влијанието на некои микроби и отровни соединенија.

Можеби малкумина знаат дека овој чудотворен плод ја стимулира работата на срцето и крвотокот и ги зајакнува крвните садови.

Покрај големата корисност за здравјето кога се јадат свежи и тоа секој ден барем по едно јаболко, од јаболкото можат да се подготват брзи, вкусни и евтини десерти.

ПОДГОТОВКА:

Тесто: изматете ги состојките, па тестото оставете го да стои поливина час.

Фил: Јаболките излупете, исчистете и исечете ги на тенки кришки.

Пржете ги на маргаринот, посипете со шеќер и динстајте додека добиете своевиден карамел.

Додајте ванилин шеќер и цимет, по вкус.

Палачинките испржете ги на малку масло на стандарден начин, па филувајте ги со јаболките и палачинките диплете на четири дела.


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:11

Креп палачинки



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 4   Шекер лажичка/ки
  • 100 грама Шеќер
  • малку   Сол
  • 100 грама Ореви
  • 500 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • 1   Компот од кајсии
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 100 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Заради специфичниот пријатен вкус, кајсиите се вбројуваат во најквалитетното овошје.

Во свежите кајсии најмногу има:

* витамин Ц (5-7%)
* потоа каротиноид - провитамин А (1-7%)
* витамин Б1 (0,06 мг.)
* витамин Б2 (0,7 мг.)
* витамин Б3 (0,7 мг.)
* витамин Б5 (0,3 мг.)
* целулоза околу 0,7 мг.

Свежиот плод на кајсијата уште содржи и: калциум 16 мг.

* 370 мг. калиум
* 14 мг. магнезиум
* 23 мг. фосфор
* 1 мг. железо
* 6 мг. сулфур

Плодовите од кајсијата се јадат свежи или сушени, а од нив се прават сокови и мармалади, а семките се употребуваат за добивање на лековито масло. Кајсиите може и да се замрзнат.

Кајсиите ги смируваат нервите, го поттикнуваат излачувањето на жолчката, го закрепнуваат црниот дроб, го надразнуваат и го освежуваат желудникот, а корисни се и во лекувањето на анемија.

ПОДГОТОВКА:

Изматете ги жолчките и 4 лажички шеќер во пенеста маса, па постепено додавајте брашно и млеко.

Масата добро изматете ја со жица за матење, за да нема грутки.

Од белките изматете цврст снег (додадете малку сол), па измешајте во жолтото тесто.

Во тавче ставете лажичка масло за да се загрее, па со кутлача разлијте ја масата за палачинки и печете ги само од едната страна.

Секоја испечена палачинка посипете ја со мешавина од мелени ореви шеќер и ванилин шеќер, па така до крајот ставајте ги палачинките една преку друга и филувајте ги додека има материјал, така што ќе се добие облик на торта.

Потоа со компотот од кајсиите посипете и наредете на последната палачинка, па ставете ги во рерна да се запечат малку, исечете ги во облик на парче торта и послужете ги.


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:47

Поховани палачинки



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Шунка
  • 1   Тесто за палачинки
  • 30 грама Сирење
  • 30 грама Презла
  • 50 милилитри Масло
  • 50 грама Кисела павлака
  • 50 грама Кашкавал
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Секој народ има свој вид на палачинки, но на сите им е заедничко што се пржат на ист начин, што тестото има речиси ист состав, со сосема мали разлики. Добрите мајстори на ова јадење, што подеднакво го сакаат и најмалите и постарите, се согласуваат дека палачинки најдобро е да се прават од два дела млеко и еден дел вода, малку сол, 2 јајца, 2-3 лажици шеќер, доколку се приготвуваат слатки палачинки, брашно - за да се добие потребната густина и кора од лимон.

ПОДГОТОВКА:

Палачинките испечете ги на стандарден начин.

Павлаката и ренданото сирење помешајте ги.

На секоја палачинка ставајте по еден лист шунка и сирење и по една мала лажичка павлака, изролајте ги во мали ролати.

Извалкајте ги во брашно изматено со јајце и презла, па пржете ги во врело масло додека да добијат златно-жолта боја.

Извадете ги на кујнска хартија за да се упие вишокот маснотија.

По желба послужете со мајонез или некој друг сос.


Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:45

Палачинки со овошје и шлаг



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 50 грама Шлаг
  • 50 грама Шеќер во прав
  • 1   Тесто за палачинки
  • 100 грама Суво грозје
  • 50 грама Ореви
  • 80 грама Диња
  • 1 парче/чиња Ванила
  • 1   Банана/и


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Палачинки со овошје и шлаг

ПОДГОТОВКА:

Секоја палачинка се филува, се превиткува левата и десната страна и се прави како пирошка. Така направени се редат во чинија, се посипуваат со шеќер во прав во кој има ванилин шеќер. Над секоја од палачинките се става шлаг и се украсува со овошје.

За филот: праските се лупат и сечат во коцки, се додава дињата сечена исто така на коцкички, потоа сувото грозје што стоело во топла вода да набабри (исцедено), сечената банана и шеќерот во прав. Исто така се додаваат неколку лажици шлаг за овошјето да се соедини.


Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 17:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2013 во 02:18
E togas aj utre , sega ke si legnam...
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.