|
ДО Господинот Груевски |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
meti
Нов член Регистриран: 28.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
До Господинот Груевски, МОЈОТ ГЛАС ТРЕБА ДА СЕ ЦЕНИ ЕДНАКВО СО ВАШИОТ ГЛАС! (Отворено писмо до можниот мандатар за формирање на новата влада на РМ) Почитуван Г-дин Груевски, Господ, односно историските дејствија, ни го имаат одредено судбината да живееме заедно во истиот простор. Во последнитее децении овој простор се претвори во заедничка држава. Оваа држава која што е именувана Република Македонија, сакале некои или не, оваа е држава на сите граѓана кои живееат во неа. Елементарните историски познавања тврдат дека во основачкото собрание на Крушевската Република во 1903година, една третина од претениците беа Албанци (односно 25 од вкупно 75 што ги имаше тоа Собрание). И не случајно требаше да биде овој процент на застапеност. Таа застапеност треба да бил волјата на самите граѓани кои што живееле во овој заеднички простор, и кои во Илинденското востание (наречен од албанците Преродба) заеднички војуваа за да се ослободат од трурското ропство. И порано граѓаните кои живееле на овој простор имаат превземено сериозни чекори за ослободување од турското ропство. Нај силните востанија и најопширните се одвиваа помеѓу 1839 и 1844 година, под водство на Дервиш Цара ( албанец од село Седларце Тетовско), кој успеал да ги ослободи овие места од Турско ропство и тоа траело 4 (четири) години. И по Илинденското/ Преродба востание (2 август 1903 година), граѓаните на овие краишта продолжија со востанија со цел ослободување на нивните територии. На крај, во 1919 година, нашите територии беа окупирани од страна на Србија, со цел да ги предвиди присилно во Србското царство, Хрватското и Словенското. Истите овие територии и по втората светска војна останаа во склоп на комунистичка Југославија. Ги потенцирав овие историски факти, бидејки Вие, иако сте во мои години, можно е да не ги знаете, како што не ги знаат многу наши врсници а и други помлади и постари од нас вистинската историја на овој простор. Г-дин. Груевски, верувам дека треба да знаете дека Србскиот окупатор до 1941 година и комунистичката диктатура од 1945 година па наваму, избркаа десетици илјади албанци од овие простори. Нивната цел беше србизација на македонците и албанците во Вардарската Бановина до 1941 година, односно србизацијата и македонизацијата на овој простор по завршувањето на втората светска војна, до 70-десетите години, кога и завршија протерувањата на албанците од овие простори. Без оглед овие протерувања, албанците можеја да ја зачуваат својата етничка супстанција и сега имаме една фактичка ситуација. Република Македониja е сочинета од македонскиот народ и албанскиот народ и други етнички заедници. Ако вие, Г-дин Груевски, и сограѓаните македонци сакат и знаат да го ценат Крушевската Република, сигурно и воедно треба да знаете и етничката застапенсот во таа Република. Од логичкиот континуитет излегува дека и Република македонија треба да се зачува приближно овој сооднос, без оглед на шпекулациите ,,службените,, за процентот на етничките граѓани на РМ. Сега, почитуван господине, немаме потреба да шпекулираме и мановрираме, а посебно не да се ослониме на национална база, кој треба да биде на власт во овој мандат во Скопје. Се додека да постигнеме реализација на еднаквост на сите граѓани на РМ, по завршувањето на националната еднаквост, сакционирани со Охридскиот договор, треба да знаете дека македонците и албанците треба да бидаат на власт заедно, вреднувајќи ги исто гласот на еден македонски граѓанин со гласот на еден албански граѓанин. Ако мнозинството на граѓаните македонци гласале за вашата партија, тогаш верувам дека знаете дека мнозинството граѓани албанци гласале за коалицијата ДУИ-ПДП. Не е голем проблем тоа што на Вашата партија ДПА и ,,подари,, стотици гласови при повторното гласање кои односно се гласови на албански гласачи во изборната единица бр.6, со оваа ви подарија еден пратениик повеќе, што фактички тој пратеник му припаѓаше на коалицијата ДУИ-ПДП. Овој гест ДПА го направи за звои тесни партиски интереси односно за да биде во Вашата влада. Оваа не ме изненади мене, гласачот на коалицијата ДУИ-ПДП, се гледа јасно дека некои авторитативни лидери на ДПА ви ги продадоа овие гласови само со една цел да бидат дел во Вашата влада, сигурно за свои персонални придобивки како во минатото. Сум имал прилика да слушам граѓанин албанец (некој кој гласал за ДПА) да го прикажат револтот за оваа Ваше,,пазарење,,... Г-дин Груевски, кога ние би живееле во напредна демократија, каде ќе беа постигнати националната еднаквост и граѓанската еднаквост, тогаш Вашата партија ќе имаше полно право да прави коалиција со која било партија за да обезбедите потребни гласови во Парламентот на РМ за да формирате Влада. Но бидејќи Охридскиот Договор односно националната еднаквост, не е постигната целосно, тогаш како најразумно произлегува дека македонскиот народ одлучува која политчка сила треба да практицира власт, и од друга страна албанскиот народ, одлучува која политичка сила треба да практицира власт. Ослонувајќи се на актуелната реална ситуација, Вие, Г-дин. Груевски, немате право и не можете да одлучувате кој ќе ги преставува Албанците во новата Влада. Оваа право го имаат само самите албанци и само тие, како што треба да знаете, мнозинството гласале за коалицијата ДУИ-ПДП. Затоа би ве замолил да не ни држите часови за демократија, бидејќи се уште сме млади и не сме имале прилика и време да го направиме тоа да биде наша реална култура, но почитувајтего реалната фактичката ситуација. Во спротивно, ќе ме убедите дека Вас не ве интересира развојот и оживувањето на демократијата, но во прв план ги имате тесно партиските интереси, кои конкретизирани, ќе испадне дека вие само сакате да ја искористите праксата на многу лошото владеење и националистичко на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ДПА во претходниот мандат... Ако вашата партија Г-дин. Груевски, и ако другите партии кои ги гласале македонскиот народ, не посакуваат и не сакаат да оставаат да практицираат власт македонскиот народ и албанскиот народ во РМ преку своите сили гласани од мнозинството, тогаш верувам дека граѓаните албанци ќе се ангажираат да изнајдат начини, алтернативни демократски механизми за да го обезбедат нивниот глас. Почитуван Г-дин груевски, За да не ни отварате нови прблеми во оваа кревка ситуација, ќе ве замолам да не шпекулирате и да не одлучувате со која албанска партија ќе коалицирате, бидејќи мнозинството гласачи албанци одлучиле врз основа на нивното демократско легитимно право, која политичка сила треба да ги застапува во новата Влада. Јас гласав за коалицијата ДУИ-ПДП, затоа што бев убеден дека практицирањето на Власт со македонската партијата која победила ќе го исполнеше Охридскиот договор, ќе се аванцираше демократскиот и економскиот развој на РМ кон една иднина каде што ќе нема потреба да мислиме за прашања од природата на националната еднаквост. Г-дин. Груевски, само ако ќе го почитувате гласот на мнозинството албанци, ќе се убедам дека мојот глас е еднаков со вашиот глас, односно дека гласот на албанскиот гласач е еднаков со гласот на гласачот македонец. Сепак, мојата национална и граѓанска свест ќе ме принуди да ги употребам сите демократски механизми да го браним мојот глас, за да не оставам истата де се злоупотреби од страна на кој и да е, во овој случај од Ваша страна. Јас се надевам дека Вие, мој ист годишњак, ќе мислите човечки и ќе одлучувате во интерес на демократскиот и економскиот развој на РМ, во интерес на нашиот еднаков граѓански соживот, бидејки ние младите поколенија треба да знаеме и сакаме да делуваме за да ја еманципираме и демократизираме РМ, треба да знаеме и да сакаме да им се спротиставиме на нациналните раздори и националистичките потстреци, треба да делуваме против добивките и збогатувањето на корумпираните авторитативни лидери... Со надеж дека ќе имате позитивни разбирање, Со почит Муxамет Амети Адреса - Улица 105 Број 40, 1200 Тетово Македонија. Е-маил – muhamet.ameti@yahoo.com |
|
Muhamet Ameti-Meti
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |