|
СДСМ сака да ја освои власта насилно |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo pravo si, mamamd... Sekogas toj sto se vrakja na vlast e posurov od prethodniot pat. Istorijata toa go dokazala.
Isto kako Ivan Grozni... |
|
Incredible Blue
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па и ним тогаш тоа им беше задача и си ја остварија. Си дојдоа на власт, си владеат. И тогаш СДСМ која беше на власт беше многу арогантна и го “малтретираше “ народот со многу неостварени проекти. Мене ме загрижува друго- Немам дојам дека ја научиле лекцијата- дека ако некогаш дојдат на власт ќе работат за доброто на народот.Незнам зошто, ама имам некое претчуство дека ќе бидат многу посурови од овие сегашниве- дека како што спомна и самиот Заев-“ ќе јадат живи луге“. Мислам дека колку е лоша сегашноста во овие сегашни услови уште полоша изгледа иднината. Ние сме пред амбис- не разочараа овие-ама и немаме избор незнам каков |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mene mi se smesni politicarive so domasnite nastani...
Sekogas "osvojuvaat" poeni na greskite na drugiot( kako li gi vikavme ovie poeni u sport??? ), nikogas radi ona sto samite go napravile ili go ponudile... ccc... P.S. e sega, otkako ja procitav temata za kompleksot, kje dodadam: Izgleda toa pali ka nasiov narod. Kakov narod, takvi politicari. Mu go davaat toa sto saka da go slusne. Mozebi povtorno kje zvucam "romanticarski", ama sepak kje napisam - Ako posakame da slusneme drugo, kje moraat toa da ni go serviraat... Изменето од Marko Polo 1 - 29.Јануари.2011 во 09:25 |
|
Incredible Blue
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако плукањето по владата и подржување на штрајк или демонстрација го сметате за насилно рушење на власта, тогаш излишно е да коментирам понатаму на темава.....
ВМРО неколку години беше надвор од парламентот, подржуваше секакви групи на граѓани што беа против СДСМ, има еден куп партиски медиуми зад себе....па така според математиката на членот кој ја отворил темата, имаме најмалку 100 обиди за насилно рушење на власта досега од страна на ВМРО...
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некој нека ми најде земја во светот во која опозицијата не бара начини да се врати на власт. Колку да не ни се драги опозиционерите не можеме да им замериме што сакаат да ја рушат власта бидејки тоа и е нивна “домашна задача“. Затоа власта треба да оди 2 чекора пред нив и да ги предвиди нивните обиди односно да ги спречи со добро работење. Очигледно е дека веќе флоскулите од типот Бранко е крив или тоа се активисти на СДСМ не палат.
Најголемиот шамар на овакви непромислени изјави добија не од СДСМ туку од еден обичен човек кој многу убаво праша- Ако лозарите, млекарите, тутунарите се СДСМ тогаш кој е ВМРО? Втор автогол си дадоа со “тутунарките“ пред СДСМ. Едноставно- некој утнал и тоа охохооо утнување кога дозволи така дотерани, со стегнати газиња, бундички, добар цвикер да вртат со газовите пред камерите. Поголема пародија здравје. Едноставно им ја дадоа палката во рака на опозиционерите да ги маваат уздуж и попреку. Некој треба да одговара за тоа фијаско. Аферата со амбасадорот и изјавата -приватна работа Аферата со поставени радијатори а после објавување тендер па вадење на радијаторите Аферата- најновата со директорот на македонски шуми- земал пари за одвоен живот, а секој ден патувал од дома низ Македонијата, частел солидни ручеци на државна сметка И да не набројувам. И ќе речам- не гласавме за да ни кажуваат дека и СДСМ така праеле. Ние- гласачите ги казнивме СДСМ за тоа што така правеа. Сега тие со своето однесување прават СДСМ пак да се врати на власт |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
епа работите не се онакви како што ти си фантазираш, барем да докажеше дека е така, па да ти ги признаев, црни сценарија се во игра, ама барем да збориме за сите црнила во државава, вклучувајќи ги и оние на власта, која се користи со истите средствакако и опозицијата, или со други зборови, к*рвата на ороспијата и рекла срам да ти е
еве и ако сакаш да зборуваме за српски служби, кажи ми кои се најголеми мегафони и активисти на власта? случајно да не беа србомани и српски шпиони? што и да кажете, излишно е, само ќе тепате на празно и нема ништо да постигнете, ако воопшто владеачката партија сака да остане на власт, нека се фати на работа и решавање на проблемите на државата и народот, нека ни докаже дека не треба „насилно да ја симнат од власт“, и нека си плати еден третман од лечење комплекси од СДСМ и опседнатост со нив пак ќе повторам, СДСМ, не се на власт, ако сакате да остане така, фатете се за работа, не се малтретирајте со тоа во секоја втора реченица да ви биде СДСМ!!! Изменето од zabegan - 29.Јануари.2011 во 00:09 |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темава е поставена зa да ги наречеме работите онакви какви што се, бидејќи очигледно некакви црни сценарија се во игра против нашата држава. 3а да нема после "бевме прелажани" од трговци со имиња и знамиња. Имаше една афера "Надеж", мислам ќе ти текне, а платена со народни пари, за тоа како Бранко да ја руши власта насилно. Потоа испадна дека за да дојдат повторно на власт, СДСМ биле апла во контакт и со српските служби и за српски интереси: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23888 А бе сечија инсталација станаа модерниве врховисти, ама пустата власт никако да ја помирисаат. Да не испадне само како вранишковски, и Бугари да станат само да се качат? Изменето од Persej7 - 28.Јануари.2011 во 23:54 |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а јас мислев дека имаме способни на власт, кои знаат како да се справат со опозиција и протести, ама наместо тоа, тие краваат паника и хаотично трчаат низ собата!
и да не сум ве слушнал уште еднаш дека некој протест бил организиран од СДС, тоа веќе не ви вреди, за време на владеење на ВМРО видовме многу протести, некои никој не ги поферма, некои ги задушија како да се работеше за хулигани, и пази, сите тие биле од СДС, епа кој тогаш гласа за ВМРО и им крева проценти и прекинете ввеќе со СДСМ, тие не се на власт веќе долго време, а ако не сте знаеле, опозицијата може и смее д протестира, доколку од власта никогаш никој не ги слуша и кај е власта да одговори на овие протести и клевети, никаде не ја видовме да одговори мушки, да се справи со проблемот, да го реши доколку го има, или пак да докаже дека го нема, гледаме само како Груевски јаде бурек за СДСМ низ Сител! протестите на млекарите, лозарите, тутунарите, студентите и т.н. мислам дека беа повеќе од јасни, а беа злоупотребени и од власта и од опозицијата за лични и меѓупартиски препукувања и конфликти јас не знам,ако толку добро си работи владеачката партија, тогаш зошто гаќи им се тресат од протести и избори??? и патем не ја разбирам целта на темава, тука ќе се соберат луѓе да плукаат по СДСМ? кажете ми, кој проблем ќе го решите со тоа и што ќе постигнете, само ќе си направите блам, онаков за кој што збори авторот на темава |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откако пет пати виде дека не може да биде барабар Петко со мажите и да победи на избори, СДСМ реши да оди на сценарио - рушење на власта по секоја цена. Првиот обид за вон-институцоинално (насилно) рушење на власта беше преку злоупотребата на А1 телевизија за наводни упади, кога бевме сведоци за организиран криминал преку овој медиум, но и за повици до народот за бунт. Меѓутоа, обидот не им успеа. Вториот пат се обидоа со протестите на тутунарите, но и тоа не успеа. Не знам само што очекуваа со протестите?! Сега пак се обидуваат преку излегување од Собранието заедно со партиите-привезоци, односно грчките инсталации во Република Македонија (пред се Тито Петковски), да прават притисок за предвремени избори. Додатно ја гледаме деградацијата на новинарите на А1 телевизија кои апла се ставаат во улога на партиска телевизија. Не ми изгеледа дека и последниов обид ќе помине. Само додатно ќе се избламираат, а избламирани се преку секоја мерка. Дури и канцаларијата на ЕУ во Скопје јасно рече дека излегувањето не е начин. Изгледа ќе имаме Тачи2... Изменето од Persej7 - 28.Јануари.2011 во 23:17 |
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |