IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Албанците масовно заминуват на печалба
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Албанците масовно заминуват на печалба

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака Обратен редослед
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 21:00
Масовно заминување на печалба
   


Граѓани Албанци од земјава продолжуваат да ги напуштаат своите огништа. Празни улици и испразнети училишта. Ова е сликата на градот Куманово и селата од општина Липково. Воглавно тие мигрираат во Белгија. Иако туристичките агенции најавуваат дека бројот на граѓани кои заминале во оваа држава достигнува до пет илјади лица, белгиските власти соопштуваат дека со визаната либерализација, во нивната држава азил побарале околу 450 македонски граѓани. Си одиме зашто немаме доволно услови за живот, велат оние кои заминуваат.

„Шесте деца ги испратив. Не знам дали ќе завршат во Франција или Белгија. Животот ни поминува со страдања. Страдале нашите татковци, нашите дедовци, а денеска и ние страдаме. До каде ќе одат работите не знам. Браќа, гледајте што имам во рацете. Од кого чекаат? Нашите солзи не престанаа. Оние во Парламентот не ни помислуваат на нас. Нека се сетат и за нас и ние треба да јадеме и да живееме.“

Во основните и средните училишта во Куманово и Липково состојбата е алармантна. Поради заминувањата, училниците остануваат празни. Во двете училиштата во градот, „Бајрам Шабани“ и „Наим Фрашери“, бројот на ученици кои побарале исписници достигнува до 30. Од училишните управи соопштуваат дека во Куманово и Липково досега се испишани над 100 ученици.

„Моментно до вчера од нашето училиште со документација, односно исписница, си заминаа 12 ученици. Но, од информациите и разговорите со родителите очекуваме уште еден бран испишувања на наши ученици. Оние кои во текот на учебната година отсуствуваат 30 работни дена не можат да добијат свидетелство за таа година.“- Илбер Лимани- директор на основното училиште „Бајрам Шабани“   

„Од нашето училиште досега заминаа 18 ученици. Врз основа на нашите истражувања во нашето училиште, бројот е некаде 18 ученици, но во иднина бројот се очекува да се зголеми. Поголемиот број ученици од нашето училиште земаа исписница и си заминуваат за Белгија. Всушност, во нашето училиште речиси еден цел клас го напушти училиштето.“- Елми Реџепи- директор на основното училиште „ Наим Фрашери“
   
Неофицијално дознаваме дека белгиските власти, шансите за овие граѓани да добијат азил се многу мали и по неколку месеци тие ќе мора повторно да се вратат во нивната земја.
Шкелзен Аќифи

http://alsat.mk/vesti/zemja/181002.html


Интересно е што дел од овие печалбари барат азил...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.