Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:14 |
Вкусно: Пилешки ролат со пршута и сирењеВкусни
состојки и брзa подготовка е сè што тре**ме да кажеме за да посакате да
го подготвите ова неодоливо и лесно јадење. Можете да го послужите со
гарнир по вашиот избор, или пак само салата. Следете ги инструкциите кои
ви ги претставуваме и уживајте во овој вкусен ручек.

Состојки:
¼ чаша (2,5 дл) пилешка супа
5 лажици стопен путер
1-но чешне лук, сецкано
½ чаша трошки од леб
1 лажица рендано пармезан сирење
1 лажичка црвен пипер
2 парчиња пилешки гради без кожа и коски
¼ лажичка сол
¼ лажичка оригано
¼ бибер
4 тенки парчиња пршута
¼ чаша рендано моцарела сирење
Подготовка:
Во
врелата супа ставете го путерот и лукот. Потоа во плиток сад измешајте
ги трошките од лебот, пармезанот и црвениот пипер и оставете го на
страна. Парчињата пилешко месо прекријте ги со проѕирна пластична фолија
од двете страни и исчукајте ги додека не добијат дебели од еден
сантиметар. Двете страни на пилешкото посолете ги со сол, црвен пипер и
оригано.

На секое парче пилешко ставете парче пршута и посипете една лажица
моцарела. Пилешкото свиткајте го во ролат и многу внимателно потопете го
во подготвената супа, а потоа и во лебните трошки. Потоа пилешкото
ставете го внимателно во сад за печење и внимавајте ролатот да не ви се
растури. Со остатокот од супата прелијте ги ролатите и печете на
температура од 180 степени, отприлика половина час додека пилешкото не
добие златно кафена боја.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:07 |
Интересна торта со тиквици: Вкусна и убава на окоСе мислите што да правите денеска за ручек? Еве ви интересна идеја.

Потребни состојки е: (за тесто): 280 гр меко бело брашно 1 ќесичка прашок за печиво 150 гр кравјо сирење 20 гр шеќер 1 јајце прстофат сол прстофат бибер малку мелено морско оревче
(за фил): 2 тиквици 1 главица кромид 1 чешне лук 400 гр мешано мелено месо 1 лажица мелен црвен пипер прстофат сол прстофат бибер
(за прелив): 250 мл павлака 125 мл хопла 3 лажици нишесте 3 јајца сол и бибер

Подготовка:
- Прво, направете го тестото така што во мултипрактик ќе ги ставите сите состојки кои се дадени по редослед.
-
Формирајте тесто кое ќе го премесите на набрашнета работна површина. Со
сукало расукајте го во круг и ставете го во тркалезно тавче за печење
со димзензии 24 см.
- Тиквиците исечете ги тенко, по должина.
Бланширајте ги кратко во врела и солена вода, па оладете ги во ладна
вода. Наредете ги на кујнска хартија додека да го направите филот од
мелено месо, за да се исцедат.
- Во тавче за пржење ставете
малку масло да се загрее. Пропржете го ситно сечканиот кромид. Потоа,
додадете го ситно сечканото лукче и додадете го меленото месо. Динстајте
додека да се зготви месото. На крај, зачинете со сол, бибер и морско
оревче.
- Почнете да ја редите тортата – секое парче тиквица замотајте го и ставете го со отворениот дел нагоре.
-
Во отворот ставете од филот со мелено месо. Така наредете ја целата
торта, притоа оставајќи малку простор од една до друга замотана тиквица.
- Направете го преливот така што ќе ги помешајте сите состојки за него и со преливот прелијте ја тортата.
- Ставете да се пече во рерна загреана на 200 целзиусови степени, додека убаво не се запече.
- Пред да сервирате оставете ја 10 минути во загреана и исклучена рерна.
Изменето од Valerija - 20.Февруари.2013 во 15:18
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Февруари.2013 во 15:52 |
Ролат со месо од мисирка и праз
СОСТОЈКИ
• 1 пакување лиснато тесто
• ½ килограм мелено месо од мисирка
• 1 праз
• 1 јајце
• магдонос
• сол
ПОДГОТОВКА
Иечкајте го празот и ставете го во сад во кој претходно сте зовриле
вода. Варете околу 2 минути, потоа процедете. Во месото од мисирка
ставете јајце, магдонос и сол по желба. Измешајте убаво, за да се
поврзат сите состојки.
Исукајте го лиснатото тесто и поделете го на половина. На едната
половина ставете месо, праз и свиткајте го како ролат. Истото
направете го и со другата половина од тестото.
Печете во сад премачкан со маргарин или на хартија за печење, околу 45 минути на температура од 170℃.
|
 |
Феникс
Сениор
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46
Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Јануари.2013 во 10:12 |
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2013 во 17:52 |
Брзи солени колачи од јајца
Кога за кратко време сакате да приготвите нешто лесно и вкусно, ви предлагаме да направите мини солени колачи од јајца и зеленчуци, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата наредна домашна забава.
Овие колачи можете да ги наречете убаво оформен омлет, совршен и на
изглед, и на вкус. Одлични се за детски роденденски забави и ви
овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде брокули и други видови зеленчук.
Состојки
3 | јајца |
3 | жолчки од јајца |
1/3 шолја | шолја млеко (80ml) |
1/3 шолја | шолја слатка павлака (80ml) |
100g | брокули |
2 | моркова |
50g | пченка и зелена боранија (замрзнати) |
1 | мал домат |
1 кафена лажичка | крупна сол |
1/2 кафена лажичка | црн пипер |
100g | крупно рендан кашкавал |
| Масло за готвење или путер |
Инструкции за приготвување
- Загрејте ја рерната на температура од 180°C.
- Премачкајте калапи за мафини (не хартиени) со масло или путер.
- Ставете на оган мало тенџере со вода
и додајте половина лажичка сол. Откако водата ќе зоврие, во неа додајте
ги брокулите, пченката и зелената боранија. Варете ги само 1 минута и
веднаш извадете ги од жешката вода за да го запрете нивното готвење.
- Исечкајте го доматот на мали парчиња, крупно изрендајте ги морковите, а брокулите разделете ги на мали „цветчиња“.
- Во длабок сад измешајте ги јајцата и жолчките, додајте ги млекото и
слатката павлака и зачинете со половина лажичка сол и половина лажичка
црн пипер. Добро изматете ја смесата.
- Во секој од калапите за мафини ставете малку рендан кашкавал на
дното. Додајте мали парчиња од секој зеленчук, наполнете го калапот до
половина со смесата со јајца и одгоре повторно ставете рендан кашкавал.
- Ставете ја тавата со калапите в рерна и оставете ги колачите да се
печат околу 15 минути, т.е. додека не започнат да добиваат „златен“
изглед. Оставете ги малку да се изладат, а потоа извадете ги од
калапите.
- Можете да ги украсите со малку кечап, павлака, маслинка или магдонос.
Варијации
Добрата страна на овие колачи е што секогаш можете да ги правите
различни, во зависност од вашите желби или состојките кои ги имате во
моментот. Освен понудената вегетаријанска варијанта, можете да го
збогатите вкусот на солените колачи со свински врат, сланина, колбаси,
чаен колбас или кулен.
Вкусни комбинации:
- Сланина и праз. Наместо зеленчуците, во смесата со јајца ставете ситно исечкани и пржени парчиња сланина и праз.
- Колбаси и печурки. Испржете колбаси и печурки, исечкајте ги и додајте по малку во секое колаче, наместо зеленчуците.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2013 во 12:00 |
Linda,recept za ovoj vid na ishrana e so kombinacija na odredeni vidovi sostojki koi ne go sodrzhat glutenot.Veruvam ovaa statija kje ti pomogne:)
Храна без глутен – што е дозволено, а што не е?
Зачестени грчеви во стомакот,
но и симптоми како слабост, губење на килограми и алергија, укажуваат на
интолеранција на глутен, пченичен протеин кој се наоѓа во пченицата,
јачменот, ‘ржта, но и во сите производи кои се прават од нив или ги
содржат во мали трагови.
Повеќето преработки, конзервирана храна, витамини или лекови, но и
детските кашички содржат глутен, освен ако на амбалажата не е стриктно
наведено дека се без глутен. Ова се повеќе се истакнува на етикетите на
производите, бидејќи бројот на луѓето кои имаат здравствени проблеми
предизвикани од глутен е се поголем.
Симптомите на целијакија или неподнесување на глутен можат долго да
“тлеат“ без да предзвикаат некои сериозни проблеми, а експертите се
сложуваат дека болеста е наследна, но исто така може и да се создаде или
појави кај деца доколку тие се учат да јадат житарици како пченицата
пред дозволеното време. Ова е навистина важно да се знае, и затоа
педијатрите и нутриционистите постојано апелираат до младите родители да
се придржуваат до календарот за исхрана на бебиња и мали деца.
Луѓето кои страдаат од целијакија имаат, нормално, најмногу и
најизразени проблеми, па единственото нешто што можат да го направат за
да водат нормален и здрав живот е потполното лишување од глутенот и сите
производи кои го содржат.
Оваа задача и не е премногу тешка, иако на прв поглед може да делува
така. Најтешко е, барем во почетокот, запознавањето со безглутенски
намирници, и одредување на производите без глутен на полиците во
маркетите. Пченицата во принцип се додава во скоро секоја храна, за да и
ја зголеми содржајноста. Заради тоа, глутенот може да се најде во
готовата храна, во конзервите, кексите и сл.
Кои намирници не содржат глутен?
Во принцип, лицата кои страдаат од целијакија, а и сите оние кои не
го поднесуваат глутенот, не мора да се грижат претерано бидејќи повеќето
намирници во исхраната се дозволени. Секако, станува збор за сите
овошја и зеленчуци, било кое јаткасто овошје, јајца, риба и свежо месо.
Постојат и повеќе видови на житарици кои можат да се конзумираат во
било кој облик, како леб, кашички, брашно за колачи, за похување и
слично. Такви се хељда, амарант, пченка, соја, ориз, просо и тапиока.Од
сите наведени житарици може да се пронајде и купи и брашно, па можат да
се искористат за месење на леб, колачи и други работи.
Но, кога сме веќе кај житариците и производите од нив, мора да ве
предупредиме дека купечкиот леб ретко не содржи пченица. Дури и
пченкарните или ржаните лебови имаат одредено количество на пченично
брашно, па затоа внимателно читајте ја декларацијата на лебот, или
купувајте го само од проверени места. Секако, ако веќе се соочувате со
ваков проблем, можеби е подобро да размислите за набавка на машина за
правење леб. Постапката е повеќе од едноставна, а така секогаш ќе бидете
сигурни што точно јадете.
Што треба да се избегнува
Како што веќе рековме, глутенот се наоѓа во пченицата, јачменот,
ржта. Ако сте љубител на пиво, секако ќе треба да се откажете од него, а
исто така и од гризот, булгур, грахам брашно, различни сосови (готови),
помфрит, готови похувани рибји филети и слични, сите преработени морски
плодови, слатки. Исто така, внимавајте на кармини за уста кои содржат
глутен, пластелин, но и на разни додатоци за храна.
Млекото и млечните производи треба да се конзумираат внимателно –
секогаш проверете го составот на декларацијата. Немојте да заборавите и
на детали како на пример јадење со истиот прибор кој сте го користеле за
производи со глутен, како и подготовка на храната на иста површина или
во исти садови. На лицата кои страдаат од целијакија ваквите пропусти
можат да им донесат многу штета која потоа тешко се исправува.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Linda-Lolita
Нов член
Регистриран: 16.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 18
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2013 во 10:53 |
Кажете ми некој рецепт за безглутенска исхрана ве молам
Изменето од Linda-Lolita - 21.Јануари.2013 во 10:53
|
Насмевката е тоник, олеснување, отстранување на болката.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2013 во 08:43 |
Анастеа напиша:
gazela напиша:
дајте некоја рецепта за некое јадење со кус кус..ама испробана.... не само пастирана од негде...немам време за експерименти |
И мене ми треба рецепт за кус-кус. Емил, немаш ли бе некој предлог?
| Се извинувам чак сега го видов вашиот повик кон мене  . Ќе ви дадам 2 рецепти со кус-кус Пилешко со кус-кусВо тава ставаш исечено на мали коцки пилешко бело месо . Го динсташ во малкучка зејтин . Кога стане почти златисто додаваш кромид на ситно ,и габи .Динсташ со млку вода или бело вице .Кога вече се готови ставаш внатре сварениот кус-кус и ако сакаш може да додадеш и малку маслинки (поможност исечени на тркалца ) . Зачинуваш гозбата со сол , бибер и кари . Се сервира исто како и рижото .Во купа за супа и го обраќаш во чинија да изгледа како пирамида или могилка Кус-кус со јајца и пиперки во тава за печене се става се стават динстаните во малку бутер пиперки ,кромид и домати .Кога се готови им се додава малку лукче и магданос . Кон нив се додава и сварениот кус- кус . Зачинуваш со вегета . Со дрвена лажица ја израмнуваш гозбата . Врз неа ставаш 3-4 изматени јајца ( зависи колку ти е голема тавата ) и печеш во рерна на 220 градуса додека се запечат јајцта може да послужиш со сезонска салата
Изменето од емил - 21.Јануари.2013 во 08:44
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Декември.2012 во 21:48 |
Рецепт за пилешки прсти - да си ги излижете рацетеПилешко
е едно од најчестите видови на меса кое се користи за подготовка на
вкусни различни јадења. Освен класичната подготовка со солена храна, тоа
може да се комбинира и на малку поневообичаен начин, со слатки или
кисели сосови. Ви донесуваме едноставен рецепт поради чиј вкус и брзата
подготовка нема да можете да му одолеете.

Состојки:
- 300 грама пилешки гради сецкани на коцки
- 2 лажици густина
- 2 лажици брашно
- Масло за пржење
- Сусам
- 1/2 лажици сос, соја
- 1 лажица густин
Сос:
- 3 лажици сок од лимон
- 2 лажици шеќер
- 5 лажици вода
- 1 лажица густин
- сол по вкус
Подготовка:
Пилешкото
гответе го 30 минути. Сите состојки за сосот измешајте ги и оставете го
на страна. Зготвеното пилешко посолете го со брашното и густинот. Во
длабока тава загрејте го зејтинот за пржење. Кога маслото е доволно
жешко ставете го пилешкото и пржете го неколку минути додека да добие
златна боја. Кога ќе биде готово пилешкото извадете го и оставете го на
страна за да се исцеди маснотијата.
Загрејте го сосот во мало
тендџерџе додека не зоврие. Додадете го пилешкото во сосот и добро
измешајте. На крајот посипете го сусамот врз пилешкото и послужете го
додека е топло.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Декември.2012 во 21:41 |
Како лесно до вкусни виенски шницли?
Потребни состојки: 4 телешки или свински шницли од бут, брашно, 2 јајца, лебни трошки, масло за пржење, сол, 4 резанки лимон.

Подготовка: Шницлите исчистете ги од жилички
(телешките) и отстранете ги масните делови (свинските), истолчете ги да
бидат што потенки, потоа свалкајте ги во брашно, натопете ги во изматено
јајце, а потоа во лебни трошки. Притиснете ги со дланките за лебните
трошки да се залепат за месото. Во тава загрејте поголема количина
масло, внимателно спуштете ги шницлите и пржете додека не поруменат од
двете страни. Сервирајте со резанки лимон.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Декември.2012 во 21:23 |
Брз вкусен ручек: Мисиркино месо во сланина на италијански начинКако
доаѓаат новогодишните и божиќните празници, така ние имаме се помалку
време за секојдневно готвење и средување. Во овој период од годината
луѓето ја планираат трпезата за овие два празници, а помалку време
посветуваат на секојдневната исхрана. Па еве една одлична идеја за брз
ручек.

Состојки за 4 лица
4 парчиња мисиркино месо
75 грама пире од домати
1 жолчка од јајце
4 лажици презла
4 парчиња сланина
сол
мелен бибер
свежа мајчина душица (може и сува)
Подготовка
Жолчката,
пирето од домати се мешаат заедно со 4 лажици презла, а со тоа се
премачкуваат парчињата од мисирка, кои претходно малку сте го истолчиле и
зачиниле.
Потоа парчињата посебно замотајте ги во сланина и
прицврстете ги со чачкалици за да не се растурат. На крај посипете ги со
мајчина душица.
Така подготвените парчиња ставете ги на врело масло и пржете ги 8 до 10 минути со повремено вртење.
Готовото мисиркино месо послужете го со ориз во кој ќе додадете малку мајчина душица и сезонска салата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
d4 b3
Сениор
не можам да си дозволам неактуеленпотпис
Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Декември.2012 во 14:30 |
Анастеа напиша:
Шеќер и сирење кај одат заедно? 
|
|
 |
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Декември.2012 во 14:22 |
А бе знам како се вари.  Шеќер и сирење кај одат заедно?
|
|
 |
d4 b3
Сениор
не можам да си дозволам неактуеленпотпис
Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Декември.2012 во 14:13 |
вода кус кус се вари со малце сол
потоа шекер и сирене
|
 |