|
Крштевање на мали деца? |
Внеси реплика | страница <1 45678 14> |
Автор | |||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
maria_magdalena, оној кој е прост верник, не му треба теологија и догматика. Него ќе го интересира да се исповеда, да се причести, да ги исполнува Божјите заповеди, тоа му е доволно. Таков не би ни прашал свештеник за некои длабоко-теолошки или догматски работи. А има и такви прости верници, кои читаат книги. А книгите ги содржат зборовите на Светите Отци. Постојат и форуми, а на тие форуми можат да се презентираат и зборовите на Светите Отци |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Повикувањето до ткн. "светите отци" е мисловна именка. Тие не се некое одредено дефинирано купче, нивните дела не се канонизирани и невозможно е да се повикаш на нив. Еден свештеник ќе ти цитира еден свет отец, друг свештеник ќе ти цитира некој посовремен свет отец и секој ќе си тера по своето.
Затоа не треба да се повикуваме до ткн. "свети отци", туку на Светото Писмо (Библијата) како што правел и нашиот Учител и Господ Исус Христос.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Кај да ги бара светите оци некој понеук простодушен човек кој сака да живее бопгоугодно? Ќе им се обрати на поповите, тие се најповикани да се грижат за стадото, а не светите оци. За митарствата не те сфатив баш, јас на Премин го читав Калпаковски кој вели дека таквите учења треба да се примаат со резерва. ُЕпа кого треба да го консултира обичниот прост човек кој сака да живее Богоугоден живот? Свештениците-а тие се поделени во многу ставови. |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Од овој стих очигледно е дека попот верувал дека доколку бебето инцидентно почине некрстено, тогаш тоа нема да биде спасено.
Истото го вели и добро познатиот православен член на форумов sard:
Maranata и ahmar1 негираат дека нивната верзија на православието учи така, но сепак, ако ништо друго, ова е доказ дека православните не се едномислени, немаат едномислено црковно учење (како што тврдат) или, народски кажано, секој поп своја држава
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
maria_magdalena, обично кога јас говорам за некои работи, како што е случајот со крштевањето на бебиња, или оној што го спомна - за митарствата, искрено речено, не ми се мерило свештениците што ќе кажат, туку Светите Отци.
Ако сакаш, може и од светоотечки аспект да го разгледаме крштевањето на младинци, затоа што навистина постојат списи од најраните векови во кои се сведочи дека уште во тоа време Христијаните ги крштевале своите деца. А за митарствата, неодамна имав разговор со едни кои ги негираа. Таа струја е доста засилена во Америка, оние православни христијани кои се преобратиле, најчесто од протестантизам и сеуште се немаат откажано од некои протестантски гледишта. Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2009 во 10:11 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ова што сега ќе го напишам веќе некаде го имам ставено, но не е на одмет.
Одам кај свештеник за да се консултирам за крштевка на бебе (и за тарифа, која во тоа време и немав можност да ја платам па беше дар од мојата баба). Одам кај попов, седнавме, ти реков ми рече, моабети околу крштевка (+ со некои двосмислени поуки од негова страна поврзани со блудот и светнати очи). Му го цитирав Библискиот стих “Кој поверува и се крсти ќе биде спасен“ и му потенцирав дали ова важи за бебе кај кое духовноста не е развиена (а и духовноста се развива во стадиуми кај секој човек, исто како сексуалноста, и сите др. аспекти) . Попов ми рече: “Да, бебе не може да поверува, но заради сигурност дека ако се случи нешто непосакувано ние го крштеваме, а кумот јамчи за него. Инаку навистина најдобро е да се крштеваат возрасни свесни индивидуи. Царицата елена се крстила на свои 70 години“ Значи и овде имаме една несигурност во тој поглед (како за митарствата, каде скоро го читав о. Калпаковски кој вели дека треба со резерва да се прима тоа-додека некои очи си копаат за митарствата, мислам и да ги има-што, и да ги нема-пак што-ако имаш Кој да “јамчи“ за тебе). Значи, мое мислење е дека Библијата е сосема во право. Треба да се крсти човек кој свесно поверувал, кој знае што прави. И да е крстен како бебе-мислам дека како свесен тоа треба да го конфирмира. Дури и на оние масовни крштевки на МПЦ во река, непара сите знаат зошто се крстат, ги интервјуираа новокрстените и тие кажаа демек тоа го прават за здравје, за среќа итн. Делуваа баш како “некрстени“ Чест на исклучоци. Затоа мислам дека кон крштевката која е навистина свет чин, света тајна, треба да и се пристапи со знаење, со мудрост. Не е поентата кумовите што ќе облечат, каков подарок спремила кумата и ручеците кои се прават после тоа небаре сунети и свадби. За мене тоа има подлабоко значење. |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Евангелосе, сакав да ти пишам еден подолг одговор, ама кога видов дека другите веќе ти пишале и разобличиле, немам намера да се замарам со тебе. Ти колку сакаш можеш да се самопофалуваш, ама пофалбата од самиот себе воопшто не ти вреди. А и да ги искривуваш зборовите на Полжавче, да велиш тврдиш дека ти знаеш што таа мислела во моментот, воопшто не е христијански. Освен ако си прозорлив, ама прозорливоста Господ ја дава на свет човек, а свет човек е оној кој е смирен и се смета себе си за слуга на другите, а не некој кој само се фали и гордее.
Откако Полжавче убаво те разобличи, нека ти служи на чест. А особено убаво увиде колку гордост има во твојот разум со кој се самофалиш, па сфати кај е Господ. Ако има некој кој јас сум го контактирала прва за да му барам мсн или скајп контакт, нека се јави (само да не лукавствувате како што знаете, туку тоа да е реална личност). Никогаш во мојот живот тоа го немам направено, ниту ќе го правам, затоа што пријателството оставам да биде по иницијатива на другиот. Единствено што имам направено е прва да пишам порака на некој кој имал добар текст на форумов, со цел да искоментирам за неговиот коментар, и сето тоа бидејќи бев со обврски и не сакав да пишувам на форумот, затоа што знаев дека после некој ќе ми реплицира, па ќе треба јас да му одговарам, па тој мене, па јас нему, и се’ така до недоглед. И мене да ме плаќаа да барам жртви по форумите, можеби ќе размислев и јас да висам на нет 24/7... Сепак, не, Евангелието се проповеда со дела, а не со редење цитати по форуми! Затоа, поштеди ме, те молам, од твојата малограѓанштина!
Мил мој, цели 4 години бев дебатер на најпознатиот интернационален дебатен центар. И знаеш што? Ти веза немаш што е тоа дебата, затоа што оние кои дебатираат – истражуваат историја, извори, статистики, а не редат само цитати и самите си ги толкуваат. До сега ниту еден линк или извор немаш дадено дека Христијаните од 2-ри, 3-ти итн. век не ги крштевале своите деца! Нема да одам повеќе офф топик на оваа тема, иако има уште многу работи што си ги пишал, а немаат веза со реалноста, на кои можам да ти реплицирам. Од почит кон Месси, ќе се задржам на темата. Толкав офф топик, како твојот текст, до сега немам видено! Те трпат модераторите, само внимавај да не им пукне филмот од тебе, како минатиот пат, и да те банираат, па после ќе плачеш и ќе се жалиш, како што знаеш да правиш.
Кога ќе престанеш со твоите лаги, бре дете? Па веќе и епитетот лажго да ти се стави, нема да биде грешка! Православните НЕ ВЕРУВААТдека ако почине некрстено бебе, тоа ќе оди во пеколот. Ахмар мислам дека многу убаво ти го објасни тоа. Православните НЕ СУДАТ дали некој ќе оди во пеколот или не, туку тој суд Му го оставаат на Бога! <--- читаш добро Евангелосче
Или сакаш да кажеш – твоето самотолкување на Библијата не учи така?
А каде кај Православното Хрситијанство си го чул обратното?
Е ова е убав пример како Евангелос Му става зборови во устата на Господ! Евангелос знае што мислел Господ?!? Евангелос знае дека Господ не зборувал тука за децата? Абе Евангелос, та раните Христијани, т.е. следните генерации после апостолите, ги крштевале своите деца. Дури има и списи за тоа.<--- дали ме следиш Евангелосче Или сакаш да кажеш дека тие не биле Христијани, туку ти си поголем христијанин и од нив? 16 века Христијаните ги крштевале своите деца, а потоа дошол баптистот Смит (кој патем се самокрстил)(Дали сме сеуште на линија? ) и велел дека не треба да се има таква практика, па сега треба него да го слушам?!? Дај молим те!!! Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2009 во 07:24 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Мило ми е, брат, што те читам. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Polzavce, аххх Polzavce
Каде тоа јас ги извртував твоите зборови? Ако имаше такво нешто ти ќе ме цитираше, ќе наведеше аргумент, пример, но очигледно ова што си го напишала си го напишала така од ракав, колку да има поетска форма.
Зборовите и ситуацијата ја напишав каква што беше, а дури и ти подоле во текстот го потврди тоа (опишувајќи го настанот исто како мене).
Јас не те искористив тебе во мојот коментар, туку ја искористив ситуацијата со АНОНИМНАТА ЛИЧНОСТ. Доколку го напишев твоето име, тогаш ќе беше искористена ти, но вака, беше искористена ситуацијата.
Второ, јас не ја искористив ситуацијата од причините кои ги наведуваш ти, туку за да ја разобличам клеветата на Maran Ata дека јас сум ја озборувал Maran Ata по месенџери, скајпови и сл. и преку наведената ситуација докажав дека таа прва започнувала со моето дискредитирање и клеветење по месенџерите и скајповите, а дури потоа откако ја ќе сум ја фател дека го прави тоа, во своја одбрана пишувам нешто слично на тоа што таа наведе. И тоа дека таа лаже и клевети не го пишувам само по месенџери, скајпови и сл, туку и тука, јавно ги разобличувам нејзините лаги и клевети и секој може да ги прочита тука.
И не е само тој случај. Веројатно никој не забележа, но еден од членовите пред околу една недела, додека Мараната сеуште не пишуваше на форумов, му се испушти дека Мараната му кажала... нешто. Е сега ако ги соочам тој член и Мараната, нормално е дека неговата субјективност ќе одговори дека таа прва му пишала, но објективата страна ќе размислува вака: Што е поверојатно, активен член да му се обрати на некативен член (веќе 9-10 месеци) или пак неактивниот член (кој нонстоп демнее во Активни Корисници) да му пишал на активниот член гледајќи го како лесен плен за заведување?
И со тој член зборував на месинџер и на него (намерно или ненамерно) му се испуштија работи кои тој не би можел да ги знае за мене, а Мараната ги знае. Тоа е уште еден доказ дека Мараната предходно ме озборувала (читај: клеветела, дискредитирала) кај тој член.
Прво, јас воопшто не ти пишував некои баптистички сфаќања на твоите прашања, туку, речиси секој мој одговор, беше цитат од Светото Писмо. Значи јас ти давав библиски одговори и библиски аргументи за поставените прашања.
Второ, тоа што го наведуваш е интересна приказна, но мене, кога веќе ги отвори картите, мене поверојатно ми беше и сеуште ми е дека ти и Мараната во сојузништво зборевте со мене т.е. дека Мараната исто така знаела дека си правиш копи-пејст игри, бламажи.
Аргумент? Па доколку ти сакаше да ги споредиш нашите сфаќања околу твоите "дилеми" ти слободно можеше да не ставиш во конференциска врска сите тројца и таму можевме сите во ист прозорец да разговараме околу твоите дилеми и преку нашите коментари најдобро ќе ја направеше споредбата. За ова не е потребно многу мозок, а ти имаш и повеќе од тоа
Втор аргумент: Доколку навистина ти го правеше тоа што погоре го велиш, тогаш немаше 100 пати да ми се извинуваш потоа (иако јас уште во првиот пат ти простив, ти реков дека е во ред, дека не се лутам, таман работа ). Но бидејќи совеста те гризела, затоа и толку пати се извинуваше.
Се разбира, ова не се докази, туку само моите аргументи зошто јас мислам така. Но, како и да е, и тогаш ти кажав, и сега ти кажувам дека јас воопшто не ти се лутам за тие копи-пејст игри.
И уште нешто, можеби другите можеш да ги убедиш, но мене не можеш да ме убедиш дека ти си била во потрага по вистината и дека си ја продлабочувала потрагата по вистината бла бла бла... затоа што јас добро знам дека ти уште пред да комуницираме се завитка во удобниот капут на православието (многу добро ги знам причините за тоа), а потоа само си бараше изговори зошто тоа е правата вера, си бараше некој да ти го потврди она што веќе си го одлучила, си бараше некој што ќе ти ја смири вознемирената совест која ти ја создаваа библиските стихови убедувајќи те дека вистината во Библијата и православието се две дијаметрално спротивни нешта.
Дури и за многу работи во Библијата ти се согласи дека се онака како што ги тврдам јас (околу тоа дека сексот е даден и за уживање, а не само за репродукција, околу тоа дека во причеста лебот и виното ги симболизираат телото и крвта на Христос, а не дека се буквални тело и крв Хрситови итн), а не како што ги тврди православието, но едноставно рече (парафразирам, а не извртувам): "Не знам зошто е тоа така во православието, ќе прашам, ќе видам, ама сепак јас останувам православна, го осеќам тоа со срцето некако". Тука добро се сеќавам што ти одговорив: "Поизмамливо од сè е срцето" (Еремија: 17:9) и те посоветував да го уклучиш разумот, разумот...
Затоа не прави филм дека ти си ги истражила и двете страни па потоа си заклучила дека православието е правилната вера и си одлучила да бидеш православна, туку ти прво си одлучи да бидеш православна, а дури потоа дискутираше зошто вака, зошто така, а кога ги добиваше одговорите, ги затнуваше ушите за вистината.... а зошто, дозволи ми да толкувам:
Затоа што си свесна кои се последиците доколку (не дај Боже)Библијата те убеди дека православието не е правата вера. Тогаш би те гризело совест доколку си во таа вера и би требало да направиш избор да не го следиш тоа учење. Но ако го направиш, тогаш ќе те наречат: протестантка, секташка, предавник на нацијата и сл. и со тоа ќе си го расипеш угледот меѓу роднините, пријателите.
Вака толкувам затоа што не си ни прва ни последна што од истите причини одлучуваат да не го следат библиското христијанство, и да останат во удопството на, од светот љубената религија - православието.
Но, нејсе, мое беше да ти го проповедам Христовото изворно евангелие и јас верно ја исполнив таа Христова заповед. Ти ми поставуваше прашања и јас верно ти одговорив на истите. Јас моето си го завршив, мојата совест е чиста. Жал ми е што ја дозна вистината, се убеди во неа и свесно одби да ја следиш. Жалам како што Христос жалеше по богатиот младич кој не сакаше да се откаже од удопството во светот за безрезервно да го следи Него.
Тоа дали ти си и иницирала на Мараната или она тебе ќе остане вечна енигма која мене, а верувам и другите воопшто не не интересира. Ставена си во крајно субјективна ситуација за да би можела да одговориш објективно. Но, нејсе, воопшто и не е важно тоа.
Јас штотуку пробуричкав да видам како точно ние ја инициравме нашата комуникација и навистина јас прв сум ти иницирал, ама се сеќаваш ли како мила моја екс пријателке?
Случајно прочитав на една тема дека си имала здраствени проблеми и дека нешто ти се исчистило, а потоа пак ти се вратило (а во меѓувреме си била кај "исцелителот" Иван од Куманово. Си помислив дека имаш рак кој ти се повратил и (замисли) се загрижив за тебе мислејќи дека се откажуваш до класичната проверената медицина и посегнуваш по надри лекари и ЗАТОА ти пишав, за да видам што е работата, затоа што имам дебело искуство со таа подла болест (и сличните на неа) и сакав да ти помогнам. Истото сум го сторил и за еден друг член на форумов читајќи меѓу редови дека тој или некој негов близок е болен од рак (и во тој случај погодив, мајка му беше болна од рак). Со тој член воопшто не ни продолжив да разговарам на верска основа, само му реков дека ќе се молам за мајка и. (можам и да го повикам да посведочи, сигурно нема да ме одбие)
Но нека ти служи на чест polzavce затоа што моето иницирање (со цел да ти помогнам) ти го нарече заведување. Господ Бог ми е сведок за мотивите на иницирањето, а Истиот ми е сведок и за мотивите и илјадниците библиски стихови кои ти ги цитирав со цел да те доведам кај Христос.
Нека Бог те благослови polzavce, не знам навистина што друго да ти кажам. Нека те осветли со Неговата светлина, нека те утврди во Неговиот збор и нека ти даде храброст и сила да го следиш истиот. Амин! Изменето од EvAngelos - 17.Септември.2009 во 01:45 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Uspokojte se i prestanete so navreduvanja vo komentarite. Dovolno beshe izlaganje od temata i namerni ili nenamerni izvrtuvanja na kazhanite zborovi. Vratete se na temata i na opshtoprifateniot kodeks na odnesuvanje kako sto prilega na sekoj vernik i chlen na ovoj nash forum. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Замислете, во една ситуација, членот чија дискреција ја почитувам, додека дискутиравме на МСН за една тема, во еден од своите одговори ми пиша вака: "Maran Ata says:......" На местото на Maran Ata стоеше нејзиното име, за чија приватност јас имам доблест да не го напишам)
Замислете, цело време јас мислев дека сум зборувал со анонимниот член, за на крајот да дознаам дека тој само ги пренесувал на Мараната моите коментари и со копи-пејст ми кажувал што всушност Мараната мене ми вели голема%20насмевка Е дури по ваквите пародии, откако ќе ја фатев Мараната како кукавички зад грбот на заведените членови овде ми дофрлува (наместо да дојде овде на рингот и да ми се обрати лице во лице), дури потоа јас давав изјави од типот: "Мараната те лаже, она те манупулира" и сл. Затоа што, како што можевме да видиме, тоа така и беше, а како што гледаме и тука, тоа така и е. Ништо не се променило кај нашата Маранатка. Евангелос, кога некому се претставуваш како пријател тој очекува од тебе дека: НЕМА ДА ГИ ИЗВРТУВАШ НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ, НЕМА ДА ГИ ИЗВРТУВАШ ЦЕЛИТЕ СИТУАЦИИ, НЕМА ДА ГИ ИСКОРИСТУВАШ ЗА ДА СЕ НАПРАВИШ ПАМЕТЕН, НЕМА ДА ГИ ИСКОРИСТУВАШ ЗА ДА ПОНИЖИШ НЕКОГО НЕМА ДА ГИ ИСКОРИСТУВАШ ЗА ДА СЕ ГОРДЕЕШ, САМОПОФАЛУВАШ, ВОЗДИГНУВАШ.... Просто се чудам, како некој кој се декларира како верник може да го превиди фактот дека тој што се воздигнува ќе биде......КАДЕ ЕВ....КАДЕ ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕН ТОЈ ШТО САМИОТ СЕ ВОЗДИГА????????..... Но заради општото добро ќе ја објаснам ситуацијата како што беше....за да се освестат членовите кои се потенцијални жртви на вампири, крвопијци, пијавици..што може да ги снајде.... Членот чија приватност Ев ја почитува и несакаше да го каже (бидејки му е ДЕМЕК пријател) сум ЈАС...ПОЛЖАВЧЕ... Јас ќе ви ја објаснам ситуацијата како што беше, затоа што јас ја создадов, јас бев директен учесник и јас ја знам НАЈДОБРО..... Зборував паралелно со Маран Ата и со Евангелос на скајп...Тоа го направив намерно за да им ги споредувам сфаќањата (православното и баптистичкото) бидејќи трагав сеуште по вистината. Идејата беше да видам како една иста работа ја сфаќа православието (маран ата) и баптизмот (Евангелос).... За да ја продалбочам потрагата по вистината коментарите на Ев и ги спротивставував на Маран Ата, а нејзините коментари му ги спротивставував на Ев..... Во едно од копирањата на коментарот на Маран Ата...јас сум го ископирала и тоа: Maran Ata says:....... Ев се насмеа тогаш и рече....ЗНАЕВ ДЕКА Е ТАА....разговорот ми личеше како да разговарам со неа..... После тоа на Ев му објаснив која била идејата....зошто им ги споредував исказите.....на тоа Ев одговори нешто сосема спротивно на ова што тука го тврди.....Дека е тоа сосема во ред и дека и тој самиот мноооогу различни деноминации поминал и во Бугарија и не знам каде бил, за да ја дознае вистината. Ме охрабри дека е во ред и дека на секој коментар на Маран Ата тој можел да се спротивстави без проблем...... Само колку за информација.....Маран Ата јас ја повикав да разговараме и нашето пријателство е резултат на МОЈА иницијатива.....Евангелос самиот ме повика да разговараме и нашето познанство е резултат на НЕГОВА иницијатива..... КОЈ КОГО ТУКА ЛОВИ?????? КОЈ КОГО САКА ДА ЗАВЕДЕ????? МЕНЕ САКА ДА МЕ ЗАВЕДЕ МАРАН АТА (зашто секогаш јас иницирам разговор со неа) или САКА ДА МЕ ЗАВЕДЕ ЕВАНГЕЛОС (кој се трудеше, трудеше и виде дека не сакам да бегам од вистината, па ме остави раат) Ев, те жалам зашто и со мене ја повтори грешката што ја направи со Беличка..... Слава Му на Бога што не ги остава оние што се надеваат на Неговата милост....што ги разобличува нивните наводни пријатели, спасители, душегрижници..и ги води во Вистината......БОГ е милостив...дури и за оние кои се (го цитирам Евангелос) изгубени членови, нестабилни верници...во превод ВЕЈКИ НА ВЕТЕР..... Слава Ти Боже наш.....Слава Ти.. П.С..... Ев......секундарно те бришам од листата на пријатели на фејсбук.... |
|||||
МИР со сите
|
|||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Jas ne sakam da zazemam strana , ne mi bese upaten postot do Pravoslavnite ili Protestantite. Ako site sto pisuvate ovde se smetate za sledbenici na Knezot na Mirot, toa treba da se vidi i vo vaseto pisuvanje. Pozdrav i mir megu vas! |
|||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Нашите постови сигурно дека Го радуваат Христос бидејки ја проповедаме Христовата наука. Постовите на православните ги радуваат нивните попови и владики. |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Братко давиде..како да кажам сега..
Правење кариера ИСКЛУЧИВО од ПЛУКАЊЕ и КЛЕВЕТЕЊЕ на православието и на Христовата Црква и не е некој христијански метод за напредок во уподобувањето на Бога. Може да се напарави паралела со муабетот за тоа дали христијанинот треба да војува или не. Да,не е убаво да се војува но ако е загрозен нашиот ближен (духовно и телесно) тогаш тоа е дозволено.. Епа истово може да се сфати и за тука на форумов.. мирно и прибарно да но ако нечии постапки се насочени за духовно наштетување на нашите ближни со употреба на лаги,клевети и навреди тогаш верниците се ДОЛЖНИ да ги заштитат ближните од тие напади. Тешко нас ако се сложуваме за се со друговерците Изменето од ahmar1 - 16.Септември.2009 во 14:36 |
|||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||
Внеси реплика | страница <1 45678 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |