IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Знаеме ли што прават нашите деца?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Знаеме ли што прават нашите деца?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака Обратен редослед
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 01:04
Би стаил слика од една 15-16 годишна,но сепак ке ја грди темава....лутинаСо дозвола на модераторот и авторот ОК....
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 23:21
taka e koga ne se uchat decata na realnite vrednosti vo zivotot...mediumite so idiotskite sodrzini isto taka imaat ogromno vlijanie.

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 20:42
Проституцијата е последователна појава во сиромашни општества, што не значи дека во богата земја ја нема но не е толку масовно распространета помеѓу младите генерации.
Порано вакви приказни можевме само да ги добиеме од Источна Европа бившите СССР и Азија земји кои тонеа во беда,сиромаштија и транзиција, А сега? Нискиот стандард и изолацијата си го прават своето.
Многу тажно

Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 15:40
nivni deca?! збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 14:42

Девојчиња се продаваат за еден сендвич

Невропсихијатарот Мицев вели дека девијантното однесување на младите е поради нивната распнатост меѓу желбите и можностите

„Моите немаат доволно пари да ги задоволат моите желби. Ако се заб авувам со мој врсник-тинејџер, ќе добијам само љубов, а ако се забавувам со постар господин, ќе добијам и пари“.Вака размислуваат се' повеќе млади во Македонија.

- Млади девојчиња го продаваат своето тело за да се повозат со „порше“ двосед низ градот. Да бидат видени во скапа кола. Едни го прават тоа за престиж, други за доминација. И кај едните и кај другите преовладува лажното чувство на големина - вели невропсихијатарот Витомир Мицев. Се' почесто може да се слушне како постари луѓе, па и пензионери злоупотребувале девојчиња за мали пари. Има и такви што си дозволуваат да се фалат дека за еден сендвич или мобилен телефон може да имаат тинејџерка покрај себе. Многу мајки со кои разговаравме велат дека се трудат да ги задоволат барем најосновните потреби и желби на своите деца за да не им остават простор за размислување да појдат со некого заради пари. За жал, голем е бројот на родителите што многу малку може да им понудат на своите деца.

Невропсихијатарот Мицев потврдува дека ваквото девијантно однесување кај младите во државата е во пораст. Објаснува дека периодот на тинејџерството е мошне чувствителен период во развојот на личноста и во кој таа треба да ги вгради етичките норми. Почнувајќи од најблиското опкружување, преку училиштето и социјално пошироката средина треба да го хармонизира односот помеѓу потребите и реалноста.

- Сите млади сакаат да имаат убави и скапи работи, но не сите можат да ги имаат. Затоа дел од нив се' почесто прибегнува кон своевидни прошетки во виртуелен свет на богатство и моќ, забавувајќи се со луѓе со кои не би биле ако не се во прашање парите. Иако знаат дека е тоа неморално - објаснува Мицев. Според него, на тој начин младите забораваат на моралот, а девијантното однесување им станува порок. Една ваква неадекватна личност се изградува и поради недостаток од личности и содржини за идентификација, недостаток од љубов и внимание во овој социо-економски метеж, во кој никој за никого нема време.

- Под влијание на потребата за престиж, со нереалните очекувања притиснати од збрканоста со реалноста, попушта недоволно изградената контрола и тогаш се појавува ова девијантно однесување - смета докторот. Според Мицев, ваквото однесување го има и во поголемите и во помалите средини. Разликата е во тоа што поголемите населени места нудат и повеќе можност да се прикријат ваквите врски. Како причини за оваа своевидна епидемија која ги зафатила младите, тој ги посочува недостатокот на семејна грижа, немањето можност за контролирање на нереалните желби, празнината во ангажманите и неможноста за селективност помеѓу доброто и лошото.

- Недоволната едукација, како и имитацијата на стилови на живеење, кои се видени, на пример, преку телевизија, го поткрепуваат овој порок, кој зема се' поголем данок кај тинејџерите. Сето тоа треба да биде опомена за родителите за нивната улога во воспитанието на сите нивоа. Училиштето да ја искористи својата моќ на едукација, а средината да понуди разни содржини и ангажмани за младиот човек. Значи, максимално вклучување на сите институции за да ја спасиме нашата млада популација. Овде спаѓа и преземањето мерки против сите оние што ја злоупотребуваат младоста - дециден е невропсихијатарот.

Светлана Дарудова

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.