|
Поуки од Светото Писмо |
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Автор | |
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Гледајте и пазете се од лакомство, оти животот на човекот не зависи од изобилството на неговиот имот.” ( Luka 12:15) Lakomosta ne e samo zelba da se imaat pari ili drugi raboti so koi navistina mozat da se zadovolat izvesni potrebi. Taa e preterana zelba za bogatstvo ili za materijalni raboti. Moze da bide i nezasiten, alcen poriv da poseduvame nesto koe mozebi mu pripagja na nekoj drug, samo kolku da go imame, a ne zatoa sto ni e potrebno i pritoa voopsto da ne vodime smetka kako kje se cuvstvuvaat drugite. Lakomiot covek dozvoluva rabotite sto gi posakuva tolku da zavladeat so negovite misli i postapki sto, vo sustina, tie stanuvaat negov bog. Da se setime, Apostol Pavle rekol deka lakomosta e isto sto i idolopoklonstvoto, a idolopoklonicite nema da go nasledat Bozjeto Carstvo . "Зашто, знајте го ова добро: ниеден блудник, ниеден нечист, ниеден лакомец - кој е идолопоклоник - нема наследство во Христовото и Божјото Царство!" ( Efesjanite 5:5 ). Vo Kolosjanite 3:5 Apostol Pavle sovetuva : "Затоа умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудството, нечистотијата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство" Interesno e sto ISUS rekol da se cuvame od sekakva lakomost. Zosto? Zatoa sto moze da se bide lakom po razlicni raboti. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Возвратена љубезност 35 Туку, љубете ги своите непријатели, правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто. И вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Сèвишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите. 36 Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив. 37 И не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте и нема да бидете осудувани. Проштавајте и ќе ви биде простено! 38 Давајте и ќе ви се даде: добра мерка - набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери.” ==Евангелие по Лука 6:35-38 ; Библија== Мошне често, она што сме им го правеле на другите, ни се враќа. Поинаку речено, ако сме љубезни кон нив, најверојатно и тие ќе бидат љубезни кон нас. Како христијани, секогаш треба да бидеме љубезни едни кон други, макар и да не ни се врати со добро. Дотолку повеќе, љубезноста кон оние што се лоши е обележје на вистинскиот следбеник на Исус Христос. 12 ”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.” ==Матеј 7:12 ; Библија== Секогаш е лесно да се биде љубезен кон оние од кои очекуваме некоја полза. Така прават сите. Меѓутоа, многу е потешко да се биде љубезен кон оние кои никогаш со ништо нема да ни возвратат, а особено ако за тоа има и своја цена, односно ако нешто не’ чини. Ова е вистинска проверка на нашата добрина. Секој од нас треба да се преиспита. Дали нашата љубезност кон другите е несебична и пожртвувана, или е поттикната од користољубива намера! 12 И така, облечете се како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост, смиреност, кротост трпеливост! 13 Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! 14 А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сè во совршенство! ==Послание до Колосјаните 3:12-14 ; Библија== Од секој христијански дом треба да зрачи света светлина. Љубовта треба да се покаже со дела. Таа треба да живее во сите семејни односи, откривајќи се преку грижливата љубезност и нежната, несебична учтивост. Има домови во кои овие начела се спроведуваат – домови во кои Бог се почитува и во кои владее вистинска љубов. Од тие домови, наутро и навечер, се подигаат молитви кон Бога како благопријатен мирис. Неговата милост и неговите благослови се спуштаат врз молителите како утринска роса. Има многу такви кои изразувањето на љубов го сметаат за слабост и задржуваат став, кој ги одбива другите. Кога ќе се потисне желбата за друштвеност и великодушност, таа се суши и срцето станува пусто и студено. Треба да се чуваме од такви заблуди. Љубовта не може долго да опстане ако не се изразува. Не смее да се дозволи срцето, кое е поврзано со нас, да умре од недостаток на љубезност и сочувство. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благи зборови Посланието до Ефесјаните 4:32 почнува со зборовите >> Бидете еден кон друг добри, милостиви<< 32 Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа. ==Послание до Ефесјаните 4:32 ; Библија== Христијаните треба во секој миг да ги обележува љубезност кон другите. Меѓутоа, луѓето имаат три посебни потреби, кои бараат и три посебни вида на охрабрувања. 1. Пред се’ треба да бидеме благи кон духовните бебиња. 7 Напротив, бевме благи меѓу вас, како доилката, која топло ги негува своите деца, 8 така, полни со љубов кон вас сакавме да ви го предадеме не само Божјото Евангелие, туку и своите души, зашто ни станавте мили. ==1 Послание до Солунјаните 2:7-8 ; Библија== 2. Треба со благост да ги храбриме слабите: 1 Ние силните должни сме да ги носиме слабостите на слабите, а да не си угодуваме сами на себеси. ==Послание до Римјаните 15:1 ; Библија== 3. Треба да ги лекуваме духовно болните 24 А Господовиот слуга не смее да се расправа, туку треба да биде кроток кон сите, способен да поучува и да трпи; 25 да ги воспитува со кротост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината, 26 за да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја. ==2 Послание до Тимотеј 2:24-26 ; Библија== Еднаш некој деловен човек рекол: >>Едвај чекам вечер да си дојдам дома-толку ме исцрпува да бидам љубезен цел ден!<< Колку ли е тажен ваквиот став кон другите луѓе и кон нивниот живот! Љубезноста, особено дома, има клучна важност. Еден од најважните начини на кои се искажува љубезноста, особено во домот, е начинот на кој разговараме едни со други. Атмосферата во домот во голема мера ја создаваат зборовите што ги изговараме. Колку само потешкотии, колку ли само навреди, напнатости и отворени судири би избегнале кога би воделе сметка, не само за тоа што кажуваме, туку и како го кажуваме Често на некое лице ќе му кажеме нешто, а не сме го навредиле ниту сме го повредиле, а потоа, истото тоа ќе го кажеме на некој друг, и притоа длабоко ќе го раниме и ќе го навредиме. Разликата е во тоа како зборуваме. Човечкиот говор е многу повеќе отколку само изговор на зборови; тонот на гласот, изразот на лицето, говорот на телото и расположението, сетот тоа се фактори кои му порачуваат на соговорникот што мислиме и што чувстуваме кон него. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пример на љубезност Во проповедта на Гората, Исус ја опишува добрината и Божјата милост. 43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’. 44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; 45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните. 46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто? 47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците? 48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.” ==Евангелие по Матеј 5:43-48 ; Библија== Ние, луѓето не сме ја заработиле Божјата благодат ниту сме ја заслужиле, туку, сите свесно сме згрешиле против Бога, па дури и сме го игнорирале и сме го презирале. Во таа смисла најголемиот грешник и најголемиот светец се наоѓаат во ист чамец: ниту еден не ја заслужил добрината и милоста, со кои Бог нас не’ дарува. Преку овие стихови, Господ Исус Христос не’ повикува да бидеме >>совршени<<, како што е и Бог совршен. Како тоа? На тој начин што ќе ги сакаме своите непријатели, молејќи се за оние кои не’ малтретираат, однесувајќи се љубезно кон оние кои кон нас биле нељубезни. Обидете се да замислите како би изгледалo нашето заедништво или нашиот дом, кога би умрело нашето >>јас<<, и кога би живееле баш така! Тогаш би имале таква сила и сведоштво што ни вратата на пеколот не би можеле да ги надвладеат. Што не’ спречува да го оствариме тоа? Ништо, освен нашето грешно и одмаздољубиво срце, кое пречесто не’ прави слични на фарисеите. 7:47 Затоа ти велам: нејзе и се простуваат многу гревови, оти Ме возљуби многу; а кому малку се проштава, и љубов мала има.” ==Евангелие по Лука 7:47 ; Библија== Секој од нас треба да размисли за Божјата љубов и нежност кон нас: дали ја заслужуваме? Дали таа со право ни припаѓа? Дали нашите мисли, нашите дела и нашите зборови се толку несебични, толку свети, толку полни со љубов и прифаќање, што Бог едноставно кон нас постапува како што постапуваме ние кон другите? Одговорот е, најверојатно >>не<<. Во тоа е суштината: кога ќе сфатиме што се’ Бог ни простил, кога ќе согледаме дека не’ сака, и покрај нашата природа и нашите дела, тогаш навистина разбираме што значи да се биде добар и љубезен кон оние што не го заслужиле тоа. Колку е тогаш важно крстот и неговото значење постојано да ни бидат пред очите! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Зашто, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва." ( Jakov 2:26) Edna rabota e da tvrdime deka imame doverba vo BOG. No, sosema druga rabota e da go pokazeme toa so nasite postapki. Na primer, frazata " Nasata doverba e vo Bog " ( IN GOD WE TRUST) vekje dolgo vreme ja ima na banknotite i na monetite na amerikanskiot dolar. Vo 1956 godina amerikanskiot kongres donel zakon so koj ovoj izraz bil proglasen za drzavno moto na Soedinetite Amerikansi Drzavi. Ironicno e toa sto mnogu lugje-ne samo vo taa zemja tuku i vo celiot svet -polagaat pogolema doverba vo parite otkolku vo BOG ( Luka 12:16-21). Kako vistinski Hristijani , morame da pravime povekje otkolku samo da izjavime deka imame doverba vo BOG. Sekoe tvrdenje deka imame doverba vo BOG e besmisleno ako ne go potkrepime so postapki. Svojata doverba vo BOG ja pokazuvame koga Mu se obrakjame vo molitva, barajki da ne prosvetli so Svetiot Duh, koga barame vodstvo od Negovoto Slovo i tesno gi sledime ucenjata na ISUS HRISTOS. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne e tolku teshko da gi sakash blizhnite... tuku se raboti za sakanje na site, vkuchuvajki gi i onie koi se tolku daleku shto mozhebi kje gi sretneme ednash vo zhivotot... a mozhebi nitu tolku.
Isus govoreshe za takva ljubov. Toa e vistinskiot predizvik za sekoj obichen chovek... oti za onoj koj e prosvetlen toa e neshto sosem normalno i sekojdnevno. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Љубовта нека не биде лицемерна; отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто;" ( Rimjanite 12:9) Ne e tesko da gi sakame nasite blizni kako grupa lugje. Megjutoa, da gi sakame kako poedinci moze da bide malku potesko. Na primer, nekoi lugje pokazuvaat ljubov kon bliznite samo so toa sto davaat donacii vo nekoja dobrotvorna organizacija. Vsusnost, mnogu polesno e da receme deka go sakame nasiot blizen otkolku da sakame nekoj kolega komu ne mu e griza za nas, nekoj neprijaten sosed, ili nekoj prijatel sto ne' razocaral. Kako da pokazeme ljubov kon lugjeto kako poedinci e mnogu vazna rabota i od toa mozeme mnogi da naucime od ISUS. Iako dosol na Zemjata da go zeme grevot na svetot, ISUS pokazuval ljubov kon lugjeto kako poedinci- bolna zena, leprozen covek, dete (Vidi vo stihovite : Matej 9:20-22; Marko 1:40-42; 7:26, 29, 30; Jovan 1:29). Slicno na toa, nie pokazuvame ljubov kon bliznite so nacinot na koj postapuvame so licata so koi doagjame vo kontakt sekoj den. I sekogas treba da imame na um deka ljubovta kon blizniot e povrzana so ljubovta kon BOG. |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. " ( Evreite 4:12) Porakata vo Bozjeto Slovo moze da dopre do najvnatresnite delovi na edna licnost i da ja promeni odnatre, vlijaejki vrz toa kako razmisluvaa taa i sto saka, pravejki ja licnost spored Bozjata volja. Bozjeto Slovo razotkriva kakva navistina e licnosta vo srzta za razlika od ona sto taa licnost go misli za sebe ili sto dozvoluva da vidat drugite( 1 Samoil 16:7). Duri i nekoj sto e zloben ponekogas moze da skrie kakov e odnatre prikrivajki se zad maska na dobrina i poboznost. Zlobnite se prikazuvaat vo lazno svetlo od zlobni pricini. Gordite se krijat zad lazna poniznost dodeka vo isto vreme kopneat da go cujat odobruvanjeto od lugjeto. Megjutoa, razotkrivajki sto navistina im e vo srceto, Bozjeto Slovo moze silno da pottikne nekoj ponizen poedinec da ja soblece starata licnost i da ja oblece novata licnost koja e sozdadena po Bozja volja vo vistinska pravednost i lojalnost. Kako sto pisuva vo Biblijata : "да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби, да се обновите со духот на својот ум и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината." ( Efesjanite 4:22-24) |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Му одговори Јов на Господа и рече: "Знам, дека Ти се можеш, и дека намерата Твоја не може да биде неизвршена. ( Jov 42:1,2) Jov ponizno prifatil pomos-eden biten faktor sto mu pomognal da istrae. Toj so pocit go poslusal mudriot sovet na Eliluj i ja prifatil ispravkata sto mu ja dal BOG. I pokraj bolesta sto go izmacuvala, Jov se raduval sto vakvata ispravka na negovoto razmisluvanje go zblizila so BOG. "Znam deka Ti se mozes", rekol Jov za BOGA. Blagodarenie na toa sto BOG licno zboruval so nego, Jov mnogu pojasno sfatil kakva polozba zazema covekot vo odnos na Tvorecot. Jov ni dava izvonreden primer i za milost. Negovite lazni tesiteli dlaboko go povredile, pa sepak koga BOG mu rekol na Jov da se pomoli za niv, toj se pomolil. Potoa, BOG mu go vratil zdravjeto na Jov ( Jov 42:8,10). Jasno, ogorcenosta nema da ni pomogne da istraeme, tuku vo toa ke ni pomognat ljubovta i milosta. Ako prestaneme da drzime lutina kje se osvezime duhovno i BOG kje ne blagoslovi. Ако ли, пак, вие не проштевате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.” ( Marko 11:25) |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според планот на Библијата, треба да пронајдеме стих за предметот што не' интересира во една книга од Библијата, па во друга, на едно место, па на друго, и да ги споредиме. Кога ќе разгледаме се' за тој изложен предмет, мора да дојдеме до ист заклучок затоа што гледаме ист предмет. Ја гледаме Божјата вистина онака како што е откриена во неговата Реч, од правило до правило, од текст до текст. Бог не ја крие вистината од нас. Вистината не е нешто што Тој го држи скриено од секого. Тој сака да ја имаме. Кога споредуваме текст со текст, писмо со писмо, вистината се открива во сите свои димензии. Вие слушате Божји глас кој ви зборува. Тој ви се обраќа вам лично за правецот по кој треба да се движите. Вие ќе откриете за себе мир кој само неговата Реч може да ви го даде. Дали сте чуле за момчето кое одело со својот татко во мрак, држејќи се за неговата рака, за раката на таткото кој носел светилка? Црната тишина наоколу го уплашила момчето кое кажало: "Тато, јас се плашам, светлината е многу куса!" "Да сине", одговорил таткото, "но ако ние постојано ја следиме светлината што ја имаме пред себе, таа ќе ни го осветлува патот се' до крај." Патот на христијанинот е како зората што изгрева. Како одминуваме на патот, светлината станува се' посилна. Секако, тоа не' потсетува на добро познатите зборови: 7 Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нè очистува од секој грев. ==1во Јованово 1:7 ; Библија== Тоа се значајни зборови, ако се движиме, ако напредуваме во светлината, ако ја прифатиме и ако ја слушаме, имаме заедница со своите ближни и опростување од небесниот Татко. Каква добивка! Вистината просветлува. Вистината лекува. Вистината, спасоносната вистина, ги менува луѓето. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
УБАВИНАТА НА КАРАКТЕРОТ - Почеток на трагањето- "Што е вистина?" 38 Пилат Му рече: „Што е вистина?” Штом го рече тоа, излезе пак при Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него. ==Евангелие по Јован 18:38 ; Библија== Срце на христијанската религија е моќта да ги менува луѓето. Таа е срце на Библијата и тајна на нејзината сила. Кога луѓето нејзината порака би ја внеле во својот живот со едноставна вера, би ја почувствувале истата сила која од Валденжаните направила херои, а од канибалите од Јужното Море питоми и гостољубиви домаќини на туристите. Да ја отвориме Библијата и да видиме што е тоа што ги менува луѓето. Господ Исус Христос рекол многу едноставно: 31 Затоа Исус им рече на Јудејците, кои Му поверуваа: „Ако пребивате во Моето слово, навистина сте Мои ученици; 32 и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.” ==Евангелие по Јован 8:32 ; Библија== Вистината е таа сила која ги менува луѓето. Вистината тоа го прави. Но што е вистина? Спомнете си за драматичните мигови кога Пилат стоел пред Исус и кога го поставил прашањето: "Што е вистина?" Немал време да го почека одговорот, зашто можеби таков одговор не очекувал од еден Евреин. Но Исус одговорил на тоа прашање во една друга пригода со само четири збора: "Твоето слово е вистината" 17 Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината. ==Евангелие по Јован 17:17 ; Библија== Можеби ќе кажете: "Јас секогаш сум ја барал и сум сакал да ја знам вистината. Но сум слушал од мнозина кои тврдат дека ја познаваат вистината, меѓутоа, се разминуваат во своите погледи. Јас сум збунет. Како еден обичен човек може да ја знае вистината?" Некој друг ќе додаде: "Јас знам како треба да читам стручна литература и да пронајдам што ме интересира, но при студирањето на Библијата сум почетник. Еднаш или двапати сум почнал да ја читам. Но кога ќе дојдам до книгата на Левитите (на пример), јас запнувам. Како да ја читам Библијата за да ја дознаам вистината?" Често ние гледаме иста работа, од различни страни. Секој гледа само една страна и на секого му изгледа различно, па сепак, сите ја гледаме истата работа иако ја гледаме со различни очи. Кој може да каже дека другиот не е во право. Оваа илустрација е со цел да се објасни зошто на некого читањето на Библијата му се чини губење на време. Ние сите гледаме различно, велат тие. Кој може да се потпре на нејзините страници? Кој може да знае дека таа содржи божествени откровенија или само различни мислења на луѓе. Но знајте дека Библијата сама зборува за начинот на кој се решава овој проблем: 10 Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.” ==Исаија 28:10 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло." ( 1 Mojseeva 3:5) Satana uspeal da gi navede Adam i Eva da se pobunat protiv Bozjeto vladeenje. So ovaa pobuna bil napadnat Bozjiot nacin na vladeenje. Kako? So toa sto i rekol na Eva deka nema da umre ako jade od zabranetiot plod , Satana indirektno izjavil deka BOG ne ja kazuva vistinata i zatoa ne treba da Mu se veruva. Satana , isto taka, gi navel Adam i Eva da pomislat deka kje im bide podobro ako ne ja poslusaat Bozjata zapoved i ako stanat nezavisni od Nego ( 1 Mojseeva 3:1-6). Ova bilo direkten napad vrz Bozjeto pravo da vladee. Sto storil BOG? BOG pokazal deka potpolno vladee so novonastanatata situacija koga vednas prezel cekori i izrekol presuda nad buntovnicite. Toj objavil deka Adam i Eva ne se dostojni da go primat vecniot zivot kako dar od Nego , i gi isteral od gradinata Eden ( 1 Mojseeva 3:16-19, 22-24). No, fala mu na BOG sto ni ovozmozi preku zrtvata na Negoviot Sin Isus Hristos da mozeme nie, potomcite na Adam i Eva povtorno da se stekneme so vecen zivot. "Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот." ( Jovan 3:16) AMIN ! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во потрага по мир Во денешниов свет луѓето стануваат се’ повознемирени и трагаат по личен мир. Господ Исус Христос ни упатува повик: 28 ”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. 29 Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; ==Евангелие по Матеј 11:28-29 ; Библија== Иако овде не се употребува зборот мир,Тој го користи зборот одмор, кој во оригиналниот текст значи ≫да одмориш некого, освежува, се одмора, починка≪ Врз основа на она што Господ Исус Христос го кажува овде, можеме да заклучиме дека Тој ни го нуди својот мир како дар и ни покажува како да го стекнеме. Зар Христос не не’ учи дека личниот мир има своја причина и зар не не’ повикува од него да ја дознаеме која е таа причина? Немир донесува љубовта кон себеси… Оние што го држат Христа за збор и ја ставаат својата душа под негова заштита, своите животи под негово водство, ќе најдат мир и спокој. Ништо на светот не може да ги ожалости кога Исус ќе ги израдува со своето присуство. Во совршеното помирување се наоѓа соврштен одмор. Се кажува дека двајца сликари, секој на свој начин, сликале што значи одморот. Првиот одбрал да наслика мирно езеро со високи планини во заднината. Вториот сликар насликал нежна бреза, која се повива над запенет водопад; онаму каде што се составувале двете гранки на брезата, во своето гнездо седело врапче, скоро водено од капките на водата. Кој од овие двајца сликари подобро ја претставил суштината на мирот? Мошне ретко, во овој зовриен свет, можеме да пронајдеме мир во осамено планинско езеро. Многу често, неопходно е да најдеме мир среде превирањата на реалниот живот. Една работа никако не смееме да помислиме, а тоа е дека мирот значи живот без проблеми. Ретки се луѓето, дури и меѓу најверните христијани, кои го минуваат животот без тешкотии, болки и страдања. Впрочем, се чини дека некои луѓе страдаат многу повеќе од другите луѓе. Сепак, мирот многу повеќе го подразбира начинот на кој човекот одговара и се бори со таквите околности, отколку самата природа на околностите. Мирот вклучува длабока доверба во љубовта и грижата од страна на Бога, кој знае низ што минуваме и кој ветил дека нема да не’ остави, што и да не’ снајде. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оние кои Му служат на Господа, однадвор не се забележливи, неретко се дури и презрени и гонети; но затоа духовно постојано созреваат во духовни совршенства, кои во другиот свет ќе засветат во нив како сонце и ќе им го дадат соодветното место и блаженство. Правењето добродетели... Заповедите се норма, а во пракса имаме конкретни случаи: подобро е да не се измислуваат дела, туку да се занимаваме со оние кои се пред нас. Правењето добра... без вера и желба да се угоди на Бога, не е свето, како куќата која не е осветена или соба без икони; без љубов, таа е како градба исполнета со безживотни скулптури, кои освен тоа мирисаат на заостанатост и мувла. Обрни вмнимание на тоа и кога ќе се зафатиш со создавањето на новиот човек во себе, потруди се пред Господа да го поставиш без никакви мани. Постојат дела на милосрдие и постои милостивост на срцето. Првите добиваат вредност од последното; можни се и без неа, но тогаш ја немаат вистинската вредност. ... Гледајте го натписот над себе: „Тебе ти е оставен сиромавиот, ти биди помошник на бедниот“. Правењето на добра не го заборавајте и ќе ве осени милоста Божја. Пред сè помагајте им на оние на кои им е потребно. Кој и да ви дојде со солзи, не отпуштајте го додека тие солзи не му се исушат. Блажени се милостивите, зашто ќе бидат помилувани... Зад рацете на неволниот секогаш треба да ја гледате испружената рака на Самиот Господ Кој ви се обратил вам. Тој Самиот рекол: „Што ќе им направите ним, на сиромасите, Мене ќе Ми направите“... Духот кој пламти од ревност за правење на добра во слава Божја – тоа е главно. Кога тоа постои, значи постои и живот. Ова може да доведе и до безмолвно пребивање во Бога, ако благослови Бог. Ако зрното пченица паѓајќи на земја не умре, тогаш останува едно; ако пак умре, донесува многу род (Јн. 12, 24). Значи, ако сакаш да бидеш плодоносен – умри; умри на вистински начин, во срцето да би чувствувал дека си умрел. Како што мртовецот не се огледува на ништо што го опкружува, така постапувај и ти: кога те фалат ќути, кога те напаѓаат ќути, и ако добиеш нешто ќути, ако си сит ќути, ако си гладен ќути. Биди таков кон сè надворешно, а внатре држи се таму каде што почива секој покојник – во другиот живот, пред лицето на Сеправедниот Бог, подготвувајќи се да ја чуеш последната пресуда. Ќе прашате: каков е плодот од тоа, кога тука сè замира? Не, нема да замре, туку ќе се појави енергија, и тоа каква! Уште момент остана, ќе си речеш, па ќе настапи пресудата, ајде да побрзам да направам нешто – и ќе направиш. Тоа ќе се повторува секој час.
|
|
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |