IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 98>
Автор
Порака Обратен редослед
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 10:30
1 Од каде се војните и од каде се борбите меѓу вас? Не доаѓаат ли од вашите страсни желби, што се борат во вашите членови?
2 Сакате и немате, убивате и завидувате, и не можете да постигнете; се борите и војувате. Немате, зашто не молите.
3 Барате, но не добивате, зашто барате погрешно, за да го трошите во вашите страсни желби.
4 Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога.
5 Или, мислите ли дека Писмото вели напразно: „До ревност го љуби духот, кој живее во нас?”
6 Но дава поголема благодат. Затоа вели: „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат.”
7 И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас.
8 Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; Исчистете ги рацете, грешници, и очистете ги срцата, луѓе со разделена душа!
9 Бидете нажалени, тагувајте, и заплачете: вашата смеа нека се претвори во тага, а радоста во жалост!
10 Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 10:13
МОЌТА НА МОЛИТВАТА
Јаков 5


13 Страда ли некој меѓу вас, нека се моли; весел ли е некој, нека Го фали Бога.
14 Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа,
15 и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.
16 И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.
17 Илија беше човек по природа ист како и ние, и се помоли со молитва да нема дожд и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.
18 И пак се помоли, па небото даде дожд, и земјата го произведе својот плод.
19 Браќа мои, ако некој се отклони од вистината, и некој го го поврати,
20 нека знае дека оној, кој ќе го врати грешникот од неговиот заблуден пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие мноштво на гревови.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 11:16
Читај ја Библијата со длабока почит, знаејќи дека во секој напишан ред, Бог ти зборува директно тебе.


ПСАЛМ
119:14 Се радувам на патот на Твоите прописи, повеќе отколку на сето богатство.
119:27 Покажи ми го патот со Твоите правила и ќе размислувам за Твоите чудеса.
119:29 Држи ме далеку од патот на заблудата и надари ме милостиво со Твојот Закон.
119:30 Јас го одбрав патот на вистината, пред очите ги ставив Твоите одлуки.
119:32 Јас чекорам по патот на Твоите заповеди, зашто Ти ми го осветли срцето.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2014 во 10:50
СПОРЕДБА НА НЕБЕСНОТО ЦАРСТВО СО ДЕСЕТ ДЕВОЈКИ
Матеја 25


1 „Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот.
2 Петте од нив беа неразумни, а петте мудри.
3 Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло;
4 а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници.
5 Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
6 А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’
7 Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки.
8 А неразумните им рекоа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилници ни гаснат.’
9 Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’
10 Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори.
11 А потоа дојдоа и другите девици и рекоа: ‘Господаре, господаре, отвори ни!’
12 Но тој им одговори и рече: ‘Вистина ви велам - не ве познавам!’
13 И така - бдејте, зашто не го знаете ни денот ни часот!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2014 во 10:44
Псалм

105:3 Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!
106:1 Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е благ! Зашто е вечна Неговата милост!
113:1 Алилуја! Господови слуги фалете Го, фалете Го Господовото Име!
117:1 Фалете Го Господа, сите народи, Славете Го, сите племиња!
135:1 Алилуја! Фалете Го Господовото име, фалете Го, Господови слуги,
135:3 Фалете Го Господа, зашто Господ е благ, пејте Му на Неговото Име, зашто тоа е мило.
147:1 Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е добар, пејте Му на нашиот Бог, зашто е благ; Тој е достоен за секаква пофалба.
148:1 Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините!
148:2 Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства!
148:3 Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди!
148:4 Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод!
148:7 Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни,
150:1 Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2014 во 10:26
ИСУС ЌЕ ДОЈДЕ!!!


„Јас сум Бог, и нема друг Бог, никој не ми е сличен! Оној сум, кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам, Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам се што ми е по волја...Слушајте Ме, вие кои ја губите смелоста и кои сте далеку од победата, не е веќе далеку, Моето спасение не ќе се забави. Ќе го ставам спасението на Сион, својата слава во Израел.“ Исаија 46,9-13
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 10:24
ВО ШТО СЕ СОСТОИ РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ
БИБЛИЈАТА И ОСТАНАТИТЕ КНИГИ?


Најнапред, Библијата се разликува од другите книги по тоа што е полна со свежина која зрачи од неа. Да повторам уште еднаш: за да се искуси таа свежина, потребно е нејзино темелно и длабоко истражување. Некој во неа може да најде одговор на прашањата за иднината, друг можеби ја чита за да ја исмее, а трет пак, ја чита за да го запознае Бог. Првиот и вториот веројатно ќе се разочараат од неа, но затоа пак третиот ќе добие вечен живот.
Библијата е непресушен извор и може да се чита еднаш, двапати, десетпати и секогаш да е со истата свежина. Еден шведски писател рекол: „Библијата е се уште моќен извор на животот како и порано. Може ли некој да потврди дека Библијата уништила нечиј живот? Таа е Божји Збор, нежен развигор на вечноста и можеш да ја читаш колку што сакаш, а да не се умориш".
Англискиот физичар Мајкл Фарадеј (1791-1867) со глад ја читал Библијата. и со голема љубов им зборувал на луѓето за неа. Би можеле да споменеме уште цела галерија личности, кои зборувале за убавината и за свежината на Библијата.
Светото Писмо е оаза сред пустина, каде што жедната и уморна душа може да најде поткрепа. Во Библијата мнозина нашле утеха кога биле во голема жалост, или надеж кога биле во очај. Таа е секогаш свежа, што не е случај и со другите книги. Ретко кога читаме некоја книга по втор пат, а да не ни биде здодевна. Уште се поретки книгите кои ги читаме по трет пат. Тоа е разликата помеѓу живата и мртвата книга. Co ова не порекнуваме дека постојат прекрасни книжевни ремек-дела, но ниедно не може да се спореди со Библијата која ги надвишува сите заедно.
Можеби некој ќе рече: „Па и неа ја напишале луѓе!". Да, тоа е вистина, но да видиме што вели за тоа самата Библија: „Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Зашто никогаш според човековата волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветлувани од Светиот Дух" (2 Пет.1:20-21).
Секој збор што се наоѓа во Библијата е инспириран, односно вдахновен од Светиот Дух и содржи живот. Луѓето кои биле инспирирани од Светиот Дух ја напишале оваа книга. Книгите од светската литература, колку и да се вредни и признати, сепак бргу застаруваат. Се случува во книжарниците да се продаваат книги по намалени цени. Зошто? Главната причина е неактуелноста на тие книги. Една теорија заменува друга, па така книгите стануваат несовремени. Единствено Библијата останува свежа, современа и секогаш на цена. Колку ли само крадци постанале чесни луѓе преку оваа книга. Еден американски гангстер го опишал својот живот во една своја книга под наслов: „Бев гангстер". Иако бил роден во христијанско семејство, сепак тргнал по погрешен пат. Во текот на 2. Светска војна станал специјалист за електроника, a no војната се вработил во полицијата изработувајќи апарати за прислушување. Иако бил познат по своите пронајдоци, според неговото мислење не бил доволно платен. Така, се одлучил да работи за гангстерите, додека и сам не станал еден од нив. Во подземјето на Калифорнија доживеал многу авантури. Во ноември 1949 година, во Лос Анџелес, под еден шатор ја слушнал пораката на евангелизаторот Били Греам, и после проповедта поттикнат од самата порака, решил да го остави стариот начин на живеење. Го примил Христос во своето срце и тоа било почетокот на неговиот нов живот. Многу нешта со кои ги мамел луѓето ги продал за да им ги врати парите на измамените. Преку Божјиот Збор, Библијата, овој некогашен гангстер, станал чесен и вреден христијанин. Ова е само доказ дека Библијата поседува моќ на трансформација, што не е случај со ниедна друга книга.
Сепак, и покрај ова како и многу други сведоштва, постојат луѓе кои неуморно се обидуваат да го поткопаат и урнат угледот на Библијата и ја споредуваат со обичните книги. За жал, и некои христијани ги прифатиле овие критики како основани, па верата во Бог им се разнишала. Затоа, уште денеска потребно е да се заземе јасен став во поглед на тоа прашање, за да можат младите во верата кога се пред искушение, да најдат цврста потпора. А оние кои се уште не поверувале, да ја разберат и да откријат какво богатство се крие во Библијата.
Се до денес, науката не е во состојба да одговори на прашањето: која е причината за смртта? На ова прашање, Библијата дава кус и јасен одговор: „ Платата за гревот е смрт!" (Рим. 6:23).
Тоа значи дека причината за смртта е гревот на човекот. За ова зборува и мудриот Соломон во своите Поговорки: „ Правдата го издига народот, a гревот е за негов срам " (14:34).
Причината за секоја неволја е во непослушноста кон Бог. Ако некој сака да добие одговор на прашањата од животна важност, мора да ја чита Библијата сериозно и темелно, бидејќи само така ќе дојде до саканата цел. Брзото и површно читање како и критикувањето, никаде не водат. Кој ја чита Библијата со отворено и искрено срце, преку неа може да дојде во контакт со живиот Бог
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 10:30
Матеја 5

43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.
44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;
45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.
46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и подмитливите не го прават тоа исто?
47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и паганите?
48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2014 во 10:35
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 10

14 Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене.
15 Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците.
16 И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир.
17 Таткото Ме љуби затоа, што Јас го давам Својот живот, за да го земам пак.
18 Никој не Ми го одзема, туку Јас го давам Сам од Себе. Имам власт да го дадам, и имам власт да го земам пак. Оваа заповед ја примив од Мојот Татко.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 11:34
2 Петрово: 2:1

А имаше и лажни пророци во народот, како што ќе има и меѓу вас лажни учители, кои тајно ќе внесуваат гибелни кривоверства и ќе Го одречуваат Господа, Кој ги откупил, навлечувајќи врз себе брза погибел.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2014 во 10:42
Матеја 7:12
”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 11:07
95:1 Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител!
95:6 Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да Му се поклониме на Бога, нашиот Создател.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2014 во 11:02
1 Тимотеј: 5:25

Исто така и добрите дела се видливи, а и кои не се, не можат да се скријат.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2014 во 10:56
АПОСТОЛ ПАВЛЕ ГОВОРИ ЗА ВИДЕНИЈАТА И ОТКРОВЕНИЈАТА ШТО ГИ ИМАЛ


2 Коријтјаните 12:1-10. Иако фалењето не е добро, сакам да ви раскажам за виденијата и откровенијата што ги добив од Господ.
Пред 40 години бев однесен на третото небо. Дали бев грабнат со се тело, или само мојот дух не знам. Тоа Бог го знае.
Но знам дека се случи. Бев грабнат и однесен во рајот.
Таму чув работи што не можат да се искажат, а и не ми беше дозволено да ги кажувам.
Со таквото доживувајња можам да се фалам, а со самиот себе неможам да се фалам, освен да признаам дека сам по себе сум немоќен.
Кога би сакал да се фалам , има многу работи со кои би можел да се пофалам, а тоа не би било неразумно, бидеќи е вистина.
Но ќе се воздржам од фалење. Несакам некој да стекне повисоко мислење за мене од она што го добива гледајќи и слушајќи ме.
Но , за да не станам премногу горделив, поради многубријните откровенија што ги добив од Бог, ставен ми е трн во телото,сатански ангел, кој ме измачува и така ме држи во понизност.
Трипати во агонија Го молев Господ да ме ослободи од него,
Но Тој ми рече: Доволно ти е мојата благонаклоност.
Мојата сила најдобро се забележува во твојата немоќ. Затоа, смело ја признавам својата немоќ така станува очигледно дека Христовата сила работи преку мене.
Затоа, заради Христос, јас смело ги поднесувам немоќта , навредите, маките, прогоните и тешкотиите. Бидеќи, кога јас сум најнемоќен, Господ преку мене дејствува најмоќно.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.