|
Историја и учење на Баптистичката Црква |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ubavo bi bilo da se javi nekoj chlen na baptistichka crkva (dokolku ima takov megju nas) i da ni go pretstavi veruvanjeto i uchenjeto od negova strana.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bravo bratce makarios ..
..
Se krstil samiot sebe zashto nemalo nieden taka dostoen da go krsti, validno so preemstvo??? a sto e so negovite prethodnici pominale preku nevalidno krshtenie... Изменето од belichka - 09.Ноември.2008 во 01:21 |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во однос на Светото Писмо и свештенството, еве што вели Џон Смит, основачот на баптистичката црква:
„Ова е по што се разликуваме од древното братство на Сепаратизмот: 1. Ние сметаме дека величењето на Новиот Завет е духовно, ако доаѓа од срцето, и дека читањето од книга, не е духовно, но е изум на грешниот човек, и е замена за духовно. 2. Ние сметаме дека пророштвото е дел од духовното, па затоа, за време на пророкување, незаконски е да ја користиме Библијата како помош. 3. Ние сметаме дека пеењето псалми е дел од духовното, па затоа, незаконски е да се користи Библијата за време на пеење на псалми. 4. Ние сметаме дека свештенството во црквата е незадолжително, и дека тристепеното свештенство составено од три видови на Старци (Пастори, Учители и Владетели) не е Божјо устројство, туку човекова измислица. 5. Ние сметаме дека сите Старци на Црквата се Пастори, и дека таканаречените лаички Старци се антихристијани. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога Смит се преселил во Амстердам, тој се приклучил на црквата создадена од Џонсон и Еинсворт, и била наречена прастара или древна црква. По некое време, Смит и неговите следбеници го прекинале заедничарењето со оваа црква, се додека не се одречат и не ја проколнат „мистеријата на грешност“, која се наоѓала во нивните „обожувања и администрација“. Уште рекол за древната црква: „Антихристот не е целосно откриен или уништен, но на висок степен е величан“.
Ова го вели Еинсворт во писмо, напишано по напуштањето на Смит: „Кога најпрвин започнаа кавгите, постоеше единствена разлика меѓу нас и Смит, но со текот на времето, тој драматизираше се повеќе и повеќе. Разликата беше оваа: тој и неговите следбеници одбија да се причестуваат со нас, обвинувајќи не` за грев, дека ја користиме нашата англиска Библија во моменти на величење на Бог. Тој велеше дека треба да се донесат оригиналните Библии на еврејски и грчки, и од нив да се преведува симултано за време на читањето. Тој сметаше дека секој превод е апокрифен, а само оригиналите ги сметаше за канонски. Па така, секое превод го сметаше за незаконско, и сметаше дека е човечко како што е човечка омилијата или молитвата. Најпрвин ова беше единствената разлика. Велеше дека ако се откажеме од нашите преводи на Библијата, повторно ќе сме можеле да се причестуваме заедно.“ |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Смит рековме се покајал за самокрштението, но ни самите
Менонити не биле задоволни од Смитовата одлука. Смит бил англикански
свештеник, но, веќе рековме дека сите Реформисти сметале дека
останатите цркви не се валидни. Така, Менонитите посочиле дека, Смит
немал валидно преемство ниту пак хиротонија, затоа и не би имал власт
да се крсти самиот себеси (демек, да беше со преемство, немаше да биде
страшно самокрштението). Покајанието на Смит се состоело во тоа што,
тој сметал дека Менонитите го имаат преемството од времето на Христос.
Рековме дека Томас Хелвис се спротиставил на тоа, го анатемисал Смит, и ја формирал првата баптистичка црква во Англија. Баптизмот се појавува на почетокот на 17ти век, а веќе во 1626 година (за дваесетина години), броеле 150 членови во Англија. Самите Смит и Хелвис имаат напишано секој по две исповедања на верата. Во првото исповедање на верата, во поглед на крштението и двајцата напишале дека крштението е внатрешен знак на ослободување од гревот, на умирање и повторно оживување, па затоа, не може да се практикува над деца. Сепак, во второто исповедање на верата, во однос на крштението, Хелвис го има напишано следното: „Крштението, или водомиење, е надворешна манифестација на умирање за гревот, и чекорење кон нов живот, и затоа, не е мудро, да се практикува над деца.“ Во второто исповедање на верата, во поглед на крштението, Смит вели дека „надворешното крштение со вода треба да се извршува само над грешни и верни луѓе, но не и на невини или злобни личности. Само на грешниот човек и на верникот, му се покажува и открива духовното крштение на Христос.“ Интересно е што за неколку години и двајцата драстично ја менуваат својата доктрина. Од крштевање исклучиво на возрасни, подоцна Хелвис се согласува крштевање и на деца, ама не го препорачува, а Смит оди дотаму, што забранува крштевање на злобни луѓе или на невини луѓе. Уште е интересно, дека во овие исповедања, и двајцата не кажуваат за потопување во вода, така што во првите неколку децении тоа се правело само со поливање. Во 1641 година, Ричард Блунт бил првиот баптист кој бил крстен со потопување. До тогаш, иако Хелвис не бил со Менонитите, се сметале за браќа по вера, но после крштението со целосно потопување, баптистите ја раскинале врската со Менонитите, затоа што Менонитите не практикувале целосно потопување, и од страна на баптистите биле сметани за некрстени. Доктрината на Смит може да се сумира во четири точки: 1. Смит сметал дека во негово време, светот е во долгови заради антихристијанството, дека видливата црква со презвитерството и епископството е уништено, и дека е останата само невидливата и духовната црква, но некаде во дивината, без ред, управување и статут. 2. Ниту во црквите на Рим, Англија, ниту пак кај Сепаратистите или Анабаптистите (не ја споменува православната Црква), не може да се најде правоверен Нов Завет, ниту пак чистота. 3. Со отпуштање на крштението на деца, и со своето самокрштение, Смит сметал дека повторно е вратена видливата црква, клирот и поредокот, и тоа според кажувањата во Писмото. 4. Смит никогаш не порекнал дека преемството било загубено, но, сепак ги прифатил Менонитите како црква која постоела од претходно. Баптистите уште на самие почетоци западнале во несогласија, и тоа главно за три прашања околу крштението: 1. Кој треба да крштева? 2. Кого треба да се крштева? 3. Како треба да се изведува (церемонијата) крштевањето. Затоа во тоа време, црквата на Хелвис била наречена Главна баптистичка црква, но, не била единствена, од несогласијата произлегле и многу други баптистички ограноци, како на пример Саутварк црквата, која е наречена Мајка црква на Независните. Од неа се одделиле уште други 5 цркви. Во 1642 година, расправиите многу зачестиле, се препокувале околу овие три точки, па така некои се крштевале и по трет пат (баптистичко крштевање, а ако се земе дека порано биле Англиканци или римокатолици, тогаш и по четврти пат). |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верувајќи дека нема вистинска црква од која може да се
прими валидно крштение, Смит се крстил самиот себе. „Има силна
гаранција дека човекот сам може да се крсти“ тој велел. „Бидејќи сам
човек не е црква, така двајца можат да се крстат самите.“
Откако се запознал со Менонитите, Смит сметал дека тие се вистинската црква, се покајал за самокрштението, и побарал да биде одново крстен, овој пат од менонитите. Поради ова, Хелвис го обвинил Смит за отпадништво и хула на Светиот Дух, и го одлачил Смита (заедно со смитовите следбеници) од неговата варијанта на баптистичка црква. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Смит не дозволувал превод на Светото Писмо, па додека
проповедал, импровизирал, читајќи од еврејската и грчката верзија на
Светото Писмо.
Смит се крстил самиот со кофа и со црпалка. Овој чин на самокрштение била критикувана дури и од самите Реформисти, велејќи дека дури ни Христос самиот не се крстил. Та поради тоа, тој се повеќе се задлабочил во менонитското движење. Го прифатил тоа движење речиси во целост, вклучувајќи го и пацифизмот. Денеска дури се смета за срамно од самите Менонити нивното изворно учење, но основачот на ова движење Мено Сајмонс и повеќето Менонити се до Дордехт, имале интересна теорија за Христовото рождество. Тие сметале дека Христос не добил никаква човечка природа од Марија, и дека „Тој поминал низ неа, како што водата минува низ цевка“. Сепак, Смит не забегал до толку, и ова го сметал за ерес, која наликувала на докетската ерес, која сметала дека Христос само наликувал на човек. Хелвис (коосновачот на баптизмот) пак, не сакал да биде пацифист и се залагал сепак да има армија, која би се користела во одбранбени цели. Во диптисите на баптистичките цркви, Смит и Мено се заведени како Старци. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најпрвин ќе напишам за основачот на баптистичката црква, Џон Смит (или Смајт), и за неговото верување и учење. Да нагласам дека денешната историја не е сигурна дали токму тој е основачот на баптистичкото движење. Некои одат дотаму што тврдат дека Баптистите се произлезени од Анабаптистите. Сепак, најпрвин ќе ја разгледаме верзијата на Џон Смит, а подоцна може и другата.
Смит бил Англиканец. Своеволно, не според учењето на својата црква, тој си изградил свои убедувања. Најпрвин, сметал дека која било форма на читање од книга за време на молитва е измислица на грешниот човек. Затоа баптистите денеска ја отфрлаат Литургијата. Молитвата, пеењето и проповедањето морало да бидат целосно спонтани. Одел дотаму што не дозволувал читање на Светото Писмо за време на клањање. Ова произлегува од неговото верување дека клањањето треба да биде по наредба на Светиот Дух. Второ, Смит го измислил двостепениот поредок во црквата, пастор и ѓакон, за разлика од Реформистите кои имале тристепен поредок Пастор-Старец, Лаик-Старец и ѓакон. Трето, со своите нови гледишта за крштението, кај него се појавила голема загриженост. Тој и неговите следбеници биле крстени како деца, а тоа не им пасувало на учењето. Затоа извршиле ново крштение. Тие биле првите верници на ова движење, па не постоел некој да го изведува крштевањето. Смит решил да се крсти самиот, и го сторил тоа!!!, а потоа почнал да ги крштева и своите следбеници. Но! Смит не си останал доследен на своето учење. Пред да се упокои, тој ги напуштил баптистичките погледи, и сакал да го претопи своето стадо во менонитската црква (анабаптистичка (повторно крштение) гранка на радикалните Реформисти , роднини на амишите). Смит умрел пред да успее во тоа, но голем дел од стадото му се претопило во менонистите. Целосното згаснување на баптистите го спречил Томас Хелвис, кој останал верен на учењата на Смит, и е основач на првата баптистичка заедница во Англија. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бидејќи во општо ми нараснаа коментарите за баптистичкото учење, сакам да отворам нова тема во врска со ова. Ќе ги префрлам коментарите од општо - овде, за да не се објаснуваме одново. Ги замолувам администраторите да ги избришат коментарите од општо и неврзано, за да нема дуплирање.
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |