|
МАКЕДОНИЗАМ - за минатото |
Внеси реплика | страница <1 45678 19> |
Автор | ||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Архелај I бил крал на Македонија (413 до 399 п.н.е.), кој стапил на тронот по смртта на неговиот татко, Пердика II. Архелај бил познат како човек од културата и создал посебни културно-уметнички врски со јужна Грција. Во неговата престолнина тој ги примал големите поети, трагичари, вклучувајќи го и Еврипид (кој ги напишал неговите трагедииАрхелај и Бахите за време на неговиот престој во Македониј. Архелај исто така го вовел и празникот Олимпија, кој бил верски празник со атлетски натпревари во чест на Зевс и музите во Дион. Најголемите атлетичари и уметници биле собрани на едно место за овој настан. Интересен е податокот дека Архелај го удрил камен-темелникот на градот Пела со цел да биде главен град на кралството и да ја замени старата престолнина Ајга. Кралот Архелај со своето стекнато знаење во Македонија, потврди една вистина дека образованието кое го стекнал во кралското училиште и библиотека, е стекнато исклучиво од наставниот македонски кадар. Тоа јасно зборува дека пред да дојде на кралската престолнина, училиштата во Македонија имале забележителни успеси во образовниот и воспитниот процес. Архелај, не само што имал солидно знаење од низа области од животот и науката, туку тој бил воспитан да знае и умее да командува со војската и да комуницира со народот. А над сето тоа да биде мудар политичар со соседите и подалечните европски и азиски народи. Архелај одел напред, сакал да направи нешто поголемо од неговите претходни кралеви. Успеал да ја зацврсти државата и направил реформи во одбраната. Преминал на низа корисни инцијативи за развој на наставно-образовниот процес во основните и средните училишта, му се посветил на стопанството и културата. Посакал на спортско поле да се доближи на грчките олимписки игри. Го подигнал градот Дион и таму ги изградил спортските терени, амфитеатарот каде се одржувале македонските олимписки игри. Тој го искористил искуството од развојот на училиштата во кралските дворци од претходните легендарни и антички македонски кралеви и прави успешни чекори. Не застанувајќи, само што ги организирал Олимписките игри во Македонија, како круна на спортските активности, Архелеј не мирува се посветува и на литературата и другите уметнички гранки. Покрај македонските поети, драмски уметници, сликари, тој поканува драмски уметници, поети, ликовни уметници од грчките држави-градови. Самиот кралски дворец прераснал во културно -уметничко гнездо. Во дворецот биле и кралските лекари и филозофи. Архелај бил свесен дека културата и уметоста е духовна движечка сила, а сето тоа е плод на образовани луѓе и затоа донира средства за нови училишта. Во градовите отвора средни училишта за разни профиле: за војската, медицината, занаетчиството, полјоделството, политиката, литературата и уметноста. Во неговиот дворец ги прибира најдобрите учители, наставници, воспитувачи. Во дворецот од кралот Архелај (413-399), живеел и творел македонскиот антички поет Арибаиос (Арибаиос,).. Освен тоа, тој рецитирал и држел ораторски вечери. Пишувал разни литературни родови и видови, но поемите му биле најомилени. Исто така тој бил и учител во кралското училиште Во кралскиот двор во престплнината Ајга живееле и твореле филозофи, музичари, лекари, поети, драмски автори, оратори итн. Тие работеле и како учители и наставници во кралското училиште. Поемите од Арибаиос напишани во кралскиот двор, се споменуваат во ракописите од македонски граматичар Америас (Америас), кој работел како лингвист во Александриската библиотека. Длабоко анализирано на низа податоци се открива дека првите елементарни училишта започнале да работат само за блиските и роднините на кралот, а секако и за кралските соработници. Кралските дворци прераснале во училишта , културни домови и единствени медицински центри. Македонското народно поетско и занаетчиско-уметничко творештво го дале македонските поети, ликовни уметници, музичари, драмски автори. Тие кои станувале славни меѓу народот, биле повикувани од кралот во неговиот дворец, каде што активно твореле. Кралските деца се школувале во посебна училница. Учителите им ги проширувале видиците и знаењато од разновидни научни дисциплини. Учителите имале настава со лу”е од различни возрасти. Тоа биле блиски пријатели или соработници од кралот. Училиштата работеле во зградите од дворцот, а со текот на времето се граделе и засебни згради за изведување на настава во кабинети, сали, лабаратории библиотеки, читални и со тоа училиштата добивале нов изглед. Кралевите на образованието му посветувале внимание и секој крал го надградувал образованието, а како плод на тие активности се основање на средни училиштата од различни подрачја и тоа: на воената вештина, медицината, занаетчиството, уметноста, земјоделството итн. Во почетокот учителите имале задача да ги описменат учениците, да им дадат основни знаења од најпотребните предмети за подобро живеење, а потоа и да се запознаат со некои природни и општествени предмети. Тоа биле предмети поврзани со: полјоделството, занаетчиството, моралното воспитување, воените вештини итн. За духовно исполнување се вовеле предмети: музика, ораторство, ликовна уметност, итн. Како се развивала и проширувала Македонија, така се граделе и развивале кралските престолнини. Паралелно се развивале и училиштата добивале свој развоен тек. За децата од царот и неговите блиски соработници се отвориле училишта од повисок степен. А медицината во кралските училишта била дел од наставната програма. Архелај бил убиен во 399 п.н.е во лов од страна на еден од неговите пажови. Можно е ова дело да било дел од заговор, иако ништо никогаш не се докажало. Дотогаш тој успеал да ја претвори Mакедонија во голема воена и економска сила. Тукидид дури и има речено дека Архелај направил повеќе за Македонија отколку сите негови предходници заедно. |
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
На балканот се треба да се објани , тука важат други правила , не секогаш црното е црно.
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
аксиомите не се обеснуваат бе
. |
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Скарана е логиката со разумот , затоа некој и денеска го бара своето потекло во финска, арабија , монголија.
Кај нас потеклото , имеунувањето низ вековите е она што треба да се дообјасни.
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0B8E107FF6216E4D8EAD8088CDB07E5E
И сега следуваат нови прашања. На пример, кој го шаблонизирал пристапот за името Бугарин и зошто тоа досега не е дешаблонизирано? Зошто е спорно тоа што Тодор Александров никогаш не рекол дека е Македонец, што му се зема како еден од поголемите гревови, а не е спорно тоа што Гоце Делчев, македонската икона, се чувствувал како Бугарин? Ако државата е таа што ги дава имињата на своите поданици, зошто е спорен Христо Татарчев, еден од основачите на македонската револуционерна организација, кој по ослободувањето на Македонија, во Италија го напиша своето последно дело „ВМРО како митологија или реална стварност“, во кое несомнено се појавува македонската линија и многу се разликува од тоа што претходно го говорел? Уште колку македонски револуционери, во отсуство на македонска држава, се чувствувале како Бугари? Kои и колку се одредниците според кои македонската историографија досега одредувала кој од револуционерите е подобен за истражување и соодветно место во науката, а кој не? Kолку во тоа имал влијание идеолошкиот предзнак? На што првенствено се должи селективниот пристап? Kолку предвоените револуционери, дојдени со бригадата „Гоце Делчев“ во Македонија, се чувствувале повеќе или помалку Бугари, ако сакате и повеќе или помалку Македонци, од Делчев за да завршат така како што завршиле? Kонечно, кого денес опозицијата навредливо етикетира со паролите „Бугари, Бугари“? Значи ли тоа дека се откажала од Гоце Делчев? Очигледно, безброј прашања се поставуваат и веројатно уште толку можат да се постават. Но наместо преку медиумите, ред е историографите, без оглед на титулите и звањата, да седнат и конечно да почнат вистински да работат. Kолку да не сакатат нови и нови генерации, кои немаат ни трошка сомневање во својот чисто македонски национален идентитет. Каде е логиката а каде разумот |
||||
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/intervju/696-2011-12-05-08-05-44
-Британските дипломати во Југославија и Македонија (во Скопје постоел вицеконзулат) јасно ги разликуваат Македонците од другото население во Македонија. Амбасадорот Хауерд Кенард, во еден извештај од 1926 година, зборува, на пример, за Турци, албанско население, Куцовласи и македонски елемент. Неговиот следбеник, Невил Хендерсон, славјанското население го нарекува Македонци. Вицеконзулот Дејвид Футман, пишува за македонски селани и албански и турски елемент. Ова јасно покажува дека поимот Македонци не се употребува за целото население, туку за етничкиот македонски дел. Третиот секретар на британската амбасада, Р.А. Галоп, во 1926 година известува дека сите македо-славјани со кои зборувал инсистирале да не ги нарекуваат ни Бугари ни Срби, туку Македонци. Во истата година, Оливер С. Харви од британското Министерство за надворешни работи, го посетува југословенскиот и грчкиот дел на Македонија и во извештајот пишува дека славјанското население во двата дела за себе вели дека се Македонци и дека зборуваат македонски. Британските дипломати, освен тоа, слободно го употребуваат поимот Македонија, иако српските власти настојуваат да се зборува за Јужна Србија. И други странци, кои во тоа време престојувале во Македонија, потврдуваат дека во народот имало самосознание дека се Македонци. На пример, германскиот пратеник Херман Вендел во 1920 година патува низ Македонија и систематски ги прашува луѓето што се. Тој во Битола констатира: „Славјаните како секаде се нарекуваат Македонци (во германскиот оригинал поимот Македонци стои на македонски)“. Во Прилеп едно дете му објаснува: „Јас сум Србин (бил од Ниш), а овие се Македонци!“ Во Ресен децата кои се собираат околу неговиот автомобил му велат дека се Македонци, а еден од нив бил Турчин. |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Каде и да одиш прво проговори му на МАКЕДОНСКИ за да видат дека од каде што доаѓаш имаат своја земја, народ и култура, а потоа потруди се да зборуваш на нивниот или најдете заеднички јазик за соработка.
|
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Има и други моменти од Византија освен тој документарец - поопширно ако се разгледа средниот век и моментите пред распадот на Византија може да донесе многу убави заклучоци!!!
НеПристрасни нормално |
||||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Па тогаш зошто делуваш ко да немаш појма...??? |
||||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ти можеш да се сомневаш во што сакаш, јас пак се сомневам дека го познаваш стандардниот македонски јазик штом се "сумњаш". И нема потреба да го замолуваш Македон да го гледа филмот кој го гледал пред долго време, со англиски превод, а Македон и дома го има на CD со македонски превод. Изменето од Македон - 19.Јануари.2011 во 13:52 |
||||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Гледам Македон многу нешто ја спомнува Византија, а сумњам дека знае нешто за неа... По тој повод би го замолил да ја погледа оваа руска емисија од саат и половина за Византија (со српко титлување, кое ваљда нема да му смета )
Ако немаш време за цела само погледни ја првите петнаесетина минути... Сигурен сум дека ќе те заинтересира... Нормално ако сакаш да знаеш нешто за Византија и нејзината култура... http://vizantia.info/docs/171.htm Изменето од DelijaSkopje - 19.Јануари.2011 во 01:00 |
||||
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Амин за ова. |
||||
Внеси реплика | страница <1 45678 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |