|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Автор | |
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Успешна мисијата во Литванија
Женската ракометна репрезентација на Македонија се враќа со убедлив триумф од 33:19 од гостувањето во Каунас, каде вчера ја декласираше домашната селекција на Литванија. Во претпоследниот дуел од квалификациската група "7" нашите девојки се изборија за втората победа со која се враќаат во трка за второто место на табелата кое обезбедува пласман на првенството на Стариот континент. Со доминантна игра и во првиот и во вториот дел од мечот, нашите ракометарки не дозволија никакво изненадување од подлмадениот состав на Литванија. Првото полувреме го завршивме со водство од 18:9, а во вториот дел продолживме во ист стил. Најефикасна на тој дуел во нашиот тим беше Пецевска со 7 гола, а по 5 гола постигнаа Тодоровска и Бајрамовска. Во вториот дел шанса добија и помладите, па домашните успеаја да намалат од високата предност. Клучниот меч за пласман на Европското првенство, Македонија ќе го одигра в недела во Скопје против Холандија. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
З жал ракометарките не успеаја по патот кон финалето.
Штета,а многу блиску беа до целта |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Металург Скопје остана без финале
Ракометарките на Металург Скопје не успеаја да се пласираат во финалето на Челинџ купот откако синоќа загубија во реванш полуфиналето од германски Букстехуде со 31:28. Првиот натпревар во Скопје македонскиот тим го доби со 22:21. Домаќинот предноста од три голови ја имаше и на крајот од првото полувреме и на крајот таа се покажа како решавачка. И покрај елиминацијата ракометарките на Металург Скопје постигнаа одличен резултат со пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Челинџ купот, иако основната цел беше да се мине барем едно коло. Во второто полуфинале во недела ќе играат Гдина од Полска и Гепинген од Германија, екипа која има предност од пет голови од првиот натпревар (29:24). |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Металург Скопје вечерва ќе се бори за влез во своето прво европско финале. Македонскиот тим има гол предност во однос на германскиот Букстехуде.
Конечно, меч за финале Исландскиот вулкан им го продолжи престојот во Европа за нешто повеќе од една недела или на ракометарките на Металург Скопје или на ракометарките на Букстехуде. Кому, ќе се знае вечерва. По десетдневно одлагање исполнето со барање на термин и контроли (ЕХФ проверувал дали навистина минатиот викенд во Македонија се играл фајнл фор во женскиот куп!?), мечот е закажан во ноќен термин, во 20 часот вечерва. Металург Скопје победи на првиот натпревар со 22:21 и денеска практично нема што да брани во Германија. Останува последните 60 минути да ги одигра без калкулации и по звукот на сирената да го прослават пласманот во финалето или, пак, да се збогуваат со Европа за оваа сезона. Позитивно од претходниот натпревар за Металург Скопје е што Мирјета Бајрамовска е заздравена и ќе може одново да го заземе своето место во стартната постава, негативно што Сања Пешевска тешко дека може да истрча на теренот со оглед на повредата на лакотот. Германскиот тим ќе настапи со истиот состав како и во Скопје, евидентно веќе соживеан со улогата на фаворит. Имаат право да си ја доделат таа улога, имаа добар натпревар во Скопје, беа на прагот и да победат, но во финишот македонскиот тим успеа да излезе од безизлезната ситуација и поразот да го претвори во победа. Еден гол значи дека се почнува од нула, па и Германките нема да го чувствуваат притисокот да мора да бркаат резултат. Тие во овој меч влегуваат по серија тешки натпревари на кои без сомнеж се имаат истрошено, но од друга страна и се во ритам на играње силни мечеви. Металург Скопје, пак, имаше два-три лесни натпревари во домашниот шампионат и Купот и недостигот од силни мечеви ќе го надополнува со свежина. Одбраната е таа која ќе треба да го понесе најголемиот товар вечерва. Агресивноста мора да биде на повисоко ниво од Скопје. Германките самите признаа дека имале проблем со силните стартови на Металург, па тоа е еден од елементите кои мора и сега да се искористи. Нормално со должно внимание на критериумот кој ќе го постават Арнесен и Гулаксен од Норвешка. Во нападот Металург Скопје никако не смее да игра бавно затоа што тоа е проверен рецепт по кој губи топки и во најголем дел од случаите оди во пасива. Игра еден на еден многу не им одговараше на Германките во Скопје. Заздравената Бајрамовска ќе даде нов тон на играта, а во отсуство на Алими, која во Скопје имаше одлична партија, Душица Георгиевска, која и така е стартер ќе има поважна улога. Доколку игра побрзо и порешително, Металург Скопје ќе има повеќе оружја на располагање. Објективно, поголеми се шансите Букстехуде да ја оправда улогата на фаворит. Но, Металург Скопје барем на двата натпревари кои претходно ги одигра на гостински терен во ова натпреварување одигра подобро отколку на домашен терен. Да се надеваме дека и на овој меч ќе биде така, што би значело дека петтопласираната германска екипа нема да може лесно да се пробие до своето прво финале. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знам фикс дека е до парите но како поранешен ракометар мислам дека е штета што се уништи ракометот во државата.Какви само првенства имаше порано а и купови кога не се знаеше до последно која екипа ќе победи.
И во европа сме биле закон од Пелистер сите се плашеа,не за џабе стигнавме до полуфинале со Лемго,или Финале со данците во челинџер купот. Тоа беа времиња |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фикс и што ако дојдат,каква ќе биде користа од нив.Според мене тоа ќе е огромна грешка.Сета лига е мртва ќе треба да имаш такви играчи само за европа,што е штета за самите играчи.Лазаров треба да оди или Шоанија или Германија за да добивка има и репрезантацијата а и ние да се гордееме како во случајот со Пандев.
Замисли Лазаров во Кил или Барцелона |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Парите си го чинат своето Мунгос,така да нема тука што да се прави.
Вчера на вести слушнав бомбастична вест дека Металург ќе ги ангажирал Лазаров и Балиќ од Загреб????????????????????
Има некој информација околу ова?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прост муабет. Еве ти само неколку примери Каков беше квалитетот на лигата во ракомет кога беа силни:Пелистер - Битола,Јафа преспа - Ресен ,Тутунски комбинат - Прилеп,Младост - Богданци и Борец - Велес. Сите репрезентативци се од овие клубови,кажи колку скопски ракометари има во репрезентацијата? Едноставно од завист го уништивте ракометот во Македонија па сега почнува првенството се играат 4 утакмици помеѓу Вардар и Металург и толку. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Извлечени двојките за 1/4 финалето во ракометната ЛШ
Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена денеска со жрепка беа одредени двојките за четвртиналната фаза од Лигата на шампионите. Во германската пресметка ќе се сретнат Реин Некар и Кил. Рускиот претставник екипата на Чеховски Медведи ќе игра со францускиот шампион Монпеље. Третиот германски тим кој обезбеди место меѓу осумте најдобри, Хамбургер, ќе игра со бранителот на трофејот во ова натпреварување Сиудад Реал. Втората екипа која доаѓа од Шпанија, тимот на Барселона за противник во четвртфиналето го доби унгарскиот првак Веспрем. Првите натпревари се планирани да се одиграат во периодот од 21 до 25 овој месец, а реваншите ќе бидат седум дена подоцна. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија драстично ослабена во мечот со Хрватска
Скопје, 29 март (МИА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија се соочува со големи проблеми пред претстојниот квалификациски дуел за Европското првенство со Хрватска. Во црвено-жолтиот дрес веќе нема да настапува Наталија Тодоровска која одлучи да се повлече од репрезентативниот ракомет. Но, освен десното крило, за натпреварот в среда селекторот Јосиф Петковиќ нема да ја има на располагање ниту Јулија Портјанко. Тој пред почетокот на денешниот тренинг беше известен дека организаторот на играта на македонската репрезентација Портјанко има повреда на раката и нема да може да настапи в среда. - Денеска во 11 часот дознав дека Портјанко дошла повредена. Ако на почетокот на подготовките на 24 март знаев за ваквата состојба ќе имав време да најдам алтернатива, посебно за одбраната каде мислам дека ќе бидеме осетно ослабени. Никој не ме информира на време и сега е тешко на два дена до натпреварот да се направи нешто посериозно, рече Петковиќ. За текот на подготовките и пристапот кон работата на тренинзите на другите репрезентативки македонскиот селектор искажа пофални зборови. - Задоволен сум од досегашното залагање на девојките на тренинзите. Нивната работа и желбата коректно да ги одработат задачите е добрата страна. Меѓутоа лошата страна во овој двомеч е тоа што во овој момент објективно гледано квалитетот е на страната на Хрватките. Тој додаде дека сегашната состојба во репрезентацијата ќе покаже дали и колку вреди секоја од репрезентативките. - Отсуството на двете носителки на играта на Македонија во изминатиот период, Наталија Тодоровска и Јулија Портјанко ми ги расипаа плановите за натпреварот со Хрватска. Ние во моментов сме многу ослабени, но ова е голема шанса за останатите девојки да покажат дека можат да играат со големи репрезентации. Селекторот и репрезентативките побараа помош од публиката и ги повикаа македонските љубители на спортот да дојдат во што поголем број на натпреварот. - Барам максимална поддршка од публиката без разлика на резултатот. Ние ќе се потрудиме да го изненадиме противникот, а тоа ќе зависи колку тие ќе ни дозволат. Хрватска е многу силна репрезентација која според мене ќе се бори за медал на Европското првенство. Нашата цел е зацртана и ние одиме кон таа цел. Нашата замисла е учество на ЕП а тоа нема да зависи дали ќе ја победиме Хрватска туку директно ќе зависи од средбата со Холандија на крајот на квалификациите, додаде Јосиф Петковиќ. И репрезентативките се свесни за моменталната сила на противникот па во целост им ја препуштаат фаворитската улога. - Хендикепирани сме со неиграњето на Тодоровска и Портјанко. Многу ќе ни недостигаат двете, но нема да се предадеме однапред. Со нашата борбеност, залагање и поддршка од публиката ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат, истакна капитенот Тања Андреева. Натпреварот Македонија - Хрватска ќе се одигра в среда во „СРЦ Кале“ со почеток од 18 часот. |
|
mamba
Сениор Регистриран: 22.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 92 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прва победа на ракометарите на Вардар Про во Лигата на шампионите
Скопје, 27 февруари (МИА) - Триумф на екипата на Вардар Про на гостувањето во Цирих кај швајцарскиот шампион Амичитиа со 31:24. Ова е прва победа на македонскиот првак во Лигата на шампионите оваа сезона, со што ќе ја избегне последната позиција во групата Д. Почетокот на натпреварот не навестуваше ваков исход откако на полувремето Амичитиа водеше со 18:15. Но, во вториот дел „црвено-црните“ ги консолидираа редовите и на десет минути до крајот имаа водство од пет голови, кое во последните 10 минути и го зголемија. Со по пет голови најпрецизни кај Вардар Про беа Радослав Стојановиќ, Виктор Јовчевски и Борко Ѓорѓевиќ. Голманот Петар Ангелов имаше 11 одбрани исто колку и противничкиот Васикевичиус. Во вториот натпревар од 9.коло од групата Д Кил го победи Колдинг со 38:23, а утре играат Адемар – Барселона. Кил е прв со 15 бодови, Барселона е втора со 14 (натпревар помалку), следат Колдинг со 10, Адемар има 9 (натпревар помалку), Вардар про е на петтото место со 3, а Амичитиа последна со 1 бод. Во последното коло Вардар Про гостува кај Кил на 7.март. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вардар Про гостува кај Колдинг, а Металург кај Трембле викендов во ракометните еврокупови
Двете најквалитетни македонски ракометни екипи утре имаат свои настапи во еврокуповите. Шампионот Вардар Про од 16 часот и 15 минути гостува кај Колдинг во Данска во рамките на 8. коло од Д групата на Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ се на дното на табелата со само еден бод колку што има и Амичитиа, додека утрешниот ривал атакува на третата позиција. Во Д групата прва е Барселона со 12 бодоови, пред Кил со 11, Адемар има 9, а Колдинг 8. Покрај дуелот Колдинг – Вардар Про утре играат и Барселона – Амичитиа, а в недела е дуелот Адемар – Кил. Реванш натпреварот од 1/8 финалето од Купот на куповите утре вечер го играат и ракометарите на Металург. Тимот од Автокоманда за Франција замина со два гола предност против Трембле оставрени во неделата во Скопје. Дуелот почнува во 20 часот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Металург против Фрам во Челинџ купот
Скопје, 16 февруари (МИА) - Екипата на Фрам од Исланд е следниот противник на ракометарките на Металург Скопје во четвртфиналето на Челинџ купот. Тоа е епилогот на денешната жрепка одржана во Виена. Во досегашните два настапа во ова натпреварување Фрам успеа да ги елиминира екипите на Ададолу од Турција и Трешњевка од Хрватска. Со тимот на Трешњевка двата натпревара ги играше на домашен терен. Натпреварите се предвидени да се одиграат на 13 или 14 март во Рејкјавик и 20 или 21 март во Скопје. Другите три четвртфинални двојки се : Бизтравел (Холандија) - Вистал (Полска), Букстеудер (Германија) - Безансон (Фра) и Податкова (Украина) - Гепинген (Гер). |
|
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |