IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЗОШТО СМЕ СЛАБИ ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗОШТО СМЕ СЛАБИ ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 18:29
Interesen osvrt mudzhahid. Mi se dopagja kako si go sostavil iako ne se slozhuvam so nekoi pretpostavki vrz koi ja razvivash polemikata.

Vo sekoj sluchaj, ne sum vo sostojba da elaboriram poveke okolu ova bidejki imam nekoi obvrski i za izvesno vreme ke sum otsuten od forumov. Se nadevam deka ke imate plodna diskusija vo koja so najdobri nameri ke gi reflektiraat svoite idei i sogleduvanja site ostanati chlenovi.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 17:59
"Аллах нема да ја промени состојбата на еден народ се додека тој самиот себеси не се промени".(Ер-Ра'д,11)



   Најпрвин да ја пофалам Мариа-магдалена за прекрасниот осврт кој го даде по ова прашање,навистина заслужува диплома.


Јас нема повторно да се навраќам на причините кои довеле до стагнација и декаденција на муслиманите туку ќе одам на лекот,оти дијагнозата веќе многу убаво е дадена во воведниот пост од мојот брат Муџахид.

Ајде сега убаво да го прoчитаме к*ранскиот ајет:"Аллах нема да ја промени состојбата на еден народ..."

Зошто? Зарем промената не е можна?

"се додека..."-зарем постои услов за промената? ДА..."се додека тој самиот себеси не се промени."

Значи решение има,не е исклучено....

Ова се зборови од Господарот на световите,Создателот на космичките закони,а токму Негов закон е тоа што требаме да го промениме во своите животи.

Драги мои,зарем не дошло времето да ја промениме нашата внатрешност? Не знам што не спречува во тоа. Зарем секој од нас не ја бара среќата? Ја бара,секако.А кога оваа вера ни гарантира среќа и на овој и идниот свет,тогаш што чекаме?

Валлахи-се колнам во Аллах,слушам како срцата возбудено чукаат и сакаат да направат промена,но,потребна им е поддршка...Потеребен им е некој кој ќе ги изведе на правиот пат.

Затоа бидете длабоко уверени дека иницијатори на промената можат да бидат сите оние кои ќе почнат исправно да го практикуваат Исламот,оние кои ќе знаат да си го најдат своето место во светот прифаќајќи ги сите современи токови на животот,бидејќи Исламот го бара тоа од нас.Затоа немојте да доцните,Аллаховиот Збор е тука,а тој верувајте е најидеалниот принцип,метод и модел кој со сигурност ќе не изведе од нашата декаденција.Само со негово вистинско разбирање и правилно реализирање можеме да очекуваме подобро утре......

Лекот е тука,чека..... не чека нас да го испиеме и да се излечиме.Упатството е дадено,ние треба да го реализираме...

Секој паметен муслиман знае како да ја примени терапијата,па бујрум-повелете.....крајно време е...

Ќе завршам онака како што започнав,со к*рански ајет :

"И нека меѓу вас бидат оние кои што ќе повикуваат кон доброто и ќе бараат да се работи доброто,а ќе одвраќаат од злото,-тие ќе го постигнат тоа што го сакаат." (Али Имран,104)



Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 17:13
Благодарам зидарски, иако очекувам од тебе подетален опис околу ова.
Го очекувам и мислењето на останатите членови, а посебно на муслиманите.
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 16:53
Ќе пишам сега на кратко, малку подоцна ќе дадам подетален осврт...
Апсолутно се согласувам дека не смее да се бега од традицијата (во таа категорија ја ставам и религијата, за да не даваме дополнителни објаснувања) по секоја цена, затоа што тоа нема да доведе до ништо добро.
Секогаш кога има радикални обиди да се промени нешто, тоа не успева. Причини има многу - прво - новото сеуште нема почва, нема стабилност, нема сигурност дека е успешно само по себе. Второ - секогаш има контра реакција од луѓето. Човекот по природа е инертно суштество. Иако свикнува со промените, секоја нагла промена му предизвикува непријатности и како таква е посклонен да ја отфрли, отколку да размислува дали таа има свои предности или не. Во случајов, обидот да се исфрли традицијата за сметка на развојот е грешка, затоа што не само што нема да се исфрли традицијата сосема (и соодветно нејзините остатоци ќе имаат улога на петта колона), туку и развојот нема да се прифати, затоа што на него ќе се гледа како на нешто лошо, кое ги уништило работите кои биле добри во стариот систем (некако многу брзо ги забораваме лошите).
Пример за ова е Турција. Обидот да се секуларизира општеството оди во таква крајност што се создава подвоеност и се оди кон буквално две паралелни држави. Едните, кои држат до традицијата по секоја цена, не прифаќајки модернизација - затоа што на неа гледаат како на нешто кое ќе ги уништи и последните остатоци од традицијата. Другите, кои упорно сакаат модернизација по секоја цена, не разбирајќи дека традицијата е нешто кое е дел од битието на луѓето, и дека може да биде корисна, а не само регресивна.
Се добива ефект на веслање во чамец. Едното весло оди во еден правец, другото во другиот, и чамецот не оди ни напред ни назад, а се врти во круг.
Истиот пример се случи и со Русија во комунизмот, истото се случи и во бивша Југославија... Такви примери низ историјата има многу - од Француската Револуција, до Талибаните... Секогаш кога се оди во едната крајност, која и да е таа, нема просперитет и се потребни години и децении за враќање во колосек.
Подоцна ќе пишам околу развојот и образованието...
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 16:23
Благодарам Мариа магдалена за убавиот осврт кон оваа проблематика.
Зидарски тебе те ценам како добар познавач на историјата, а исто така и доста интелегентен човек, па би сакал да го видам твоето мислење.
Благодарам
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 16:09
Одличен пост Mudzahid - искрено се радувам на вакви теми кои отвораат дискусија за напредок и развој!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 14:48
Знам дека смеам.голема%20насмевка

Прво, Исламската култура го доживеа својот процут токму во времето кога се следел исламот. Но подоцна, а и под влијание на надворешните големи сили на кои им одело во прилог муслиманите да останат неписмени, т.е. да заостанат, со поставување владетели “од страна“ а не избрани од самиот народ. Капиталистичкото уредување е засновано на материјални, но не и морални вредности. Тука имаме судир на вредности. Доколку им се дозволело на моралните вредности и достигања да дојдат до израз, ќе беа загрозени материјалните апетити.

Друго, поставувањето лидери од страна на запад, грижливо избрани со муслиманска маска за пред својот народ, доведе до “поткуп на исламското свештенството во полза на владетелот“ и да го убеди народот дека всушност работи на промопвирање на верските вредности, а во реалноста се оди на споротивното.

Трето, намерното осиромашување на овие народи и покрај природните ресурси кои можат да обезбедат изобилие, а кои ги поседуваат скоро сите исламски држави, доведе до тоа да главна шпреокупација на жителите од исламскиот свет биде “грижата за утрешниот леб“ наместо наукаат и писменоста, и покрај тоа што зборот    اقراе  даден со императивно значење и завзема прво место во к*ранот. И покрај разните хадиси кои ја истакнуваат потребата од науката (“Барај ја науката макар и да е во Кина“, еден хадисголема%20насмевка), и покрај огромната почит кон писмените и учени луѓе, се забележува една декаденција. Одредени искорумпирани муфтии започнале да го искривуваат учењето, со тоа што описменувањето и образованието го ограничиле само на мачката популација, иако горенаведениот глагол “Читај“
اقراсе однесува ПОДЕДНАКВО на двата пола. Самиот факт што  цели генерации жени останале неписмени, постепено го намалувал мотивот за учење кај женската популација, но со тоа и кај машкта....Од друга страна, забраната на жената да работи (кое нема к*ранска поткрепа) ја оптоварила машката страна да го занемари образованието и да работи за да обезбеди храна за семејството...
وهذا غيض من فيض
 Ова е тек за почеток, браќа и сестри форумски, се надевам дека оваа дискусија ќе земе убав тек, а јас би била пресреќна кога барем малку би допринела за пронаоѓање на споменуваниот лек за исламот наведен погоресреќа
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 14:14
Марија магдалена, иако директно би сакал да го слушнам мислењето на муслиманите на форумот, сепак би сакал да го согледам и мислењето на другите членови на форумот.
Па бујрум!!
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 13:53
Темата е убава и интересна. Само прво, ме интересира дали истата е резервирана само за муслимани или може да се вклучат и немуслимани? Како мене на пример?

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 10:58

Зошто сме слаби?
Прашање со кое не сакам да внесам песимизиам во срцата на муслиманите туку мотив и инспирација за една обемна и опсежна анализа за нашите слабости, стагнација, декадентност и заостанатост. Со една единствена цел да придонесеме сите во изнаоѓање на причините и последиците од тој процес. Можеби, со индивидуално делување може да се постигне некаков успех,, но цврсто сум убеден дека со колективно ангажирање и залагање можеме поефикасно да ги детектираме нашите мани и слабости. Па затоа моја главна цел е - Аллаху 'еалем- да заедно ги размениме мислењата на оваа актуелна и важна тема. Со надеж дека оваа дискусија ќе ни помогне на сите да го повратиме угледот и достоинството на исламот и муслиманите во ова бурно време.

Зошто сме слаби и заостанати?, прашање кое себеси често си го поставуваме. А дека сме слаби нема дилема: повеќето лоши вести кои ги слушаме на медиумите доаѓаат од муслиманскиот свет. без оглед дали се работи за ниска стопа на писменост, крајна сиромаштија, избеглици или судири. Исто како немарен болесник кој најпосле ќе оди на лекар и обично од докторската ординација ќе изегува само со една дијагноза и од аптека не носи еден лек туку цело кесе, така и ние како еден уммет кој го опкружила болест од сите страни нема да му помогне еден лек.

Денес, во светот има над 1.36 милјарда муслимани но сме како пена од газиран сок која за миг ќе ја наполни чашата и изгледа дека ќе претече, а потоа за миг подоцна пената се смири и сталожи и едвај остане една третина или четвртина од чашата. Така е и со нас. Значи, слаби сме!!! Зошто???

Еве јас ќе ја отворам оваа тема и дискусија на тој начин што ќе наведам две предавања од наш анонимен брат,имам, хатиб и исламолог. Па заедно да ги разгледаме и прочитаме и потоа дадеме наши видувања, сугестии, анализи, информации, аргументи...





ПРИЧИНИ ЗА ЗАОСТАНАТОСТА НА

ИСЛАМСКИОТ УММЕТ




Овој уммет на Мухаммед а.с. е најизбраниот народ од страна на Аллах џ.ш. и наречен со префиксот 'Најдобар уммет" кој воопшто се појавил на земјината површина. Од едноставна причина што повикува на добро, возвраќа од зло и верува во реален Творец, Аллах џ.ш.. Овој народ е народ кој носи квалификација и име кое Возвишениот Аллах џ.ш. го избрал за себе си нарекувајќи се: Му„мин, а нас не нарекол му„мини. Се нарекол 'Ес-селам" а нас не нарекол муслимани. Во к*р„анот Севишниот Аллах нé одликувал како 'умерен, средишен, најправеден народ кој Ќе биде сведок за целото човештво"

Овие почести и одликувања на овој уммет, за жал како да не прилегаат и одговараат на денешниот исламски уммет. Голем број на денешните муслимани не наредуваат кон добро ниту возвраќаат од зло. Згора на тоа, среќаваме како поедини следбеници на оваа вера доброто го прогласуваат како лошо, а лошото како добро, вистината ја прифаЌаат како заблуда, а заблудата како вистина.

Всушност, се забележува една видлива тотална девијација, скршнување, стагнација на муслиманите во многу животни области. При ваква состојба на нештата може да се констатира дека муслиманите се најзаостанатиот народ во целиот свет политички, економски, технолошки, културно, социјално итн. Познатиот светски алим и Шејх Јусуф ел-Кардави потенцира дека ние денес се вбојуваме како "земји од третиот свет" или "земји во развој".Во тој случај се поставува прашањето: Кој е главниот виновник за декаденцата (заостанатоста) на муслиманите во светот? Секако, исламот не е виновен за оваа наша болна ситуација! Исламот и муслиманите се два различни поими, исламот е напреден, прогресивен, а муслиманите денес се назадни и регресивни. А дали носители на оваа духовна и политичка стагнација се муслиманските лидери? Дали улемата е виновна за тоа? Дали непријателите на исламот се криви за тоа? Дали сите ние припадници на оваа возвишена вера ислам сме одговорни за ова? Најадекватен одговор би бил сите паралелно сме одговорни, кој помалку кој повеЌе? Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: 'Сите вие сте пастири и сите ќе бидете одговорни за своето стадо!" (Бухари, Муслим)

Гледано од аголот на историјата, муслиманите во период од тринаесет века биле носители на слава, култура, цивилизација, наука и водство. Главен двигател и потенцијал на тие вредности се постигнати под сенка на Аллаховата вера, ислам. Прекрасно рекол Хазрети Омер: 'Ние пред исламот бевме најпонижен народ, но Аллах џ.ш. со исламот не воздигнал на највисок степен на чест и гордост. Колку и да бараме чест и гордост без ислам, Аллах повторно ќе нé понижи."

Неопходно во оваа пригода е да ги споменеме главните фактори и причини кои довеле до заостанатост на муслиманските народи. Најпосле откако ќе се открие дијагнозата на болеста и се пропише соодветниот лек, мора да се пристапи кон конзумирањето на тој лек. Лекот мора да се зема па дури и понекогаш да биде горчлив или неподнослив.

Прва причина: Отсуство на иман (вера) во срцата на муслиманите. Зошто, исламот имаше заслуга за преродба на муслиманите во првите векови како што имаат улога водата, воздухот и светлината за посевите и плодовите. Познатиот исламолог Мухаммед Газали вели: 'Не велам дека исламот ги соединил, откако беа разединети, или ги преуредил откако беа во безаконие, туку тврдам дека исламот ги создал од ништо и ги направил државници и носители на мисија и цивилизација.. Арапите во паганскиот период војувале меѓусебно четириесет години поради една камила. Тие живеа на расцепани племиња со амбиции за крвопролевање и одмазда, и никој не можеШе да го згасне тој пламен сé додека не дојде Мухаммед а.с. и тој направи чудотворение (муџизе), невообичаен пресврт:

وَأَلَّفَ بَيْنَ قُلُوبِهِمْ لَوْ أَنفَقْتَ مَا فِي ٱلأَرْضِ جَمِيعاً مَّآ أَلَّفَتْ بَيْنَ قُلُوبِهِمْ وَلَـٰكِنَّ ٱللَّهَ أَلَّفَ بَيْنَهُمْ إِنَّهُ عَزِيزٌ حَكِيمٌ

'И ги спои нивните срца. Ако потрошеше сé што е на земја, немаше да ги обединиш, меѓутоа Аллах ги обединил."   (Ел-Енфал, 63)

Муслиманите во многу битки низ историјата на исламот победувале со иман, а не со број или оружје. Сведок за тоа е битката на Бедр во која муслиманите со 314 борци ја победиле непријателската војска која броеше над 950 борци.

Умметот го заборавил Аллах џ.ш., па така и Тој нив ги заборавил и препуштил на себе. Аллах џ.ш. вели:

(وَلاَ تَكُونُواْ كَٱلَّذِينَ نَسُواْ ٱللَّهَ فَأَنسَاهُمْ أَنفُسَهُمْ أُولَـٰئِكَ هُمُ ٱلْفَاسِقُونَ)

„И не бидете како оние кои го заборавиле Аллах, па така Тој направил самите себе да се заборават." (Ел-Хашр, 9)

Се пренесува од Катаде толкувајќи го овој ајет: „Аллах нема да го промени еден народ сé додека самиот тој народ не се промени." - рекол: „Промената доаЃа од луѓето, а олеснувањето од Аллах и немојте да ги негирате благодетите кои ги имате од Аллах."

Зар тоа не беше очигледна пракса на Аллаховиот Пратеник а.с., иако беше најблизок роб до Аллах џ.ш. не стоеше вкрстени раце и не очекуваше од Аллах да ја прошири исламската вера, ниту очекуваше Аллах да војува наместо него, туку Пејгамберот а.с. тргнуваше во бој, подготвен со сите потребни предуслови за победа, а помошта доаѓаше од Аллах џ.ш.

Се наоѓаме во состојбата која ја најавил хазрети Алија р.а. како што пренесува Ибн еби Дунја: „ќе дојде време кога нема да остане од исламот освен неговото обележје, од к*р„анот само неговото име. Нивните џамии ќе бидат полни но далеку од вистината, а учените ќе бидат зло под небескиот покрив."

Браќа!! Верувајте и бидете цврсто убедени дека само преку исламската вера ќе се обединиме и ќе го повратиме нашиот углед и достоинство кои ни ги гарантирал Аллах џ.ш. во к*р„анот кога рекол:

وَلِلَّهِ ٱلْعِزَّةُ وَلِرَسُولِهِ وَلِلْمُؤْمِنِينَ وَلَـٰكِنَّ ٱلْمُنَافِقِينَ لاَ يَعْلَمُونَ

„Угледот му припаѓа само на Аллах, Неговиот Пратеник и муслиманите." (Мунафикун, 8)

Што се однесува до верата, мораме да признаеме дека во вековниот спор меѓу нашите браќа палестинци од една страна и израелци од друга страна, победата беше на спротивната страна, оти тие цврсто се придржуваат за верските начела. Израел е заснован на најстроги основи на еврејската религија, дури неговиот парламент го нарекуваат 'кнесет", што значи синагога (еврејски храм). Сите негови закони можат да се спроведат дури откако ќе ги санкционираат колегиумот на рабини т.е. верските лица. Од друга страна муслиманите се обидуваат да ја добијат западната наклонетост напуштајќи ги и запоставувајќи ги верските принципи. Доволен пример за оваа констатација ќе ни послужат Јапонија и Турција. При крајот од минатиот и почетокот на овој век, овие две земји пружија две спротивни слики. Иако двете земји познати по старите царства, култури и физиономии се впуштиле во водите на реформи. Јапонија се обидела да ја спои традицијата (верата) и развојот. За Турција нејзините модернисти го избрале спротивното, развојот над традицијата и верата. Денес, Турција е третостепена земја, а Јапонија е на самиот врв на светските нации. Разликата во филозофијата на јапонските и турските реформатори можеби е најкарактеристична околу прашањето за писмото. Додека Турција го укинува арапското писмо кое по својата едноставност не брои повеќе од 28 знаци, спаѓа во најсовршените и најраширени светски писма. Аналогно на тоа, Јапонија барањето на своите 'ромаји" го одбива да воведе латиница. Таа содржи едно комплицирано писмо кое по реформите од своите 46 знаци, сочинува и 880 идеограми. Во Јапонија денеска нема неписмени, а во Турција - четириесет години по воведувањето на латиница- повеќе од пола население е неписмено, резултат од кој и слепите би требало да прогледаат.

Втора причина: Незнаење и рамнодушност во полето на науката. Еден исламски научник по име шекиб Арслан вели: 'Најголема причина за стагнирање на муслиманите е незнаењето, поради тоа меѓу нив има и такви кои не разликуваат вино од оцет."

Нашата интелегенција е моќна само да имитира, не се трудат да бидат самостојни креатори како што биле нашите претходни генерации. Не само што имитираат, туку имитираат на погрешна страна. Муслиманите и го отворија патот на Европа кон развојот и напредокот. Европа од нас го зеде експериментот од кого се развил емпиризмот во Англија и првата индустриска револуција во светот како негова последица. Непобитна вистина е дека Европа од Исламскиот свет го презела бројот нула, употребата на арапските броеви, медицинските остварувања, употребата на компас кој на Европа ќе и помогне во откривање на Америка и патот за Индија, комплетни иновации и постигнувања во земјоделството и текстилната индустрија. Денес, имаме педесет и пет исламски земји кои ни поединечно ниту заедно немаат ниту еден институт за нуклеарна физика. Крајно жалосно и комично е кога еден занесеник и фанатик кој слуша грундинг транзистор, се бричи со силвер жилети, се служи со германски ладилник, клања на италијанска или кинеска сеџада, без некаков производ произведен од исламските земји - заговара исламски Ред, поредок, општество и држава. Тие луѓе се како деца кои наместо визии нудат фантазии.

Неписменоста во исламските земји е на ниво. Се наведува дека во периодот меѓу двете светски војни, писменоста во муслиманските земји не изнесувала повеЌе од 50%. Кога евреинот Моше Дајан во еден специјален состанок го изнесол планот на евреите за уништување на муслиманите, некој грижливо рекол: 'што ако ги откријат муслиманите тие планови. Тој мирно на тоа рекол: 'Не плашете се, муслиманите не читаат." Жалосно но вистинито, овој уммет го занемарил Аллаховиот прв императив 'Икре" (учи). Зарем може да се постигне некаков развој без наука? Зарем може да се обави некаков вид на ибадет без знаење?    

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: „Барање наука е строга обврска на секој муслиман и муслиманка." (Таберани)

Драги браќа! Во корист на времето и опширноста на оваа значајна тема -Иншаалах- Ќе продолжиме и понатаму да дискутираме и расправаме на оваа значајна тема. Го молам Возвишениот Аллах да нé упати на правиот пат и да го избави овој уммет од Ќорсокакот во кој западнал, да му го поврати угледот и славата под сенката на Неговата вера. Амин!


Изменето од mudzahid - 23.Април.2008 во 13:47
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.