|
Употребувајте к*ран, немојте Коран! |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | ||||
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пред месеци месеци, кога бев повеќе активен на форумов, почесто можев да прочитам од страна на не-муслиманите како за к*ран велат Коран. Тоа навистина ми пречеше. Таа појава се среќава и сега само благодарение на Алах поретко, па ја отварам оваа тема да поразговараме во врска со тоа.
На времето, не-муслиманите се правдаа дека Коран е според македонскиот правопис па затоа при пишување пишуваат така. Во последно, со барањата за фотографирање со шамија од страна на жените муслиманки во македонија, прочитав по новини за к*ранот. Да, за к*ранот, го читав зборот к*ран, напишано беше к*ран а не Коран. Првин ова ми дојде пред очи во весникот Дневник, од 20-ти Ноември 2007-ма година. Бранко Ѓорѓевски пишуваше на тема "Бараат со шамии да се сликаат за пасош". Првин бев вчудоневиден. Мислев е вистина тоа што го кажуваат на форумов не-муслиманите, дека правописно е Коран, но за жал тоа било лага. Новинаров употребуваше к*ран, а се сомневам дека новинар може да си дозволи во дневен весник ваков лапсус на не-правописно пишување. Само ај си реков, можеби не знае правопис, пак мислев дека не-муслиманите ја кажуваат вистината. Не помислив дека можеби не-муслиманите на форумов го употребуваат тоа не како македонски правопис туку како навреда упатена кон муслиманите. Продолжив да барам понатака и најдов, к*ран се употребува како к*ран а не како Коран. На А1 веб страницата, на овој ЛИНК (не одговарам ако го изменат од А1 напишаното) пишува како тоа едно 11 годишно дете од Загреб го научило на памет Цел к*ран, да цел к*ран.
Потоа, на веб страницата на Он.Нет на овој ЛИНК прочитав како МекДоналдс во повеќе немуслимански земји воведол во менито хамбургери по принципите на Исламот. На насловот стои "Бургери по к*ран".
Навистина бев изненаден. Продолжив да пребарувам по интернет и наиднов на дневниот весник ВЕСТ. Тамо пишуваше за сега починатиот поранешен Ирачки претседател Садам Хусеин како во затвор читал к*ран, пишувал поезија и јадел колачи. Да, и тука се употребува к*ран. ЛИНК
Да не должам, к*ран употребуваат и Граѓански Свет, Македонска астрономија, весникот ВРЕМЕ, телевизија Телма, Животот во Скопје, и интересно е да кажам дека и МИА - македонската информативна агенција употребува к*ран, може да прочитате подоле или на овој ЛИНК...
Според ова заклучувам дека употребата на Коран наместо к*ран од страна на некои членови на форумов па и некои други не-муслимани е со цел на навреда и ништо повеќе. Изменето од mist - 27.Ноември.2007 во 20:29 |
||||
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |