![]() |
|
Прочитана книга што оставила длабок впечаток |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 19> |
Автор | |||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Маестрално, Венко! (Венко Андоновски: Вештица. – Скопје, „Култура“, 2006) Сведоштвото за геноцидот на т.н. „вештерки“ од 17 век во Хрватска е потресна метонимија за уште поголемите инквизиции. Тие инквизиции сè уште „патуваат“ и се „преселуваат“ низ времињата и просторите. И тоа кога фикцијата е идеално алиби за постоење на – реалноста. Така вештиците се фикција – совршено конструирано алиби за стварноста на
морбидниот свет на: тужители, истражители, гонители, џелати, крвници,
казнувачи, инквизитори (на живот и на страст). Угледно маскирани во:
униформи, улоги, функции, позиции... Се прави логичка инверзија: ù се суди на фикцијата, на наменски конструираниот свет, наместо на својата, „нечиста“ реалност. Се прави општествено, институционално и јавно скрнавење и масакрирање на убавото и умното – поради сопствената импотенција.
Тоа е друго име за власта, за политиканството, за квази-идеолошкото
морализаторство, за духовната травестија, интелектуална проституција,
идеолошкиот хомосексуализам и хипокризија. Таа ерозија на моралот води
кон неповратно лизгање на аксиологиите и конечен катастрофален
земјотрес на аксиологиите! Романот е дом на неколку приказни. Оти веќе не постои само една приказна и не ја раскажува само еден. И не ја читаме или допишуваме на само еден начин. Таа полифона читателска херменевтика е составен, креативен дел на творечкиот процес, кој се прави јавно и колективно, пред нас. Романот има полифона структура. Од сосем природни потреби, не од теоретски. Може ли да се „чита“ еден живот без низ него да се „прочита“ барем уште еден? Може ли да се доживее „туѓата“ приказна – ако не стане „своја“? Или „својата“ да стане и „нечија“? Во ист океан се влеваат трите приказни на делото, и праприказните и постприказните... А ние неусетно и несвесно посвојуваме. Така се посвојуваат: сториите, емоциите, состојбите, амбиентите, дијалозите во дворецот наречен Вештерка. Има ли покултна позиција од сетилна, емотивна и интелектуална отвореност: кон праприказната за забранетата љубов на отецот Бенџамин и на Јована, кон фиктивната автобиографија на авторот, и кон препознавање на својата приказна во „туѓите“ приказни. Така приказните „се читаат“ една низ друга. Така взаемно се осмислуваат и „разговараат“ помеѓу себе... Како што и животите може да се коментираат еден со друг. И така да се преосмислуваат... Но не со зборови. Со живот. Така љубов водат и самите приказни меѓу себе, така добиваат и пород. Пробајте да ги мотивирате на љубов приказните меѓу себе, и ќе добиете – нов свет, нова реалност. Станува можно приказните да се склопуваат во мозаик, за кој и ние сме творци. А романот-ребус е во постојано потенцијално составување. Така се гради метаполемички амбиент, каде и типовите на писмо полемизираат меѓу себе. Сè е во некој длабински, исконски преиспитувачки процес, кон себе и кон другите. Има внатрешно полемизирање и коментирање, и тоа не само од наратологија, теорија на литература, филозофија, итн. Постои полифонија од автори. Умножен наративен глас. Од каде потребата на авторот да стане лик, ликот да стане реален, читателот да се претвори во имплицитен читател, а потоа во нов автор, а пра-авторот да излезе од книгата – и да стане нов читател? Потребата за промена на местата – секако дека не е помодарски постмодернистички тренд, туку е суштински потреба на фокализицијата. Суштински да се „прелоцираме“, „преадресираме“ – е еден од идеалите на овој зафат. Да „влеземе“ во состојба на другиот, а тој во нашата. Само тогаш можеме да го пробаме „вкусот“ на неговиот диск*рс, но и „вкусот“ на неговите емоции, мисли, ставови, и да го сетиме неговото дишење и чукање на срцето. Преку филигрански изграден плурализам на стилови се постигнува раскошна полифонија на диск*рси. И тоа преку најмалку три типа диск*рси: наративен, есеистички и детекциски. Наративниот диск*рс се води епохално потресно и трогателно, „здомен“ во ужасната средновековна праприказна, од чија „утроба“ „расте“ најнежниот и најтопол забранет свет на отецот и на анатемата-„вештерка“. Но токму тука – наполно се „распукува“ и над романот се „отвора“ – чисто поетско „небо“! ... Кога ќе ви се отвори бесконечно „небо од поезија“ над романот – знајте дека се отворила најскапоцената вселена! Оти ќе ве раздени токму – поезија! Овој роман разденува од поезија! Од поезија на љубовта, и тоа вонвековна љубов, каде вљубените се барат низ вековите. И токму тука, можеби и сами ќе се препознаете себе, како веќе напишани или прочитани, одново осмислени, и тоа од својот изгубен дел, по кој трагаме низ вековите... Ви тврдам дека најљубовните адреси на столетијата, ќе ги сетите на своја кожа низ најљубовната можна љубов на Јована и на Папа. Средбата на идеалните улоги, кои транзитираат низ нив – е фатално жестока, погубна... А експресијата на бесконечната љубов на Јована кон Папа е врвна апотеоза, највисок празник на љубењето! Нејзината љубовна радост, славена како дете е – севселенски фрескопис! За таа љубов, и инквизицијата е безопасна, оти премудрото главче на Јована се чуди: „Зошто им го палат телото, Папа, кога телото е само книга на која се испишува страста, а љубовта е во душата?“3 И навистина, никој досега не успеал да ги запали душите кои се љубат, ниту „мислата на душата“4. Така душичката на премилата Јована ја преживува и кладата, и како жарче, се „сели“ низ вековите – за да се запали повторно во современата црвенокоса студентка... Оти исто „мириса“ нивната љубовна интонација... Се вели дека преубавото е премногу незамисливо – и дека не може да се опише или раскаже. Но, романот е доказ дека и неописливото убаво – може да опише, дека и нераскажливото убаво – може да се раскаже, оти постои вонсериска, дури татковска грижа за секој атом текст, но постои и најсетилен... „памук“ од емоции. Така и неописливата љубов се опишува преку описот: „Седите така, во невидена топлина, (...)“5. Има ли „погуст“ опис од „невидената топлина“ која врие во љубовниците, или пак од описот на жешката, еротска сцена кога Папа ù вели на Јована: „‘Никој не може’, вели тој, ‘никој не може вака да те казни, дете непослушно, палаво, будалесто, аванче мое вжештено, (...)’“6. Тие навидум „мали“, но симпатични моќници-метафори од типот „аванче мое“ – се вистинско „кралство“ на љубовната реторика и на дикцијата на страста! Вистински скапоцени камења расфрлани низ романот! Светат и ноќе, кога е темно, оти страсните дијалози на љубовниците се водат во љубовен транс, каде Папа љубопитно и покорно прашува: „‘Со кого се галиш сега, ти галливо суштество?’, а таа му вели: ‘Со зборовите, со гласовите, со мирисите, со сонцето, со сиот овој раскош околу мене’, рече таа нежно. ‘Значи ме изневеруваш’, рече тој. ‘Колку си улав, Папа’, рече таа. ‘Па ти си во сето тоа: во секој глас, во секоја прашинка, во секоја тревка, во секој мирис си ти Папа; ти го проникнуваш сиот овој пејзаж. Се галам со пејзажот, со тебе’“.7 Знам дека токму на ваквите места ќе ја допишете приказната со ракопис од солзи. Оти можеби и ние сме нечии замислен пејзаж, со кој се храни нечија незнајна душа. На повисоко „небо“ се водат овие дијалози, каде веќе отворено кулминира и авторовата вљубеност во текстот, кој за него е кралска љубовница, која треба нежно да ја „храни“ со својот генијален писателски сок! А триумфот на емоцијата кон литературата – е златна привилегија на авторот! Оваа привилегија се облагородува на највозвишен начин, кога од еден „извор“, сосем спонтано, ќе потече скапоцен океан филозофски пораки. Оти следниот тип писмо е есеистички диск*рс, чиј „мед“ „везе“ „платинест“ филозофемски мозаик. Така низ слаткото усте на средновековната Јована, неочекувано ќе „потечат“ медоносните дијамантски есеистички филозофемски парчиња аксиологии, врвни чисти идологеми, кристални есеизми! Особен шмек, па и шарм на овој тип писмо, му дава освежувањето – есеизмите се дислоцираат – преку атипични локации. Така, на пример, најгустите филозофемски „води“ ќе потечат сосем неочекувано, откако непосредно пред тоа се водела страсна љубов. Тие незаборавни филозофемски „дождови“ или есеизми почнуваат да „капат“ и да нè „оросуваат“, кога ќе чуеме дека: „Да ти кажам, да не кажеш потем дека не сум ти рекла: смртта е врата. И љубовта е врата. Истата врата, оти и по смртта во иста куќа уште си, иако во друга одаја. Затоа, не плачете по мртвите: во истата куќа се, само во друга одаја. И не плачете по разделените љубовници: во иста куќа се, во истата вселена, како и мртвите и живите, само во различни одаи. / И ќе се најдат, макар и во векови.“8 Таков есеистички „дожд“ тече и од промислата: „Јазикот е гробје од зборови кои одново воскреснуваат во светата црква на човекот: устата. Низ нашите усти говорат мртвите. Ние само им го зајмиме гласот.“9, или преку чисто теориски, наратолошки упатства, како: „Освен тоа, читателот пишува многу повеќе од писателот, читајќи. Да, читајќи меѓу редови, врз тие белини тој го испишува поважниот текст од романот, она невидливо писмо на читателската страст (...)“10. Има еден волшебен момент, кога сфаќаме дека дождот од есеистика умно е пратен само за да го „измие“ и „исплакне“ тлото кое се отвора под нас. „Се прочистува“, како беспрекорно измиена улица, бесценетото тло под нас, во романот. Имено, како што над нас се „отвори“ „небото од поезија“, така го покажа своето „лице“ и прекрасниот поден мозаик – од филозофски килим. Килимот има скапоцени „камчиња-филозофеми“, кои веќе се во нашите раце, и само треба да ги составиме во повисока целина... Одеднаш сеќаваме дека на златна тепсија ни е послан секој здив од романот и дека некој одзади совршено се грижи за повисоко осмислување на сите внатрешни можни осмислувања... На делото, и на животот... И тоа – преку маестрална елитна креативна елоквенција, но и со фасцинантна триумфална дарба! На тоа поетско небо и на тој есеизиран килим-мозаик, идеална циркулација му е – „крвта“ што циркулира од следниот тип писмо – диск*рс на детекција. Неговата „крв“ е акција, динамика, темпо, настани – совршено препознаени во хипер-енергичната „крв“ на црвенокосата студентка Јована од нашиот контекст. Тука имаме повеќегласие од комуникациски модели на писмо: e-mail допишувања, SMS-пораки, но и традиционални писма, сегменти од романот кој се пишува. Овие „парчиња“ од романот се во постојано одлагање, и затоа ја имаат динамиката на крими-роман. Диск*рсот на детекција е свет на љубовни налози, писма кои се оставени некаде и треба да се откријат, делови од романот кои треба допрва да се состават... Копнеж на секој потенцијално вљубен. И тоа во време во кое секогаш правиме шест работи одеднаш: додека возиме ауто, зборуваме на мобилен, или во кафуле работиме на lap-top, или додека слушаме, а не гледаме телевизија, читаме или пишуваме... Наполно освежувачки е дека сред акциониот диск*рс, низ очите на ововременскиот универзитетскиот асистент – ќе излезат неочекувани топли, човечки реченици. Соработка на диск*рсите
е можна, полнокрвна и животворна. Оти може и од гола убавица да
„потече“ есеј, или од свештеничка руба да „капне“ сосем човечка и
љубовна реплика. Топло е, сосем човечки е од униформата или рубата да
излезе емоција, како што од голата убавица е можно да потече филозофска
река, која се отвора кон океанот... Ова е само дел од оригиналните постапки со кои ова дело инвентивно расчистува со праклишеата во наратологијата, но и во – ж и в о т о л о г и ј а т а. Едно од тие оспорени клишеа е дамнешното: „литературата ја имитира стварноста“. Авторовиот идеал е обратен: фикцијата да ја продуцира стварноста! Да ù даде нова, можна идеја на реалноста! Тоа и се случува во делото. Сите дирекции на наративниот глас се упатени кон црвенокосата девојка. Таа ги следи љубовните упатства преку писма, преку делови од романот кој
се создава во меѓувреме. Тој застарен облик на комуникација има нешто
што ниедна електронска пошта и телефонија не може да ја овозможи. Во
свет во кој заборавивме што е тоа писмо, што е тоа роман, веќе и не
може да постои класично писмо, ниту класичен роман. Ни имитација на
една стварност. Иако знам дека придушен сон на секоја двојка или
потенцијални љубовници е токму овој тип на комуникација – преку
одлагање. Оти ова е роман во вечно одлагање, тој се допишува со Вашиот живот. Моливчето внатре во романот, или страниците кои се за допишување, се само симболика за алатот кој ни е неопходен. Да го допишуваме, или да го препишуваме својот живот. Онака како што авторите или авторските гласови во ова дело тоа го прават. Затоа, слободно „влезете“ во романот Вештица некое време. Поживејте го овој роман... Читајќи го. А потоа, така чисти и обновени, пак „влезете“ во своите животи... Имам чест јавно да му благодарам и да му се поклонам на авторот за делото. Овој роман е новото убаво лице на македонската култура! Лице, од кое светот ќе чита... * * *Овој роман не се чита, тој се живее... Како и секое ремек-дело. Маестрално, Венко!......... Изменето од bijonse1 - 02.Ноември.2009 во 18:45 |
|||
![]() |
|||
RUSHKA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 2837 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
SVETA PETKA od LJiljana Habjanovic GJurovic
|
|||
4ISTA SOVEST=MIREN SON
|
|||
![]() |
|||
pagane ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Не ме променила , но открих делови од себе си во " На Исток од Раjот " на Стаjнбек.
|
|||
![]() |
|||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Малиот принц...Незнам ни самата зошто таква книга читавме во второ одделение, кога има таква длабока тематика...
|
|||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|||
![]() |
|||
mariija ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2459 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ana Karenjina
|
|||
![]() |
|||
Gabriela_S ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
и мене многу ми се допадна ![]() |
|||
![]() |
|||
Ивона02 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
папата јована
|
|||
![]() |
|||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Трчај Дома
|
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
![]() |
|||
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
исто и мене ми оставо впечаток ,а за филмот ............немам зборови,ако ја немаш прочитано книгата оди па разбери го |
|||
![]() |
|||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
kodot na Da vinci..
knigata e mnogu ubavo napisana a filmot za nikaden.. |
|||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
|||
![]() |
|||
lviaquez ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 21 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Margaret Mazzantini-Non ti muovere
Gabriel Garcia Marquez-100 anos de soledad |
|||
To advance a mile, we only have to take a step. If Tar doesn't exist, we can invent it.
|
|||
![]() |
|||
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
и погоре некој ја пишал Мартин Идн и таа е добра Нечиста крв Никаде без ќерка ми Негирање Султана............... |
|||
![]() |
|||
Biba_G ![]() Сениор ![]() ![]() Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
"Затоа што те љубам" - Гијом Мисо
Фантастична книга...Возбудлива, чувствителна приказна која ќе ве остави без здив.
Како што препорачува авторот на почетокот "За да го сочувате изненадувањето,не откривајте им го на вашите пријатели крајот на романот", така ни јас нема ништо друго да додадам освен најтопло да ви ја препорачам да ја прочитате.
|
|||
![]() |
|||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Zoki Poki
![]() |
|||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |