|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 5758596061 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
14 Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината? 15 Во што се сложува Христос со Велијал? Или каков дел има верникот со неверникот? 16 Или како се сложува Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Б...ог, а тие ќе бидат Мој народ.” 17 ”Затоа, излезете од меѓу нив и одвоете се - говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам; 18 и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, говори Господ Сèмоќниот.” ==2 Коринтјани 6:14-18 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Почитувај го таткото твој и мајката твоја, како што ти заповеда Господ, твојот Бог, за да живееш долго и да ти биде добро во онаа земја, што ти ја дава Господ, твојот Бог." (5. Мојсеј 5:16) |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пропушти точка да ставиш на крајот еве јас за тебе ќе ставам.
. |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И од Неговата полнота ние сите примивме Милост врз Милост; зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а Милоста и Вистината произлегоа од Исус Христос. Ев. Јован 1:16 + 17 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 Она, што беше од почетокот, што го чувме, што го видовмесо своите очи, што го набљудувавме и што го опипаа нашите раце, за Словото на Животот - 2 и животот се јави, и ние Го видовме и сведочиме и ви навестуваме вечен живот, Кој беше со Таткото, и ни се јави нам - 3 она, што го видовме и чувме, тоа ви го навестуваме и вам, за да имате и вие заедништво со нас. А нашето заедништво е со Татко...то и со Неговиот Син Исус Христос. 4 Ние ви го пишуваме ова, за да биде вашата радост полна. 5 И ова е веста што ја чувме од Него и што ви ја јавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина. 6 Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината. 7 Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нè очистува од секој грев. 8 Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас. 9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда. 10 Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас. ==Прво Јованово 1:1-10 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И одеднаш се јави ангел Господов меќу нив и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. А ангелот им рече: “Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ; и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец, како лежи во јасли.” И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: Слава на Бога на висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја Luka-2:9-14 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
30 Јас и Татко Ми Eдно сме.”
31 Јудејците пак донесоа камења, за да Го убијат со камења. 32 Исус им одговори: „Ви покажав многу добри дела од Мојот Татко; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?” 33 Јудејците Му одговорија: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство - зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.” 34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’ 30 Јас и Татко Ми Eдно сме.” ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 10 12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги правам Јас, ќе ги прави и тој. Ќе прави и поголеми од овие, зашто Јас одам при Мојот Татко. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 14 21 за да бидат сите Eдно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат Eдно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати. 22 И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат Eдно, како што Сме Ние Eдно. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 17 Изменето од Messenger - 21.Декември.2011 во 16:32 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
13 Дрски се вашите беседи против Мене - вели Господ.
14 Вие сепак прашувате: ‘ Што сме зборувале меѓу себе против Тебе?’ Зборувавте: ‘Напразно е да Му се служи на Бога и каква е полза дека ги пазиме Неговите прописи и одиме жалосни пред Господа над Воинствата. 15 Отсега ќе ги наречуваме среќни горделивите: напредуваат оние кои прават зло, иако Го искушуваат Господа, се извлекуваат!’ ... 16 Но кога разговараат оние, кои се плашат од Бога, Господ внимава, ги слуша и тоа се запишува пред Него во Спомен книгата во полза на оние, кои се бојат од Господа и кои Го почитуваат Неговото Име. 17 „Мои ќе бидат, моја печалба - говори Господ над Воинствата. Во Денот што го подготвувам ќе им бидам милостив како што таткото му е милостив на синот, кој му служи.” 18 И тогаш пак ќе го разликувате праведникот од грешникот, оној, кој Му служи на Бога од оној, кој не Му служи. ==Малахија 3:13-18 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И ќе се рече во оној ден: „Ете, Овој е нашиот Бог, во Него се надеваме, Тој нè спаси; Тој е Господ во Кого се надевавме! Да Му воскликнуваме и да се веселиме на Неговото спасение.” ==Книга на пророк Исаија 25:9 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
9 Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена.
==Пословици 28:9 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(mkbible.net)
Господ ќе се возвиши, Единствено Тој - во оној ден 11 Гордиот поглед ќе биде скршен, и човечкото високоумие ќе биде понижено. Господ ќе се возвиши, Единствено Тој - во оној ден. 12 Да, тоа ќе биде ден на Господа над Војските, против сите горделиви и издигнати, против сите што се возвишуваат, за да ги собори; 13 против сите либански кедри и против сите васански дабови; 14 против сите вишнати гори и против сите издигнати брегови; 15 против секоја висока тврдина, и против сите цврсти ѕидови; 16 против сите тарсиски бродови, и против сите раскошни бродови. 17 Човечката гордост ќе падне и човечката висина ќе се понижи . Господ ќе се возвиши, единствено Тој - во оној ден, 18 и идолите на нечистите божества ќе ги снема без трага. 19 Ќе влезат во дупките меѓу пештерите и во земните дупки, пред Господовиот ужас, пред сјајот на Неговото Величество, кога ќе стане да ја растресе земјата. 20 Во оној ден: човекот ќе им ги фрли на кртиците и лилјаците, своите сребрени идоли и своите златни идоли на нечистите божества што си ги направил за себеси, за да им се поклонува; 21 кога ќе избега во пештерските шупливости и во распуканиците на карпите пред Господовиот страв, пред болскотот на Неговото Величество кога ќе стане да ја растресе земјата. 22 Прекратете да се надевате на човекот чиј здив е во неговите носалки : бидејќи што значи тој? (ПРОРОК ИСАИЈА Гл 2) |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е денот што Господ Го направи да Му воскликнуваме и да Му се радуваме Нему!
==Псалм 118:24 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите; 2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе: 3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева. ... 4 Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува. 5 Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните. 6 Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне. ==Псалм 1 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
... 17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син. 19 Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли. 20 Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела; 21 а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога. ==Евангелие по Јован 3:16-21 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 5758596061 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |