![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5657585960 157> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ако сте спремни да подготвите интересна тематска забава, на каква досега никој не присуствувал, ви предлагаме да ги пронајдете омилените коктели на вашите пријатели според хороскопските знаци и да ги изненадите. Овен Овните обожаваат сè што е скапо, па за нив идеални се коктелите кои содржат скапи пенливи вина. Рецепт: Една праска или нектарина измиксирајте ја со неколку коцки мраз. Прелијте со пенливо вино и послужете.
Биковите од сите знаци најмногу уживаат во храната. Вистински гурмани се, па затоа им е најважно им е коктелите да им се по вкус точно онакви какви што ги сакаат. Рецепт: Наполнете една чаша со јагоди и додајте лажичка шеќер во прав. Прелијте со слатко, овошно вино.
Близнаците се доста визуелни типови, па за нив припремете коктели кои изгледаат неодоливо. Рецепт: Промешајте овошен чај, сируп од мандарина и пиво во голема стаклена чаша. Додадете ситно сецкано овошје по желба и многу мраз.
На раковите мирисот и вкусот на она што го пијат им е подеднакво важно, па затоа тие уживаат во јаки коктели. Рецепт: Измешајте еднаква количина вотка, ликер од ментол, сок од лимон, сируп од лимон и минерална вода. Послужете во висока стаклена чаша, полна со мраз.
Лавовите сакаат сè што е гламурозно и скапо, па затоа и нивните коктели треба да ги имаат овие карактеристики. Рецепт: Пронајдете некој коктел кој го пијат ѕвездите во моментот. Тоа е совршената комбинација за нив.
Девиците се пребирливи и многу е тешко да им угодите. Коктелот за нив би требало да е едноставен, но внимателно приготвен. Рецепт: Во една чаша измешајте еднаква количина минерална вода и цеден сок од портокал. Додајте малку рум и послужете со ситно сечкан мраз. Вага За вагите е многу важно како коктелот изгледа и дали е разнобоен. Посебно внимание посветете на декорацијата и украсувањето. Рецепт: Во висока стаклена чаша промешајте еднаква количина на бело вино, вотка и додајте малку сируп од портокал. Послужете со многу лед и украсите со вишни, јагоди или било кое друго овошје.
Мистичните скорпии обожаваат и мистични коктели. Нивните пијачки не ги мешајте, туку состојките налевајте ги една врз друга. Што коктелот е појак, толку повеќе им се допаѓа. Рецепт: Во висока чаша со ред преливајте рум, џин, ликер од ментор и пенливо вино. Никако не ги мешајте состојките. Како што сте посипале, така послужете.
Стрелците исто така сакаат слоевитост. За нив подгответе комплицирани коктели, преку кои ќе видат дека сте вложиле многу труд. Рецепт: Во голема стаклена чаша ставете неколку јагоди, голема топка сладолед и прелијте со пенливо вино. Послужете веднаш.
Јарците сакаат проверени, веќе испробани рецепти и ретко кога ќе се согласат да експериментираат. Рецепт: За овој знак совршени се традиционалните рецепти за коктели или пак некои едноставни пијалоци како што се џин – тоник или вотка – џус.
Водолиите,за разлика од Јарците, обожаваат да експериментираат. Тие ќе пробаат сè што ќе им понудите. Слободно експериментирајте и мешајте различни состојки. Рецепт: Промешајте виски со свежо цеден сок од лимон, еден портокал и додајте малку тоник.
Рибите сакаат овошни коктели, но додајте и некоја егзотична состојка со која ќе ги изненадите. Рецепт: Исечкајте една резенка диња или лубеница, прелијте ги со рум, ликер од кокос и со малку сируп од јагода. По желба разредете го коктелот со минерална вода и многу мраз. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Секој ги доживува различно бакнежите, па така и хороскопските знаци делат различни бакнежи. Енергични, силни, страсни... Пронајдете се и откијте како бакнувате. Овен - Бакнежот на овенот е секогаш енергичен. Тој го прави бакнувањето возбудливо до крајни граници. Бик - Биковите бакнуваат сензуално и лесно. Сакаат да се галат, па затоа знаат нивните бакнежи да бидат проследени со силен стисок на раката, прегрнување, играње со косата... Близнаци - Близнаците се променливи, исто како и нивните бакнежи. Доколку се одлучите за партнер Близнак, ќе доживувате различни искуства секојдневно. Рак - Раковите се познати емоционални души, па затоа бакнежот со нив секогаш е пријатен. Речиси секогаш го иницираат бакнувањето, но никогаш нема да ве остават без здив. Нежни се и чувствителни, но понекогаш им недостасува страст. Лав - Спротивно со Раковите, Лавот сака кога ќе ве “собори со нога.” Опуштете се и препуштете се, нема да зажалите. Девица - Бакнежите на девиците се совршени, внимателни и чувствителни. Полн со емоции и токму онаков каков што сте го замислувале. Вага - Вагите сакаат да ги задоволуваат желбите на другите, но очекуваат нешто за возврат. Затоа, секој нивен бакнеж има цел и води некаде. Во секој случај, емоциите во ниту еден момент не се исклучени. Скорпија - Скорпиите се страствени, исто како и нивните бакнежи. Тие се посветени кога бакнуваат и сакаат, па затоа нема да ви треба многу за да ве маѓепсаат. Стрелец - Стрелците секогаш сакаат многу повеќе од она што го добиваат. Затоа, ако сакате да освоите некој Стрелец, бакнувањето повторете го многу пати. Со ист интензитет, страст и внимателност. Јарец - Јарците се бакнуваат елегантно, префинето и непотполно. До сега ретко кој одбил таков бакнеж. Водолија - Тие сакаат бакнежи кои се изненадни и необични. Спонтаните бакнежи се нивни омилени, па затоа се одлично изненадување за секоја Водолија која сакате да ја воодушевите. Риби - Рибите ќе ве бакнат само ако убаво им мирисате. Тие се бакнуваат нежно и внимателно, а истото го очекуваат и од вас. Не сакаат премногу акција и грубост, па затоа избегнувајте да експериментирате. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Овен Овните имаат многу специфичен вкус, а обожаваат разни кисели колачи од лимон, ролати од малина, но нема да одолеат ниту на чоколадна торта. Сакаат мус со слатка павлака или шлаг, но почесто се одлучуваат за десерт од свежо овошје со сливи, цреши и вишни, во егзотична комбинација со мед или јогурт.
Најмногу уживаат во старата традиционална чоколадна торта послужена со парче сладолед од ванила или шлаг. Можете да ги освоите и со чоколаден пудинг, ледени коцки, овошна пита. Кога сакаат да го покажат својот хедонизам во полн сјај, во ресторан нарачуваат фламбирани банани, а покрај нив слободно и вие каснете висококалоричен десерт.
Најмногу сакаат лесни десерти – чоколадни и овошни кремови прелиени со слатка павлака. Големи љубители се на минијатурни торти со шлаг, особено овошни од јагода и малина, но и на специјални сладоледи како оние со вкус на фстаци и лубеница. Авантуристи се и во животот и на масата, па сакаат да пробуваат и азиски сладоледи со ѓумбир, зелен чај или кокос.
Само нека има чоколадо. Сакаат тешки торти и колачи, а добитна комбинација е шварцвалд торта затоа што ана едно место има се што сакаат – овошје и крем од сирење и тон чоколадо. Не одбиваат ниту обични колачи. Кај раковите би прошле и со добро наполнет кроасан со крем.
Лавовите не пребираат кога се слатките во прашање. Се воодушевуваат ако им подготвите некој колач или торта со фил од карамел или прелив. Мирисна пита со ореви, цимет и јаболко им ја буди фантазијата, но подеднакво ги воодушевува и обичен сладолед од ванила прелиен со чоколадо, вишна и карамел. Во летните месеци уживаат во овошна салата со шлаг.
Ако на масата има чоколадо темно, млечно или бело, само Девица би го одбрала белото затоа што овој десерт е создаден за заведување на припадниците на овој воздушен знак. Немојте да им нудите тешки торти и колачи, повеќе сакаат чизкејк и овошни десерти со јогурт.
Нежните Ваги сакаат лесни десерти. Нека имаат додаток – вкус на рум, но може и колачи со темно чоколадо и вкус на лимон. За специјални прилики може да ги изненадите со торта на база на темно пиво. Омилени чоколадни бомбони – Гриоте!
Огнените Скорпии сакаат било каков десерт кој се комбинира со вино. Омилени колачи им се бајадерите. Сакаат и чоколадни десерти збогатени со ликери и кафе. Полнето и темно чоколадо исто така им помагаат на Скорпиите во лачење ендорфин.
Родените во знакот на Стрелец сакаат необична и егзотична храна, како пржен сладолед, пудинг во ликер од ананас, вкусни чоколадни топчиња во прелив од ванила и малина... Со сласт би се насладиле со баклава или француски специјалитети.
Едноставните Јарци сакаат убава чоколадна крофна или кроасан, пита со ореви, но полнета со чоколадо или банана и прелив од сладолед. Традиционалните десерти како обични бисквити во кои има јаболка или крем, исто така ги прават среќни припадниците на овој знак. Може и банана сплит.
Сакаат сладоледи, јагоди и боровници во било која слатка комбинација. Принцес крофни, чоколади, овошје со шлаг – ова за нив е десерт кој се јаде на брзина. Подгответе им торта со марципан и многу многу шлаг, на база на овошки.
Повеќето Риби сакаат едноставни десерти од јагода и ванила или сладолед од чоколадо. Исто така се големи љубители на пити, особено со праски. Израдувајте ги со десерт од банана или ладна торта направена од јогурт и слатка павлака. Егзотично овошје како ананас, кокос, манго и киви или традиционална кутија со чоколатца во форма на срце – слатко изненадување за припадниците на овој знак. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ако сте во дилема околу тоа која дестинација да ја одберете за ова лето, пробајте да одберете место кое најмногу ќе одговара на вашиот хороскопски знак. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Барате начин за да симнете килограми? Секој знак е насочен кон различни физички активности, па одредени видови вежби различно влијаат на... ..различни хороскопски знаци. Ова се некои основни совет за секој хороскопски знак. Овен – Пијте многу вода. Како огнен знак потребни ви се повеќе течности отколку на просечна личност. Еден од начините се вежбање јога. Исто така ќе уживате во планинарење, велосипедизам, скијање и трчање маратон. Вас ве прават среќни спортови на отворено. Бик – имате бавен метаболизам и уживате во рутинските работи. Вежбајте паметно. Пилатес, фитнес, аеробик и домашни справи. Ако имате чувство за ритам, испробајте се и во танцување. Близнаци – Секогаш претерано ги напрегате нервите, па за да спречите дебелеење морате редовно да се релаксирате. Ваша слаба точка се белите дробови па вежбајте дишење. Секоја вежба мора да ви биде забавна инаку нема да се придржувате до планот. Ролајте. Рак – Најмногу ви одговараат вежби кои можете да ги правите во домот. Парите вложени во домашни справи и двд-а нема да бидат залудни. Пливањето е исто така одличен спорт за вас. Лав – било кој спорт каде може да го покажете телото е добар за вас. Пливање – со точно изработена програма, фитнес, аеробик и трчање. Во исхраната избегнувајте ги маснотиите. Девица – Секојдневни прошетки се одлична вежба за вас. Имате доста енергија па навечер можете да се одлучите за танцување. Пијте доволно вода, затоа што тоа го спречува уморот. Вага – Наутро правете лесни вежби за телото, за истегнување на мускулите на грбот. Обидете се со степ аеробик и пливање. Медитирањето е добро за да ви го смири умот и нервите. Скорпија – За вас се идеални маратонските спортови. Внимавајте само да не претерате. Ако имате проблеми со емоциите – не ги прикривајте со фитнес. По природа дишете плитко па вежбите со дишење се нужни како подготовка за сите спортски активности. Стрелец – трчање, одење, скијање и планинарење. Сакате да се движите низ просторот, па вежбањето во теретана не е избор за вас. Ако не вежбате доволно можни се проблеми со `рбетот. Јарец – Ваша најслаба точка се колената, па не треба да ги преоптеретувате. Наместо да трчате обидете се со одење или пливање. По природа сакате да планинарите, а може да се обидете и со качување по карпи. Водолија – Вие обожавате спортови. Едрење, скијање, пливање... но, мора и да вжбате пред екстремни спортови. Теретана е одличен избор за вас. Риби – Воден знак сака водени спортови. Можете да уживате и во трчање на плажа или воден аеробик. Изменето од Valerija - 19.Октомври.2013 во 21:09 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Kако да дадете комплимент на маж според хороскопот?Мажите сакаат комплименти исто колку што сакаат девојките. Пофалба дека направил нешто добро може позитивно да влијае на односот. Секој знак е посебен затоа треба внимателно да се одберат комплиментите. Овен Фантастично. Никој не сум видела вака добро да го прави ова. Амбициозни, полни со енергија и отворени. Тие се кралеви на
индивидуалните спортови, но умеат да бидат и лидери на тим. Способни се
да дадат максимум од себе во секоја ситуација. Бик Само ти знаеш да направиш нешто да изгледа вака добро! Бикот има око за убави, префинети работи. Никој не цени уметност и
убавина како него. Дозволете му да ужива во вашето друштво, и тој со
сигурност ќе возврати. Близнаци Што ќе пробаме следно? Каде ќе одиме? Близнаците се непресушен извор на идеи и постојано се во движење кон
нешто ново. Креативноста и менталната стимулација им се најголеми адути.
За да биде твој, поддржи ги неговите идеи и ентузијазам и потикни го на
некои нови. Рак Можеме да останеме дома. Јас ќе готвам. Иако Ракот е одличен готвач, за да го освоите треба да му зготвите
нешто. Само на овој начин ќе допрете до неговото срце, бидејки до таму
се стигнува преку стомакот. Лав Одлично постапи! Ти се воодушевувам на храброста! Никој како Лавот не сака толку многу успех и восхит. Тој сака да
добива пофалби, но само ако се од срце. Слободно давајте комплименти, а
за возврат ќе бидете обожавани. Девица Немам веќе трпение. Те молам, помогни ми да го сфатам ова. Девицата е многу трпелива кога се во прашање проблеми и детали. Сака
да работи, и не постои математички проблем кој не може да го реши.
Покрај ова, тој сака и да помага. Вага Што мислиш за ова? Првакот во партнерските односи е Вагата. Верувајте му безусловно и
дозволете да учествува во секој ваш проект. Со време ќе забележите како
очите му светкаат од љубов. Тој сака компромиси и ужива да дели важни
моменти со други луѓе. Скорпија Ти си единствената личност со која можам да го споделам ова. Се што треба да направите за Скорпијата да биде ваша, е да споделете
некоја своја тајна. Тој е крал на дискрецијата и знајте дека тајните со
него се сигурни. Стрелец Зошто не ги спакуваме торбите и да одиме некаде? Дури и во моментите кога патување не доаѓа во предвид, помислата на
истото го развеселува. Покажете ентузијазам и авантуристички дух за да
го освоите. Јарец Никој друг не би се решила на ваков чекор! Јарецот поседува ретка комбинација на одговорност, амбиција и способност. Ласкајте му и тој ќе ви возврати со задоволство. Водолија Сакаш да го пробаме да го средиме ова на друг начин? Овие индувидуалисти се среќни кога слободно можат да чекорат по
сопствениот пат. Љубители се на модерна технологија, па ако се изгубат
по пат, понудете им го вашиот GPS и сметајте дека е веќе ваш. Риби Ти ме правиш подобар човек! Сочуствителноста и емпатијата се главни особини на Рибите. За да се поврзат со вас посилно, треба само да ги потсетите на нивните карактеристики. Но бидете внимателни да не им потечат солзи на очите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шампион за убавина и естетика е Вагата. Имаат око како детектор и можат да ги проценат луѓето со стил. Сакаат покрај себе личност која изгледа...
...убаво и секогаш се труди околу изгледот. Со слични карактеристики се и Лавот и Девицата. Лавот прв паѓа на луѓе со добар изглед, реагира на класична, вечна убавина обоена со сексипил, додека Девиците пак сакаат посталожени личности, интелектуалци и уредни девојки/дечки. Стрелците се познати по уживањето во животот, па така и ги регистрираат припадниците на спротивниот пол. На нив им се важни и карактерот и авантуристичкиот дух. Водолијата сака егзотични ликови, припадници на друга раса и поднебје. Бикот е оној кој најмногу сака шармантни личности, изразито машки особини и облини кај жените, расна и вистинска убавина. Скорпијата е трагач која не ја интересира убавината - повеќе сака партнер кој ќе ја забавува. Овенот исто не е заинтересиран за убавината: ако некој изгледа прекрасно, а е празен во душата - нема воопшто ни да го погледне. Рибите имаат свои стандарди за убавина - често ги заинтригираат луѓе кои се далеку од идеални, кои ќе предизвикаат вибрации кај нив. Јарецот дури и се плаши од совршени луѓе и секогаш е внимателен со нив. Тој сака нормална, природна, атрактивна личност. Раковите сакаат убави партнери, но маните ги сметаат за симпатични. За цврста врска пресудна им е емотивноста. Близнаците ретко паѓаат на убавина. Повеќе го ценат односот и комуникацијата. Сепак не одолеваат на згодни и шармантни заводници. Изменето од Valerija - 19.Октомври.2013 во 21:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кармата е своевиден закон за причини и последици кој владее во материјалниот свет. Постои добра и лоша карма и таа постојано се создава - со добрите постапки се создава добра карма, а со лошите - лоша. Хороскопот открива како секој хороскопски знак најдобро може да влијае на својата крама. Според таа филозофија, треба да се потрудиме да правиме добри дела и да си ги простуваме повремените падови и грешки. Ова е мал потсетник како секој хороскопски знак може најдобро да ги искористи своите особини за позитивно да делува на светот околу себе. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби Изменето од Valerija - 19.Октомври.2013 во 21:05 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Овните се заљубуваат бргу и силно, дури прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со таа одлука и бегаат од неа, па тоа трае со месеци. Најчесто влегуваат во период на проценки и повторни состаноци и при тоа се обидуваат да ја оживеат страста во врската, а во текот на тој период најчесто и одлучуваат како се чувствуваат и дали ќе се смират на едно место. Ако не успеат да ја оживеат страста, тогаш најчесто бараат нова љубов. Бик Биковите се верни како кучиња и тоа не во лоша смисла. Кога еднаш ќе запознаат некого се врзуваат и најчесто остануваат до крајот на животот, односно додека сексуалниот живот функционира. Ако страста испари или ако едноставно снема интерес за секс, ќе побараат возбуда на друго место – најчесто зад вашиот грб. Неверство никогаш нема да ја признаат, само поради врската која што трае за секогаш. Со други зборови и ако се неверни, нема да ве остават. Близнаци Близнаците и покрај клишето се верни и никогаш не ве напуштаат, но сакаат да ве тестираат за да видат колку љубомора можат да предизвикаат. Всушност тие дури и ќе ја мачат личноста со која се во врска флертувајќи со што е повеќе можно луѓе. Само поради тоа остануваат сами и оставени кога се во прашање луѓе што не можат да го поднесат лутањето со поглед на машкиот Близнак, или заведувањето на женските припадници на знакот. Близнакот ќе го задржи интересот за вас само ако и вие го направите љубоморен. Така ќе останете во врска засекогаш. Рак Овој знак најмногу сака да и се предаде на една личност и да заврши со тоа. Не сака бучава, игри и проблеми кои носат било каков сомнеж или несигурност. Сепак, можат да бидат многу љубоморни и несигурни, што често ги одбива луѓето што ги сакаат. Ретко морате да се грижите дали ви е овој знак верен, затоа што кога еднаш ќе се венчате, Ракот е ваш за секогаш. Лав Лавовите се многу внимателни пред да се заљубат. Може да поминат и недели пред да се продлабочи љубовта затоа што овој знак обожува игри и заведување. Кога ќе им се случи љубов, најчесто се многу страсни и предани, но само година-две. Луѓето родени во знакот на Лав имаат немирно срце кое ги прави моногамни, но немаат многу врски кои траат повеќе од една година. Девица Овој тврдоглав, практичен знак сака кусо додворување со малку секс.
Всушност се работи за знак кој ќе се одлучи да се воздржи од секс пред
бракот. Најверојатно и во бракот ќе избегнува секс. Многу Девици се
наоѓаат во брак во кој многу ретко се консумира секс и во кој со години,
особено жените, ќе замижуваат на неверствата на партнерот. Сè додека се
во игра материјалните добра и сигурноста, како и угледот во друштвото,
врските на Девиците долго ќе траат. Вага Вагите се многу верни. Најчесто имаат долги врски затоа што во врските пред сè се пријатели. Сепак, лесно се ладат и се „запалуваат“, а несигурноста и неверството можат да ја уништат нивната врска. Врската со Вага ќе трае сè додека ја држите заинтересирана Вагата во кревет и сè додека и обрнувате доволно внимание. Скорпија Луѓето родени во знакот на Скорпија се меѓу најверните знакови. Тие се едни од најпривлечните и најхаризматичните, па нивниот партнер мора да се бори со секакви конкуренти. Тоа создава многу несигурност, поради што врските по година-две се распаѓаат. Освен тоа, не му замерувајте на овој знак, без пардон ќе ве прободе во грб. Стрелец Ова е неодлучен знак кој што има проблеми со преданоста на една личност. Кога се долго на едно место или во иста врска, стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со Стрелецот да трае со години, морате да му дадете доволно слобода. Можеби ќе морате да поминете и преку повремено неверство. Јарец Јарецот е многу традиционален знак кој очекува традиционална венчавка проследена со долготрајна фаза на додворување и не премногу секс пред брак. Овој знак исто така очекува потполна верност и кога тоа еднаш ќе го достигне или добие, останува со партнерот долго време. И сексот и децата преставуваат начин на кој ќе го задржите Јарецот. Неверството за Јарците најчесто значи и раскинување. Водолија Ова е многу немирен знак кому му е проблем да остане со некого подолго од два дена. Животот го збогатуваат со разноликост. Не се премногу сексуални. Може да им се случи една личност максимално да ги фасцинира и импресионира, а потоа веднаш да изгубат интерес. Најдобра шанса да поминете подолго време со една Водолија е да го стимулирате нејзиниот интелект така што никогаш да не и биде досадно. Пожелно би било да сакате да патувате. Риби Рибите се еден од најверните и најпосветените знакови. Тие сакаат врски кои ќе траат цел живот. Иако се работи за морален знак, неверството не им е непознато, но тоа никогаш нема да му го признаат на партнерот. Рибите се тие што ќе се венчаат со средношколска љубов и ќе останат со неа до крајот на животот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Често можете да ги видите на места каде уживаат на сонце, арогантно доминирајќи во друштвото и користејќи го секој амбиент како сцена за својот настап. Жена Лав Лавиците можете да ги пронајдете на популарни места.Тие се оние кои уживаат на сонце, арогантно доминирајќи во кругот на пријателите, замислувајќи го амбиентот на ресторанот како театарска сцена на која нивната улога е најважна. Да, тоа се жените Лавови, за нив животот е сериозна игра. Тие се родени лидери и господари на останатите луѓе, но тоа го прават на навистина посебен начин, така што никогаш нема незадоволни во нивната околина. Природата богато ги надарила, па во нив има толку многу енергија, памет, убавина и сексапил, што е доволно и за неколку луѓе. Ако имате комплекс на помала вредност, избегнувајте ги овие жени во поширокиот хоризонт. Овие жени може да ве дотолчат со својата нарцисоидност. Лавицата не може да живее без публика и потребно ѝ е воодушевувањето од другите. Не бидете љубоморни на нејзината склоност да биде во центарот на вниманието во просторија полна со занесни фраери. Секогаш ќе се вртат глави по неа, каде и да се појави. Често ќе кокетира, но тоа е начинот на кој го прикрива чудниот страв дека не е толку посакувана. Внимавајте! Премногу се горди и достоинствени за да губат време на бесмислици, затоа сфатете ги нивните потреби за време и однесување во согласност со нив. Маж Лав Со задоволство оди на различни прослави каде најчесто е во центарот на вниманието, но тој не е тип кој глуми кловн во друштвото. Тоа е само негова маска, за да привлече публика. Без оглед на изгледот, нема никакви несоодветни или глупави движења во неговото однесување. Тој точно знае што сака, а тоа обично и го добива. Лавот сака да се занимава со некој спорт, а како што станува повозрасен и навлегува во зрелите години, така се намалува и неговиот порив за спортски активности. Меката фотелја станува негов омилен спорт. Чудно, но вистинито, лавовите ретко имаат големи семејства. Се заљубуваат во убави жени со одличен вкус и стил за облекување. Тие се особено трпеливи и толерантни, но под нивниот кралски углед е скриено е големото его и арогантното однесување кое секогаш може да излезе на површина. Секогаш се спремни за напад ако некој им противречи. Најмногу од сè, Лавот мрази жени со слаба интелигенција и образование. Сентиментално се чувствителни на сите комплименти кои се упатени на нивниот изглед или интелигенција и тоа толку многу, што дури се подготвени за нив да направат нешто и на своја штета. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хуморот и хороскопските знаци
Водолиите по природа се смешни. Овните се мимичари, Девиците се зајадливи, Скорпиите саркастични, а Јарците се духовити со маска на сериозност. Секој хороскопски знак има свој начин за шега и секој доведува до смеа со различни постапки. Вака нè развеселуваат хороскопските знаци: Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
![]() |
|
bilokoja ![]() Група ![]() Регистриран: 24.Септември.2013 Статус: Офлајн Поени: 68 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На 24 родени се вага или девица различно пишува ви разни списанија
|
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Што мрази вашиот хороскопски знак?
ОвенНикако, но никако не му кажувајте на Овенот што треба да прави. Не го добил без причина овој знак тоа име, па само замислете го како ја наведнува главата и ги прирема роговите за удар на оној кој му наметнал негова волја. Тука се вклучени и шефовите, кои најчесто ги игнорира. Секако, Овните знаат и дискретно да се справат со оние кои им сметаат...БикКако најголеми хедонисти од сите знаци, не сакаат некој да им го расипува уживањето - не им ја чепкајте храната и ситниците кои им се битни. Секако дека им е тешко да сфатат дека постојат и нематеријални важни вредности, бидејќи се приврзани за својата сопственост, па имајте разбирање. Покрај тоа, те ги чепкајте во одлуките и креативноста, тоа е исто така црвено знаменце!БлизнациДа се обидете да замолчите Близнак е како да се обидете да запрете река, затоа немојте да се обидувате. Секоја критика им е непозната, затоа треба да бидете тактичар, од обидот за намалување на телефонската сметка, со спората вожња - за намалување на потрошувачката на горивото. Да, не се лесни за одржување на врска и пријателство, но толку се добри што се исплати да се трудите.РакКога на пример би сакале намерно да му го кренети притисокот на Ракот, ништо полесно - наметнте му задача која нема врска со семејството, домот или пријателите, тоа ќе го убие во поим. Исто така, промена на навиките, не постои во нивниот речник, а со обид да уозбилите Рак, завршува со тотална катастрофа. Затоа, само внимателно...ЛавОбидете се само нешто да му наредите на Лвот и ќе видите што значи бес на кралот на џунглата. Нема подобри од нив, само тие можат да бидат во центарот на вниманието, а арите се табу тема. Е сега, како со нив? Лесно, нешто премолчите, нешто умешно подметнете го како да е нивна идеја и ласкајте им за тоа во вистинскиот момент, тоа е добитната рецепта за успех. Да ги лажете? Во никој случај, тоа го мразат најмногу од се!ДевицаДевиците и критикате генерално не се согласуваат, така да изборот на слики на Facebook или изборот на комбинацијата за излегудање, никако не доаѓа во предвид да се на тема на разговор.Своеглави, какви што се, го прилагодуваат распоредот исклучиво според себе, така да е потребно да имате дебели живци и дипломатски вештини за да ги наговорите на нешто што вам ви одговара.ВагаТие се родени дипломати, нема шанси да ги натерате да ви го кажат нивното мислење, доколку тоа е спротивно на вашето. Тоа секогаш ќе испадне во една фино запакувана, наџиџана форма на критика, полна со совети, која ќе ви потрошо премногу време, а можеби и ќе заспиете на половина од муабетот. Едноставно, Вагите не сакаат кавги и точка! Така да по потреба и ќе ве игнорираат, само за да не ви се спротистават. Секако, немојте да се лажете, Вагите секогаш мислат дека се во право, така да имајте го и тоа секогаш на ум.ШкорпијаДа се обидете да и наредите на Шкорпија е дури поопасно одколку на Лавот, а ако почнете да им солите памет, бидете сигурни дека ќе го направат спротивното од она што им го сугерирате. Не им е и баш лесно да простуваат на оние за кои мислат дека ги навредиле, така да доколку сте еден од таквите, немојте да се чудите ако поминат покрај вас како покрај турски гробишта. Мажат и потполно да ве избришат од својот живот, така да бидете повоздржани.СтрелецНаметнување на обврска која Стрелецот не ја сака, едноставно не е возможно, апсолутно не доаѓа во предвид. Можете и да се повикате на вашиот авторитет, но се ќе биде залудно, бидејќи баш со авторитетот имаат проблем. Исто така. поимот непријатна тишина за време на разговор, не им е познат, бидејќи тие ќе зборуваат се дур не паднат од умор.ЈарецСо сите можете да се шалите понекогаш, со Јарецот? Па подобро не. Туѓата необзирност им оди по нерви, а ни тие не се такви. Забрзување на Јарец е подеднакво исто на обид за забрзување на ротацијата на месечината околу Земјата, а таквото однесување може да ви донесе смо еден голем мин ус во нивниот црн тефтер. И секако, пожелно е да размислувате исто како нив, или барем така однесувајте се, инаку следат проблеми.ВодолијаБавн и промислено не постојат во речникот на Водолијата. Се треба да биде веднаш, сега и тука, инакунешто не е во ред. Како да се навлечени на стрес, притоа игнорирањето и заборавот играат главна улога, бидејќи на тој начин ја креираат атмосферата на паника во која се чувствуваат како дома.РибиАко игнорирате Риба, имате проблем, бидејќи нивниот внатрешен свет е посилен од реалниот околу нив, според тоа морате да ги разберете нивните ставови и идеи. Нивната мисија во животот е помагање на другите, кои, секако, тоа мораат да го приметат и да му оддадат огромно внимание, бидејќи поинаку Рибата почнуваат да ја опседнуваат црни мисли и тек тогаш имате проблем. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
SVOJA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Древните египјани биле првите кои верувале дека поставеноста на ѕвездите влијае врз расположението, здравјето и судбината на луѓето. Според датумот на раѓање, проверете кој знак сте во египетскиот хороскоп и прочитајте си ги главните карактеристики.
АМОН (од 1-ви јануари до 2-ри февруари) Старите египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Родените во овој знак брзо се заљубуваат и ја пронаоѓаат љубовта на нивниот живот. Тие се упорни, но не се наметливи. На прв поглед можеби изгледаат ладно, но тие се многу емотивни и нежни кон другите. Најмногу од сè ги боли неверство бидејќи се многу посветени на партнерот. Тие се добри пријатели и љубовници. СЕБЕК (од 3-ти февруари до 4-ти март) Себек е бог на реката Нил, а токму таа била извор на живот за Египет. Припадниците на овој знак многу ја ценат уметноста и повеќето од нив се уметнички талентирани. Сепак, би требало да внимаваат бидејќи можат да бидат засенети од туѓата убавина, што често ги наведува на погрешен пат. Родените во овој знак не знаат да чуваат тајни, па поради тоа често прекинуваат пријателства. ОЗИРИС (од 5-ти март до 9-ти април) Озирис во стариот Египет бил бог на плодноста и растот. Припадниците на овој знак се многу сензуални, но и романтични. Својот партнер постојано го изненадуваат со мали и слатки поклони. Полни се со разбирање за другите и им помагаат на своите пријатели ако се најдат во неволја. ПТАХ (од 10-ти април до 2-ри мај) Птах бил бог на вистината. Припадниците на овој знак се искрени, отворени и по малку наивни. Тие се импулсивни, скромни и нетрпеливи. Поради својата искреност често на другите им кажуваат што мислат без обзир на последиците. Исто се однесуваат и во љубовта, а баш таа особина на неконтролирано изразување може да ги чини неколку пријателства. ХОРУС (од 3-ти мај до 16-ти јуни) Хорус бил бог на животот. Припадниците на овој знак често се склони кон авантури и склопуваат нови познанства. Непознатите земји и краеви многу ги привлекуваат, па за нив патувањата на егзотични места не се ништо необично. Сакаат да уживаат во природата и во благодетите на животот. НЕФТИС (од 17-ти јуни до 21-ви јули) Нефтис била божица на љубовта, поради што и овој знак се смета дека е најромантичен. Припадниците на овој знак се многу сензуални, страствени и емотивни, поради што многу внимателно го одбираат партнерот. Од партнерот очекуваат многу, а за возврат враќаат со иста мера. Трпеливи се и сакаат да ги сослушаат туѓите проблеми, но даваат и корисни совети, кои ги прави одлични пријатели. СЕТ (од 22-ри јули до 18-ти август) Сет бил бог на молњата и олујата, па поради тоа припадниците на овој знак се многу темпераментни. Не се предаваат лесно и брзо се прилагодуваат на секоја ситуација. Исто така, тие се многу љубопитни и секогаш сакаат да испробаат нешто ново и интересно. Припадниците на овој знак се самостојни и сакаат сè да направат сами. АНУБИС (од 19-ти август до 21-ви септември) Анубис бил бог заштитник. Родените во овој знак се многу чесни и одговорни. Посебно се самоуверени и тврдоглави, па ретко слушаат туѓи совети. Многу се емотивни и романтични и имаат високи очекувања од љубовта, а се и интелегентни, љубезни и дискретни. РА (од 22-ри септември до 15-ти октомври) Ра бил бог на Сонцето. Родените во овој знак се полни со внимание и љубов за другите. Тие се рационални и секогаш размислуваат по неколку пати пред да направат нешто. Припадниците на овој знак сакаат романтика и се многу верни, а маана им е несигурноста поради која често пропуштаат добри прилики. ИЗИДА (од 16-ти октомври до 9-ти ноември) Изида е божица на чудата. Се смета дека родените под нејзина заштита имаат посебни моќи. Ги краси и неодолива насмевка која освојува сè околу себе. Меѓутоа, за нив не постои забрането овошје и нема да сопрат сè додека не го добијат тоа што го сакаат. Тие се многу добри пријатели бидејќи знаат да ги слушаат другите и да поделат некој добар совет. ТОТ (10-ти ноември до 3-ти декември) Тот во стариот Египет бил познат како бог на светлината, мудроста и магијата, па припадниците на овој знак се многу прецизни и точни бидејќи поседуваат големи организациски способности. Родените во овој знак се сестрани и ги интересираат сите гранки на науката. Во љубовта секогаш сакаат да имаат некој самоуверен покрај себе, на кого ќе можат секогаш да се потпрат. ХАТОР (од 4-ти декември до 31-ви декември) Хатор била божица на музиката и уметноста, па родените во овој знак често се ценети музичари и уметници. Тие се шармантни, креативни, имаат голема фантазија и работат со многу љубов. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и почитува. |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5657585960 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |