IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 22:04

Shto I da procitam za mene ,sve mi odgovara I mi e pogodeno кул

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2013 во 23:40
На водолијата ѝ е потребен партнер:
кој нема да се труди да ја контролира и да ја промени
кој ја сака нејзината единствена индивидуалност
кој во нејзиниот живот ќе носи страст и топлина
tocno
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2013 во 15:41
оти бе
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2013 во 15:11

Ќе се искомплексирам веќе од тој хороскоп.не слушам
Ми се иде да си го сменам знакот.не зборувам

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2013 во 11:57
Каков партнер посакува секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак посакува различен партнер и очекува од него тој да има одредени квалитети. Еве какви партнери бара секој хороскопски знак и кои особини задолжително мора да ги поседува.

На овенот му е потребен партнер:

  • кој му дозволува тој да води
  • кој има потреба за возбудувања и авантури
  • кој ужива да се забавува и кој сака физички активности

На бикот му е потребен партнер:

  • кој умее да ја цени финансиската сигурност како и тој
  • кој е страстен
  • кој е романтичен и сензуален

На близнакот му е потребен партнер:

  • кој цени интересни разговори
  • кој е многу друштвен
  • кој е разигран, спонтан и флексибилен

На ракот му е потребен партнер:

  • кој е внимателен и грижлив
  • кој ќе направи да се чувствува сигурно и кој го разбира
  • кој ја цени фамилијата

На лавот му е потребен партнер:

  • кој вистински ќе го обожава
  • кој е разигран и весел
  • кој ќе му биде најдобар пријател

На девицата ѝ треба партнер:

  • кој може да ѝ помогне подобро да си го организира животот
  • кој ќе ѝ помогне да не биде престрога кон себе
  • кој ќе ѝ влева надеж во животот

На вагата ѝ е потребен партнер:

  • кој умее да се носи со нејзиното променливо расположение
  • кој е динамичен и секогаш спремен за акција
  • кој ја става врската на прво место

На скорпијата ѝ е потребен партнер:

  • кој е сигурен и на кој може да се потпре
  • кој има силен сексуален нагон
  • кои ќе ѝ помогне своите емоции да ги држи под контрола

На стрелецот му е потребен партнер:

  • кој има широки погледи и кој е флексибилен
  • кој има слободен дух и кој е спонтан
  • кој има желба постојано да учи нешто ново

На јарецот му е потребен партнер:

  • кој е внимателен и грижлив
  • кој ќе му помага да биде оптимистичен и да гледа на светлата страна на животот
  • кој ќе може да му обезбеди удобен семеен живот

На водолијата ѝ е потребен партнер:

  • кој нема да се труди да ја контролира и да ја промени
  • кој ја сака нејзината единствена индивидуалност
  • кој во нејзиниот живот ќе носи страст и топлина

На рибите им е потребен партнер:

  • кој е практичен и кој ќе им помогне самите подобро да се запознаат
  • кој ја цени нивната грижлива и чувствителна природа
  • кој е вреден работник и кој не обраќа внимание на тривијалните работи во секојдневниот живот
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2013 во 16:20

Каков е стилот на вашата коса според хороскопскиот знак?

Едноставни совети за одржување на вашиот тип на коса според хороскопскиот знак.

Овен

Овните имаат долги, најчесто тенки кадрави коси. Обожувате смела боја на својата коса, сè што е драматично и е далеку поразлично од вашата вистинска боја на коса. Никогаш не барате совет кога се работи за косата, бидејќи сами одлучувате, сосема ви е неважно дали новиот стил ќе биде лесен за одржување или не, доколку решите да посетите стилист. Можно е дома да се вратите со одвратна форма на косата и подоцна многу да се каете.
Брановидна коса за вас во моментов е вистинскиот избор.

Бик

Добродушни, практични, елегантни, едноставни и секогаш потценети. Биковите сакаат нормални и женствени парчиња облека, но и ваков тип на бои. Не сакате перфектен изглед, вие сте дама во секоја смисла на зборот. Едноставен „чист“ изглед е вистинскиот за вас. Не пробувајте да си играте со стилот на косата. Кај стилистот појдете со вистинската визија во вашата глава и бидете сигурни дека вашата коса ќе ви биде благодарна.

Близнаци

Обожувате секојдневно да го менувате стилот и бојата на косата. Обожувате да посетувате блогови и секогаш да сте во тренд со новите стилови на коси. Ќе направите сè за вашата коса да изгледа онака како што сте ја замислиле, дури и ако тоа значи дека ќе треба да поминете еден екстра час во бањата средувајќи ја. Убавината има цена, а вие секогаш сте спремни да ја платите. Сега е вистинско време да се одлучите за боја на коса која ќе биде само ваша и по која сите ќе ве препознаваат.

Рак

Ракот обожува женствен и едноставен изглед. Долга, права и мека коса, а може и благи кадрици. Девојките во знакот на рак се едноставни убавици во стилот на каубојски чизми, фармерки, коса врзана во опавче. Перфектни девојки со коса на која секој би им подзавидел. Одлучете се за нов стил на косата, долго време размислувавте и сега конечно е време да го остварите тоа. Појдете на стилист и не вртете се назад, оставете вашиот новиот стил на коса да ги засени останатите.

Лав

Лавовите имаат сличен стил на коса како и Овните. Без разлика дали е бујна или тенка вашата долга коса, секогаш е немирна, а понекогаш и тешка за средување. Секогаш можете да се издвоите од останатите и не поради стилот на косата и бојата, туку поради „немирната“ коса која ја имате во големи количини. Бидејќи понекогаш сте преполни со инает, ненадејни промени на косата може да ве направат многу незадоволни. Пронајдете стилист кој постепено ќе го менува стилот на вашата коса.

Девица

Девиците сакаат уредна коса, од која ни влакно никогаш нема да се издвојува. Перфектно им стои рамен боб стил до рамена или пак свилени кадрици. Кератинските третмани се перфектни за вашата коса, бидејќи ќе направат секое ваше влакно да биде на место. Софистицирани сте и елегантни и никому никогаш нема да кажете колку време ви беше потребно за да ја добиете посакуваната форма на коса. Изгледот на вашата коса вреди милион долари, па затоа внимавајте следниот пат стилистот да не претера со нејзино кратење.

Вага

Како и Девиците и Вагите обожуваат софистициран и елегантен изглед. За разлика од другите знаци, вие секогаш можете да ја прилагодите косата со она што ќе го носите во текот на денот. Едноставно собрана коса, секси опавче или пак плетенка е секогаш лесно за вас за да изгледате уредно и во стил. Сега е вистинскто време да ја смените бојата на косата, можеби неколку тонови посветла или пак потемна во зависност од вашите желби.

Скорпија

Знак од кој зрачи интензивност и секси аура. Дури и кога станувате наутро целосно бушави сепак сте секси. Сакате силни бои кои ќе ја изразат бојата на вашето лице и никогаш не сте се плашеле да експериментирате со бојата на косата. Секогаш сте за долга, феминистичка кадрава коса или пак тотална спротивност од кратка стилизирана коса. На вашата коса и треба влажност за кадриците да изгледаат секогаш здраво и токму ова треба да му го посочите на вашиот стилист.

Стрелец

Вистина е дека стрелците сакаат да изгледаат добро, но за сè постои крај. Имате несекојдневен стил кога се работи за косата. Не сакате кога косата ви одзема време кое можело да се искористи продуктивно и никако не дозволувате да ви го расипе расположението. Не плашете се од промени, затоа што на крај ќе го засакате новиот стил на коса, а уште повеќе ќе ја сакате поради нејзиното лесно одржување.

Јарец

Јарците се перфекционисти. Сакаат „чист“ и модерен изглед кој лесно ќе им биде корисен и за на работа и за ноќен живот без многу подготовки. Љубители на кератински третмани, стил на жена која знае што сака и чиј стил на коса е толку „извежбан“, што во сон ќе знае да му каже на стилистот што точно сака. Направете промена од долга коса кон кратка или пак обратно, оставете ја да порасне.

Водолија

Каприциозен, а воедно и љубител на слободата. Знак кој обожува често да менува стилови и лесно се прилагодува на истите. Можете да бидете видени во панк или пак рок стил или пак некоја сосема неочекувана „неприродна“ боја на коса. Бидејќи тоа е вашиот стил и дел од вашата личност, истото одлично го носите и ви стои. Понекогаш е потребно да застанете со експериментите и да се погледнете во огледалото – замислете се со вашата природна боја на коса и оставете да порасне токму истата.

Риби

Рибите се знак кој не се согласува добро со трендовите ниту пак се пронаоѓа во било кој од нив. Вие сте ултра феминистички знак кој верно ја негува и ја обожува својата долга коса во стил на сирена и секогаш прави таа да изгледа беспрекорно убава. Косата ве претставува токму вас како личности. Доколку некогаш пробате да смените стил на коса или пак боја, станувате вознемирени од крајниот резултат, па сето тоа завршува со солзи во очите. Намалете го триењето на косата со пешкир и сушењето со фен за да го избегнете одењето кај стилистот (бидејќи се разбира мразите да го посетувате).
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2013 во 22:49
Каква старост го очекува секој хороскопски знак?хи, хи...

Млади сте и полни со амбиции, но дали сте размислувале какви ќе бидете во староста? Благодарение на датумот на кој сте родени, според хороскопскиот знак откријте какви особини ќе имате кога белите влакна ќе ве совладаат.

Овен

Припадниците на овој знак ни во староста нема да се откажат од спортот, а во случај на болест ќе станат страшно досадни. Ќе се обидат да го задржат темпото на живот како и во младоста.

Бик

На Биковите и староста им се врти околу материјалното богатство. Овој знак нема лесно да ги дели своите пари, а во случај на материјално сиромаштво, Биковите лесно ќе станат огорчени и незадоволни стари лица.

Близнаци

Близнаците се друштвени личности и заради тоа и во старите години ќе сакаат да бидат опкружени со пријатели. Ако до себе имаат брачен партнер со нивно темпо, тогаш никогаш нема да им биде здодевно. Доколку се случи да останат сами, нема да им биде потребно долго време за да ги обноват старите познанства.

Рак

Цели живот се чувствителни, па тоа нема да се промени ниту во доцните години. Доколку имаат големо семејство, како баби и дедовци ќе сакаат да се опкружени со своите најмили, а во спротивно ќе чувствуваат голема меланхолија.

Лав

Своите вистинити, но понекогаш претерани приказни ќе ги споделува с о сите. Ако нешто навистина постигнале во животот, Лавовите ќе се погрижат тоа да го знаат сите. Во староста ќе обожаваат покрај себе да имаат некој кој постојано ќе ги слуша нивните пофалби и сеќавања.

Девица

Девиците ќе се занимаваат и ќе уживаат во секоја ситница. Доколку имаат срежен брак, во староста ќе се однесуваат како да ја живеат младоста. Девиците сакаат да имаат домашна аптека, од која сè ќе им биде на дофат.

Вага

Припадниците на овој знак идеалната старост ја гледаат во хармоничниот брачен живот. Најлошо ќе им биде доколку прерано останат сами, затоа што љубовта и искреноста се она кон што се држат целиот живот, така што сè останато ќе им биде помалку важно.

Скорпија

Кога ќе ги победат сите животни битки, Скорпиите ќе сакаат да се посветат на решавање на проблемите за кои порано немале време. Никогаш нема да ги победат годините, па заради тоа секогаш ќе останат авантуристи кои ќе живеат и ќе се прилагодуваат на моменталните животни стандарди.

Стрелец

Голем број на мудри совети ќе бидат заштитен знак на Стрелците во староста, затоа што тие најмногу сакаат да мудруваат на животните теми. Постои можност да се повлечат во себе, но нивниот ведар темперамент секогаш ќе ги надвладува.

Јарец

Случајот со Јарците ќе биде како вино - што постаро, тоа подобро. Овој знак ќе живее со полни гради и тогаш кога борите ќе го престигнат, а големи се и шансите дека ќе се препушти на уживањата за кои немал време во младоста.

Водолија

Водолиите се водат по правилото дека никогаш не е доцна да се научи нешто ново. За нив нема да постои класична старост, затоа што никогаш нема да се почувствуваат дека се неспособни или изморени за било што. На овој знак никогаш нема да му биде здодевно во староста.

Риби

Некои Риби ќе бидат доста здодевни, но сепак со текот на времето ќе научат дека и староста има свои предности. Само Рибите знаат како да уживаат во мрзеливоста и бавниот начин на живот.


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2013 во 09:33

Или хороскопот не е точен за мене или јас не сум точна за знакот.не зборувам
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 20:24
Каков партнер бара секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак бара разлиличен партнер и очекува од него одредени квалитети. Погледнете како хороскопските знаци ги проценуваат своите партнери и кои особини ги бараат:

На Овенот му треба партнер:

- Кој му дозволува тој да води

- Кој има потреба за возбудувања и авантури

- Кој ужива во излегувањата и физичките активности

Бикот сака партнер:

- Кој знае да ја цени финансиската сигурност толку колку и тој

- Кој е страстен

- Кој е романтичен и сензуален

На Близнаците им е потребен партнер:

- Кој го цени интересниот разговор исто како и нив

- Кој е многу пријателски настроен

- Кој е разигран, спонтан и флексибилен

Ракот очекува партнер:

- Кој е внимателен и грижлив

- Кој ќе направи да се чувствува сигурен и кој ги разбира

- Кој го цени семејството

На Лавот му треба партнер:

- Кој вистински го обожува

- Кој е разигран и весел

- Кој ќе му биде најдобар пријател

На Девицата ѝ треба партнер:

- Кој може да ѝ помогне за подобро да го организира својот живот

- Кој ѝ помага да не биде престрога кон себе

- Кој ѝ дава верба во животот

На Вагата ѝ е потребен партнер:

- Кој знае да се носи со нејзините промени во расположението

- Кој е динамичен и секогаш подготвен за акција

- Кој ја става врската на прво место

На Скорпијата ѝ треба партнер:

- Кој е сигурен и на кој може да се потпре

- Кој има поголем сексуален нагон

- Кој ѝ помага да ги држи под контрола своите емоции

Стрелецот блеска покрај партнер:

- Кој има широки погледи и е флексибилен

- Кој има слободен дух и е спонтан

- Кој сака да научи што повеќе

На Јарецот му е потребен партнер:

- Кој е внимателен и грижлив

- Кој му помага да биде оптимистичен и да ја гледа светлата страна

- Кој може да му обезбеди удобен семеен живот

Водолијата сака партнер:

- Кој не се обидува да ја контролира или промени

- Кој ја сака нејзината единствена индивидуалност

- Кој во нејзиниот живот внесува страст и топлина

На Рибите им треба партнер:

- Кој е практичен и кој прави подобро да се запознаат себе

- Ко ја цени нивната брзина и чувствителна природа

- Кој е вреден работник и кој не обрнува внимание на тривијалните работи во секојдневниот живот.

Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 23:30

Лав

Лавовите се вистински хедонисти кои сакат патувања, слобода, добра храна и фини пијалоци. Лавовите воедно се силни знакови со јаки и брз метаболизам кој што им овозможува да останат активни и тенки. Треба да јадат разноврсно, особено зеленчук богат со железо, како што е спанаќот или брокулата, цвеклото, грозјето, кокосот... Лавовите мора да се занимаваат со интензивна физичка активност бидејќи во подоцните години, имаат тенденција на дебелеење.


плачење  изгледа ме сардисаа подоцните години плачење

НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 21:21

Да се има реален однос кон себе и своите способности е вредна основа која обично се поврзува со зрелоста.

Сетете се само на оние млади, драги и надежни личности полни со енергија кои со сета сила се обидуваат да постигнат успех во некоја област, а на некој искусен, зрел, пореален и можеби помалку паметен, веднаш му  е јасно дека тука нема леб за нив.

za-sto-ste-anti-talent-spored-horoskopot

Погледнете што не ви препорачуваат ѕвездите како професија.

Овен
Би требало да избегнувате сè што е мирно, пасивно, без секојдневни предизвици. Таму каде што нема акција, за Овните нема ни живот. Ако се обидувате да работите нешто поради некој друг, или затоа што некој така ви рекол, а при тоа не почувствувате дека и вие тоа го сакате, успехот ќе изостане.

Бик
Брзината е нешто со што Биковите тешко се справуваат. Сите работи кои се возбудливи и кои што треба да се завршат во најкус можен рок главно ќе ги онеспособат и ќе ги доведат до лудило. Ако не постои гаранција дека по завршената работа нешто ќе добијат, Биковите ја губат мотивацијата за работа.

Близнаци
Долготрајните работи и активности каде што е потребна темелност ќе ја убијат волјата за работа кај Близнаците. Сè што е со маратонски карактер, или е малку интересно, ним нема да им одговара. Ќе ги уништи било каква активност ако не може да комуницираат.

Рак
Активностите како што е механиката, како и оние во кои што не може да се покаже барем минимум човечка активност, Раковите ќе ги направи несреќни. Всушност тие може да издржат благодарение и на својата природа, но само некое време додека водата не им дојде до грло. Тогаш обично доаѓа до проблем. Ако во она што го прават нема срце, тогаш нема ниту среќа за Раковите.

Лав
Работите кои што се отфрлени, далеку од очите на другите, или што се осамени, ќе го уништат секој Лав. Работата во институции од затворен тип како болници, затвори, лаборатории, строги институции или слично, за нив ќе изгледаат како ноќна мора.

Девица
Таму каде што работите се генерализираат и се носат општи заклучоци Девицата потполно ќе се изгуби. Иако во душата е перфекционист, ќе се обиде да се прилагоди кон сè и сешто, но за неа ќе биде вистинска мака ако треба да покаже способност за поминување преку ситници или да ги занемари неважните работи.

Вага
Секоја дејност која што е груба, сирова, грда или каде што треба да се покаже агресивност, на Вагите ќе им предизвика губење на земјата под нозете. Осамените работи не им лежат. Тие секогаш се за соработка.

Скорпија
Ако нема провокации, за Скорпиите е како јадење без сол. Ако влезат во секојдневие ќе бидат уништени. Ќе се обидат самите да смислат нешто со што ќе предизвикаат борба. Работите кои што течат мирно, разработено, без предизвици и динамика, не се за нив.

Стрелец
Сè што нема длабочина, височина, ширина и далечина ќе го уништи секој Стрелец. Нивните активности мораат да ги вклучат сите димензии, како и можности за развој на подолги и непредвидливи патеки. Ним им  е потребна слобода, а ако работата е монотона и предвидлива без можности за ширење и движење, подобро е да не работат.

Јарец
Вистина е дека Јарецот може да издржи многу, но сепак нивната активност треба да биде таква што ќе му дава можност да напредува. Ако низ одредена дејност не види дека може да ги оствари амбициите, Јарецот нема да биде среќен.

Водолија
Ако се одлучат за нешто што е ковенционално, речиси е сигурно дека ќе промашат. Нивната оригинална природа секогаш ќе бара нешто ново и секоја разработена, предвидлива или традиционална работа, за нив е промашување. Некои прават компромиси воведувајќи новини во старите работи, што не е лош потег.

Риби
Сите дејности во кои се бара уредност и прецизност ќе ја упропастат секоја Риба. Областите каде што треба да се покаже смисла за детали не се во нивен домен. Ако дејноста е разработена без фантазија и креација, кај нив најверојатно ќе предизвика депресија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 21:21

Овенот ќе ве научи да се борите за своите цели во животот, а Биковите никогаш да не се откажувате. Близнаците ќе ви укажат на тоа дека образованието е најважно, а Раковите ќе ве убедат дека ништо не вреди без стабилно семејство.

sto-moze-da-naucite-od-sekoj-horoskopski-znak-01

Овен

Од Овенот можете да научите како да се борите за своите ставови. Овој знак ви покажува како да се искачувате кон успесите, без запирање. Исто така, од Овенот може да научите и како да се сакате самите себеси и дека никој не е поважен од вас.

Совет: Секогаш бори се!

Бик

Од Биковите може да научите како да уживате во животот. Хедоноизмот е во крвта на овој знак. Од Бикот ќе научите дека материјалното е најважно, но и дека треба да научите како своите желби да ги претворите во реалност, по секоја цена.

Совет: Не се откажувај!

Близнаци

Од Близнаците ќе научите колку школувањето е важно. Овој знак ќе ви објасни зошто секоја книга вреди злато. Ќе ве научат да не зборувате премногу по телефон, само заради сметката.

Совет: Читај и секогаш напредувај!

Рак

Од Ракот ќе научите колку е важно семејството. Тој ќе ве научи што е тоа грижливост и посветеност. Од него ќе дознаете дека не треба да бидете премногу размазени и детинести, бидејќи тоа понекогаш ги повредува другите.

Совет: Никогаш не го заборавај семејството!

Лав

Од Лавот можете да ја научите вредноста на парите. Од него исто така ќе научите што е тоа добра забава и како се ужива во животот. Ќе дознаете и како да бидете горди на себе, но и да ги пофалите другите кога тоа го заслужуваат.

Совет: Кога ќе ги изгубиш парите, задржи ја гордоста!

Девица

Од Девиците ќе научите дека чистотата е половина здравје и дека вашето здравје е вашиот живот. Здрав живот и среден дом се нивните приоритети. Читањето книги е исто така својствено за Девиците, па учењето во текот на целиот живот е задолжително.

Совет: Внимавајте на деталите!

Вага

Од овој знак ќе научите дека сè може да се постигне со компромис, бидејќи овој знак е голем дипломат. Кога сте лути немојте да беснеете, туку гледајте како да се договорите со спротивставената страна. Научете дека добриот изглед и добрите манири се секогаш задолжителни.

Совет: Не е тешко да бидеш добар!

Скорпија

Од Скорпиите ќе научите како да се изборите со животот и во најмрачните ситуации, во најголемите стравови, во немаштијата, па и со лажливите души. Како? Едноставно - ќе продолжите да живеете, бидејќи се што има почеток има и крај. И да, научете како да уживате во сексот.

Совет: Никогаш не се откажувајте!

Стрелец

Стрелецот е знак кој секако може да покаже и докаже дека сите потешкотии во животот може да завршат со насмевка, но и поука. Штом заклучат дека нешто лошо се случило, не губат време туку продолжуваат понатаму. Од овој знак ќе научите како да бидете добро расположени, позитивни и да учите, напредувате и патувате.

Совет: Биди позитивен!

Јарец

Од Јарецот ќе научите дека целото време е драгоцено, па затоа најпаметно е да го искористите најдобро што можете. Не ги одложувајте работите, бидејќи секако ќе мора да се соочите со нив. Научете дека морате да ги почитувате постарите, бидејќи и вие еден ден ќе го достигнете тоа ниво во животот.

Совет: Искористете го секој ден!

Водолија

Водолијата ќе ве научи како да не гледате во минатото, туку да размислувате за иднината. Водолијата е знак кој ни укажува колку пријателите се важно, но сепак дека треба да бидеме независни во животот.

Совет: Направи сега, не чекај до утре!

Риби

Од Рибите можете да научите дека романтиката е многу важна и дека го разубавува животот. Истото важи и за уметноста која мора да биде присутна во животот. Соновите се остваруваат, ќе ви кажат Рибите. Исто така, според нив личниот мир е нешто најдрагоцено.

Совет: Прати ги своите соништа!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 21:18

До сега веројатно го имате проучено својот партнер (партнерка), или потенцијален партнер, што сака, каков/ва е, што сака да јаде и слични ситници. Но, дали знаете што е она што НЕ го сака?

sto-ne-sakaat-horoskopskite-znaci

Еве што треба да избегнувате според хороскопските знаци:

Овен. Никако, ама никако не му кажувајте на Овенот што треба да прави. Ќе ја спушти главата и ќе ги подготви роговите за удар на оној кој му ја наметнува својата волја. Тоа ги вклучува и шефовите кои најчесто ги игнорираат. Овните знаат да се справат и дискретно со оние кои им пречат, но немаат никаков проблем и да ве удрат за да ве потсетат каде ви е местото (не насилно).

Бик. Не сакаат некои да им ги крати нивните уживања – не им ја допирајте храната и ситниците кои им значат. Тешко им е да сфатат дека постојат и поважни нематеријални работи, па затоа имајте разбирање. Не им ги допирајте одлуките и креативноста – тоа исто така е нивна „црвена крпа“.

Близнаци. Немојте да се обидувате да ги замолчите. Не прифаќаат критики. Не се лесни за одржување врска или пријателство, но имаат добра душа па затоа и се исплати да се потрудите.

Рак. Кога би сакале намерно да му го кренете притисокот на Ракот, нема ништо полесно – дајте му задача која нема врска со семејството, домот или пријателите, тоа ќе го убие во поим. Промена на навиките не постои во нивниот речник, а обидот да го воозбилите завршува како тотална катастрофа.

Лав. Обидете се нешто да му наредите на Лавот и ќе видите што значи да се биде крал на џунглата. Нема подобри од нив, само они можат да бидат во центарот на вниманието. Епа, како да се справите? Лесно. Нешто ќе си премолчите, нешто умешно ќе прошалтате како нивна идеја и ласкање. Никако лажење.

Девица. Избор на слика за на ѕид, комбинација на облека, тема на разговор – тоа е нивна работа. Вие не се обидувајте да се мешате. Своеглави се и си го прилагодуваат својот распоред само со себе. Потребно е да имате дипломатски вештини за да ги наговорите на нешто што вие сакате.

Вага. Вагите се родени дипломати и нема шанси да ги натерате да го кажат своето мислење за кое знаат дека е спротивно на вашето. Тоа секогаш ќе излезе како убаво спакувана и нежна критика, полна со совест. Вагите не сакаат караници, по потреба и ќе ве игнорираат само за да не ви се спротивстават. Секогаш мислат дека се во право, така што немојте да се лажете дека го прифатиле вашето мислење.

Скорпија. Ако почнете да им солите памет, ќе го направат токму спротивното од она што го препорачувате. Не им е лесно да простат на оние кои ги навредиле, така што не се чудете зошто после расправија покрај вас поминуваат како покрај „турски гробишта“. Може и да ве избришат потполно од животот, така што бидете воздржани.

Стрелец. Никогаш нема да можете да им наметнете обврска која они не ја сакаат. Имаат проблем со авторитети. Во разговор, не знаат за доста, и зборуваат се додека не паднат од умор.

Јарец. Со сите може да се пошегувате некогаш, но со Јарците- подобро не. Туѓата несериозност им оди на живци. Никако не ги брзајте, ова може само да ви донесе голем минус во нивниот црн тефтер. И секако, пожелно е да мислите како нив или барем да се однесувате како што они сакаат.

Водолија. Бавно, полека и сталожено не постои во речникот на Водолиите. Кај нив се мора да биде одма, сега и овде. Како да се навлечени на стрес, а при тоа често забораваат што создава дополнителна атмосфера на паника.

Риби. Ако ги игнорирате ќе имате проблем, затоа што нивниот внатрешен свет е секогаш посилен од реалноста околу нив, така што едноставно мора да ги разберете нивните идеи и ставови. Нивната мисија во животот е да им помогнат на другите, а сите останати треба да го забележат ова и да ги пофалат. Затоа – опсипувајте ги со пофалби и нема да има проблем.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 21:16

dietata-i-horoskopskite-znaci-povekje2Астролозите суеверно тврдат дека метаболизмот на секој поединечен хороскопски знак функционира на поинаков начин. Зависно од тоа во кој знак...


...сме родени мора да се внесуваат различни намирници. Проверете која е идеалната исхрана за вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните се енергични и решителни, па секоја диета ќе ја започнат со прецизен план, ентузијазам и одлучност. Бидејќи сакаат брзи резултати, лесно ќе се откажат ако килограмите не почнат веднаш да се топат. Најдобра диета за припадниците на овој знак се состои од риба, морски плодови, свежи салати и овошни сокови (особено јаболко и цитрон) како и големи количини вода. На тој начин ќе го контролираат својот силен „огнен“ метаболизам.

Бик

Биковите, моќните земјени знакови, губат тежина тврдоглаво, полека и континуирано. Бидејќи по природа се многу трпеливи, еднаш кога ќе одлучат да бидат на диета, нема да им биде проблем да ги чекаат резултатите на диетата и темелно да се придржуваат на постулатите за здрава исхрана. На Биковите им се препорачуваат плодови од земјата (особено есенски – јаболка и грозје), зеленчук и зачини како чили и кари, се разбира задолжитено и житарици. Треба да избегнуваат индустриски шеќер, бисквити, колачи и многу мрсни сосови. Познато е дека машките Бикови се големи гурмани и дека сакаат многу да јадат, тоа не е проблем додека се млади, но подоцна треба да се придржуваат на диеталните правила поврзани со нивниот хороскопски знак.

Близнаци

Близнаците често јадат хаотично и често избираат нездрава храна. Астролозите на Близнаците им советуваат да јадат почесто, по малку. Исто така треба да избегуваат кафе и сите пијалоци што содржат кофеин, наместо нив да пијат зелен чај. Близнаците треба да јадат што повеќе свежо овошје, како портокали, грејпфрут, праски и кајсии, односно што повеќе да уживаат во сезонското овошје.

Рак

Раковите се големи гурмани и големи мајстори во кујната кои непрестано испробуваат нови рецепти. Обожуваат ресторани, големи семејни дружења, правење колачи и сè што има врска со храната и готвењето. Раковите, особено женските припаднички на тој знак имаат тенденција да се дебелеат, особено во подцнежните години, затоа за да го сочуваат здравјето, треба помалку да јадат, односно да се одлучат за разноврсна нискокалорична исхрана. И на жените и на мажите им препорачуваме да јадат риба, морски плодови, грозје и особено сокови од зеленчук – морков, цвекло, брокула, зелка... Секако, мораат да избегнуваат шеќер, колачи, бел леб и пиво. Раковите се емоционални и лесно се вознемируваат. Своите стресови многу често ги „лекуваат“ со прејадување, но често имаат и проблеми со варењето. Важно е да јадат правилно и проверено, особено кога се на патувања во егзотичните земји, храна на која нивниот организам не е навикнат.

Лав

Лавовите се вистински хедонисти кои сакат патувања, слобода, добра храна и фини пијалоци. Лавовите воедно се силни знакови со јаки и брз метаболизам кој што им овозможува да останат активни и тенки. Треба да јадат разноврсно, особено зеленчук богат со железо, како што е спанаќот или брокулата, цвеклото, грозјето, кокосот... Лавовите мора да се занимаваат со интензивна физичка активност бидејќи во подоцните години, имаат тенденција на дебелеење.

Девица

Девиците имаат мрзлив и осетлив систем за варење. За нив најсоодветна е лесната исхрана. Пописот препорачува храната за Девиците да вклучува секогаш варен зеленчук, спанаќ, салати, житарици, домати, јаболка, банани и интегрален ориз. Девиците особено, треба да избегнуваат фаст фуд, многу месо, многу зачинета храна, маснотии како и варена храна со премногу масло.

Вага

Иако се многу активни, Вагите не би смееле својот организам да го опетеретуваат со прејадување и препивање. Тие мора да пијат поголеми количини вода, да избегнуваат алкохол и било какви благи пијалоци и да јадат храна богата со протеини. Астролозите им препорачуваат повеќе риба, морски плодови, јогурт и фрментирани млечни призводи, интегрален ориз, пченка, домати, спанаќ, грозје, јаготки и бадеми. На машките Ваги им се препорачува од менито да ги исфрлат бисквитите и колачите, односно да јадат храна богата со растителни влакна.

Скорпија

Најголемиот проблем со Скорпијата е тоа што поради стравствена фокусираност на нешто (работа, љубов, креативно создавање...) често пати заборава да јаде, па тоа го надоместува со големи и бргу изедени оброци. Исто така Скорпиите знаат да бидат фанатични и алчни. Идеална храна за нив се интегралниот ориз, зелената салата, целерот, краставичките, цречите, поморанџите и лимоните. Тие сакаат зачинети јадења, но бидејќи (особено жените) имаат осетливи слузници, мора да избегнуваат претерување со лути зачини.

Стрелец

Стрелецот е огнен знак кој често пати претерува со исхраната. Не е класичен гурман како Бикот или Ракот па често одбира нездрави фаст фуд оброци. Стрелците се мрзливи за готвење па јадат од нога и на брзина. Идеална храна за овој знак е: овошје богато со витамин Ц, домати и многу лук и кромид.

Јарец

Јарците најчесто немаат големи проблеми со вишокот на тежина, иако сакаат да јадат. Нивниот метаболизам е брз и правилен. Ако им се случи да се задебелеат, многу бргу се враќаат во оптимална форма. Нивна препорачана диета е онаа што вклучува зеленчук, зеленчукови супи, салати, умерени количини месо (кокошкино и дивеч). На Јарците им се препорачува да јадат чоколадо затоа што го поправа нивното сериозно и често „тмурно“ расположение.

Водолија

Водолијата е весел и активен знак кој што не е опседнат со храната. Ако сакаат да држат диета, Водолиите мораат да внимаваат да не јадат многу мрсно месо и колачи. Нивната идеална диета влкучува овошје, особено јаболки и цитрони, сушено овошје и ореви, бадеми и лешници. Машките Водолии треба да престанат да смислуваат ексцентрични комбинации на јадења и во својот живот да ја вратат навиката да консумираат едноставна и добро сварена храна.

Риби

Исто како и Раковите и Биковите, и тие сакаат многу да јадат, но потоа имаат проблеми поради својот осетлив организам. Многу Риби имаат проблеми со желудникот и верењето. Емоционалните стресови кај нив често се манифестираат како чир на желудник или зголемено лачење на желудочна киселина. За да издржат во здравата исхрана им треба подршка од семејството и пријателите. И жените и мажите Риби треба да јадат храна богата со железо и цинк, како јајца, џигер, житарици, грав, спанаќ, остриги, грозје, суви сливи, кајсии и праски.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.