IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Што прави оваа влада?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што прави оваа влада?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 200>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 03:01
Е ај сега оди и биди патриот... ни ги напикаа во сите витални ресори па утре ако спука недај боже пола армија и полиција контра ќе се сврти... Тоа е политиката на владата??? 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 03:00

ВМРО-ДПМНЕ: АРМ нема да се поклони пред оние кои убиваа припадници

Четврток, 16 Август 2012 16:26
Македонија

-Последните случувања во Слупчане прават штета на меѓуетничките односи, толеранцијата и довербата меѓу граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ го цени овој чин како обид за добивање ситни партиско-политички поени пред  својот електорат, а на штета на довербата помеѓу Македонците и Албанците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поклонувањето на офицери на АРМ пред споменикот на УЧК.

„Ако било кој сака со овој чин да прикаже пред својот електорат дека ја натерал Армијата на Република Македонија да се поклони пред оние кои пукаа и убиваа припадници на истата, треба да знае дека АРМ никогаш нема да го направи тоа, колку и некој да наоѓа поединци и да ги става во служба на партиско политички интереси.“ - се додава во соопштението.


А ТИПЧИЊАВА НА СЛИКАВА СЕ ГАРАНТ ПАРАВОЈСКА КОЈА УНИФОРМИТЕ ГИ КУПИЛА НА ЦИГАН ПАЗАР ПОД КАЛЕ А?!?!?!? КОЈА НАВРЕДА Е ОВА ЗА ЧОВЕКОВАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА... ДА ТЕ ПРАВИ НЕКОЈ ГЛУП И СЛЕП ПРИ ОЧИ И ЗДРАВ ПАМЕТ ПОЛОШО НЕМА.....

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 02:55

Се претставија како патриоти, но ни ги предадоа бранителите

Петок, 17 Август 2012 08:01
Македонија

Како да се две различни влади, во федерализација, а не независна република држава како Македонија, така се однесуваат коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ која пред своето преостанато членство се нарекува како патриотска партија која ако ја слушавме во 2006. никогаш не би коалицирала со терористи и нејзиниот коалиционен партнер од албанската етничка заедница со на грб вртоглав пад на нејзиниот рејтингот - ДУИ, партија која всушност потекнува од некогашните борци за свои права, кои токму ДПМНЕ ги нарече како терористи, а потекнуваат од организцијата УЧК.

На почеток ги амнестираа злоделата и масакрите на функционерите на денешниот наследник на македонската УЧК, а потоа не сакаа да проговарат за тоа, денес тие го премолчуваат историското и срамно поклонување на Македонската армија на споменик против некогашните нејзини најголеми непријатели терористичката организација УЧК, сето тоа во време на ВМРО ДПМНЕ.

Според аналитичарите, власта веќе забегала, а самата се замислува и само замислува дека го манипулира народот преку најголемите даночни затајувачи денешните две македонски национални телевизиски куќи кои го одработуваат делот за да останат на сцена.

- Народот веќе сфати дека граѓаните се манипулираат, дали од македонска или албанска националност или пак турска, тие се изманипулирани и полека се освестуваат од портокаловиот сон кој ја фрли државата во сиромаштија, децидни се аналитичарите.

Ако пред шест години прашавте член на денешната ДПМНЕ, дека некогаш партијата со предзнак ВМРО ќе амнестира терористи, а потоа армија раководена од нејзин министер, претседател и началник на генералштаб ќе поклони цвеќе на терористите од УЧК кои убиваа војници тие само ќе се насмееја и ќе речеа дека тоа не би го сторила ни СДСМ, а камоли патриотите од ДПМНЕ, но ете во време на ВМРО-ДПМНЕ се случи, велат аналитичарите и потенцираат дека веќе на вистинските вмровци им се гади од ова што денес ги злоупотребува буквите ВМРО.


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:36
За дозата на патриотизам можат да ти посведочат еден голем број на форумџии тука, кој сум, што сум и каде сум бил.... Дозата на патриотизам не се искажува преку аплаудирање за стадиони, споменици, аеродроми.. Дозата на патриотизам треба постојано да тлее во тебе и без разлика на маките со кои што се соочуваш да си ја сакаш сопствената држава и кога си и најпотребен на државата да застанеш во нејзина одбрана... дозата на патриотизам не ја покажувам преку симнување капа кон дрпачи од владејачка гарнитура која прави 1 урива 100.... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:32
Не живеам во минатото, туку во сегашноста а сакам да гледам кон иднината ... ама сите погледи ми се заматени од секојдневните притисоци што се создаваат од страна на сегашната власт.... Тоа е разликата... Дојди издржи го притисокот на секојдневните поскапувања а притоа платата нека ти тапка во место па оди после гордеј се на арените, и "таканаречените" инвестиции од кои ни денар нема да видиме бидејќи тие пари се однапред потрошени за нови и нови безмислени проекти.... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:28
Убаво прочепкај по архивите и на интернет и ќе најдеш еден куп докази за протести против БЦ и неговото самоволие и уништување во времето на неговото владеење... Туку пак ќе кажам.. И хитлер го разурна светот во 1940 па никој не кукаше како тоа Хитлер го уназадил светот, туку здружено со сите сили сите земји го изградија од ново.. Ама на Македончето му е најлесно да обвини некој друг за сопствената немоќ и незнаење... Мене ама ич не ми чуе дали се вика партијата на власт ВМРО или СДСМ, се додека тие не почнат да работат контра моите гледишта за пристоен и убав живот... Ако сака и партија на деснораки педераши нека се викаат тие на власт само да ми пружат пристоен живот каде нема да ме боли глава како да закрпам крај со крај... Ниту тогаш ми било поарно ниту пак сега ... Сум имал надеж во овие ама сега сум целосно разочаран а тоа разочарување ме прати во последните 2-3 години...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:18
Дефинитивно ги читам постовите и затоа читај 2-3 поста погоре, каде убаво кажувам да не се прави компарација со БЦ и неговата багра...
Муабетот во сите мои постови е ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБНО НЕОСНОВАНО ТРОШЕЊЕ ПАРИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА СВЕСТ ПРИ МОМЕНТИ НА ГЛОБАЛНА КРИЗА И ДАЛИ ОВАА ВЛАСТ ВЛЕЧЕ ПРАВИЛНИ ПОТЕЗИ СО ТОА ШТО ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЗАДОЛЖУВА ДРЖАВАТА А ПРИ ТОА НЕ АМОРТИЗИРА НИКАКВИ ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ШТО ДОПОЛНИТЕЛНО ЈА ОТЕЖНУВА СОСТОЈБАТА НА НАРОДОТ... ИСКРЕНО МЕ ЗАБОЛЕ МЕНЕ ЗА АРЕНАТА И ЗА СКОПЈЕ 2014 КОГА ПЛАЌАМ 80 И КУСУР ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР БЕНЗИН, ИЛИ КОГА НЕМАМ ЕВТИНА СТРУЈА ВО ВРЕМЕТО КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЗГОТВИ РУЧЕКОТ... А НАЈПОВЕЌЕ МЕ ИРИТИРА ШТО НЕКОЈ ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО НАЈАВУВА И НОСИ МЕРКИ НА ШТЕДЕЊЕ А ПРИ ТОА НЕ ГИ СПРОВЕДУВА ТУКУ ДОПОЛНИТЕЛНО ГО ЗГОЛЕМУВА ТРОШЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ ЗА БЕЗПОТРЕБНИ РАБОТИ ОД ТИПОТ НА РЕКЛАМНИ КАМПАЊИ, ГРАНДИОЗНИ ПРОЕКТИ, ФУДБАЛСКИ АРЕНИ...Секој нормален човек во едно семејство гледа да ги подмири долговите што му се тековни во месецот па ако остане да заштеди или да се полуксузира, а овие обратно.. прво се луксузираат а потоа за најосновните работи бараат заеми.... И ај сега мери аршин и види дали јас не сум ги прочитал постовите до крај... БТВ никад не сум бил на другата страна на реката туку секогаш сум ја согледувал реалноста бидејќи розеви очила незнам и несакам да знам како изгледаат...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 16:43
Значи дефинитивно немаш навика да ги читаш постовите од А до Ш.....Што очекуваш да направи оваа влада?Да го извади магичното стапче и да рече....пу,пу не важи она што го направи БЦ,ајде сега од почеток.....Никој не гледа дека БЦ ја остави државата во долгови,со тотално уништена економија,рекет,непотизам,итн.....Не ја оправдувам сегашната гарнитура за потезите кои ги прави,но сепак се направија некои чекори кои се за пофалба,сепак да бидеме реални......Него проблемот е зошто ВМРО се нафати да ги прави сите реформи,тоа е најголемиот проблем.Дали народот ке реагираше ако беше друга политичка партија,и ги правеше овие работ?НЕ......Никој не се побуни кога беше аферата ТАТ,уривањето на двата патничи авиони,факањето на ОКТОПОДОТ,итн.....Тоа народот го заборави брзо...Кога се шверцуваше безнин и се пазареше во Бугарија,за да се прехранат фамилиите,тоа брзо народот го заборави.Е сега кога некој се обидува да стави ред во државата,е тогаш не чини.А зошто?Зошто е ВМРО.......Како наеднаш Македонската кошаркарска репрезентација е 4 во Европа во баскет,како наеднаш добивме најубава фудбалска арена во регионот на бивша Ју,како наеднаш добивме европски аердром......Значи кога некој се обидува да ја подигне свеста на еден народ,да е горд дека е Македонец,наеднаш не чини......Се фрла со дрва и камења....Ке кажам пак,не ги оправдувам со проектот Скопје 2014,но сепак за некои проекти секоја чест.Ниту ВМРО ниту СДСМ не ми помогнал затоа сум тука каде што сум сега,каде животот не вреди ниту 5 денари.Но националното чувство дека сум Македонец ке живее со мене дури сум жив....Државата не се сака или се сака ако е ВМРО или СДСМ на власт,па ајде сега.....Ако нема во тебе ниту малку доза на патритизам и гордост дека си Македонец,тогаш не би коментирал понатаму...А дали грешат или не времето ке каже,како што кажува времето кое помина кога БЦ беше на власт,нели!!!

Е сега ако си бил од другата страна на реката и сега не можеш д аја поминеш бидејки сите мостови се срушени е тоа е веке друга песна....
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 14:17
Пак се вртиме околу БЦ .... Кажав БЦ умре пред 10 години а овие го воскреснаа за да имаат дежурен кривец за сите глупости што ги прават.. Еден вид параван за немоќта и незнаењето на оваа владејачка гарнитура.. Добар изговор за секоја ситуација во државата... Ајде еве одговори ми дали е БЦ крив за поскапувањата што се направија во изминативе 6 месеци? Гарант е тој крив... Дали е БЦ крив за неконтролираното трошење на државни пари, за реклами, споменици и крпење на буџетски дупки кои самите си ги создаваат? Дали е БЦ крив за немоќта на Грујо да им се спротивстави на албанските коалициони партнери? БЦ беше, народот го погреба а овие го воскреснаа .... И Америка ја пеплоса Јапонија 1945, и Хитлер го унакажа светот во 1940 па никој веќе не се вади на него туку е само лош спомен од минатото... Проблемот кај оваа владејачка гарнитура е што своите погрешни потези и неспособност ги припишува на други луѓе кои во моментов ама апсолутно немаат никакво влијание врз работата на државните органи... Веќе 6 години и кусур други се на власт, а државата оди надолу... Зашто е тоа така?
Не мешајте баби и жаби....
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 09:48
Значи ајде ке ги ставиме гревовите на Бранко и Грујо па ке видиме чив грев е поголем.
1.Бране или Б.Ц помодерно е,нели.Премиер на Владата на РМ со два мандата.Уништена 10000000% економијата која остана од таа Југославија,афери уцени рекет сива економија.Не направи ама баш ништо да се придвижат работите во позитива.Проблемот со Грција го реши на типичен начин,а бе друг нека се замара,дур сум јас на власт да ми биде убаво.Направи да транзицијата трае 20 години.Уништени фабрики,луге без работа......
2.Грујо или Никола Груевски актуелен премиер на РМ.Обиди да се задвижи уништената економија во Македонија.Фабриките на Џонскон мети и Џонсон контрол,фабриката за кабли кај Битола,Дрексклајмер кај Кавадарци....Обиди да се тури ред во приватните фирми(до некаде му успеа).....Средување на инфраструктурата и други помали и поголеми проекти кои чекаат да се завршат....Не го оправдувам за спомениците во Скопје,бидејки не успеаа да ја доловат сликат на старо Скопје...Не го оправдувам поради задолжувањето и земање кредити.....

Само да појаснам,не сум ни за ВМРО ни за СДСМ,затоа сум во најопасната држава каде животот не вреди ниту 5 пари.Да заработам парче леб и поубав живот за мене и фамилијата.Само ги гледам работите со отворени очи.Добро го паметам времето на БЦ и на Грујо.Добро знам кога татко ми доби инфаркт кога ја затворија фабриката каде работеше 36 години.Добро знам како е да се работи во нашите приватни фирми.Едноставно ставете ги гревовите на БЦ и на Грујо на вага,па вагата ке пресуди кој е во право...
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 04:09
Еве ви еден добар извадок

♦ Воденица: Пред 10-тина дена граѓаните добија илинденска честитка од страна на Регулаторната комисија. Покрај поскапувањето на струјата и укинувањето на дневната евтина тарифа, објавен беше и Правилник за топлинска енергија за кој што вие како партија веднаш најавивте дека ќе го обжалите пред Уставниот суд. Притоа не испуштивте да ја нападнете и Владата, но со оглед на фактот што Регулаторната комисија е независно тело, би ве запрашале каде ја лоцирате одговорноста на власта заради ваквите мерки?

Андреј Жерновски: Ова што се случи на само ден пред големиот празник Илинден, не само што е неумесно, туку е и нехумано од страна на Владата. Велам на Владата, затоа што е повеќе од јасно влијанието кое таа го има врз независните тела како што е Регулаторната комисија. Имено, согласно член 25 од Законот за енергетика, Регулаторната комисија е составена од 5 члена. Членовите и претседателот на Регулаторната комисија, кој е еден од членовите, на предлог на Владата на Република Македонија, ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија. Значи, иако по закон Регулаторната комисија за енергетика е независно тело сепак во пракса не е така, бидејќи членовите на комисијата произлегуваат од редовите на партиите на власт. Биле нивни членови или многу блиски соработници на функционери од Владата. Поединци дури биле и на високи позиции во раководствата на партијата на власт. Ако го погледнете составот на сегашната Регулаторна комисија, ќе се уверите дека сите се именувани во периодот од 2007 до 2011 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и за сите нив гласале пратениците од владеачката коалиција. Минатата недела, ЛДП поднесе преставка до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на новиот Правилник за топлинска енергија одобрен од оваа независна Регулаторна комисија. Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина работи во интерес на граѓаните, очекуваме да ни се придружи кон жалбата.

Инаку, одговорноста на Владата е во неколку сегменти. Прво владата не презема ниеден чекор во областа на даночната политика. Со намалување на одредени давачки на енeргенсите директно би се влијаело на намалување на цените на горивата, парното греење и електричната енергија. Така може да се намали стапката на акциза, или пак да се интервенира во стапката на ДДВ. Дека е тоа можно Владата потврди минатата година пред вонредните парламентарни избори кога извесен временски период ја намали акцизата на горивата. Но брзо по изборите ја врати старата цена, што е само доказ дека тоа беше манипулација со граѓаните за да ги добијат нивните гласови. Но Владата не сака да се откаже од својот комодитет на трошење и важно им е само да си ја полната државната каса. Можеби изгледа нелогички но на владата ѝ одговараат повисоки цени на горивата. Така, на пример, кога цената на бензинот беше 60 денари, во државната каса се слеваа 30 денари. На цена од осумдесет денари, 35 денари се одвојуваат за државната каса.

Понатаму, одговорноста на Владата се наоѓа и во начинот на менаџирање на енергетските компании кои се во сопственост на државата, како што се ЕЛЕМ и МЕПСО. Еден од главните критериуми за поскапување на цената на електричната енергија се трошоците на работење на овие компании. Во последните години овие компании работаат со зголемени трошоци што директно влијае на цената на струјата. Сигурен сум дека има можности за намалување на трошоците, а со тоа и на цената на електричната енергија. На пример, за што се рекламираат ЕЛЕМ и МЕПСО кога се монополи? Дали со тоа купуваат одредени медиуми кои работаат во корист на власта? Има резерви и во намалување на трошоците на работењето на рудниците и термоелектраните, а со тоа и на цената не електричната енергија.

Да резимирам, постојат повеќе можности во даночната политика и раководењето на енергетските компоании, кои би довеле до пониски цени на енергенсите. Тие мерки не можат во целост да го намалат влијанието на светските цени, но можат да го ублажат ударот врз стандардот на ионака сиромашниот македонски граѓанин.


♦ Воденица: Се сеќаваме на една ваша интересна математика: Од една страна власта ги зголеми платите за 20% на администрацијата, а од друга страна за 100% се покачија струјата, парното, горивото и прехрамбените трошоци, па констатиравте економски стандард од минус 80%. На тоа ги додавате и секојмесечните задолжувања на државата од по сто милони евра. Имате ли приближно точен податок колкаво е задолжувањето на државата во изминативе шест години?

Андреј Жерновски: Навистина е несфатливо како власта, наместо да е сериозно загрижена со она што се случува на економски план во Македонија, се фали со покачување на платите и пензиите. Со тие исти плати и пензии, граѓаните не можат да ги задоволат ни своите основни потреби. Како потврда на тој факт, минатата недела пристигна уште една шокантна вест за нашата земја. Најпознатата светска телевизија CNN ја оцени Македонија како една од петте земји на оваа планета со најлоши економии, притоа се најдовме во друштво на Конго, Судан и Белорусија, а само пред неколку месеци, угледниот „Економист“ нè прогласи за лидер во светот според индексот на мизерија.

Состојбата со вкупниот долг, или задолженоста на земјата, е уште еден податок за лошата еконмска политика во земјава. Само за илустрација, вкупниот долг на 31.12.2006 година изнесуваше 1.673 милиони евра а на 30.06.2012 изнесува 2.244 милиони евра (ова се податоци од министерство за финансии). Тоа покажува зголемување на долгот на државата за 570 милони евра. Во оваа бројка не влегуват задолжувањата на јавните претпријатија и приватниот сектор.

Ако навлеземе во структурата на задолжување, ќе добиеме уште полоша слика. За тоа е потребна дебата, која Груевски упорно ја избегнува. Нека не манипулира со задолжувањето изнесено како процент од БДП. Тој прво мора да даде одговор за што се потрошени овие 570 милиони евра, со кои владата ги задолжи граѓаните на Македонија. Но, покрај тоа што не дава одговор на овие прашања, Владата и понатаму продолжува да се задолжува. Само во изминативе четириесет дена (од 30 јуни наваму) има нови задолжувања во записи и државни обврзници за нови 300 милиони евра. Значи реално гледано, ако се земе предвид и структурата на внатрешните задолжувања, за неполни шест години, Груевски ја зголеми должничката слика на државата за над милијарда евра. Се разбира ова се податоци кои произлегуваат само од званичните задолжувања и од информациите кои ги дава Владата. Но, таа ги крие обврските кон своите добавувачи, односно фирмите на кои им должи, а тоа значи дека долгот на државата е уште поголем.

И сега што понатаму да се дискутира????

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 03:16
Само немојте да ми одговарате од типот БЦ ова БЦ она.. БЦ го нема 6 и кусур години на власт... Грујо е на сцена во последната полудекада и више.... Дајте ми реални одговори на прашањата... Ако сеуште останал некој да ги брани и поддржува.... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 03:12
Уште една спорна работа е контролата врз работењето на скоро сите министерства... Во моменти на криза нашата влада донесе мерки за спас од кризата, а тоа беа мерки на штедење. Во моменти на штедење започнува проект наречен Скопје 2014, исто така во момент на криза никој не врши контрола врз работата на министерствата и нивните фирми и да направи увид во трошењето на финансиите... Во време кога нафтата на берзите рипаше поголемите земји ги замрзнаа дел од давачките за 1 литар гориво како не би дошло до ценовен шок, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата на народот... А кај нас ништо не се замрзна, само се најавија мерки на штедење ама сето тоа помина како евтин маркетиншки трик.. Во тие моменти продолжија да се прават рекламни кампањи за образованието, за здравството, се отвораа нови проекти, се купуваа автобуси, започнаа со шетање по светот за привлекување на инвеститори и слично, а дома новчаникот празен... И на тој начин нашата влада штедеше? На тој начин му помогна на и без тоа осиромашениот народ... Исто така владата акумулираше огромни суми на пари од увозот на половните автомобили... ДДВ, ЦАРИНА, АКЦИЗА, ХОМОЛОГАЦИЈА, РЕГИСТРАЦИЈА, ДОПОЛНИТЕЛНИ ДАВАЧКИ... сума сумарум најмалку по 300-400 евра од автомобил се акумулираше во државната каса... Прашањето е каде отидоа тие пари и зашто Македонија дополнително се задолжува????
И немојте да ми ја фалите сегашната власт зашто целосно недомаќински се однесува ... Претходните беа идиоти затоа ги збришаа во 2006, ама сегашниве се веќе 6 години на власт и апсолутни ништо на подобро не отиде... Од ден на ден дуќани се затвараат, фирмите се потешко крпат месец за месец, а тек па за народот... тој што има, сега дупло има, тие што малку имале сега го немаат и бројката на социјално загрозени семејства секојдневно расте... Зарем тоа е преродбата ??? Нека ми одговори некој што од петни жили ги бранел и ќе ги брани.... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 03:01
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Под притисок на власта ова се случува

15.08.2012, 10:01

ПРИ­ВАТ­НИ­ТЕ ПЕН­ЗИС­КИ ФОН­ДО­ВИ ЈА ПРО­ДА­ВА­АТ ЕВ­РО­ОБ­ВРЗ­НИ­ЦА­ТА

Вла­да­та зај­ми 20 ми­ли­о­ни ев­ра од ид­ни­те пен­зи­о­не­ри

При­ват­ни­те пен­зи­ски фон­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја ку­пи­ја др­жав­ни об­врз­ни­ци и со тоа, во из­ми­на­ти­ве де­сет де­на $ да­доа нов за­ем на Вла­да­та од 20 ми­ли­о­ни ев­ра. Тоа зна­чи де­ка со пос­лед­ни­от за­ем, др­жа­ва­та им дол­жи на ид­ни­те пен­зи­о­не­ри вкуп­но 177 ми­ли­о­ни ев­ра, заш­то 57% од па­ри­те во два­та фон­да се ин­вес­ти­ра­ни во др­жав­ни об­врз­ни­ци.

От­ка­ко на 8 ав­густ ста­пи­ја на си­ла из­ме­ни­те на За­ко­нот за ка­пи­тал­но фи­нан­си­ра­но пен­зи­ско оси­гу­ру­ва­ње, пен­зис­ки­те фон­до­ви поч­наа да ја про­да­ва­ат ев­ро­об­врз­ни­ца и свес­но да ра­бо­тат со за­гу­ба, заш­то влас­та со­си­ла им на­мет­на но­ва ин­вес­ти­ци­ска по­ли­ти­ка. Два­та фон­да ве­ќе про­да­ле две тре­ти­ни од ев­ро­об­врз­ни­ца­та, ко­ја тре­ба да дос­та­са во 2015 го­ди­на. Та­му па­ри­те на ид­ни­те пен­зи­о­не­ри се зго­ле­му­ваа со ка­ма­та од над 7%. Се­га ис­ти­те па­ри не мо­жат да би­дат оп­ло­де­ни тол­ку доб­ро, заш­то се ин­вес­ти­ра­ат во об­врз­ни­ци со ка­ма­та од око­лу 5%.
"Мо­ра да го по­чи­ту­ва­ме за­ко­нот што бе­ше из­гла­сан ми­на­ти­от ме­сец од Соб­ра­ни­е­то. Спо­ред не­го, ние мо­ра до 15 ја­ну­а­ри 2013 го­ди­на да ја про­да­де­ме ев­ро­об­врз­ни­ца­та. Се бо­ри­ме да нап­ра­ви­ме кол­ку што мо­же по­ма­ла за­гу­ба за на­ши­те чле­но­ви", ве­ли Јан­ко Трен­ков­ски, ди­рек­тор на КБ прв от­во­рен пен­зи­ски фонд.
Ре­гу­ла­тор­на­та аген­ци­ја МА­ПАС, ко­ја ја кон­тро­ли­ра ра­бо­та­та на пен­зис­ки­те друш­тва и го шти­ти ин­те­ре­сот на оси­гу­ре­ни­ци­те, сe уш­те не знае кол­ка­ва ќе би­де за­гу­ба­та на чле­но­ви­те по­ра­ди но­во­то за­кон­ско ог­ра­ни­чу­ва­ње на Вла­да­та. Ди­рек­то­рот Бу­ленд Дер­ви­ши ве­ли де­ка не чувс­тву­ва лич­на од­го­вор­ност, заш­то тој не ги но­сел за­ко­ни­те.
"Ќе нап­ра­ви­ме ис­тра­жу­ва­ње ко­га вра­бо­те­ни­те ќе се вра­тат од од­мор. Уш­те не зна­е­ме да­ли ќе има за­гу­ба и се­то ова е са­мо ка­жа­но на ули­чен ја­зик", из­ја­ви вче­ра Дер­ви­ши.
Пред да се до­не­се За­ко­нот, тој из­ја­ви де­ка МА­ПАС не се сог­ла­су­ва со но­ви­от пред­лог, но де­ка ни­кој од Вла­да­та не ги пра­шал за мис­ле­ње.
Пр­вич­ни­те ана­ли­зи по­ка­жаа де­ка со пред­вре­ме­на­та про­даж­ба на ев­ро­об­врз­ни­ца­та, 300.000 оси­гу­ре­ни­ци, чле­но­ви на при­ват­ни­те пен­зи­ски друш­тва, ќе за­гу­бат око­лу 15-20% од па­ри­те што ги ин­вес­ти­ра­ле во неа. Два­та пен­зи­ски фон­да во ев­ро­об­врз­ни­ца­та имаа вло­же­но вкуп­но 75 ми­ли­о­ни ев­ра.
Р. Фо­ти­нов­ска

Извадено од денешниот број на Вест (про владин) дневен весник... Дали тоа значи дека власта ги губи ингеренциите врз медиумите?




 Други, како на пример САД и Канада, позајмуваат со продавање на државни обврзници со кои државата губи помалу во плаќање на камати во однос со позајмувањето пари од интернационалните банки.




Економиите на САД и КАНАДА се далеку поразвиени од економијата на Македонија... Колку и да се во криза овие држави имаат премногу резерви за да можат во краен случај да амортизираат и најтешки кризи... Македонија со обременета економија, утепан извоз и со скоро никаков прилив на свеж капитал и пари и скоро никакви резерви сакаш да се мери со големите риби? Туку целата ситуација се врти околу прашањето ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА И БЕА ПОТРЕБНИ ЕКСКУРЗИИ И ТЕШКИ ФИНАНСИСКИ ПРОЕКТИ ВО МОМЕНТ НА КРИЗА И ВО МОМЕНТ НА ПРЕГОЛЕМА ЗАДОЛЖЕНОСТ????
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 200>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,268 секунди.