IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Споменик на Александар на плоштад Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Споменик на Александар на плоштад Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 525354
Прашање: Дали сте за изградба на споменикот
Одговор Гласови Статистика
55 [56,12%]
4 [4,08%]
31 [31,63%]
8 [8,16%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 15:19


ИНИЦИЈАТИВА

В година споменик на Александар Македонски на плоштад

Споменик на Александар Македонски дефинитивно ќе се подигне, и тоа најдоцна до почетокот на идната година, но на која локација засега никој официјално не сака да каже. Иако минатата недела Општина Центар распиша конк*рс за изработка на идејно решение за монументална целина на фонтана со склуптура на Александар Македонски на коњ, со можна придружна фигуративна содржина, во огласот не е посочена местоположбата за која се работи. Извори од општината велат дека било договорено споменикот да се подигне на местото на кое вообичаено се поставува новогодишната елка, иако допрва треба да се усогласи урбанистичкиот план за тој простор, зашто постојниот ДУП не предвидува подигање на никакво спомен- обележје. Од Градот тврдат дека немаат никаков официјален допис во врска со поставувањето на споменикот и посочуваат дека од медиумите слушнале дека ќе се постави на плоштадот, но можеби и на улица „Македонија“. Во случај градскиот плоштад да е дефинитивниот избор, амин ќе треба да дадат и градските власти.

Претседателот на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев, кој е единствениот што дава изјави во врска со споменикот, вчера не беше достапен да ги објасни дилемите околу неговата локација, но и да потврди како и дали воопшто е расчистен случајот со наводните игри околу донесената одлука на Советот за подигање на споменикот. Имено, пред околу два месеца Нада Зрмановска, советничка од СДСМ, го обвини Здравев дека го прекршил деловникот, односно ја злоупотребил одлуката на советниците и во „Службен гласник“ на општината, покрај одлуката за поставување на споменикот, била утврдена и локацијата на која ќе се гради тој - плоштадот „Македонија“, иако советниците не зборувале за тоа. Зрмановска тогаш рече дека Советот гласал за поддршка на иницијативата за поставување на споменикот, без да ја договори локацијата која дополнително требало да се утврди.

„Одлуката објавена во ’Службен гласник‘ не е иста со онаа од стенограмите. Во него пишува дека Советот одлучил да почне постапка за подигање споменик на Александар Македонски на плоштадот ’Македонија‘. Според стенограмите, таа локација не е спомната, туку се задолжува посебна комисија да најде место на кое ќе се подигне споменикот. Локацијата треба да биде во согласност со детаљните урбанистички планови“, посочи Зрмановска.

Но, реакциите на советничката како да паднаа во вода, зашто Советот и неговиот претседател преминаа преку се'. Здравев само накусо посочи дека стенограмите ќе ја кажат вистината, иако советниците се посомневаа дека и тие можат да се злоупотребат. Дознаваме дека прашање на ден е кога група советници на прес-конференција со аргументи ќе алармираат за, како што велат, злоупотребената одлука, односно за кршење на Деловникот за работа од страна на претседателот на Советот. Изиграните велат дека не се противат на изградбата на споменикот, но посочуваат дека сето тоа треба да помине низ легални рамки. Додаваат дека сето ова им личи на политичка игра која ќе ги подгрее и онака веќе вжештените меѓуетнички, но и меѓународни односи, бидејќи иницијативата за изградба на споменик на Александар Македонски токму во овие моменти претставува нова провокација кон нашиот јужен сосед.

Изменето од Анастеа - 13.Јули.2009 во 01:32
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 525354
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.