IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За Иконите (само текст, без слики!)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За Иконите (само текст, без слики!)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 57>
Автор
Порака Обратен редослед
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 16:12
Originally posted by Cinik Cinik напиша:

Tolku trud za dzabe?

Procitajte i poucete se i baba mi si imase ikona na koja i se molese akoga se molese liceteo kako da i se menuvase i od nego se citase nesto neobicno i sveto.




nemojte da bidete sueverni
Кон врв
Cinik Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cinik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 16:04
Tolku trud za dzabe?

Procitajte i poucete se i baba mi si imase ikona na koja i se molese akoga se molese liceteo kako da i se menuvase i od nego se citase nesto neobicno i sveto.

Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 15:47
    Maran Ata, sekoja cest za trudot sto se obiduvas da dokazes deka postoenjeto na ikoni e od Boga zapovedano.
   Samo vo site tie stihovi sto gi citiras nikade ne ja opravduvaat ulogata na ikonite vo zivotot na pravoslavnite vernici.
   Nema da najdes nikade vo Pismoto kade pisuva konkretno da se crtaat sliki i da se molime pred niv.
   Stopati e pisuvano na forumov, ako bilo tolku vazno ke bese zapisano vo Biblijata.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 14:55
Зборот икона доаѓа од грчкиот збор εἰκών (еикōн), што значи лик, образ, слика. Господ го создал човекот според своја икона (лик, образ, слика), но не во материјална, односно надворешна, туку во духовна смисла. Значи, Господ е првообразот, а ние сме создадени според Неговата икона (лик, образ). Но, со паѓањето во грев, ние го валкаме тој образ, таа икона. Затоа, само оној кој ќе си го очисти срцето од страстите и ќе го просветли својот ум, само тој го стекнува оној чист образ кој Бог на почеток им го даде на првите луѓе. А таа цел ја имаат постигнато светителите – тие се оние луѓе кои се вратиле кон првобитната состојба која Бог ја дал на Адам и Ева, односно таквите луѓе станале богови по благодат.

Затоа св.Василиј Велики ќе рече: “Почитувањето упатено на иконата, допира до првообразот”.

За православните, иконата е цртано Евангелие. На неа се прикажани сите настани од Библијата. Само брз поглед да се фрли, на пример, на иконата на св.Јован Крстител, јасно ни станува дека тој бил обезглавен и главата му била ставена на чинија, дека живеел во пистина, дека бил облечен во облека од камилски влакна и појас од кожа околу слабините, и по крилјата кои му се нацртани разбираме дека тој е оној ангел кој бил испратен пред лицето на Господа, за да го приготви Неговиот пат. Иконите се средства преку кои се буди нашата внатрешна духовна состојба. Само кога ќе ја погледнам иконата на св.Јован Крстител, мене веднаш ми текнува колку ревносно тој Го следел Господ и дека заради Неговото име и пострадал, и ми доаѓаат покајнички мисли.
Порано, тоа на сите ни е познато, луѓето не се школувале како што денеска тоа се прави. Тие не можеле да го читаат Светото Писмо, но преку иконите ја дознавале неговата содржина.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Би сакал да ви цитирам нешто од Православниот молитвеник на Брегалничката епархија (стр. 224)

   „Кога и како се целиваат светите икони?

При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средината, па и оние отстрана...
Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин:
се прават два поклона пред неа, па се целива, потоа се прави уште еден поклон..."


Православните христијани не се поклонуваат и не ја почитуваат иконата како материјал, како боја и дрво, туку се почитува таа човечка икона која е насликана на неа. Значи, кога има голем број на цитати од Библијата во која луѓето се поклонувале еден на друг…

1 Мојсеева 27, 29 Народи да ти слугуваат и племиња да ти се поклонуваат! Да бидеш господар над братот свој и да ти се поклонуваат синовите на мајка ти! Проклет да биде оној, што тебе те проколнува, а благословен – оној што тебе ќе те благословува!

1 Мојсеева 42, 6 А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа земја. И браќата Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија со лицето доземи.

1 Мојсеева 47, 31 И му рече: „Заколни ми се!” И тој му се заколна. Тогаш Израил му се поклони врз перницата од својата постела.

Дела 16, 29 А тој побара светло, истрча и растреперен падна пред Павле и Сила;

…зошто тогаш би било грев да се поклонуавме пред изобразба на некој кој е бог по благодат, пред некој кој достигнал еден дел од совршенството, од кое ние сме многу далеку? Тоа воопшто не значи дека го ставаме на местото на Бог, туку дека го почитуваме затоа што живеел свет живот и е добар пример за нас како и ние треба да живееме угодувајќи Му на Бога, знаејќи дека тој светител сега е во небесните обители во радоста на славата Божја. Ако некој бакне икона на која е изобразен св.Јован Крстител, тој со усните го бакнува, а со умот се вознесува до светителот, т.е. не го бакнува материјалот, туку оној што е насликан. Православните христијани не ја обожаваат иконата, ниту пак светителот кој е изобразен, туку го почитуваат. Пак ќе нагласам – НЕ ОБОЖАВАМЕ светители, туку почитуваме. Истото се случува и со сликите кои дома си ги чуваме. На нив има многу наши мили личности и знаеме понекогаш со чувство на љубов да ја бакнеме сликата, односно личноста која е сликана, но тоа не значи дека ние сме идолопоклоници.
Некој тука ќе приговори зошто тогаш не се молиме на тие наши мили личности кои се на сликата, ама логиката е многу јасна – затоа што тоа може да се луѓе кои, како што реков, си го имаат извалкано својот првобитен образ, луѓе кои не се христијани, кои се атеисти, луѓе кои воопшто не се ни трудат да живеат богоугодно. Луѓе кои не ја исполниле и не сакаат да ја исполнат својата цел да станат богови по благодат.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Што е суштината на оваа заповед?

Забележливо е дека таа содржи три основни сегменти:

1. Забранета е изработка на ликови и слики кои ќе служат како сакрални предмети, претстави или претставители при нашето општење со Господ.
2. Забрането е да им се прават метании на вакви предмети како дел од побожноста и духовноста.
3. И конечно, Божја закана дека ќе го казни непочитувањето на оваа заповед.


Најчесто, најголема полемика се ствара околу втората Божја заповед. Но за да се сфати суштината што сака Бог да каже преку тоа, ќе ја пастирам и првата заповед, бидејќи втората доаѓа како нејзина последователност.

Исход 20, 2 „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството. 3 Немој да имаш други богови освен Мене! 4 Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;5 немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, ако тие Ме мразат;

Во овие стихови јасно се вели дека се забранува да се прави идол, друго божество кое ќе се почитува и ќе се стави на местото на Бог. А со оглед на тоа што православните христијани не ги обожаваат иконите и светителите, значи дека не се ни идолопоклоници.

Господ понатаму Самиот појаснува дека навистина со оваа заповед мисли на туѓи божества, идоли, кои се во врска со бесовите.


Исход 20, 23 Не правете си сами сребрени богови, ниту златни богови не правете сами за себе.

Исход 22, 20 Кој принесува жртва на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби.

Исход 23, 13 Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на туѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша.

Исход 23, 23 Кога ангелот Мој ќе појде пред тебе и те одведе кај Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, (Гергесејците), Евејците и Јевусијците, и кога ќе ги истребам (од пред вашето лице): 24 немој да им се поклонуваш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку скрши ги и спомениците нивни уништи ги.

Исход 34, 13 туку жртвениците нивни урнете ги, и спомениците нивни скршете ги; и светите дрвја нивни исечете ги (и нивните излеани Богови изгорете ги во оган). 14 Зашто ти не треба да се поклонуваш на други богови освен на Господ (Бог), бидејќи името Негово е ревниво; Тој е Бог ревнител. 15 Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та кога ќе се оддаваат на блуд за своите богови и им принесуваат жртва, да не те поканат и тебе да јадеш од нивните жртви. 16 И не земај од ќерките нивни жени за своите синови (и не давај ги своите ќерки за нивните синови), та да не би и ќерките нивни, вршејќи блуд за боговите свои, да ги натераат и синовите твои на блуд за боговите нивни. 17 Не прави за себе лиени богови!

Броеви 25, 1 Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав; 2 и тие го покануваа народот да присуствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.3 И му се приклони Израил на Ваал Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израил.

Напротив, Бог дури и му заповедал на Мојсеј да направи ликови за богослужбена употреба на вистинскиот Бог.

Исход 25, 9 Се, (направете) како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа – така да направите.

Исход 25, 18 И направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот; 19 направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од очистилиштето. 20 херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон очистилиштето. 21 И стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас

Светилник со седум гранки
Исход 25, 31 И направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде кован; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови – сите тие од него да излегуваат;32 шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата
страна на светилникот; 33 три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот, 34 а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови; 35 едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки – така под шесте гранки што излегуваат од светилникот (и на светилникот четири чашки во вид на оревов цвет). 36 Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато.40 И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.”

Исход 26, 1 „Направи и скинија од десет платништа: од пресукан лен, од сина, црвена и светлоцрвена волна; врз нив да направиш и херувими – уметничка изработка. 30 Така ќе ја направиш скинијата според образецот, што ти беше покажан на планината. 31 И направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен; и на неа нека има уметнички извезени херувим

3Царства 6, 18 По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; се беше покриено со кедар; камен не се гледаше. 23 А во Светињата над светињите направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти. 29 И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор.

Езекил кажува - 1, 5 во средината негова, пак, видов призраци на четири животни - по обликот свој слични на човек; 6 секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив - по четири крилја; 7 а нозете нивни - прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита (крилјата, пак, нивни беа лесни). 8 А под крилјата нивни имаа човечки раце - на сите четири страни. 9 четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во насока на лицето свое. 10 Обликот на лицето нивно им беше како лице човечко и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна - лице телешко кај сите четири, и лице орловско кај сите четири животни.

Езекил 41, 18 беа направени херувими и палми: палма меѓу двата херувима и кај секој херувим - по две лица. 19 Од едната страна кон палмата имаше свртено човечко лице, а од другата страна кон палмата - лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу. 20 Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по ѕидовите на храмот.

Во заповедта се вели дека не треба да се прави слика на се она што е на земјата (вклучувајќи ги и растенијата и животните), но веднаш потоа Бог вели да се направат цветови и палми и херувими со животински и птичји лик.

А треба со особено внимание да го забележиме овој стих

Исход 25, 22   и тука, над капакот, меѓу двата херувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за се ќе им заповедам преку тебе на синовите израилски.

Господ не само што дава заповед да се направат Херувими, туку и се јавува меѓу нив!

Значи, разликата помеѓу оние ликови кои претставуваат идол и помеѓу ликовите кои се за богослужбена употреба се состои во тоа што идолите се нереални претстави на нешто што не постои, зад чија позадина стојат нечистите духови и им се препишува славата која може да ја има само единиот Бог, додека, пак, иконите за богослужбена употреба се реални луѓе кои постоеле, кои живееле за Бога и кои со својот живот Го исповедале, т.е нешто што е Божјо и нема никаква врска со бесовите.

Интересна работа е што Евреите до нивното излегување од египетското ропство немале храм, немале скинија, и за да знаат како таа треба да изгледа, Бог им заповеда да ја направат по образецот што Тој им го дал. Истото се однесува и на иконата со ликот на Господ. Во Стариот Завет Христос сеуште не бил воплотен преку Богородица, сеуште никој не знаел како изгледа Господ, но откога Тој се објавил на човештвото и откако видовме и знаеме како изгледа, нема никакви пречки за Неговиот лик да го изобразуваме и да го почитуваме. Всушност, таа вистина ја потврдил и Тој Самиот, кога цар Авгар бидејќи бил болен и верувал дека преку Господ ќе се исцели, пратил сликар да го наслика, но Господ зел крпа, Го отиснал Својот лик на неа, и му ја пратил на царот. (тој спомен го славиме на 29-ти август – нов стил).




Изменето од Maran Ata - 15.Октомври.2008 во 04:03
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 13:33
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

[QUOTE=spiros]<FONT face="Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif" size=2>

 


Едно прашање од мене.

А како ќе ги објасниш сите чуда ( исцеленија телесни и душевни) што се случиле преку светите икони?

знам дека ќе речеш; од ѓаволот. Тогаш, уште едно подпрашање.

Ако е така, тогаш како ќе го објасниш фактот за промената на добро кај тие луге што го доживеале тоа чудо преку светите икони?

Сега секој сам нека си размисли дали светите икони се Богоугодни или не.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 13:05
Originally posted by Опитен Опитен напиша:


Едно прашање од мене.

А како ќе ги објасниш сите чуда ( исцеленија телесни и душевни) што се случиле преку светите икони?
 
Ова е само доказ дека ти (а и многу други) воопшто не ги читаш моите коментари и наместо дискусија, си водиш празни монолози на форумов.
Ова прашање јас веќе го одговорив во воведот на оваа тема под точката: "Најчестите изговори за иконопоклонството" - читај 2-от изговор. И како што гледам до сега, навистина сум бил во право дека тоа се НАЈЧЕСТИТЕ изговори за иконопоклонството среќа
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:



Најчестите изговори за иконопоклонството:



2. Чуда имало преку иконите, затоа треба да им се поклонуваме.

Прво, многумина кои ги испитале тие настани, велат дека нема веродостојни докази дека такви чуда се случувале.
Второ, дури и да имало чуда, тоа не ни дозволува да им се поклонуваме. Кога Израелците згрешиле, Бог испратил отровни змии за да ги касаат и секој каснат умирал. (Броеви 21:4-9). Мојсеј по заповед Божја направил една бакарна змија и ја подигнал на еден стап. Секој каснат човек, кој ќе ја погледнел змијата, оздравувал. Ниедна икона не сторила досега такво чудо како таа змија. Но, цар Језекиј неа ја уништил, зошто луѓето и каделе. Светото Писмо го фали како надобар и чесен цар меѓу сите други еврејски цареви. (4 Царства 18:3-6)
 
Јас би додал на горенаведеното дека и ѓаволот може да прави чуда преку икони. На пример, сетете се на единствената икона спомната во Новиот Завет - Иконата на Ѕверот, за неа јасно пишува дека таа ќе прозбори и многумина ќе бидат заведени од тоа чудо.
 
" И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што ликот на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот."
(Откровение 13:15)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 11:45
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by spiros spiros напиша:

<FONT face="Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif" size=2>

 


На оваа тема зборуваме за тоа дали иконите се богоугодни, или не, а не за тоа кој е подобар христијанин.



Едно прашање од мене.

А како ќе ги објасниш сите чуда ( исцеленија телесни и душевни) што се случиле преку светите икони?

знам дека ќе речеш; од ѓаволот. Тогаш, уште едно подпрашање.

Ако е така, тогаш како ќе го објасниш фактот за промената на добро кај тие луге што го доживеале тоа чудо преку светите икони?

Сега секој сам нека си размисли дали светите икони се Богоугодни или не.

Изменето од Опитен - 14.Октомври.2008 во 11:56
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 05:18
Тетратка - одмори една недела.
Do what is right, come what may...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 00:25
Во мојата куќа е секој добредојден кој не го плука или се бори против Евангелието Христово.
Пред некоја година дојде кај мене еден човек (Евангелист) кој живеел и во африка и наезнам каде не. Заедницата на која и припаѓа тој има околу 16 000 возрасни Христијани крстено.
Го седнав попреку таа слика. Зборувавме за тоа.
Јас знам дека тој брат го познава Евангелието - од сите оние кои се удираат во гради и ги преставуваат православците како најлошото на светот - подобро.
Нити тој, нити јас не се клањавме на сликата но се чудевме како Живиот Господ може да изнајде патишта и да ги додирне срцата на луѓето од нациите.

Ти благодарам многу за советот кој верувам дека е најдобро мислен. Се надевам дека набрзо Живиот ГОСПОД ќе им ги отвори очите на сите луѓе за сите видови на идолопоклонство и на она своено.

Јас сум уверен дека тогаш многумина што сега се прават први ќе бидат тогаш на една друга позиција.

Дајбоже да ги помилува ГОСПОД сите луѓе

АМИН

п.с. Тој брат оваа година ми дари на православна прочка (без да знае дека е празник на простување во православието) една книга за простување на која беше сликата на Рембрант “ Враќањето на блудниот син “ чии оригинал се наоѓа во најпознатиот руски музеј.
Прекрасен е Живиот ГОСПОД! ХАЛЕЛУЈАХ!


       



Изменето од spiros - 14.Октомври.2008 во 00:39
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 23:42
Спирос,

Јас ќе кажам едно мое видување.Не мора да го прифатиш ова што ќе го напишам но добро размисли што ќе правиш понатаму.

Сето е убаво тоа што го кажуваш во погорниот пост, тоа дека не се клањаш пред икони, бидејќи тоа е спротивно на светото писмо, и тој начин на Богослужење на бог му е мрзок.
Велиш дека дома држиш една икона кој е останата од војната. Нема никаков проблем тоа што ја имаш иконата во твојот дом, бидејќи ти не се поклонуваш и не и служиш на таа икона.

„да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје.“
(5 мојсеева 4:16)

Но што ќе се случи ако на гости ти дојде некоја бабичка која кога ќе влези во твојот дом, ќе почни да се клања. Но тоа не е најлошото. Што ако таа бабичка поверува дека таа икона е чудотворна и дека може да и помогне?

Што ако со твоето држење на иконата во твојот дом направиш таа бабичка да се соблазни и го направи тоа што е мрско и одвратно пред Бог? Да се клања и да верува во иконата дека е исцелителна и чудотворна?

Еве што вели Библијата за тие кои што ќе соблазнат еден од неговите најмали:

„А кој наведува на грев едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси мелнички камен на вратот, и да потоне во морската длабочина.
Тешко му на светот од соблазни! Зашто неизбежно соблазните ќе дојдат, но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната!”
(Матеј 18:6-7)

Сепак секој нека си остане во своите убедувања, а крајот ќе покаже кој бил во право. Но тогаш ќе нема промена на мислење и исправање на грешките. Размисли убаво.


Со почит, Госпел.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 23:08
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Не, никој не рече дека оние кои употребуваат икони се полоши од оние кои не ги употребуваат, ниту пак дека оние кои не ги употребуваат се подобри од оние што ги употребуваат.
На оваа тема зборуваме за тоа дали иконите се богоугодни, или не, а не за тоа кој е подобар христијанин.

Поголемото зло не го оправдува помалото. Оној што краде не смее да ја оправдува својата постапка велејќи: "Дали оние што убиваат се подобри од мене?" Не може да оправдуваме одредена постапка само затоа што некои други прават или парвеле уште полоши работи. Секој индивидуално ќе се појави пред Божјиот Суд. Бог посебно ќе им суди на книжниците кои не поверуваа и го предадоа Исус, а посебно ќе им суди на оние кои знаеле дека иконите не се богоугодни, но од икс причини ги користеле.

Бог исто така посебно ќе ми суди и мене за многу полоши работи што сум ги направил од иконопоклонството.

Но Бог ќе ни прости на сите ако искрено се покаеме и ако го промениме ставот кон работите за кои сме грешеле.

Вака – понижен - многу повеќе те сакам одколку кога паушално ги судиш сите православци како идолопоклонци а самиот и твојта заедница како единствената исправна.
Јас лично не се поклонувам пред икони, но истовремено знам дека некаде некоја бабичка (или друг) којашто можеби се поклонува пред иконите е можно да е многу многу поблиску одмене (а и од некој друг што не се поклонува на икони) до Чистото Срце БОЖЈЕ (Христос)!

Идолопоклонството има многу лица и вариации! Јас за жал сеуште не сум ја достигнал потполно совршената цел. Но се трудам и се молам ГОСПОД да се смилува и потполно да ме ослободи од се што нее Неговиот ДУХ и ме дели од Него!
Вчера (сабота) например, купив една блуза за околу 600 денари која навистина неморав да ја купам.
Дали бев вчера нешто подобар од некој што вчера се поклонил пред икона ...?

Кај мене дома на ѕидот виси едно изгорено парче од икона на Исус каде што му се гледа само уште Главата - кое наводно е парче икона од една од македонските спалени цркви во последната војна – и од еден македонски академски сликар, интегрирано во една убава слика.

Што велиш ти за таа слика? Треба да ја извадам и дозапалам, да ја врлам во река или да ја иссечкам со секира, или пак можеби нешто друго?

Ајде ти како човек кој самиот се наречува правоверен Библиски Христијанин, што ќе му предложиш на еден човек кој не се клања нити на икона, нити на камен, нити на ништо друго, туку се труди само на БОГА во ДУХОТ на Неговата ЉУБОВ (ХРИСТОС) !?

Повели, братски те канам,   предложи!


          



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 20:23
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 20:00

pozdrav do spiros bravo za ubavoto cisto razmisluvajne vo bozjiot duh.
site onie koji ja osetile bozjata ljubov razmisluvaaat taka kako spiros.
brate spirose nemam sto da dodadam ova e prepukuvajne na tolkuvacite na pismoto, jas povejke sakam da zboram i da se nadgraduvame vo bozjata ljubov koja se otelotvori vo nasiot gospod- bog isus hristos
koj ja osetil bozjata ljubov nema da mu bide tesko da se pomoli i pred ikona i ako ja nema taa ikona pak isto,bozjiot duh e vo nas pa jas licno nemam potreba od ikona ama taa i ne mi smeta i neveruvam deka taa ja prekrsuva ftorata bozja zapoved
pozdrav do site
----------osana--------
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2008 во 16:25
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by spiros spiros напиша:

Дали книжниците - што не Го препознаа ИСУСА ГОСПОДА, не му веруваа и го предадоја на крст - се поклонуваа на икони или не?
Ако не се поклонувале, дали поради нивното непоклонување на икони, склуптури, камења, ... се подобри од оние Христијани што се поклонуваат?
 
Не, никој не рече дека оние кои употребуваат икони се полоши од оние кои не ги употребуваат, ниту пак дека оние кои не ги употребуваат се подобри од оние што ги употребуваат.
На оваа тема зборуваме за тоа дали иконите се богоугодни, или не, а не за тоа кој е подобар христијанин.
Поголемото зло не го оправдува помалото. Оној што краде не смее да ја оправдува својата постапка велејќи: "Дали оние што убиваат се подобри од мене?" Не може да оправдуваме одредена постапка само затоа што некои други прават или парвеле уште полоши работи. Секој индивидуално ќе се појави пред Божјиот Суд. Бог посебно ќе им суди на книжниците кои не поверуваа и го предадоа Исус, а посебно ќе им суди на оние кои знаеле дека иконите не се богоугодни, но од икс причини ги користеле.
Бог исто така посебно ќе ми суди и мене за многу полоши работи што сум ги направил од иконопоклонството.
Но Бог ќе ни прости на сите ако искрено се покаеме и ако го промениме ставот кон работите за кои сме грешеле.
 
 
Значи јас тука од твојот коментар сум повикан “испровоциран“ да кажам дека Бог ќе им суди и на оние кои разбрале (ама од гордост и себељубие) не ги почитуваат иконите... и опссс... нова тема - Судот Божји...
 
 
А темата - за иконите...
предлагам да ги пастраме двата постови, еден до друг ... па кој има уши нека слуша, и очи нека гледа...


Изменето од Tetratka - 12.Октомври.2008 во 16:28
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 57>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.