![]() |
|
БЕЗ КОМЕНТАР |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5152535455 84> |
Автор | ||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Зекси немам намера да полемизирам или пак држам часови по економија. Зборуваме за две различни работи. Едно е вкупниот надоврешен долг, а друго е јавниот долг на владата. Згора на тоа податоците во линкот кој ти го дадов беа заклучно со 30 Јуни 2011 година, а од тогаш имаа поминато година и половина. Бројките се оденсуваат на вкупниот надоврешен долг, не на јавниот долг. Според податоците на ЦИА Збалешка: Во погорниот пост кога зборував за БОП, направив грешка. БОП од 10,5 милијарди долари не е според паритетот на куповна моќ, туку според курсот за размена на девизи. Овај вториов е по реален. Ако се оди според паритетот на куповна моќ македонскиот БОП изнесува 21 милијарда. Зошто овај паритет не е реален? Затоа што за своја интерна употреба Американците во своите калкулации ги зимаат сите стоки и услуги произведени во Македонија и ги множат со американски цени. Поголемата разлика меѓу двата паритети укажува дека има разлика во цените на македонскиот и американскиот пазар. Во земји во кои непостои разлика меѓу овие два паритета или пак е многу мала е индикатор дека цените на стоките и улсугите се компетабилни со американските. Во погорниот линк ги имаш и двата паритета, па можеш да споредиш самиот. Словенечките 1000 евра се 1000 евра и во Словенија и во САД. Додека македонските 300 евра не се исто што и американските 300 евра. Се разбира според цените на домашниот пазар. Македонецот би можел да купи повеќе со своите 300 евра во Македонија, одколку што би купил во САД. |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
![]() |
||||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
За гуглање платеник прав си има милион сајтови, како овој на пример што го остави тука ( сајт кој што те линкува од сајт на сајт ), кој кажува дека мк е во долг 6,2 милијарди. Твојот извор пак кажува 6,7 милијарди. И самиот се сомневаш во меродавноста. http://www.economist.com првата статија од областа на финансиите ја има издадено 1840 год. Половна од сопственоста на Економист од пред 100 и кусур години ја има http://www.ft.com/home/us останатата половина се врвни стручњаци од областа на финансиите и економијата од целиот свет како и разни врвни финансиски куќи и организации. Толку од мене за меродавноста на http://www.economist.com/ а нивните податоци за македонскиот долг по години можеш да ги видиш на http://www.economist.com/content/global_debt_clock
|
||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||
![]() |
||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Е да си жив и здрав. ![]() И да надополнам-сите овие фотељаши за 20 години земаа кредити, земааа без усул. Велат качиле пензии, плати. Да ама колку се качени животните трошоци. Порано трошоците за одржување на стан/куќа беа 1/3 (една третина) од платата, сега се повеќе од една половина од просечната плата. Која јадна средна класа-ја нема , се стопи. Точно е дека само човек со тешка идеолошка занесеност кон едните (позицијата) или омраза кон другите (опозицијата) не може да гледа реално на работите. Денеска и велам на една пријателка (водевме полемика околу тепаните пратеници) -Што ми е гајле за пратениците бре, се нервирам за народот! А таа ми вели- Е драга моја, заслепеноста од „твојте„ не ти дава да расудуваш реално. Ако некој се осмелил да дозволи да бидат удирани и отстранети од парламантот пратеници (водев инат затоа што јас навистина не видов снимка на која Ставревски покажувал со рака да ги вадат надвор опозиционерите ![]() Поведена од ставот на Зекси дека биле многу малку подржувачи на СДСМ таа ми одговори со прашање- А колку беа од „вашите„ (заради мојот тврд став кон опозицијата, а симпатии кон позицијата никогаш не успеав да ја убедам дека не сум позизициска ![]() ![]() |
||||
![]() |
||||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Само 6.9 милијарди долари борџиме ??
Не се прајте ѓупци,не вреди да се троши тастатурата за толку малце пари. Да запнат утре да ги вратиме парите ,Скопје му го шиткаме на Косово за 11 милијарди долари и во ќар ке излезиме. На сметка секој ке си добие + 5000 долари . Значи кредитните картици во џеб и на трошење зошто во секој момент имате 5000 долари,а можи и повеќе. |
||||
![]() |
||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Изгуглај бе Зекси! Имаш статистики од Светска Банка, Меѓународен монетарен фонд, од Циа...... Ги има сите податоци како на вкупен надоврешен долг, јавен долг... каков сакаш долг, по земја, по квартал, по кој сакаш паритет. Еве ти еден линк, можеби не е најмеродавен, но може да се спореди со стотици други. Надворешен долг по змеји |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
![]() |
||||
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12852 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
...а ти што мислеше,вечно ќе бидат тајна тие бројки?.Еден ден гледаш се се дознава.. а колку е внатрешниот?. и по сто пати ќе кажам,не е исто Канада и МАКЕДОНИЈА се споредува по било кој основ.Разликите се огромни..... |
||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||
![]() |
||||
Zdravko81 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
најверојато од кујанта на СДСМ
|
||||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||||
![]() |
||||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ме интересира од кај се податоците???? |
||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||
![]() |
||||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CAF1530D4455E445A374B618D820D416
Долгот кон фирмите бил 92 милиона евра Премиерот соопшти дека исплатиле 68 отсто од долгот, а остануваат уште околу 30 милиони евра па тоа 30 000 000 евра е ништо работа слободно може да се зодолжите уште |
||||
![]() |
||||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
а што е со остатокот од 38%? - исто? Изменето од d4 b3 - 28.Декември.2012 во 09:08 |
||||
![]() |
||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Проблемот по се изгледа е идеолошки, а не економски, барем за Зекси!
За разлика од развиените демократски општества во Македонија се чини дека опозицијата неможе да се организира и стане достоен противник на позицијата. Опозицијата не нуди програма со која би ги увериле гласачите дека нивната опција нуди нешто повеќе. Од сите говори и презентации што ги имам слушнато досега не добивам впечаток дека знаат што сакаат. Фокусот им е прогрешен ловејќи ги туѓите грешки. И да дојде до промена на власта сегашната опозиција нема да победи, туку позицијата ќе изгуби. Тоа би била само пирова победа, а не победа која ќе биде заснована на здрави, квалитетни стратешки програми. Згора на тоа губитникот во Македонија неможе достоинствено да го поднесе поразот. По безболно е вината да се бара во друг, а не во самиот себе. Кога сме кај податоците би го додал следново: Во времето кога СФРЈ се распаѓала, Македонија имала долг од 950 милиони доалри (450 само на Фени) кој преставувал 4,1% од вкупниот надворешен долг. Долгот по глава на жител изнесувал 475 доалри. СРМ учествувал со некој 5% од БОП на СФРЈ или цирка 1,65 милијарди, што ќе рече БОП по глава на жител изнесувал 785 долари. Денеска Република Македонија има БОП по ППП околу 10,5 милијарди долари или 6,4 пати повеќе. БОП-от по глава на жител изнесува 5000 долари. Надворешниот пак долг на Република Македонија изнесува 6,7 милјарди долари или секој граѓанин на Македонија денес должи по 3190 долари. Цирка годишна плата. Долгот по глава на жител е зголемен 6,7 пати. Стапката на невработеност во СРМ се движела околу 18%, додека денес е 31,4%. Ниската стапка на невработеност се должела на социјалната политика која ја водела државата неводејќи сметка за економската оправданост. на едно работно место врботувај по четворица. На КОМУЊАРСКА држава побитна и била социјалната сигурност одколку профитите. ВО СРМ просечната плата била 300 ГМ, додека денеска, од срце дадено, просечната плата е 300 евра. Тоагаш немало мулти милионери, немало дрога, криминал, проституција и корупција во онаа стапка во која ја има денес. Во калкулациите не е земена во предвид стапката на инфлацијата во изминативе 20 години, па цифрите се номинални. Сигурен сум дека реалните би биле уште потрагични. За просечниот Македонец иста мета исто растојание. Добитници се 2% од жителите на Македонија, додека 60% се губитници. Благодарение на начинот на кој се стекнува богатствот и дистрибуира истото, средната класа денес е многу помала. Мајка му е задолжувањето, ама со усул, правопропорционално на приликите, инаку не ни бега ниту Грција, ниту Словенија! Секој сака да биде околу медот. За жал опозицијата одамна не сркнала, па фрустрациите и од таа причина стануваат се поголеми. Пак во име на народот ќе не спасуваат. Било едните, било другите! Изменето од Platenik - 28.Декември.2012 во 08:16 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
![]() |
||||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
-Долгови МК имала од секогаш, напишав на една друга тема, за последното комуњарско време тие во просек се задужувале по 100 мил. годишно, додека овие се задужувале по 83 мил. А и самиот сооднос процент на задуженост-БДП е помал сега него во време на сдсм. - викаш сме биле федерализирани и поделени, само одговори кој ја среди државата со територијалната поделба??? - а кога тоа ни биле меѓуетничките односи добри??? - народот го поделија комунистите уште во 45 год. - и не треба да влеземе ни во ЕУ ни во НАТО, не гледам никаква причина зошто би влегувале повторно во некакви имагинарни сојузи. - што ти значи тоа извртена историја??? - велиш сме потклекнувале, па опинокот струмички рече дека сме требале да виткаме кичма и ги обвинуваат сегашниве зошто не виткале кичма. Кој подклекна кога го сменивме знамето, уставот, името??? - партизирана држава и мафија спомнуваш, можеби и е така ама во мин. дупло помал обем за разлика од времето на бц-от. - гладен и презадолжен народ има секаде во светот така да мк не е ништо посебно за да нема такви случаи. Според economist.com секој македонец е дужен 1,300 долари што отприлика ќе му дојде околу 3 просечни мк плати, додека секој канаѓанец е дужен околу 45,000 долари, што ќе му дојде во просек како годишна плата и тоа пред одбиени даноци. - стапката на бдп е далеку од проектираното во скоро сите држави. по што би била мк исклучок??? - каква ти е сега па таа урбана мафија, зар постои и селска односно неурбана мафија??? - корупцијата ја има секаде - кој владее со страв, не си ми јасен????
|
||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||
![]() |
||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
А од другата страна фактите се НЕЛИ? - Долгови кои нема да можеме да ги раздолжиме ниту во наредните 40 години. - Федерализирана и поделена Република Македонија - Крахирани меѓуетнички односи - Поделен и закрвавен македонски народ - Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ и Нато - Извртена Македонска историја како никогаш до сега - Потклекнување пред налетот на соседните држави кои отсекогаш имале претензии кон македонија и македонскиот народ - 100 % партизирана држава управувана од мафија - Гладен и презадолжен народ - Стапка на бдп далеку под проектираното - Стапка на инфлација далеку над проектираното - Урбана мафија на секој чекор - Корумпираност на секој чекор - Владеење со страв И оди после докажи ми дека спомениците се гордоста на оваа власт, или почни да ги мериш на еден кантар работите и од едната и од другата страна... И НА КРАЈ НЕ Е ВАЖНО, НО ЌЕ ВЕ ИМА МНОГУ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ... Изменето од NRGMKD - 28.Декември.2012 во 03:03 |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
![]() |
||||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Браво бе Меси,
кратко и јасно кажано, кој сфаќа добро, кој не господ нека му е на помош
|
||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5152535455 84> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |