Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Crna Arapina
Сениор
Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:48 |
1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер. ОД прва до последна буква точно
Изменето од Crna Arapina - 09.Декември.2013 во 13:48
|
Train hard,Fight easy !
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:47 |
Дали хороскопскиот знак може да го предвиви обликот на окото? Познавачите велат дека може.

Овој графикон со очи е нацртан според хороскопот, според обликот и
начинот на шминкање карактеристичен за секој од дванаесетте знаци.
Сите цртежи се базирани на особините и боите кои традиционално се поврзуваат со секој поединечен хороскопски знак.
Овен – најсамодоверливите, сезнаечки очи на Зодијакот.
Бик – земјен поглед кој пробива.
Близнаци – пријателски, искрени очи.
Рак – многу јасни белки, срамежливи очи.
Лав – разиграни очи кои што порачуваат „не сакате хаос со мене, но нема да има губење време, ако го направите тоа!“
Девица – критичарско проучување на љубопитни очи.
Вага – вечната надеж и непрестаното одмерување на опциите се гледа и во очите.
Скорпија – продорен поглед кој ќе ве „закова на место“ и ги пробива сите оклопи.
Стрелец – тежок, мудар поглед кој тера да се колебате иако ништо не сте згрешиле.
Јарец – харизматични и забавни, но не им е гајле за нешто што се случува надвор од нивниот свет.
Водолија – зрачат со добрина, постојано ја пребаруваат околината во потрага за нешто што ќе ги разбуди нивните уметнички склоности.
Риби – водени, очи полни фантазија, кои како да знаат да гледаат во иднината
Дали цртежот на окото му дговара на вашиот знак?
Дали сакате да употребувате слични сенки и нијанси како што е преставено на овој цртеж?
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:46 |
Се ближи периодот на прослави и подарувања, па затоа почнете на време да одбирате новогодишни подароци за своите најмили.

Во случај да не знаете со што би можеле да ја израдувате драгата
личност, побарајте идеа во нашиот мал водич, составен врз основа на
хороскопскиот карактер на секој знак на Зодијакот.
Одберете подарок од срце. Оној што го прима подарокот ќе се израдува,
пред се, од искреното внимание, нежната порака и искажаните чувства.
Овен – полн со енергија и посветен на спортот Совршен
подарок за Овенот е спортски викенд. Било кој оригинален подарок,
совршено ќе му одговара на овој знак. Ќе биде презадоволен со секој
единствен подарок.
Бик – обожува луксуз и се вистински гурмани Подарете
им скапо чоколадо, вечера во луксузен ресторан, или најнова масажа во
познат спа-центар. Рачно изработен накит, или вредни детали за дом кои
ќе ги инспирираат. Не заборавајте подарокот да им го спакувате
внимателно и уредно.
Близнаци – големи интелектуалци и вечни деца Одушевете
ги со карти за концерт на омилената музичка група, годишна претплата на
нивното омилено списание, или најновиот албум од изведувачот кој го
обожуваат.
Рак – перфексионисти и големи емотивци Ќе
им се допадне романтична вечера за двајца, букет цвеќе или ново парче
гардероба за нивната маркирана колекција. Интересот за нивното хоби ќе
го ценат повеќе одошто скапоцените подароци.
Лав – сакаат да ги третирате како кралеви Вистинскиот
избор е: луксузни цигари, ретки вина, карти за театар, или концерт. За
нив, всушност најважно е да бидат во центарот на вниманието.
Девици – вечни романтичари Кога
купувате подарок за Девица, морате навистина да се потрудите.
Дефинитивно, обидете се да најдете нешто практично и едноставно, а
поврзано со активностите и хобито кое тие го сакаат.
Вага – не очекуваат многу, но ги сметаат за најголеми естети во хороскопот Ќе им се допадне сè што ќе им подарите, ЦД, книга или цвеќе, ќе биде доволно. Дозволено е сè освен кич.
Скорпија – тешки барања Сакаат
скапи работи и имаат силно чувство за мода. Ќе го погодите нивниот вкус
со на пример парче облека која сте ја купиле онлајн, а која преставува
последен збор на модата. Но, бидете внимателни – за нешто такво да
направите, треба добро да ги познавате!
Стрелец – весел и немирен Пронејдете „луда“ ситница, интересно парче накит или да речеме пат на далечна и егзотична дестинација.
Јарец – исклучително сериозен и со чувство за совршенство Ќе
им го разубавите денот ако ги повикате на ручек, или интересна
уметничка изложба. Сакаат и практични – корисни подароци, па затоа
слушајте добро што им е потребно.
Водолија – сакаат да бидат мазени и пазени Кај
нив секогаш „ќе запали“ нешто интересно. Подароците за нив треба да
бидат оригинални и интересни. Интересна играчка, карти за хит комедија,
или да речеме ситница за автомобил – тоа се работи кои ќе ги направат
среќни.
Риби – нежни и внимателни, вистински уметнички души За
нив морате добро да се потрудите, бидејќи најмногу ќе им се допадне
подарокот кој сте го направиле со сопствените раце. Ако немате време да
им направите нешто во малата домашна работилница, ќе ги направите среќни
со рачно изработена рамка за фотографија, удобни папучи, или часови по
јога.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Crna Arapina
Сениор
Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:46 |
|
Train hard,Fight easy !
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:45 |
Овенот, Стрелецот и Лавот се најчесто мускулесто градени. Девиците и
Јарците се ковчести, а Биковите и Вагите склони кон дебелеење. Очите се
најистакнати кај Водолија, Риби и Близнаци.

1. Овните
се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а
мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто
имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток
на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го
истакнува нивниот карактер.
2. Биковите
се препознатливи по симетрично лице и полни усни. Носот им е округол, а
тенот сјаен. Телото обично им е пропорционално, па ако качуваат
килограми обично се распределуваат пропорционално. Нивниот изглед остава
впечаток на мекост и сила истовремено, се облекуваат елегантно,
најчесто во зелено и кафено.
3. Истакнати очи го красат насмеаното лице на Близнаците.
Имаат прилично долги раце и нозе, обично се витки и делуваат грациозно
иако немаат истакнати мускули. Имаат прилично неизразен струк. Омилена
боја жолта и сребрена.
4. Раковите
имаат изразен нос и високо чело, кружно лице и истакнати јаболчници.
Брадата е округла, косата темна и не претерано густа. Иако се витки,
најчесто после 30-тата качуваа килограми. Имаат чувствителна кожа и
краток врат. Суптилни се, а омилени бои им се црна и бела.
5. Широко чело и густа коса се карактеристики на вистински Лав. Убаво обликуван нос, силна мускулатура. Омилени бои жолта и портокалова. Сакаат и спортски аутфит.
6. Девиците
се витки, а вишокот најчесто се насобира кај рацете и стомакот. Телото
им е симетрично и складно како и цртите на лицето. Важат за убави луѓе.
Сакаат неутрални и неупадливи комбинации во нијанси на сина и зелена.
7. Вагите
имаат правилни црти на лицето. Обично се повисоки од просекот, а
целокупниот изглед делува софистицирано. Често имаат впечатлива боја или
фора на очите. Сакаат да се дотеруваат и истакнуваат со изгледот.
Сакаат нијанси на сина и црвена.
8. Иако се слаби, Скорпиите
делуваат силно и високо. Имаат нешто пошироки рамена од просекот и
колкови. Лицата им се впечатливи, со сензуални усни, неправилен нос и
продорни очи. Косата им е најчесто кафена и густа. Сакаат да изгледаат
убаво, но не нападно. Омилени бои црна и сива.
9. Стрелецот
има најдобра фигура во Зодијакот. Најчесто се просечно високи и
спортски градени. Но, овие природни карактеристики ги уништуваат со
прекумерно уживање во храната. Имаат по малку долгнавесто лице и
изразени сини или зелени очи. Често имаат проблеми со опаѓање на косата.
Сакаат спортски и лежерен изглед, а омилени им се силните бои.
10. Јарците
имаат елегантен и долг врат и ковчести раменици. Најчесто се иски или
со средна висина, профилот на лицето им е заоблен, а најчесто имаат
увлечена брада и впечатливи заби со убава насмевка. Сакаат нијанси на
зелена и кафена.
11. Водолиите
се најчесто со средна висина или нешто пониски, со светол тен. Ако се
здебелуваат често добиваат подбрадок, но ова се случува по 30-тата.
Имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Широки меки усни, а
омилени бои им се виолетова и сина.
12. Рибите
имаат одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето. Најчесто имаат
округло или долгнавесто лице, со сјајна коса. Горниот дел од телото
обично е потесен од долниот кој е заоблен и широк. Имаат сјајни очи и
срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им
се зелена и црвена.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:42 |
Ако сакате да дознаете што вашите најблиски навистина сакаат да
прават во своето слободно време, доволно е да го знаете нивниот знак за
да откриете. Додека Биковите најмногу сакаат да уживаат во природата,
Лавот сака ден без обврски, а Девиците обожаваат кога паметно ќе го
искористат слободното време.

Овенот најдобро се опушта со готвење Тие
сакаат да бидат во центарот на вниманието. За него е најдобро да запише
курс за готвење на кој ќе научи да припрема одлични специјалитети, со
кој подоцна ќе ги изненади своите пријатели. На тој начин одлично ќе се
забавува, ќе ужива во комплиментите и ќе се опушти. Освен тоа, ако сте
родени во знакот на Овен, не заборавајте да сочувате некое старо вино
кое ќе го дегустирате во друштво.
Бикот најдобро се забавува во природа Биковите
секогаш сакаат да го уредуваат дворот. Тие просто ја обожаваат
природата, па затоа средувањето на дворот е одлична активност за нив.
Мирните семејни вечери кои Бикот ги приредува за своите најблиски, исто
така го смируваат бидејќи и тој ужива во вкусна храна и скапи вина.
Близнаците сакаат авантури За
Близнаците одлична забава е онаа која вклучува брзина, авантура и
адреналин. Забавниот парк или пак денот поминат во базен со тобогани за
него е одлична активност. Освен тоа, премиерите на новите филмови или
претстави може да бидат одличен избор, но само ако е во одлично друштво.
За Раковите одлична забава е трачарењето Раковите
сакаат да набљудуваат други луѓе. Сакаат да минуваат време во нови
кафичи, шопинг центри или плажи, секаде каде што има многу луѓе кои ќе
бидат тема на разговор. Нив најважни им се пријателите кои ги
опкружуваат со кои можат да споделат речиси сè.
Денот без обврски е одлична забава за Лавот Лавот
сака да даде сè од себе кога нешто прави. Но, исто толку обожава кога
нема што да прави, па затоа кога има слободно време се одлучува да ужива
во сонцето без да се оптеретува со секојдневните проблеми. За него
секој ден без обврски е најзабавен ден, бидејќи максимално ќе го
искористи онака како што сака. Лавовите се авантуристи кои сакаат
предизвици, па затоа планинарењето е одличен начин да се опуштат.
Девиците сакаат паметно да го користат времето Девицата
не ја привлекуваат забавите или кино салите, таа сака слободното време
да го искористи во добротворни цели. Сакаат кога нивните хобија се нивна
забава. Не сакаат да трошат време на забави, претстави и филмови кои
само ќе им го пополнат распоредот, без да имаат некаква корист од тоа.
Вагата често пати е неодлучна Вагите
се едни од најнеодлучните. Во еден момент сакаат да се на забава
преполна со луѓе, а веќе следната минута копнеат по романтична прошетка
во природа. Овој знак тешко се одлучува за луда забава, но затоа секогаш
знае како да ужива во мирните вечери со своите пријатели.
За Скорпијата е забавно сè што содржи доза на мистериозност Скорпиите
секогаш се таинствени. Нив секогаш ги одушевуваат работи кои имаат
врска со историјата и се по малку мистериозни. Одлична забава за
Скорпиите се филмовите со таинствен крај. Освен тоа, секоја авантура е
добредојдена, иако понекогаш сакаат да се опуштат на мирно место со
своите најблиски без многу неочекувани моменти.
Спортските настани и концертите се изборот на Стрелците Стрелецот
често пати има необични идеи кои неговите пријатели не секогаш ги
прифаќаат со воодушевување. Одењето на изложби или концерт на некои
непознати уметници и музичари за нив е секогаш забавно. Сакаат да
откриваат новости и да уживаат во непознатото. Сепак, Стрелците се
љубители на спортот, па затоа за мажите родени во овој знак одлична
забава се спортските натпревари.
Адреналинското искуство е идеално за Јарецот Јарецот
сака да се чувствува посебно и затоа не сака да присуствува на големи
забави преполни со странци. Тој сака да седне на некое мирно место или
пак да ужива во вечерата која тој ја подготвил за своите пријатели.
Јарците најмногу ги ценат личностите кои ви животот ќе им предложат
уникатна адреналинска активност.
За Водолиите единствена забава е доброто друштво Водолиите
се комуникативни и дружељубиви. Штом околу себе имаат многу луѓе,
забавата може да започне. Тие сакаат да зборуваат за своите планови со
блиски луѓе. Нивната смисла за хумор ќе ги воодушеви сите, па затоа во
секое друштво неопходна е по една Водолија.
На Рибите доволно им е море и плажа за да уживаат И
Рибите сакаат да се дружат и да споделуваат искуства. Обожаваат групни
активности, патувања, излети... Сè што е поврзано со излежување и
уживање во природа. Сакаат кога некој ќе ги изненади со патување на
егзотична дестинација, каде може да уживаат на плажа.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:40 |
Кога некој ќе ве повика на ручек или вечера, дознајте го неговиот
хороскопски знак за однапред да откријте што ќе ве очекува во чинијата.

Секој хороскопски знак има посебна специјалност и омилена храна за
готвење или јадење. Откријте кои се навиките, желбите и начините на
подготовка храна за секој хороскопски знак што ве интересира.
Кога некој ќе ве повика на ручек или вечера, дознајте го неговиот
хороскопски знак за однапред да откриете што ќе ве очекува во чинијата.
Овен Овните
се љубители на зачинетата храна и кога готват и кога јадат. Овните кога
готват одбираат рецепти во кои може да експериментираат со многу зачини
и да понудат нешто ново на своите гости. Храната во која ужива Овенот е
зачинета, лута, но и необична мешавина од вкусови. Лута пиперка, чили
сос, месо на повеќе начини, како и полуготови јадења се она што му се
допаѓа на овој знак.
Бик Биковите
сакаат слатко, чоколадо, торта со многу шлаг. Припадниците на овој знак
имаат среќа бидејќи на нив не се забележува дека можат да изедат
премногу слатки. Биковите сакаат да пробуваат и во тоа уживаат. Не може
да се каже дека се гурмани, туку повеќе се хедонисти. Важно е да не
претеруваат.
Близнаци Повеќе
сакаат солени работи. Ако им се пријадат слатки, попрво ќе купат нешто
од трафика, нешто мало, слатко, чоколадно. Поважно им е нешто да се
напијат отколку да изедат. Не претеруваат со храната. Нив им е важно
храната да се подготви брзо, исто брзо да се изеде и да биде лесна.
Нивни најчест избор се супа, помфрит и бело месо.

Рак Раковите
главно сакаат традиционална храна по стари рецепти која ги потсетува на
нивната мајка. Најважно им е ручекот да биде во кругот на семејството и
убаво да се најадат. Супа, сарма и морски плодови се она во што
најмногу уживаат. Ракот подготвува и најмногу сака домашна храна.
Лав Лавот
сака храна и ужива во неа во секоја прилика. Ако сакате да одите на
гости кај Лавот, очекувајте пообилен оброк. Месо во која било варијанта и
сите врсти торти се изборот на кралскиот знак. Не сакаат да штедат на
храна, но важно е да не претеруваат во луксузирањето.
Девица Девицата
се придржува до здравата исхрана и одбира помали оброци. Припадниците
на овој знак запознаени се со калориите, квалитетот и масната храна до
детали. Истото важи и за подготовката. Ретко кога подготвуваат голема
количина храна. Житарки, здрава и макробиотската храна се како создадени
за Девиците.

Вага Вагата
е знак кој владее со умереноста. Тие никогаш нема да претераат и нема
да дозволат да го уништат својот изглед. Ако не изгледаат идеално, нема
да ги убедите дека не се совршени. Сакаат да јадат, уживаат во храната,
но не и да ја подготвуваат. Не им е особено задоволство да готват за
себе, но кога подготвуваат за партнерот или некој гостин, тоа е веќе
поинаку. Главно се одлучуваат за подготвување лесна салата и некој
десерт. Кај Вагите многу зависи од расположението, па нивниот избор на
храна зависи од даден момент. Генерално не се големи љубители на
слатките.
Скорпија Специјалитети
и необични јадења кои се подготвуваат по специјални рецепти се како
создадени за Скорпиите. Припадниците на овој знак, ваквите јадења со
леснотија ги подготвуваат дури и по најкомплицираните рецепти. Ако се
одлучат да подготвуваат месо, тоа најчесто ќе биде скара или риба. Кога
се во прашање слатките, најчесто сакат да подготвуваат и да јадат
едноставни колачи со ореви, лешници и темна чоколада.
Стрелец Стрелецот
консумира голема количина храна, а припадниците на овој знак никако не
можат да се одлучат дали ќе претераат во здрава или во нездрава храна.
Уживаат во јадењата на странските кујни. Ретки се оние припадници кои не
сакаат да готват, главно уживаат подготвувајќи храна за цело друштво, а
што и да замислат тоа може и да го направат.

Јарец Ако
ви се јаде некој традиционален домашен оброк најавете му се на некој
Јарец – ќе ви подготви што и да посакате. Погача, пита, некое
традиционално јадење, но и индиска храна. Јарецот ја подготвува храната
полека и по малку неволно. Мора сè да биде како што треба, не брза
никаде и не го пресолува јадењето. Сака дури и да го сподели рецептот
кој ви го подготвил.
Водолија Припадниците
на овој знак можат да подготват сè толку брзо и добро што нема да
верувате дека нешто е направено за толку кратко време. Сакаат да го
испробаат секој нов рецепт кој некој им го препорачал, бидејќи тоа им
претставува предизвик. Исто така сакаат да пробаат сè што ќе направи
некој друг. Но, ако не сте подготвени за критика, немојте да ги
прашувате за мислење. Водолиите без влакна на јазикот ќе ви кажат што
мислат.
Риби
Рибите сакаат да готват, но повеќе сакаат да дегустираат. Ситни
колачи, пудинг, шејк се како создадени за овој знак. Тие сакаат да
јадат, но не премногу. Со добро јадење важно им е да пијат добро вино,
како и изгледот на масата и атмосферата. Кога се Рибите во прашање сè е
важно. Ако одите на вечера кај некоја Риба однесете вино. Ако Рибата
доаѓа кај вас, подгответе некои морски плодови, но важно е и убаво да ја
декорирате храната. Рибата на ништо нема да најде замерка, а и ако
нешто не ѝ се допадне, нема да ви каже.

|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:38 |
Никој
не е имун на еротска долна облекаи за тие заводливи крпчиња секогаш има
место во плакарот – и за подарување и за купување никогаш не...
...треба посебен повод.
Овен – Овните сакаат долна облека во боја, особено портокалова
и црвена. Ако сакате да заведете Овен, одлучете се за комбинација на
портокалов и црн сатен или свила. Сакаат и беби-дол стил. Овните без
проблем ќе паднат и на црни подвезици или најлонки со чипка, а ако ги
дополните со високи потпетици, тоа ќе биде полн погодок.
Бик – Биковите сакаат сè што е или многу предизвикувачко или
многу детинесто. Црвената и црната се нивните омилени комбинации. Жените
родени во тој знак обожуваат кожни штикли и мрежести чорапи. Машките
припадници на овој знак ги привлекуваат жени со тетоважи и пирсинг.
Некои Бикови се склони и кон врзување со лисици, околувратници...

Близнаци – Близнаците имаат доза на перверзија во
себе. Уживаат во секси униформи, како медицински сестри, ушителки,
полицаки... Тие ги посакуваат жените и во скапоцено кимоно или кожно
трико.
Рак – Жените родени во овој знак сакаат долги проѕирни
ноќници, покриени со шљокици. Омилени бои на долна облека им се зелената
и црвената, а обожуваат и сатен. Раковите сакаат бела долна облека,
амногу жени родени во знакот на Рак сакаат да се облекуваат инфантилно.

Лав – Лавиците сакаат долна облека со шари на тигар, леопард.
Тие се сензуални суштества кои што сакаат малку крзно на својата кожа.
Секој костум кој на себе има некој вид опашка или уши ќе им биде
привлечен и секси. Сакаат свила, сатен, машнички, но и модели кои што с
епародија на модата од педесеттите и шеесеттите години.
Девица – Жената родена во знакот на девица е многу скромна и
преферира практична долна облека. Ако се подготвува за некоја секси
акција, ќе одбере корсет и ќе ги стисне до максимум во струкот, а се
чувствува секси и во чорапи со чипка и подвезици.
Вага – Со Вагите владее божицата Венера па жените секогаш ќе
одберат нешто најлудо и најсекси кога станува збор за секси долна
облека. Црвената, жолтата и сината се омилени бои на овој секси знак, но
сакаат да носат и златна долна облека, платформи, мрежести чорапи,
подвезици и проѕирна долна облека.

Скорпија – Скорпиите се многу секси по природа и сакаат кожа,
винил и пластика. Омилена боја им е црната. Паѓаат на фетиш опрема, како
што се кучешки огрлици, јапонска опрема за врзување и ланци, а сакаат и
тесни високи чизми.
Стрелец – Жените - Стрелци ја обожуваат сензуалноста на
корсетот и сексапилот кој им го даваат раквиците, чизмите и долната
облека со многу копчиња. Многу сакаат плишани ткаенини. Виолетовата,
црвената и зелената им се омилени бои.

Јарец – Јарецот е многу чувствителен знак и смета дека памукот
е многу сензуален и секси. Високо квалитетна ноќница му е секси на
овој знак и ако е таа закопчана до грло. Ќе го возбуди облека со полно
шљокици. Многу жени родени во овој знак сакаат да носат мрежасти чорапи и
танги, сатенски градници и гаќички во розева, сина или жолта боја.
Водолија – Овој визионерски знак сака изразено тесна долна
обелка оф футуристички и светкави материјали. Светло црвената и темно
виолетовата с енивни омилени бои, а пердувите, маските, свилените траки и
шалови им се омилени додатоци. Многу ги возбудуваат и викторијанските
кожени чизми и женствени нараквици без прсти.

Риби – Рибите не се толку живи и диви сексуално, но многу
сакаат убави памучни ноќници со розеви и сини траки, како и ноќници од
ликра со цветни шари. Обожуваат штикли. На машките Риби ќе им се допадне
жена која сака д аноси машка долна облека или преголема машка маица за
спиење. Ги возбудува изгледот на невина студентка, но не можат да им
одолеат ниту на секси подвезици или најлонки во комбинација со
вратоврска или пеперутка машна.
Изменето од Valerija - 09.Декември.2013 во 13:39
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:38 |
Некогаш
со најдобра намера, често пати за да сокријат што навистина мислат, но
сите некогаш лажат и ја заобиколуваат вистината. Ви нудиме мал водич...
...кој ќе ви помогне да го откриете лажгото.
Секој знак на зодијакот покажува одредено однесување кое го издава.
Овен Овенот не лаже многу. Нему тоа му одзема премногу време и премногу го оптоварува сокривањето на вистината.
Бик Често кријат дека
имаат пари на сметка. Тоа никогаш не е вистина со припадниците на овој
знак, па немојте да им верувате ниту збор.
Близнаци Нив тешко
можете да ги фатите во лага. Тие многу добро лажат. За да биде работата
уште полоша – многу се зборливи и допадливи па нивните приказни толку ќе
ве забавуваат што нема да ви биде важно дали се вистинити или не.
Рак Кога тие лажат, тоа го прават така што ве влечат за рака, ве убедуваат дека сè ќе биде во ред и дека не треба да се грижите.
Лав Лавовите лажењето го доживуваат како забава. Тоа го прават за да бидат забавни и за да бидат во центарот на внимание.
Девица Ова е знак кој мрази да лаже - освен ако вистината не им стои на патот за исполнување на некоја цел.
Вага Вагата елегантно и незабележително ви „мачка“ очи а во тоа воопшто и да не се посомневате.
Скорпија Омилена тема за која Скорпијата секогаш лаже е сексот.
Стрелец Повеќето
Стрелци не лажат. Нивниот знак е познат по тоа што е брутално искрен.
Ако имаат причина за лажење, нема да се заплеткаат.
Јарец Ако лаже Јарецот, тогаш знајте дека тоа го мачи. Тие презираат нечесност.
Водолија Нивните приказни се иновативни и креативни како што се и нивните техники за лажење.
Риби Лажат само ако
нешто се обидуваат да сокријат од вас „за ваше добро“. Рибите се
мајстори во избегнување на реалноста и тешко ќе ги забележите нивните
лаги.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Schatzii7
Сениор
Unglaublich
Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:34 |
Не важи за сега, за следниот живот  демек ќе го има.
|
 |
Crna Arapina
Сениор
Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:28 |
Schatzii7 напиша:
<p style=": rgb251, 251, 253;"><span style="font-size: 12pt;">Научници</span><p style=": rgb251, 251, 253;">Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013<p style=": rgb251, 251, 253;">Минато Во секоја претходна реинкарнација сте владееле со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени.<p style=": rgb251, 251, 253;">Сегашност Ви престојат големи успеси на полето на науката или во некоја интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите на својата работа бидејќи сте перфекциониста, но затоа несебично им помагате на другите да остварат успех.<p style=": rgb251, 251, 253;">Иднина Во следниот живот ќе бидете принц/еза.
| Превери и сега може имаш кралска крв
|
Train hard,Fight easy !
|
 |
Schatzii7
Сениор
Unglaublich
Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:23 |
Научници Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013 Минато Во секоја претходна реинкарнација сте владееле со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени. Сегашност Ви престојат големи успеси на полето на науката или во некоја интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите на својата работа бидејќи сте перфекциониста, но затоа несебично им помагате на другите да остварат успех. Иднина Во следниот живот ќе бидете принц/еза.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:14 |
Кој
е злобен, арогантен и вечно ги потценува луѓето, а кој опсесивен,
нападен и невротичен? Во овој хороскоп ќе дознаете каков карактер
навистина имате!
Овен - злобни
гадови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Сето тоа е
најверојатно резултат на малиот пенис, или минијатурните гради. Болни
посесивци кои на партнерот би му ја одземале целата слобода, а себе би
си дозволиле харем љубовници. Секогаш целат кон неосвоиви тврдини и не
познаваат пораз сè додека комплетно психички не бидат уништени. Многу се
несредени во мозокот, скокаат за сè и сешто и се што ќе замислат мора
да биде така, не тактизираат, а ги нервира чекање. Истакнат Овен: Адолф Хитлер
Бик -
самозадоволни, ќутливи, полни себе, здодевни како клуб на филателисти.
Ним сè им е супер и немојте да ги мачите со вашите проблеми затоа што
тие немаат сопствени. Истакнати Бикови: Јосип Броз Тито и Садам Хусеин
Близнаци -
главни оговарачи, трачари, издаици и превртливци со двојни мислења кои
се менуваат на секои 10-15 минути. Веројатно и самиот Јуда бил Близнак
во хороскоп. Истакнат Близнак: Џон Кенеди
Рак -
посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале „добро утро“ со
правилна интонација, го менуваат расположението како ќе им падне на
памет. Истакнат Рак: Џорџ Буш
Лав -
арогантни, вечно потценуваат, полни со големи планови од каде на крајот
корист ќе извлечат само за себе - не им е гајле за другите. Истакнат Лав: Слободан Милошевиќ
Девица -
опсесивни невротици кои се ослободуваат од стресот чистејќи по дома,
средувајќи алишта, или кинески порцелан - премногу цепидлачат и ништо не
им е доволно. Не познаваат љубов, кај нив не постојат емоции и сè води
кон секс. Ако некој знак се смета за проститутка - тогаш тоа е овој. Истакната Девица: Мајкл Џексон
Вага -
нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател. Потребна им е
цела недела да се одлучат дали ќе нарачаат Кока-Кола, или Пепси, толку
се мрзливи - вистинско чудо е како воопшто стануваат од кревет. Знаат да
сакаат само ако сте финансиски истакнати. Зборот пријател за нив не
постои, колку и да им се отворите нема да добиете ни приближно еднакво
за возврат затоа што тие само внимателно слушаат, а не ги отвораат
своите карти. Подраги им се 1.000 убави лаги, отколку една болна
вистина, затоа се најуспешни во лажењето, па дури и кога се лажат сами
себе. Истакната Вага: Владимир Путин
Скорпија -
самосожалувачи и деструктивци, неможат да се поднесат самите себе, па
затоа повлекуваат уште 100 луѓе со себе. Ако утре е крај на светот, тие
не би се шокирале, веројатно би го дочекале со садо-мазо оргии. Смртта
не им е ништо страшно, се палат на крв и сè она кое на обичните смртници
им е језиво. Ги следи карактеристика на љубоморно посесивни психопати. Истакната Скорпија: Хилари Клинтон
Стрелец -
штеточини и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку
голем што за нив и оживување на мртвите е возможно - нормално само ако
тие го прават тоа. Не признаваат дека го познаваат чувството на тага. Не
стапувајте во брак со Стрелец никако, затоа што и кога е уверен дека ве
сака, тоа ќе му помине за месец дена. Истакнат Стрелец: Сталин
Јарец -
вистински робови, веруваат потполно во судбина, зборот „извини“ не
постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, да
бидете во брак, а никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат.
Чувствата незнаат да ги искажат со зборови, па наместо „те сакам“ често
може да ве дочека со „губи се“. Би си ја продале душата за друштвен
статус. Истакнат Јарец: Стипе Месиќ
Водолија -
вулгарни и непристојни перверзњаци, секогаш се мешаат во приватниот
живот на останатите. Веројатно не би ве зачудил фактот дека најмногу
шпиони од ЦИА се токму Водолија во хороскоп. Истакната Водолија: Карла Дел Понте
Риби -
самосожалувачи, досадни, чекаат да дојде некој да ги утеши. Неможат ни
да отидат во ве-це без туѓа помош, и најмала ситница ја гледаат како
врвна сензација, па им досаѓаат на луѓето наоколу. На пауза, кога се со
добра волја, се занимаваат со туѓите проблеми и повторно паѓаат во
депресија - и така во круг. Истакната Риба: Осама Бин Ладен
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Декември.2013 во 13:13 |
Дали верувате во реинкарнација? Знаете ли често да кажете „ех ова сигурно ми е познато од минатиот живот“?

Според годината на раѓање, проверете што сте биле во минатиот живот, што правите во сегашноста и што ве чека во иднината.
Трагачи по среќа
Години: 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017
Минато Во минатиот живот сте биле цар, крал, владетел или сте припаѓале на високо племство.
Сегашност Просперитетот постојано ви бега. Во
втората половина од животот ќе имате повеќе среќа и на крајот- ќе бидете
задоволни со судбната. Страсно го сакате спротивниот пол, но не сте
промискуитетни. На сите полиња трагате по среќа и длабоко задоволство.
Склони сте кон депресија.
Иднина Следниот живот ќе го поминете во планина како самотник или екстремен спортист.
Романописци
Години: 1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016
Минато Во предминатиот живот сте биле син на демон, а во минатиот канибал. Сте поминувале многу време лутајќи низ световите.
Сегашност Можно е да бидете писател на научна
фантастика или хорор романи. Имате силна харизма и би можеле да станете
политичар, говорник или водител. Зборувате малку, но остро, а поради
своите необични однесувања често се сретнувате со зависта и омразата.
Иднина Во паралелниот универзум ќе бидете дух, а во овој монах.
Уметници
Години: 1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015
Минато Во некој од минатите животи сте биле диктатор кој погубил илјадници луѓе, потоа сте биле канибал и најпосле слон.
Сегашност Никогаш не ви се доста пари, моќ,
слава... Неодлучни сте и амбивалентни. Можно е да имате неколку
пропаднати бракови. Пазете се од луѓе кои сте ги понижувале, во некој од
наредните животи би можеле да се збогатат и да ви се одмаздат.
Иднина Во некој од следните животи ќе бидете уметник.
Љубовници
Години: 1924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005, 2014
Минато Во минатиот живот сте биле конкубина на император.
Сегашност Често ќе се чувствувате како роб на
љубовта. Поднесувате големи жртви поради партнерот. Вие сте верен и
чесен пријател, добар човек. Сепак склони сте кон негативна перцепција
на реалноста, па затоа понекогаш сте цинични или зајадливи.
Иднина Во наредната реинкарнација ќе бидете фото-модел.
Научници
Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013
Минато Во секоја претходна реинкарнација сте владееле со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени.
Сегашност Ви престојат големи успеси на полето на науката
или во некоја интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите
на својата работа бидејќи сте перфекциониста, но затоа несебично им
помагате на другите да остварат успех.
Иднина Во следниот живот ќе бидете принц/еза.
Астролози
Години: 1922, 1931, 1940, 1949, 1958, 1967, 1976, 1985, 1994, 2003, 2012
Минато Имате дарба на силен ум и интуиција, некогаш сте биле астролог или врач.
Сегашност Имате мнгу пријатели и љубовници. Добри сте кон
другите, а за возврат добивате неблагодарност. Вашиот настап е одбивен,
но затоа вашата душа е чиста. Тешко одржувате сериозни односи, а лесно
влегувате во авантури. Вашите случајни претскажувања се точни.
Иднина Ќе бидете голем научник или астролог.
Горди луѓе
Години: 1921, 1930, 1939, 1948, 1957, 1966, 1975, 1984, 1993, 2002, 2011
Минато Сте биле полубог или свиреп горски дух. Од таму во вас има гнев и агресија.
Сегашност Ќе добиете се што сакате, вклучувајќи и
власт која ќе ја загубите поради предавство. Секогаш имате сила она што
еднаш сте го постигнале да го постигнете повторно. За вас е
карактеристично тежнеењето да ја менувате традицијата и да ги
поместувате границите.
Иднина Во следниот живот ќе бидете монах, аскет кој цврсто се држи до правилата.
Миленици на судбибната
Години: 1920, 1929, 1938, 1947, 1956, 1965, 1974, 1983, 1992, 2001, 2010
Минато Пред два живота сте биле војник варвар, а потоа сте се родиле како уметник.
Сегашност Омилени сте во друштвото на богатите и
моќните, па помош ви доаѓа од сите страни. Имате добро здравје. И кога
ќе се разболите, бргу оздравувате. Дури ни вашите лоши дела немаат сила
да предизвикаат казна. Боговите секогаш застануваат во ваша заштита.
Многу сте интелигентни и талентирани.
Иднина Следниот живот ќе бидете вајар или духовник.
Исцелител
Години: 1919, 1928, 1937, 1946, 1955, 1964, 1973, 1982, 1991, 2000, 2009
Минато Во животот пред овој сте биле дете на божеството на медицината.
Сегашност Морате да бидете лекар или некој кој им
помага на другите. Ако ја следите својата судбина, животот ќе ве
награди со благосостојба, ако бегате од обврските кои небото ви ги дало,
пријателите ќе се свртат против вас. И богатството ќе бега од вас.
Иднина Ако бидете во склад со судбината, ќе се родите како сиромашно, но мудро дете.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |